Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Ева Петковска

media-libraryuabugusrc3o12Hyze6S

(Видео) Израелски проектил погоди училиште , најмалку 53 загинати

Најмалку 53 лица, меѓу кои и ученици, загинаа, а 63 се повредени во напад на основно училиште за девојчиња во градот Минaб на југот на Иран. Според иранската државна радиотелевизија IRIB, која се повикува на локален функционер од провинцијата Hormozgan, училиштето било директно погодено. Засега нема повеќе детали за нападот, јавува агенцијата Anadolija (AA).Нападот се случи како дел од поширока воена операција иницирана од САД и Израел, со цел отстранување на заканите што ги претставува иранскиот режим. Во одделни видео пораки, американскиот претседател Donald Trump и израелскиот премиер Benjamin Netanyahu наговестија поддршка за промена на власта во Техеран.Иран го осуди нападот како кршење на суверенитетот, најави одговор и започна контранапади. Ескалацијата се случува во чувствителен момент, додека Оман посредува во преговорите меѓу Вашингтон и Техеран за иранскиот нуклеарен програм, со последен круг разговори одржан во Женева оваа недела.

Свет | пред 1 месец

media-library9f401ov1hbbf0jsie3i

Израел ги затвори училиштата и забрани собирања поради нападите од Иран

Израел забрани јавни собири, затвори училишта и работни места, а пациентите во болниците ги премести во подземни објекти, откако Иран лансираше проектили кон земјата како одмазда за заедничкиот американско-израелски напад.Министерот за одбрана, прогласи вонредна состојба низ целата земја и ја предупреди јавноста за иранските напади со проектили и беспилотни летала. Војската ги повика граѓаните да се придржуваат кон вонредните упатства и повика десетици илјади резервисти на служба за обезбедување на копнените граници. Полицијата предупреди против непотребни патувања за да се овозможи непречено движење на возилата на итните служби и безбедносните сили.Израелските безбедносни сили соопштија дека нападите врз Иран ќе траат „колку што е потребно“, со цел да се осигура дека иранскиот режим не може да ја загрози стабилноста на регионот и меѓународната стабилност. Паралелно со воздушните напади, системите за противвоздушна одбрана идентификуваат и пресретнуваат закани испукани од Иран кон Израел.Некои Израелци се чувствуваа безбедно благодарение на софистицираниот противвоздушен систем и излегоа на плажа во Тел Авив, изразувајќи поддршка за операцијата против Иран. По првиот ирански одговор, се забележани мал број повреди и штети, а граѓаните имаат пристап до засолништа по предупредувањата од националниот систем за рано известување.Израел ја затвори воздушната зона за цивилни летови, но копнените граници со Египет и Јордан останаа отворени. Американското амбасадорство во Ерусалим им препорача на своите службеници да се засолнат или да ја напуштат земјата доколку сакаат.Во медицинскиот центар Sheba Medical Center персоналот ги премести одделите под земја како дел од подготовките за евентуален напад.

Свет | пред 1 месец

media-libraryr0hm4pip2fav6D8iyKI

(Видео) Проектил падна на улица во Катар

На социјалните мрежи се шири видео снимка на која се гледа моментот кога проектили паѓаат во близина на група луѓе на улица во Катар. Ситуацијата се случува по американско-израелските напади на Иран, на кои Иран одговори со напади врз повеќе американски воени објекти во регионот, според изјави на американски официјален извор за NBC News.Според официјалната иранска новинска агенција Fars, целта биле четири американски бази: воздушната база Al Udeid Air Base, базата Al Salem Air Base, воздушната база Al Dhafra Air Base и центарот на Пета флота на американската морнарица.Бахреинската државна агенција BNA претходно објави дека центарот на Пета флота на американската морнарица бил изложен на ракетен напад, што ја зголеми тензијата во регионот.

Свет | пред 1 месец

media-library1eicd9j48lsod6kytCA

(Видео) Иранската телевизија објави снимки од Техеран по нападот

Иранската државна телевизија објави снимки на кои се прикажани последиците од утринските американско-израелски напади врз Техеран, на кои може да се види материјална штета во главниот град, како и кратер од експлозија од кој се издига густ чад.Според официјалната новинска агенција Фарс, Иран истовремено возвратил со повеќекратни ракетни напади врз четири американски воени бази на Блискиот Исток. Како цели биле наведени воздухопловната база Ал Удеид во Катар, базата Ал Салем во Кувајт, воздухопловната база Ал Дафра во Обединетите Арапски Емирати и базата на Петтата флота на американската морнарица во Бахреин.Непосредно претходно, бахреинската државна агенција БНА соопшти дека центарот на Петтата флота на американската морнарица бил изложен на ракетен напад, што дополнително ги потврди информациите за ескалација на безбедносната состојба во регионот.

Свет | пред 1 месец

media-library04v0q7h3nsq6bIsLQz4

(Видео) Уништена резиденцијата на иранскиот врховен лидер

Ирански функционери биле главна цел на првиот бран американско-израелски напади врз Иран, пренесе агенцијата Ројтерс, повикувајќи се на извор запознаен со ситуацијата. Според израелски воени извори, сè уште се проценува успешноста на почетните удари.Извори блиски до иранските власти тврдат дека во нападите биле убиени неколку високи команданти на Иранската револуционерна гарда, како и политички функционери.Иранските медиуми објавија дека експлозии, покрај во Техеран, се слушнале и во Табриз, Исфахан, Ком и Керманшах. Според официјални извори, во главниот град биле погодени повеќе објекти поврзани со министерства.Иранската агенција Тасним соопшти дека седум ракети погодиле област во близина на претседателската палата и комплексот на врховниот верски лидер. Претходно беше објавено дека врховниот лидер ајатолах Али Хамнеи бил префрлен на безбедна локација надвор од Техеран. Подоцна медиумите информираа дека иранскиот претседател Масуд Пезешкијан е безбеден и во добра здравствена состојба, како и министерот за надворешни работи Абас Аракчи, кој не бил повреден.

Свет | пред 1 месец

media-libraryv9jvucvjsfldfQIxqzd

Љутков: „Тодорица“ е мост меѓу генерациите и народите

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска во Свети Николе го отвори Меѓународниот фестивал на изворен фолклор „Тодорица“ 2026.Во своето обраќање пред присутните Љутков истакна дека оваа  манифестација е значаен симбол на духовната сила, културната меморија и идентитетот на народите.„Фолклорот не е само песна или оро, туку жив јазик на традицијата во кој се втиснати историјата и мудроста на предците“, рече министерот.Тој додаде дека фестивалот претставува мост меѓу генерациите и народите, потенцирајќи дека културната различност не разделува, туку збогатува. Според него, ваквите настани ја зајакнуваат соработката и пријателството и придонесуваат за афирмација на земјата како простор на богато културно наследство.Љутков посочи дека Министерството за култура и туризам ќе продолжи и во иднина да ги поддржува манифестациите што ја негуваат автентичната традиција и ги поттикнуваат младите да ги чуваат своите корени.

Македонија | пред 1 месец

media-library9vi7qjbeeom64QzkYwP

Петрушевски: СДС беше сојузник на криминалот на Груби, затоа денеска толку силно го бранат

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски денеска обвини дека СДСМ бил „сојузник на криминалот“ на поранешниот вицепремиер Артан Груби и затоа, како што рече, партијата силно го брани.Според Петрушевски, опозициската партија не поставила ниту едно пратеничко прашање до Владата поврзано со Груби, а пратениците од СДСМ, како што тврди, ја напуштиле собраниската сала кога било спомнато неговото име. Тој оцени дека поранешни високи функционери на СДСМ се во „паника и хистерија“ поради можни искази што Груби би можел да ги даде во Обвинителството.Петрушевски изјави дека во СДСМ се свесни за потенцијалните последици од евентуалното сведочење на Груби и затоа го бранат, додавајќи дека доколку тој „прозбори“, дел од поранешните функционери би можеле да се соочат со обвиненија.Тој го повика Јавното обвинителство да ги истражи, како што рече, сите индиции и сомнежи што ВМРО-ДПМНЕ досега ги изнесувала во јавноста.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryc8rr42k57dm96TBf3A8

(Видео) Ракетен аларм го прекина преносот на Ал Џезира во Катар

Националниот систем за предупредување за вонредни состојби се активирал за време на пренос во живо на телевизијатаАл Џезира, само неколку моменти пред да се слушнат експлозии во главниот град на Катар, Доха.Алармот бил активиран додека ирански ракети, насочени кон американски интереси во земјата, биле успешно пресретнати, јавија катарските власти. Во моментот на активирањето, водителката на програмата во живо ги информирала гледачите дека сите граѓани добиле итно предупредување на мобилните телефони.„Ова е алармот што сите го добиваме на телефоните овде во Доха кога има итност. Националниот систем за итно алармирање се активираше, а Министерството за одбрана соопшти дека иранска ракета е пресретната и ги повика граѓаните да се засолнат“, изјавила водителката, додавајќи дека во редакцијата владеела конфузија поради развојот на настаните.Според информациите, системите за итни случаи биле активирани низ земјата, додека властите продолжуваат да ја следат безбедносната состојба.

Свет | пред 1 месец

media-librarypinaq9vv1e5u3Ce2AG3

Тетовец лишен од слобода откако возел во спротивен правец на автопатот Тетово–Скопје

Осумдесетгодишен жител на Тетово бил лишен од слобода откако управувал возило во спротивен правец на автопатот Тетово–Скопје, информираат од Министерството за внатрешни работи.Според МВР, на 28 февруари 2026 година околу 09:30 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го привеле С.С. (80) од Тетово, кој управувал патничко возило „хјундаи“ со тетовски регистарски ознаки во спротивен правец на автопатот.Возилото било одземено, а по целосно документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 1 месец

mnr-5-1

МНР апелира до македонските државјани во Катар и ОАЕ внимателно да ја следат безбедносната состојба

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија ги повика македонските државјани кои престојуваат во Државата Катар и Обединетите Арапски Емирати внимателно да ги следат официјалните информации и да постапуваат согласно упатствата на надлежните институции на земјите домаќини, поради актуелната безбедносна состојба во регионот.Во објава, Министерството информира дека граѓаните кои имаат потреба од помош или дополнителни информации можат да се обратат во Амбасадата на Република Северна Македонија во Доха на телефонскиот број +974 50 173 111 или на електронската адреса doha@mfa.gov.mk, како и во Амбасадата во Абу Даби на +971 56 441 7532 и abudabi@mfa.gov.mk.На располагање е и дежурниот контакт на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија преку телефонските броеви +389 75 273 732 и +389 75 268 736, како и електронската адреса globalsos@mfa.gov.mk.Од Министерството посочуваат дека континуирано ја следат состојбата и најавуваат дека јавноста ќе биде навремено информирана за сите релевантни информации.

Македонија | пред 1 месец

1659117443-2022-07-25T155144Z_127246473_RC2PHT9BL7DP_RTRMADP_3_HUNGARY-ORBAN-JEWISH-GROUP-750x521

Крај на ерата Орбан, опозицијата со историска предност

Унгарија е пред пресврт, досега неприкосновениот Виктот Орбан, првпат по 15 години според анкетите ја губи довербата.Унгарија ја очекуваат парламентарни избори што би можеле да означат политичка пресвртница по повеќе од 15 години цврста власт на премиерот Орбан.Првпат од неговото враќање на власт во 2010 година, наспроти него стои сериозен предизвикувач – Петер Маѓар, кој за кратко време успеа да мобилизира дел од разочараните гласачи.Според Reuters, опозициската партија Tиса дополнително ја зголемила предноста пред владејачкиот Фидес во пресрет на изборите закажани за 12 април.Истражување на угледната агенција Median покажува дека Тисa меѓу определените гласачи ужива поддршка од 55 отсто, додека Фидес има 35 проценти – разлика од 20 процентни поени, во споредба со 12 поени во јануари. Кога се зема предвид вкупната популација, Тиса има поддршка од 42 отсто од испитаниците, а Фидес 31 процент.Орбан ја води кампањата под слоганот „Сигурен избор“, порачувајќи дека ќе ја држи Унгарија надвор од војната во Украина и ќе го спречи приливот на илегални мигранти. Според Politico, за оживување на ослабената кампања му е потребен отворен судир со Брисел.Како што објави Deutsche Welle, Маѓар презел дел од реториката и изборните тактики на Орбан, но со клучна разлика, тој има изразен проевропски став. Партијата ветува обновување на довербата со сојузниците во ЕУ и НАТО, како и приклучување кон еврозоната до 2030 година.Обновата на владеењето на правото се гледа како средство за одмрзнување на 18 милијарди евра од фондовите на ЕУ, кои се блокирани поради системски прекршувања на правилатаМаѓар изјави дека, доколку дојде на власт, неговата почетна позиција кон Украина би била признавање на Москва како агресор. Сепак, додава дека неговата влада нема да го промени ставот за воената поддршка за Киев, ниту ќе се залага за нагло прекинување на врските со Русија, пренесува Financial Times. Инаку, Тиса во Европскиот парламент гласаше против заем од 90 милијарди евра за Украина.

Свет | пред 1 месец

media-libraryvqhfbjj54j0c3hE2wU8

(Видео) Поплави го потопија Бали: Огромни питони пливаат низ улиците

Поради обилните дождови што речиси три дена непрекинато паѓаат, големи делови од островот Бали се под вода. Патиштата се претворија во реки, а бројни станбени населби се поплавени.Жителите сведочат и на необична појава – огромни змии што пливаат низ улиците. Снимките на социјалните мрежи прикажуваат питони како се движат низ поплавени квартови, дворови и улички.Бали е живеалиште на неколку видови големи змии, меѓу кои и мрежестиот питон, една од најдолгите змии во светот и одличен пливач. За време на поплави, змиите ги напуштаат своите природни засолништа во потрага по храна или посуво место, па често завршуваат во населени подрачја.Островот се наоѓа во врвот на дождовната сезона, која трае од ноември до март, а годинава временските услови се особено тешки. Во некои места мотоцикли се делумно потопени, а главните сообраќајници се непроодни. Издадени се предупредувања за главните туристички центри, додека спасувачките тимови со чамци евакуираат жители од најзагрозените области.Властите апелираат граѓаните и туристите да избегнуваат движење низ поплавените улици. И покрај бројните пријави за змии, досега не е забележан ниту еден случај на каснување. Поплавите, освен што ја оштетуваат инфраструктурата и туризмот, предизвикуваат и раселување на диви животни кои инаку избегнуваат контакт со луѓето.

Свет | пред 1 месец

media-library2vj55innnpfk8SjGMuD

(Видео) Елен нападна возач на скутер во Загреб

Млад елен предизвика необичен сообраќаен инцидент на загрепскиот Пантовчак, откако нагло истрча преку улица и собори возач на скутер, а снимката од настанот за кратко време се прошири на социјалните мрежи, објавија хрватските медиуми.Видеото е снимено од автомобил кој се движел од центарот на градот кон север. Покрај левата страна од улицата се наоѓа ограден шумски појас, по кој еленот се движел долж оградата, неколкупати запирајќи и враќајќи се како да бара премин назад кон шумата.По неколку неуспешни обиди, животното ја преминало улицата и продолжило да се движи покрај десната лента, додека возачот што снимал успорил и се движел зад него на безбедно растојание, без да го вознемирува.Кога еленот повторно застанал и ја подигнал главата, автомобилот запрел. Во тој момент од спротивниот правец наишол скутер. Животното неколку секунди го следело неговото движење, по што нагло тргнало кон спротивната страна од улицата. Следувал директен судир, при што возачот паднал на коловозот, а паднал и еленот. Снимката завршува токму во тој момент.Од Полициската управа во Загреб соопштиле дека настанот се случил вчера околу 9:30 часот и бил евидентиран како сообраќаен настан, а не како сообраќајна несреќа, бидејќи возачот на скутерот не бил повреден. Причинета е материјална штета, додека еленот по судирот станал и се оддалечил од местото.Видеото погледнете го тука:https://www.reddit.com/r/promet/comments/1rf9uea/divlje_zivotninje_na_pantovcaku_pogledati_kraj/?utm_source=share&utm_medium=mweb3x&utm_name=post_embed&utm_term=1&utm_content=1

Свет | пред 1 месец

media-libraryfqqm98bton6df6HMT5r

Заглави воведувањето на дигиталното евро

Воведувањето на дигиталното евро се соочува со нови пречки во Европскиот парламент, откако главниот известувач за предлогот, шпанскиот европратеник Фернандо Наварете Рохас од Европската народна партија, формираше малцински блок со крајнодесничарски групи. Поради тоа не може да се обезбеди мнозинство за нацрт-законот, а Берлин повикува на напредок, додека критичарите предупредуваат дека предлогот се разводнува.Амандманите внесени во последниот компромисен текст биле неприфатливи за групите што го поддржуваат планот на Европската комисија, што довело до законодавен застој. Иако нов состанок е закажан за 10 март, се очекува гласањето планирано за мај да биде одложено, бидејќи без мандат од Парламентот процесот не може да продолжи.Дигиталното евро доби политичка тежина поради економските тензии меѓу ЕУ и САД и зависноста од американските платежни компании „Виза“ и „Мастеркард“, преку кои се реализираат 61 процент од картичните плаќања во Унијата.Проектот предвидува електронска форма на готовина издадена од Европската централна банка, достапна преку дигитален паричник. Додека Комисијата предлага систем за онлајн и офлајн плаќања, Наварете се залага за ограничен модел што би функционирал само офлајн, што според критичарите ја поткопува основната визија на проектот.

Свет | пред 1 месец

media-librarye999gecqmotk5tWKxJ9

(Видео) Бебе преживеа пад од 33-ти кат во Санкт Петербург

Во Санкт Петербург, осумнаесетмесечно бебе преживеа пад од 33. кат на станбена зграда благодарение на храбрата и брза реакција на жени кои биле во близина. Снимка што кружи на социјалните мрежи го прикажува детето како виси од прозор без присуство на возрасен.Две медицински сестри, Олга Артемјева и Ана Кабашова, стоеле во близина кога го забележале бебето. Олга веднаш реагирала, го соблекла капутот и заедно со Ана го рашириле за да го фатат детето. „Дејствувавме инстинктивно. Не знаевме како да се однесуваме во таа ситуација“, изјави Ана за локалните медиуми.Според сведоштвата на минувачи, детето околу 20 минути било без надзор и се обидувало да го отвори прозорот.

Свет | пред 1 месец

vess2

Движење ЗНАМ: Иницираме кратење на пратеничкиот состав од 120 на 90 во новото решение на Изборниот Законик

Потпретседателката на Движење ЗНАМ за Наша Македонија, Весна Бендевска,на првата конститутивна седница на работната група за реформи воизборното законодавство, ја потврди заложбата на Движењето во однос нанеопходноста од суштински и системски измени на изборниот модел воРепублика Македонија.„Заложбите на Движење ЗНАМ се за воведување на една изборна единица соизборен праг од 2 до 3 проценти, со што ќе се овозможи правичназастапеност и на помалите политички субјекти и независните пратеничкилисти. Што всушност беше и барање во одлуката на Уставниот суд.“ -истакна Бендевска.Дополнително, таа нагласи дека цврст став на Движењето е намалување набројот на пратеници во законодавниот дом на 90, бројка што, како штопосочи, ќе соодветствува на реалната големина на популацијата водржавата.„Го афирмирам односно реафирмирам ставот на Движење ЗНАМ за намалувањена бројот на пратеници на 90 со што ќе се придонесе за рационализацијана трошоците, материјални, финансиски и човечки и ќе значи значителнапридобивка за Буџетот на државата. Воедно, ќе се добие пофункционално,поефикасно и поконсолидирано законодавно тело, кое ќе биде во служба напобрз, поквалитетен и посериозен законодавен процес.“ - потенцирашепотпретседателката.Во однос на гласањето на дијаспората, таа потсети дека воведувањето наваквиот модел беше проследено со зголемување на бројот на пратеници на123, што, како што нагласи, отвори низа прашања за финансискатаоправданост и ефикасноста на изборниот процес во странство.„Сведоци сме колку чини изборната постапка која подразбира испраќањеизбирачки одбори во дијаспората, при што бројот на гласачи во повеќеслучаи не соодветствуваше со првичната намера и очекувањата.“ - изјавиБендевска.ЗНАМ ќе продолжи да се залага за изборен модел што гарантира еднаквавредност на секој глас и институции што работат ефикасно, транспарентнои во интерес на граѓаните на Република Македонија.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryu3oc6m0brbrdc36Jw0A

Ѓорѓиевски: Завршува изградбата на улицата „Фрањо Клуз“ во Аеродром

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски на својот Фејсбук профил објави: „Делата говорат! Скопје не смее да чека. Скопје мора да се развива – посветено и со визија. Во завршна фаза е изградбата на улицата ‘Фрањо Клуз’ во Аеродром, која е една од најзначајните сообраќајници во овој дел од градот. Се работи со полна динамика, и дење и ноќе, затоа што скопјани заслужуваат модерен, функционален и безбеден град.“Тој додава дека во должина од еден километар се изведуваат нови тротоари, се поставува современо улично осветлување и се гради нова атмосферска канализација. „Реконструкцијата опфаќа нов тампон, двослоен асфалт, нови рабници, а во овој момент интензивно се асфалтираат тротоарите. Секој сегмент се изведува по сите пропишани стандарди. Од наредната недела, жителите на Аеродром ќе возат по нова, современа и безбедна улица“, напиша Ѓорѓиевски.Тој истакнува: „За само три месеци од преземањето на функцијата градоначалник на Скопје, покажавме дека кога се работи со срце, визија и чесна намера – резултатите се очигледни. Не ветивме чуда, туку работа. И работиме. Ова е само почеток. Следува најголемата инфраструктурна обнова досега. Ќе се работи рамномерно, во секој дел на Скопје, затоа што секој заслужува исти услови, исти шанси и ист квалитет на живот. Мојот народ го заслужува најдоброто!“

Скопје | пред 1 месец

media-library1cre9d5d3dbf71EYiU2

Трамвај излетал од шините во Милано: Пешак загинал, речиси 40 повредени

Најмалку едно лице загина, а 39 се повредени, од кои дел сериозно, во тешка несреќа со трамвај што се случи денес околу 16 часот на улицата Виторио Венето во северниот дел на Милано.Трамвајот излетал од шините и удрил во зграда. Се верува дека загинатиот е пешак, додека повеќето повредени се патници од возилото. На местото на несреќата интервенирале бројни екипи на итна помош, а има и информации за лица заробени во остатоците од трамвајот. Цивилната заштита поставила шатори за да им обезбеди помош на повредените.Очевидци опишуваат моменти на ужас: „Мислев дека е земјотрес. Седев и одеднаш паднав на подот, како и другите патници“, раскажа еден маж за агенцијата Анса. „Беше страшно.“„Само слушнав ужасен тресок“, изјави 27-годишната Ана која се наоѓала во близина. „Видов дел од трамвајот како влегува во продавница.“Причината за несреќата сè уште не е позната, но медиумите шпекулираат дека возилото можеби влегло со преголема брзина во остар свиок. На местото пристигнале и градоначалникот на Милано, Џузепе Сала, и други градски службеници.

Свет | пред 1 месец

media-library7b2po1sthnnv8xXcDjJ

Државниот секретар на САД патува во Израел за разговори за Иран

Американскиот државен секретар Марко Рубио ќе допатува во Израел за три дена на кратка посетa, посветена на прашањето на Иран, додека САД и натаму ја држат отворена заканата за можна воена интервенција против Техеран.Според Томми Пигот, заменик-портпарол на Стејт Департмент, Рубио ќе „разговара за низа регионални приоритети, особено за Иран, Либан и тековните напори за спроведување на мировниот план од 20 точки на претседателот Трамп за Газа“. Првично планираното патување за утре е одложено за понеделник, а ниту еден новинар акредитиран при Стејт Департмент нема да може да го следи, што е исклучително ретко.Во меѓувреме, САД ја препорачаа на есенцијалното персонал на амбасадата во Ерусалим да ја напушти земјата. Кина, исто така, ги повика своите граѓани да го напуштат Иран „што е можно поскоро“ поради „значително зголемување на надворешните безбедносни ризици“, додека британското Министерство за надворешни работи нареди своето дипломатско персоналo да ја напушти земјата.Овие информации доаѓаат еден ден по третата рунда преговори во Женева меѓу Иран и САД, под посредство на Оман, која се смета за една од последните можности за избегнување војна по најголемото распоредување на американски војски на Блискиот исток во последните неколку децении.

Свет | пред 1 месец

media-library67bkvjbfd0u91cyYxA7

Усје: 29 милиони евра сме инвестирале во еколошки технологии

ТИТАН Усје соопшти дека повеќе од седум децении работи како одговорна компанија во земјата, придонесувајќи за националниот развој, локалната економија и снабдувањето со основни материјали за клучни инфраструктурни проекти, меѓу кои болници, брани и патна инфраструктура.Од компанијата наведуваат дека грижата за животната средина е нивна основна вредност и дека внимателно ја следат јавната дебата поврзана со квалитетот на воздухот и заштитата на животната средина.„Работиме целосно во согласност со сите важечки закони, подзаконски акти и барањата од А-интегрираната еколошка дозвола, при што често применуваме и построги внатрешни стандарди од законските“, информираат од Усје.Оттаму посочуваат дека емисиите се мерат континуирано преку 24-часовен независен мониторинг, а податоците се јавно достапни и редовно се доставуваат до надлежните институции и медиумите. Според компанијата, редовните и ненајавени инспекции не констатирале надминување на законските лимити.Како дел од Групацијата ТИТАН, компанијата нагласува дека се придржува до меѓународно признати ESG стандарди и принципи на модерно корпоративно управување.Во изминатите 15 години, ТИТАН Усје инвестирала над 29 милиони евра во одржливо производство и еколошки технологии, а дополнителни 3 милиони евра се планирани до 2029 година.„Нашите приоритети остануваат јасни – силни партнерства, благосостојба на вработените и континуирана поддршка за заедницата“, наведуваат од компанијата.

Македонија | пред 1 месец

SeKXr-

Русија ќе го намали попустот на нафтата на околу 10 долари по барел

Рускиот потпретседател на Владата, Александар Новак, изјави дека руската влада ќе настојува да го намали попустот на нафтата на околу 10 долари по барел.Според податоците на компанијата Аргус, по воведувањето санкции од страна на САД и Велика Британија кон Роснефт и Лукоил, попустот на руската нафта на пристаништата достигна 27 до 29 долари по барел. „Во најдобрите периоди откако беа воведени санкциите, нашиот попуст изнесуваше околу десет долари по барел“, изјави Новак.Рускиот функционер додаде дека Владата работи на тоа повторно да го намали попустот приближно на ова ниво.

Свет | пред 1 месец

258795493_465931921694283_9183676635682098414_n

Стабилно и сончево време со слаба магла во котлините

Според најновата информација од УХМР, денес во земјава се очекува сончево време со мала до умерена локална облачност. Во утринските часови по пониските котлини и речните долини имаше појава на слаба магла. Дува слаб ветер претежно од југоисточен правец.Максималните температури денес се движат од 7 степени на Попова Шапка, 10 во Крушево, 12 во Берово, Маврови Анови и Лазарополе, 13 во Охрид, Претор и Виница, 14 во Крива Паланка и Прилеп, 15 во Тетово, Штип и Гевгелија, 16 во Скопје–Зајчев Рид, Велес, Битола, Кавадарци, Демир Капија и Струмица, додека во Скопје–Петровец ќе достигне 17 степени. Во Попова Шапка висината на снежната покривка изнесува 84 cm.До крајот на денот ќе продолжи ведро со мала до умерена локална облачност, додека долж Повардарието ќе дува слаб југоисточен ветер.За утре се очекува слично време: сончево со мала до умерена облачност, по одделни котлини со услови за појава на магла, а ветерот ќе биде слаб од југоисточен правец. Минималната температура ќе се движи од -3 до 6 степени, а максималната од 10 до 15 степени. Во Скопје минималната температура ќе падне до -1, а максималната ќе достигне до 15 степени.УХМР предупредува дека утрата ќе останат постудени, со услови за слаба магла во пониските котлини, додека стабилното и релативно топло време ќе продолжи и во наредните денови.

Македонија | пред 1 месец

media-library7r6q7n2npk5086o6TVB

Оштетен споменикот на Черчил во Лондон, одговорност презеде холандска пропалестинска група

Триесет и осумгодишен маж е уапсен откако со графити го оштетил споменикот на Винстон Черчил на плоштадот Парламент во центарот на Лондон, при што поранешниот британски премиер бил означен како „ционистички воен злосторник“. Метрополитен полицијата соопшти дека осомничениот бил приведен утрово под сомнение за расно мотивирано кривично дело предизвикување штета.На бронзената скулптура биле испишани и пораки како „Запрете го геноцидот“ и „Ослободете ја Палестина“, како и слоганите „Никогаш повеќе е сега“ и „Глобализирајте ја интифадата“, испишани со црвена боја. Според полицијата, мажот бил забележан околу 4 часот наутро како пишува графити, а првите полицајци пристигнале на местото за помалку од две минути, по што бил уапсен.Одговорноста за акцијата ја презеде холандската група „Free the Filton 24“, која на социјалните мрежи објави видео од лицето облечено во црвен комбинезон со натпис „Поддржувам палестинска акција“. Групата се претставува како здружение на семејства и пријатели на 24 активисти обвинети за упад во објект на израелската одбранбена компанија Elbit Systems во Велика Британија во 2024 година.Активистот Олакс Аутис, кој тврди дека тој е лицето од снимката, изјави дека го оштетил споменикот за да го сврти вниманието кон, како што наведе, сериозни прекршувања на човековите права. Во својата изјава додаде дека Черчил, според него, претставува симбол на политичка корупција и ја критикуваше актуелната британска влада, предводена од премиерот Кир Стармер.Од кабинетот на премиерот го осудија инцидентот, оценувајќи го како „срамен и одвратен чин“, нагласувајќи дека сторителот мора да одговара за делото. Лондонските власти соопштија дека споменикот бил ограден и веднаш започнало неговото чистење.Ова не е првпат споменикот на Черчил да биде цел на вандализам. За време на протестите на движењето Black Lives Matter во 2020 година, на него беше испишан натпис дека е „расист“, а подоцна истата година активист од климатското движење беше казнет поради сличен инцидент.Споменикот висок 3,6 метри, изработен од скулпторот Ајвор Робертс-Џонс, е откриен во 1973 година и е еден од дванаесетте споменици на плоштадот Парламент, каде се наоѓаат и статуи на значајни светски државници, меѓу кои Абрахам Линколн и Нелсон Мандела.

Свет | пред 1 месец

media-library2mvnrjjjvcas2UKAsns

САД го продолжија рокот за продажба на странскиот имот на Лукоил

Соединетите Американски Држави повторно го продолжија рокот за завршување на преговорите за продажба на странскиот имот на руската нафтена компанија Лукоил, овојпат до 1 април 2026 година, соопшти американското Министерство за финансии.Според дозволата на Канцеларијата за контрола на странски средства (OFAC), договорот може да биде склучен до почетокот на април, откако рокот претходно неколкупати беше продолжуван. Санкциите против Лукоил беа воведени со цел да се ограничат руските приходи за финансирање на војната во Украина.Лукоил најави продажба на странската имовина и постигна договор со американската инвестициска компанија „Карлајл“, но зделката сè уште не е финализирана, додека се водат разговори и со други заинтересирани купувачи, меѓу кои и „Шеврон“.Меѓународниот имот на руската нафтена компанија, кој вклучува рафинерии, нафтени полиња и мрежа бензински станици во повеќе земји, се проценува на околу 22 милијарди долари.

Свет | пред 1 месец

media-libraryaifiiuirnv9ndMy92Vr

Алиу: Огромен дел од учениците - 86,9% отсто ја поддржуваат мерката за забрана на пушење во затворени простории, законот го носиме како закон за новите генерации

Министерот за здравство Азир Алиу денеска одржа прес-конференција, заедно со директорката на Институт за јавно здравје,  д-р Марија Андоновска и д-р Аким Али, претставник на Светска здравствена организација и шеф на канцеларијата на СЗО во земјава, по повод презентирање на резултатите од глобалното истражување за употреба на тутун кај младите.Податоците од истражувањето покажуваат дека 13,6% од учениците на возраст од 13 до 15 години моментално користат некаков тутунски производ, и тоа е највисока преваленца досега регистрирана. Дополнително загрижувачки се податоците дека дури 57% од младите биле изложени на тутунски чад во домот, додека 55,4% биле изложени на чад во затворени јавни простори.- Тоа што е индикативно за нас како креатори на здравствените политики е дека огромен дел од испитаните ученици ја поддржуваат мерката за забрана за пушење во затворени јавни простори. Вкупно 86,9% од испитаниците ја поддржуваат оваа мерка. Токму затоа, новиот предлог-закон за заштита од пушењето го носиме како закон за новите генерации, со  порака упатена до младите дека државата конечно застанува на нивна страна. Суштинската цел е денормализација на пушењето, а тоа ќе го постигнеме преку четирите столба на законот, а тоа се: целосна заштита од пасивно пушење, намалување на привлечноста, односно забрана на продажба на производи што содржат карактеристични ароми кои создаваат препознатлив вкус или сензорен ефект различен од природниот тутунски профил, како и ограничување на маркетингот и изложувањето и ограничување на достапноста и засилена контрола на продажбата на малолетници, истакна министерот Алиу во обраќањето.Тој додаде дека Министерството за здравство заедно со Институтот за јавно здравје, Светската здравствена организација и сите надлежни институции продолжува одлучно да развива системски капацитети за контрола на тутунот и заштита на здравјето на сите граѓани, а особено на младите.Директорката на Институт за јавно здравје, д-р Марија Андоновска посочи дека резултатите од последното истражување покажуваат три важни работи. Прво - употребата на никотинот кај младите останува значаен јавноздравствен предизвик. Второ - новите никотински производи земаат се поголем замав и ја менуваат сликата на зависноста кај адолесцентите и како трето - изложеноста на чад преку пасивно пушење, влијанието на маркетингот и достапноста на производите за малолетни лица се уште претставуваат сериозен системски предизвик.-Податоците покажуваат и нешто друго-постои силна поддршка кај младите за заштитни мерки и јасен потенцијал за успешни политики. Тоа ни дава основа за делување. Како ИЈЗ наша задача е да обезбедиме научно засновани докази. Тие докази денес се ставени на располагање на институциите, носителите на одлуки и јавноста. Одлуките што ќе следат не се само административни, тие се одлуки за здравјето и иднината на оваа генерација, посочи д-р Андоновска.Д-р Аким Али, претставник на Светска здравствена организација и шеф на канцеларијата на СЗО во земјава истакна дека од искуството од други земји знаеме дека законот за заштита од пушење е особено важен за заштита на децата, бремените жени, постарите лица, како и за работниците и за сите граѓани во земјава.-Кога се воведува ваков закон, се намалува бројот на приеми во болница, бројот на мозочни удари и смрт од кардиоваскуларни болести. Но, исто така, креира простор во услужната индустрија за поголем промет, затоа што повеќе луѓе доаѓаат заради просторите без тутун и пушачите во многу други земји го поздравуваат донесувањето ваков закон, истакна д-р Али, потенцирајќи дека е време да ги заштитиме нашите деца, да ја заштитиме нашата иднина, и ни една просторија не е приватна каде што вработените и децата се изложени на дим од цигари.

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања