Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Антикризните мерки вредни 400 милиони евра веќе даваат резултат, вели Кузеска

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
kuzeska

Во време на најголема светска енергетска и економска криза, предизвикана од агресијата врз Украина, Владата предводена од СДСМ континуирани презема мерки за заштита на стандардот на граѓаните и помош на стопанството, вели Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ

— реклама —

„Антикризните мерки вредни 400 милиони евра веќе даваат резултат, стабилизирани се цените на храната и горивата, граѓаните финансиски се поддржани во време на криза.

— реклама —

Минималната плата ја зголемувме, пензиите ги зголемуваме за досега највисоко ниво, ја субвенционираме струјата за граѓаните да не плаќаат поскапа струја. Сите институции се задолжени и веќе спроведуваат и мерки за штедење.

— реклама —

Тоа е одговорноста на СДСМ, во време на криза да се штеди а сите пари да се насочат кон финансиска поддршка на граѓаните и стопанството.

Од друга страна е расипништвото на ВМРО-ДППМНЕ. Градоначалниците од оваа партија не само што ништо не работат расипнички ги трошат парите на граѓаните.

Само четири општини раководени од градоначлниците на ВМРО-ДПМНЕ годинава, во време на најголема криза ќе потрошат речиси еден милион евра за партиски вработувања.

Наместо за конкретни проекти, наместо за помош на граѓаните, градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ аздисуваат со парите, ги трошат на непродуктивни расходи и за партиски вработувања.

Во тоа предничи Данела Арсовска која од буџетот на Град Скопје ќе потроши 670.000 евра за времени вработувања. Тоа е истата Арсовска која немаше пари да им помогне на скопјани за парното.

Потоа следи Бобан Стефковски кој за истата цел од буџетот на општина Гази Баба ќе потроши 200.000 евра народни пари.

Орце Ѓорѓиевски од Кисела Вода за вдомување на партиски кадри и медиумски гласници на ВМРО-ДПМНЕ годинава ќе потроши 100.000.

Еден милион евра се сериозни средства со кои може да се реализираат десетици проекти или конкретно да им се помогне на одредени категории граѓани во време на криза.

Мицкоски за ова расипништво молчи, не собра храброст ниту јавно да ги повика да прекинат со трошењето на парите и да ги пренаменат за потребите на граѓаните.

Ништо не е променето во ВМРО-ДПМНЕ, тоа е старата нереформирана партија која неодговорно се однесува со парите на граѓаните а расипништвото е нејзин симбол“, додава таа.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarylhoccodprlv47gJbFWC

СДСМ: Мицкоски денеска отиде кај Орбан за да договара враќање на Никола Груевски

Македонија | пред 5 часа

media-librarymufu1rnr502f7TjsNnE

Филипче со порака до власта: Нема право да ја држи државата во изолација

Македонија | пред 10 часа

skopje-parking

СДСМ Аеродром: Селективното зонско ќе создаде хаос во Ново Лисиче

Скопје | пред 12 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања