Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Апасиев стана редовен професор: Не ни сонував дека еден ден ќе стигнам до највисокото академско звање во кариерата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
Screenshot-2024-12-12-at-21.31.52

Лидерот на Левица и пратеник во Собранието, проф. д-р Димитар Апасиев, денес на социјалните мрежи ја објави Одлуката со која на 26.12.2024 е избран за редовен професор на Правниот факултет при Унивезитетот „Гоце Делчев”- Штип. Тој накратко го опиша неговото патешествие до ова звање и им порача на младите да не се откажуваат, да се борат нагласувајќи дека патетичноста е контрареволуционерна:

— реклама —

„...и го задржува звањето редовен професор доживотно!

— реклама —

Кога професорката Поленак, како тогашен апсолвент, ме одбра како демонстратор да и помагам при држењето на вежбите по Римско право, не ни сонував дека еден ден ќе стигнам до највисокото академско звање во кариерата. Мислев дека по напуштањето на „Јустинијан Први“, ќе продолжам со вообичаена правна работа во Велес или ќе се иселам во странство.

— реклама —

Но, го послушав советот на проф. Шкариќ и конкурирав на УГД во Штип... Ме примија за помлад асистент, па се попишманија!? Па малце се тужевме и ги добив судски вмровските директори на тогашната Агенцијата за вработување. После станав и асистент.

Па, дојде денот да докторирам. Се сменија законите, Грујо ни воведе докторски студии. Докторирав во првата генерација на УКИМ по новата програма, ама имав звање асистент-докторант.

Правото ми беше многу бавно, па почнав да се бавам со политика... Ја формиравме Левица. Паралелно давав испити, пишував дисертација, држев настава и градев партија која сите ја исмеваа. Станував секој ден во пет и со превоз идев до Кочани, Струмица и Штип. Се будев во темница, се враќав во темница. Мислеа ќе се откажам. Ама, сѐ е до психата, батиња. Битно е да си го напраиш „филмот“. Ја си го напраив дека сум патувачки учител, како во антика.

И така, едно пет-шест години. Од понеделник до петок. Со автобуси и комбиња до предавалните и амфитеатрите (btw, имавме и две сообраќајќи по патиштата). Ама не се откажав. Станав доцент. Потоа регуларно и вонреден професор, непосредно пред да станам пратеник. Еве сега, дочекав и редовен.

*Наравоучение до младите: работата е едноставна, дечки. Да не се откажеш! Животот е Борба. Бори се. Патетичноста е контрареволуционерна.

„VivatAcademia” - напиша на својот фејсбук профил претседателот на Левица, Димитар Апасиев.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library80cgr2lilf9paBRaXM1

Левица: Со контроверзниот Фејзиу ДПМНЕ капитулира пред ВРЕДИ и за чествување на историски ликови

Македонија | пред 19 часа

Aleksandar-Nikoloski-20.04.2023

Николоски: Заради хистеријата што ја создава Левица, не се носат планови, не се гради и расте цената на стaновите, а млaдите се иселуваат

Македонија | пред 4 дена

media-libraryv8urt90pej5b2V9YDAu

На 28 години почина Кирил Слезенковски, член на Централниот комитет на Левица и советник во Илинден

Македонија | пред 6 дена

media-library84l3oarc8iq6aVDg2Ri

Левица: Водостопанство објавува јавен повик во неработни денови – дали зделката е однапред договорена?

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања