Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Авион на „Рајанер“ принудно слета во Германија: „Мислев дека ќе се распадне“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Свет
eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-37-0420PM

Авион на „Рајанер“ што леташе од Берлин до Милано синоќа изврши итно слетување во јужна Германија поради силни турбуленции предизвикани од бура, при што беа повредени девет патници, соопшти полицијата.

— реклама —

Според соопштението на баварската полиција, авионот бил принуден да слета во Меминген, околу 113 километри западно од Минхен, поради лоши временски услови. Иако слета безбедно, девет лица на возраст меѓу две и 59 години беа повредени за време на турбуленциите, соопшти полицијата.

— реклама —

Една жена се здобила со повреда на главата, нејзиното две и полгодишно дете имало модринки, а 59-годишна жена се пожалила на болки во грбот. Сите три лица се однесени во болница, се вели во полицискиот извештај. Другите патници со полесни повреди биле третирани на местото на настанот.

— реклама —

Авиокомпанијата организирала автобуси што ќе ги однесат во Милано бидејќи локалните воздухопловни власти не дале дозвола летот да продолжи од Меминген, додаде полицијата.

Патниците опишале страв и паника откако авионот одеднаш се затресол.

„Никогаш не сум почувствувал таков страв. Во тој момент помислив дека авионот ќе се распадне!“ еден патник изјави за германски „Билд“.

Некои патници не носеле безбедносни појаси за време на турбуленцијата, а според „Билд“, екипажот не давал континуирани инструкции за време на кризата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

inflacija

Аларм во Германија: Инфлацијата достигна 2,7 отсто

Свет | пред 5 часа

media-librarylqls6oq7umt651tp9cX

Германија под притисок: Дизелот поскапе за 40 центи, превозниците бараат итни мерки

Свет | пред 14 часа

media-libraryos1s0f8ek7u6dyRCPd6

Германски индустриски гигант пресече: „Овде го запираме производството, не уништува евтиниот увоз“

Свет | пред 18 часа

media-libraryls5mmn9nu0vm6Vrgw6R

(Видео) Драма во Германија: ноќен клуб изгоре до темел, спасени 750 лица

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања