Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Артан Груби доби куќен притвор

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-librarysmhvq8hdbo843HApFi1

Поранешниот вицепремиер Артан Груби доби мерка куќен притвор, по барање на одбраната со кое се согласило и Обвинителството. Одбраната навела дека тој сам се вратил во државата, ќе биде достапен и нема ризик да влијае врз постапката бидејќи истрагата е завршена. Истрагата на ОЈО Скопје се однесува на сомнежи дека одобрил набавка на ВЛТ-терминали за Државна лотарија без законска основа; осомничен е за „проневера во службата“. Случајот следи по ставањето на Груби на „црна листа“ на САД.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Поранешниот вицепремиер Артан Груби доби мерка куќен притвор, откако одбраната побара ваква мерка, а Обвинителството се согласи со предлогот, дознава „Скопје1“.

— реклама —

Според неофицијални информации, одбраната образложила дека Груби ќе биде достапен за органите на прогонот, имајќи предвид дека сам се вратил во државата, како и дека не постои опасност од влијание врз постапката, бидејќи истрагата е завршена.

— реклама —

Судијата на претходна постапка, како што тврдат извори од скопското Обвинителство, добил позитивен став од обвинителот во однос на предлогот за поблага мерка. По спроведувањето во судот, Груби бил сослушан, но засега не е официјално потврдено дали обвинителот формално доставил нов предлог за куќен притвор на самото рочиште. Од прес-службата на Обвинителството информираат дека немаат детали, со образложение дека обвинителот се наоѓа во судница.

— реклама —

Истрагата против Груби ја води Основното јавно обвинителство – Скопје и се однесува на сомнежи дека како раководител на владина седница го одобрил барањето на Државна лотарија за јавна набавка на ВЛТ-терминали, иако институцијата немала законско право самостојно да организира игри на среќа. Тој е осомничен за кривично дело „проневера во службата“.

Постапката беше отворена по одлуката на Стејт департмент на САД да го стави на „црната листа“, поради основани сомнежи за вмешаност во коруптивни дејствија и влијание врз судски предмети поврзани со поранешниот директор на тајните служби, Сашо Мијалков.

Груби беше прв вицепремиер во владината коалиција на СДСМ и ДУИ и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, а во повеќе наврати ја водеше Владата во отсуство на премиерот.

media-librarya3b19223u4r30GZRbI4

Во притвор Груби не е безбеден, а загрозена е безбедноста и на неговото семејство, вели Обвинителството правдајќи го куќниот притвор

Основното јавно обвинителство – Скопје предложило замена на мерката притвор со куќен притвор за Артан Груби, оценувајќи дека не постои опасност од влијание врз постапката ниту ризик од бегство.Одлуката следува откако Груби денеска доброволно се пријави на граничниот премин „Блаце“, по една година откако ја напушти Македонија. По неговото приведување, тој помина три часа во притворска ќелија, по што беше спроведен во Обвинителството на увид во доказниот материјал.Обвинителството соопшти дека предложило куќен притвор и одземање на патната исправа, мерка која е доволна за обезбедување присуство, имајќи предвид дека во најголем дел доказите се веќе обезбедени, дека осомничениот доброволно се пријавил и дека постојат индиции оти во притворското одделение не може да се гарантира неговата лична безбедност.„Индициите се поткрепени со известувања од надлежните органи. Тие се однесуваат и на загрозената безбедност на членовите на неговото семејство“, наведуваат од Обвинителството.Ова доаѓа и покрај изјавата на директорот на затворот „Скопје“ во Шутка, Бобан Уткоски, кој претходно изјави дека безбедноста во установата е загарантирана.Груби денеска вршел увид во списите на предметот, но поради обемноста на доказниот материјал, увидот ќе продолжи и во наредните денови, по што ќе му биде овозможено да ја даде својата одбрана.Истрагата против него се однесува на сомнежи дека како раководител на владина седница го одобрил барањето на Државната лотарија за јавна набавка на ВЛТ-терминали, иако институцијата немала законско право самостојно да организира игри на среќа. Вечерва, како што веќе објавивме, судот му одреди куќен притвор.

Македонија | пред 1 месец

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarybl8dm9ud2j6na7HpA0p

Кривичниот суд му го продолжи куќниот притвор на Артан Груби

Македонија | пред 6 дена

media-librarylnhvjv0p7u36cQc6Vpt

Фрчкоски: Случајот со Груби е де факто и де јуре политички дил меѓу ВМРО и ДУИ

Свет | пред 1 месец

media-libraryrs75ttki7uc4fTvtE2b

Владејачката партија со обвинувања: СДС бега од одговорност во случајот „Груби“

Македонија | пред 1 месец

grubi5123

СДСМ: Со случајот за Груби се режира циркус, сè е однапред договорено

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања