Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Апел од АХВ до граѓаните: Да не известат ако пронајдат угината птица од водните видови

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
Screenshot-2024-11-08-111632

Во врска со болеста птичји грип (авијарна инфлуенца), која неодамна беше потврдена кај две угинати диви птици во Скопје, во два изолирани случаи, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) апелира до граѓаните, за пронајдена угината дива птица од водните видови (патки, гуски и слично) да ја известат АХВ лично (во Централа или во подрачните единици на Агенцијата), на бесплатната телефонска линија 0800 3 22 22 или на info@fva.gov.mk), или ветеринарните друштва. Доколку станува збор за други видови угинати птици и за изолирани угинувања, тоа треба да го пријават на јавните комунални претпријатија за нештетно отстранување на лешевите.

— реклама —

Болеста авијарна инфлуенца, иако станува збор за зооноза, во вакви случаи ,не претставува сериозна закана за ширење на болеста, ниту кај птиците ниту кај луѓето.

— реклама —

Болеста се шири преку директен контакт со заразени птици или секрети од истите, особено фекалии. Агенцијата за храна и ветеринарство ги потсетува одгледувачите на живина дека задолжително е пријавувањето на промени во здравствената состојба и зголемена смртност на живината, до надлежен официјален ветеринар или ветеринарно друштво, како и примена на биосигурносни мерки при спроведување на сите активности на одгледувалиштето. АХВ апелира на внимателност и преземање на заштитни мерки за категориите на лица кои се изложени на ризик, односно за лицата кои можат да имаат близок контакт со заразени птици.

— реклама —

Дивите птици, најчесто преселните, се резервоар и најчести преносители на вирусот на болеста птичји грип.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

jajca

АХВ спречи нелегален увоз: уништени над 40 тони нелегални јајца од Србија

Македонија | пред 1 ден

media-libraryv1vilfbvhqtj6spHOi9

АХВ ја затвори кујната во РЕК Битола по дојавата за труење со храна: Земени се мостри од храна и брисеви

Македонија | пред 4 дена

media-library1mhds8vps9mafEV34CO

АХВ запре 50 тони небезбедна храна: Мелено месо од Парагвај и ореви од Казахстан вратени од граница

Македонија | пред 1 седмица

gotvenje-hrana-1

АХВ казни домови за стари лица: откриени сериозни пропусти со храната

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања