Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Арсовски: Кога веќе призна Ковачевски дека тајно се преговара, што преговараат и кои се позициите на тимот кој преговара?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
20052022_PVRSM_Kovacevski_PZPVRSM_Grubi_poseta-na-Opstina-Saraj_1

„Димитар Ковачевски призна дека во моментов, изминативе неколку дена, вклучително и денес сеуште тајно зад затворени врати се водат официјално преговори во Софија, во врска со предлогот за протоколот за ЕУ“, вели Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Тој додава:

— реклама —

Официјално Ковачевски призна пред јавноста дека некој си таму тим составен од поданици на оваа нерационална и дипломатски неуспешна Влада којашто ја предводи тој самиот, преговара со официјална Софија да ја запечати судбината на граѓаните и Република Македонија, иако сите знаеме каков е ставот на граѓаните.

— реклама —

Кога веќе призна Ковачевски дека се водат преговори, јавно го прашуваме, што преговара овој тим пратен во име на оваа расипничка Влада?

Кои се позициите на тимот кој го испраќа Владата на Димитар Ковачевски?

Што имаат договорено до моментов, за да некои луѓе блиски до Владата и СДСМ, јавно кажуваат дека има простор да се испреговара протоколот, иако знаеме што значи тоа?

Ова се прашањата за кои сме загрижени сите како јавност, од едноставна причина што оваа Влада ја има киднапирано иднината на Република Македонија. Ова се прашањата кои мора веднаш да бидат одговорени, а не кукавички да води оваа Влада преговори кои не одат во полза на интересите на граѓаните и Република Македонија.

Неуспехот и дипломатскиот дебакл на претходната патлиџан дипломатија, а сега веќе и официјално смешна и неуспешна дипломатија која што насекаде, верувајте ја срами Република Македонија како држава и граѓаните кои што живеат во Република Македонија, треба да се пренасочи во оставки и тоа најпрвин да се почне Ковачевски, Османи, Маричиќ и сите други надоле, редоследно кои што се инволвирани во овој неуспешен преговарачки процес.

Две работи се исклучително важни, а тоа се: најпрвин луѓе кои што не си ја познаваат работата не можат да бидат успешни на работен план и да имаат успех во работата и второ луѓе кои што не си ја сакаат државата, не можат да се изборат и да ги застапуваат позициите кои што ги отцртуваат граѓаните и се во интерес на граѓаните.

Ваков е случајот со оваа горенаведена тројка која што ја споменав, Ковачевски, Османи и Маричиќ кои сега во моментов се главни актери во трајното рушење на позициите на Република Македонија во оваа преговарачка ситуација и затоа е потребно веднаш да си дадат оставки.

Дополнително, сите гледаме денес од медиумите дека се споменува официјален извештај на една членка земја на ЕУ каде што јасно пишувало дека нашава тројка функционирала како раштиман оркестар, односно Османи на официјални состаноци прифаќал буквално се што ќе му биде сервирано и кажано, а тука кога ќе се врател од челните лица на Владата почнувајќи од него изјавите биле секојдневно со различни позиции и ставови.

Е до толку ни е мизерна дипломатската политика и затоа ни се смеат сите како држава.

Срамота.

Затоа потребни се оставки, бидејќи нема друг избор и веднаш потоа предвремени парламентарни избори.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryu3ga0lfnq4cf3OW4Uvp

Мицкоски во Будимпешта на средба со Орбан, тема ќе биде економијата

Македонија | пред 14 часа

media-libraryskdbhqma00h0b5T86hS

Нема уставни измени без јасен крај, нема ниту марионети кои би ги нашле да го направат тоа, рече Мицкоски за Бугари во Устав

Македонија | пред 1 ден

media-library0av8mg16bvh6dVzxC7V

Нема да им се забрани на странците да точат евтино гориво во Македонија, рече Мицкоски, иако има наплив

Македонија | пред 1 седмица

market-pari

Поскапени се јајцата и маслото за јадење, кај другите производи нема значајни разлики, вели Мицкоски кој најави мерки ако бидат потребни

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања