Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Американците гонат танкер низ Атлантикот, Русија испрати воени бродови

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Свет
media-librarygcttj41sncur9g9a1uX

Русија испрати поморски сили за да го следат танкерот што американските сили го гонат преку Атлантикот, во сè понапната „игра на мачка и глушец“. Бродот, кој моментално е празен, но во минатото превезувал венецуелска сурова нафта, вчера се наоѓал меѓу Шкотска и Исланд, објави Би-Би-Си.

— реклама —

Ескалацијата доаѓа откако американскиот претседател Доналд Трамп минатиот месец најави „блокада“ на санкционирани танкери што влегуваат и излегуваат од Венецуела – потег што властите во Каракас го оценија како „кражба“. Во пресрет на саботното апсење на поранешниот венецуелски лидер Николас Мадуро, Трамп повеќепати ја обвини неговата влада дека користи бродови за шверц на дрога кон САД.

— реклама —

Американската крајбрежна стража уште минатиот месец се обидела да пристапи до танкерот, тогаш под името „Бела 1“, во Карибите, сомневајќи се дека плови кон Венецуела. Постоел налог за заплена поради кршење американски санкции и превоз на иранска нафта. По тоа, бродот нагло го сменил курсот и името – сега се вика „Маринера“ – и наводно ја сменил и заставата од гвајанска во руска. Неговиот влез во европски води се совпаднал со пристигнувањето на десетина американски воени транспортни авиони и хеликоптери.

— реклама —

Двајца американски функционери изјавија за „CBS News“ дека американските сили планираат да се качат на бродот и дека Вашингтон претпочита заплена, а не потопување. Американската Јужна команда соопшти дека останува подготвена да ги поддржи партнерските агенции „во спротивставување на санкционирани пловила и актери“ во регионот, нагласувајќи дека поморските служби се „будни, агилни и подготвени“.

Според проценките, „Маринера“ во ноќта меѓу вторник и среда се наоѓала меѓу Шкотска и Исланд, при што големата оддалеченост и лошите временски услови го отежнуваат евентуалното качување на бродот.

Москва соопшти дека „со загриженост ја следи“ ситуацијата. Руското Министерство за надворешни работи нагласи дека пловилото се движи во меѓународни води под државно знаме на Руската Федерација и целосно ги почитува нормите на меѓународното поморско право. Во соопштението се наведува дека бродот добива „засилено и очигледно несразмерно внимание“ од американската и НАТО војската, и се повикува западните земји да се придржуваат до принципот на слободна пловидба.

Според експертите, иако меѓународното право ги штити пловилата според знамето што го носат, промената на името и заставата можеби нема да биде пресудна. Вишиот аналитичар во поморската разузнавачка компанија „Kpler“, Димитрис Ампацзидис, за Би-Би-Си изјави дека американската акција се води според основниот идентитет на пловилото (IMO бројот), сопственичките мрежи и историјата на санкции, а не според ознаките или тврдењата за знаме. Тој предупреди дека преминот на руски регистар може да предизвика дипломатски тензии, но не и да ја запре американската акција.

Овој потенцијален поморски судир се случува само неколку дена по апсењето на Мадуро во Каракас, операција што предизвика силни меѓународни реакции.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

kremlj

Кремљ: Нема да стоиме на страна додека Куба страда

Свет | пред 7 часа

peskov-putin1

Кремљ: Србија е „пријателска и братска земја“, испораките на гас продолжуваат

Свет | пред 9 часа

media-libraryme5079vgccp59EEe3b8

(Видео) Руски аналитичар тврди: „Осудени сме на пораз во Украина“

Свет | пред 11 час

media-libraryetjmqfmacn7u0iabNim

Рускиот ФСБ разоткри британски дипломат во Москва – мора да ја напушти земјата

Свет | пред 12 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања