Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Автопатот Гостивар – Букојчани без тунел: Разликата 250 милиони евра

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-library7o8copoi1fvu0lanwZp

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски изјави дека за изградбата на автопатската делница Гостивар – Букојчани е донесена „најрационалната одлука во моментов“, имајќи ја предвид економската состојба на државата и можностите проектот да се финансира без дополнителен товар врз буџетот.

Во интервју за емисијата „360 степени“, Николоски објасни зошто делницата ќе се гради без тунел.

— реклама —

„Разликата со и без тунел беше 250 милиони евра, затоа што се работи за долг тунел од 5,3 километри. Ако јас се прашувам, кога би имал неограничен број средства, секако дека би отишол со тунел, но имајќи во предвид дека 1 километар тунел е 50 милиони евра, а таму проценетата вредност беше 250 милиони евра, со отстапка од 25%. Значи теоретски овој тунел можеше да биде и 25% плус, што би значело дека можеше и преку 300 милиони евра да чини целиот проект“, истакна Николоски.

На прашањето за техничките параметри на трасата, тој појасни:

— реклама —

„Од 31 километар, на 14 километри има до 6% нагиб или пад, што е под стандардот за автопат, затоа што стандардот за автопат е до 7%. На автопатот ќе може да се вози од 110 до 130 км/ч, затоа што кривините ќе бидат поблаги“, рече Николоски, додавајќи дека на проектот работат инженери, проектанти и компании кои, како што наведе, постапуваат според најновите светски практики.

Според него, одлуката е донесена врз основа на финансиска одржливост и реалните можности на државата во актуелниот економски контекст.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarybmiga00cqp0f6TLTizh

Николоски: Скопскиот и охридскиот аеродром лидери во регионот, раст на патници и нови линии

Македонија | пред 4 дена

— реклама —
media-libraryt8vuk4c0pcqmaskAjEL

Модернизација во Пошта: нови пикапи и комби возила за подобра ефикасност

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryg4qotlelsv989kKIZ4A

Николоски: Имаме најниски цени на горивата во регионот

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryg4qotlelsv989kKIZ4A

Николоски: Дали Арбен Таравари се уште е во заложништво од скандалот со Ѓока?

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања