Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Ева Петковска

media-librarykq3gs2lb45i4fI1OI4z

Филков: Следната недела ќе се одржи продолжението на конститутивната седница на работната група за реформи во изборното законодавство

Поради технички причини денешната конститутивна  седница на работната група за реформи во изборното законодавство беше одложена за следната недела. Министерот за правда Игор Филков изјави дека членовите на работната група не се впуштиле во материјална расправа затоа што прво треба да се утврди дневниот ред.„Иако денес требаше да биде одржана првата конститутивна седница на работната група за реформи во изборно законодавство на која требаше да се избере претседател  како и да се донесе предлог-деловник за утврдување на  методологијата и динамиката на работење, сепак тоа не се случи поради одредени јазични бариери. Од дел од присутните претставници на политичките партии беше побарано материјалите да бидат преведени за полесно да можат да се разберат’’, рече министерот Филков.Министерот за правда Игор Филков се надева дека следната недела  членовите ќе се усогласат за термин , ќе се избере претседател на работната група и ќе се отпочне со работа каде што сите ќе имаат можност да ги дадат своите предлози и сугестии за реформите во изборното законодавство.

Македонија | пред 1 месец

media-library6i5led9evu1c46qCCnx

Средба на Сиљановска-Давкова со Гордан Грлиќ Радман, МНР на Хрватска

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска го прими Гордан Грлиќ Радман, министер за надворешни и европски работи на Република Хрватска, кој престојува во официјална посета на земјава.Обајцата го потврдија цврстото македонско-хрватско пријателство коешто двете земји го негуваат повеќе од 3 децении, втемелено на взаемна почит и разбирање и реализирано низ политички дијалог и конструктивна соработка.Претседателката искажа искрена благодарност за хрватското отворено и континуирано разбирање и поддршка на македонската интеграција, како и на принципиелниот став на Хрватска дека проширувањето на Унијата со Западен Балкан треба да се темели на реални заслуги, без билатерализација и вето.Министерот Радман ја потврди подготвеноста на неговата држава да придонесе кон забрзување на македонскиот евроинтеграциски процес во рамките на Копенхашките критериуми, потенцирајќи дека македонската држава доби статус на кандидат за членство во ЕУ во март 2005 година, односно неколку месеци пред Хрватска.Соговорниците очекуваат дека партнерството дополнително ќе се зајакне со Договорот за стратешка соработка со Владата на Република Хрватска, како и со претстојната официјална посета на Претседателката Сиљановска-Давкова на пријателска Хрватска, кон крајот на март.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryfp80et17sieg1hAK9yu

„Паркови и зеленило“ продолжуваат со одржување на зелените површини во Охрид

Екипите на „Паркови и зеленило“ интензивно го одржуваат зеленилото во Охрид. Активностите вклучуваат кроење на дрвја и дрвореди по претходно добиени решенија за сечење, како и кроење на дрворедот на потегот од старата чаршија до вториот чинар. Дополнително, се врши хортикултурно одржување пред пролетната вегетација на украсните форми и други садници во паркот Мазија, како и плевење на цвеќето во градскиот парк и околу дрворедите на улиците „Македонски Просветители“ и „Булевар Туристичка“.

ОО | пред 1 месец

media-libraryccu8ujngcvjpbPTx5m8

Уапсен 18-годишник осомничен за лажни дојави за бомби

Осумнаесетгодишно лице од тетовското село Палатица е лишено од слобода поради сомнение дека во повеќе наврати испраќало лажни дојави за поставени експлозивни направи во образовни институции во Тетово, информираат од Министерството за внатрешни работи.Според МВР, на 27 февруари 2026 година во 09:10 часот полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, во координација со СВР Тетово, го привеле М.Р. (18) од селото Палатица. Тој се сомничи дека испраќал електронски пораки до повеќе училишта со закани дека во објектите се поставени експлозивни направи.По преземените мерки и извршените проверки било утврдено дека сите пријави за бомби биле лажни.Со судска наредба бил извршен и претрес во неговиот дом, при што полицијата одзела повеќе електронски уреди. Лицето е задржано во полициска станица, а по целосно расчистување и документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, соопшти МВР.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryjgu0icdc64rl4OSG8PF

САД евакуираат дел од персоналот од амбасадата во Израел поради тензии со Иран

Американскиот Стејт департмент започна евакуација на „неоперативниот“ персонал од амбасадата на САД во Израел и членовите на нивните семејства поради зголемени безбедносни ризици поврзани со растечките тензии со Иран.Според извештајот, потегот се смета за сигнал дека можна американско-израелска воена операција против Иран би можела да започне наскоро. Во таков случај, Иран би можел да изврши ракетни напади врз Израел и американски цели во регионот. Претходно оваа недела САД евакуираа и дел од персоналот од амбасадата во Бејрут.Стејт департментот ги повика американските државјани да размислат за напуштање на Израел додека сè уште има комерцијални летови. Евакуацијата не се однесува на дипломатите и персоналот задолжен за безбедносни и конзуларни активности, а амбасадата продолжува со работа.Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека претпочита дипломатско решение со Иран, но нагласи дека САД се подготвуваат и за можен воен судир. Во меѓувреме, иранските власти предупредија дека секоја американска акција ќе предизвика широка ескалација и дека американските интереси во регионот ќе бидат цел на нивните ракети.Поради зголемените тензии, повеќе земји, меѓу кои Канада, Кина и Австралија, ги повикаа своите граѓани да го напуштат регионот или да избегнуваат патувања на Блискиот Исток.

Свет | пред 1 месец

media-libraryl8587rj4cv7obxWLKk5

ЈП „Охридски комуналец“ интензивира машинско одржување на јавните површини

ЈП „Охридски комуналец“ интензивно го одржува јавниот простор со новите метачки. Во насока на подобрување на јавната чистота и подигнување на степенот на хигиената, оперативните служби на претпријатието спроведуваат машинско метење на тротоари, коловози, пешачки зони и други површини од јавен интерес.Редовното метење е надополнето со машинско метење, со што се очекува поефикасно и поквалитетно извршување на активностите на ЈП „Охридски комуналец“.

ОО | пред 1 месец

media-library5ls2du9pj6qu2EFP4Eo

Одбележана годишнина од смртта на Марко Бошњаков

Делегација на Општина Охрид, положи свежо цвеќе и се поклони пред спомен обележјето  кај родната куќа на гемиџијата, охриѓанецот Марко Бошњаков, а по повод 118 години од неговата смрт.На настанот присуствуваа и претставници од  Подрачната единица на Историскиот архив како и делегации од политичкиот и јавниот живот во Охрид.Марко Бошњаков е роден во Охрид во 1874-та година. Основното образование го стекнал во родниот град, а како средношколец учел во Солунската Гимназија. Бил сведок на создавањето на Македонскиот револуционерен комитет во Солун со што се означи почетокот на македонската револуционерна борба во 1893 година. Се вклучил во движењето на Гемиџиите (Солунските атентатори) издавајќи им ја и својата бакалница во Солун. Бил заробен од аскерот во Солун и осуден на смрт. Смртната казна му била заменета со доживотна робија што ја отслужувал во тогашниот злогласен затвор Музрул во Африка, каде и умрел на 27-ми февруари 1908 година, само неколку месеци пред да се прогласи амнестијата од страна на Младотурците.Марко Бошњаков во својот претсмртен час на неговите другари Павел Шатев и Ѓорѓи Богданов им оставил аманет: „Ако телото се тркала, не дозволувајте истото да се случи и со главата“.Единствените преживеани гемиџии, Шатев и Богданов го исполниле аманетот на Бошњаков така што ја отсекле главата од беживотното тело и ја донеле во неговиот роден град.

ОО | пред 1 месец

media-libraryjhupjas531a00KLF3bm

(Видео) Маж во Кина фрли дете во река, мајката скокна да го спаси

Во кинеската провинција Гуангдонг се случи шокантен настан кој последниве денови предизвика бурни реакции на социјалните мрежи. Снимка од инцидентот покажува маж како за време на расправија со сопругата фрла дете од мост во реката.Според извештаите на локалните портали, инцидентот се случил во недела во градот Чаочжоу. Судирот меѓу родителите ескалирал пред нивните деца, а во еден момент мажот го зел едното дете и го фрлил во водата. На снимката се гледа како мајката веднаш ја прескокнува заштитна ограда и скокнува во реката за да го спаси детето, а по неа скокнал и мажот. Поминувачи исто така притекнале во помош, и родителите и детето биле извлечени од водата.Локалната полиција покренала истрага, додека кинеските медиуми наведуваат дека случајот предизвикал силна осуда и шок меѓу корисниците на социјалните мрежи.

Свет | пред 1 месец

Cvetan-Tripunovski-13.11

Трипуновски: Откупени 26 милиони килограми тутун

Денес можеме да се пофалиме со конкретни бројки, согласно кварталните извештаи за 2025 година се бележи раст во откупот и продажбата на земјоделското производство“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, во емисијата „Наткаст“.„Согласно извештаите за примарните земјоделски производи и преработките, ќе видите дека сме извозно ориентирани и бележиме зголемување токму во овој сегмент“, посочи министерот.Тој нагласи дека државата повеќе не е увозно зависна од свежа храна.„Сакам да ја споменам и кампањата „Македонско најдобро“, која ќе продолжи и во наредниот период, а со која ја подигаме свеста кај домашните потрошувачи за значењето на купување домашни производи“, додаде министерот Трипуновски.Во делот на тутунопроизводството, министерот потенцираше дека е забележан сериозен раст на производството и рекордно висока откупна цена.„Оваа година просечната откупна цена изнесува 419 денари за килограм, додека лани изнесуваше 400 денари. За разлика од претходниот период, кога цената се движеше меѓу 160, 214 и 250 денари, денешната цена е речиси двојно повисока. Дополнително, интервентно ги зголемивме субвенциите за прва категорија тутун од 80 на 100 денари со цел да го стабилизираме секторот“, истакна министерот.Како резултат на овие мерки, годинава се откупени 26 милиони килограми тутун, за разлика од 2024 година, кога биле откупени околу 15 милиони килограми.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryun09o5limbko85e6aUs

Мајка во Германија со нож се заканувала на ќерка

Во Бремен, Германија, вчера попладне се случил страшен инцидент кога мајка со нож се заканила на својата деветгодишна ќерка и ѝ нанела повреди. Дејството предизвикало паника кај девојчето, кое во страв побегнало на балконот и се фрлило од првиот кат на зградата, соопшти полицијата. Трагедијата била избегната благодарение на сосед кој успеал да ја фати.Според полицискиот извештај, 62-годишниот сосед ја следел ситуацијата од прозорец и успеал да го фати девојчето во моментот на падот. Девојчето претрпело само полесни повреди. Засега не е познато што ја предизвикало заканата во семејниот стан.Полициските сили кои интервенирале на лице место ја уапсиле 38-годишната мајка. Жената, која има психички проблеми, е сместена на клиничко лекување. Девојчето е згрижено и се наоѓа кај својот татко.

Свет | пред 1 месец

media-libraryh9e19igq38vq0CO2OKK

Трипуновски: Период од две години за земјоделците да се прилагодат на новите услови

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, во своето гостување во „Наткаст“ информираше дека целта на новините во програмата е зголемување на земјоделското производство.„Една од новините што ги предвидува Програмата е зголемување на праговите за тоа кој може да биде корисник на субвенции. Површината за овошни и лозови насади од 0,2 хектари се зголемува на 0,5 хектари, а кај полјоделските култури од 0,5 на 0,7 хектари. Во делот на сточарството, досега се субвенционираа и една или две крави, но сега субвенционирањето ќе започнува од третата крава па нагоре“, истакна министерот.Тој појасни дека кај овчарството минималниот број грла останува 30, додека кај козарството прагот се зголемува од 10 на 30 грла. Кај пчеларството, минималниот број пчелни семејства се зголемува од 10 на 30.Министерот Трипуновски нагласи дека сите земјоделци кои што биле досега или ќе бидат под овие прагови, нема да бидат елиминирани од субвенции наредните две години.„Сите оние кои досега користеле субвенции, а се под новите прагови, ќе имаат преоден период од две години. На пример, доколку некој лозар има 0,2 хектари лозов насад и досега користел субвенции, иако новата Програма предвидува минимум 0,5 хектари, во 2026 и 2027 година ќе продолжи да ги добива истите субвенции. Сепак, од 2028 година ќе може да оствари право само доколку го достигне прагот од 0,5 хектари“, појасни Трипуновски.Преодниот период од две години, како што истакна министерот, има за цел да им овозможи на земјоделците да се прилагодат на новите услови и да се зголеми земјоделското производство.

Македонија | пред 1 месец

media-librarysrkcs13atg9eeynKjWg

Мицкоски: Обвинителството треба да го повика Зоран Заев за случајот со исказите за нелегално преземање на болницата „Жан Митрев“

Премиерот Христијан Мицкоски во гостување на „Тема на денот“ во Дневникот на Сител истакна коментирајќи ги тврдењата на Жан Митрев дека имало обид за преземање на неговата болница од страна на Зоран Заев и Венко Филипче за време на претходната власт истакна дека Обвинителството треба да го повика Жан Митрев да даде докази за тоа што го зборува бидејќи само така најлесно ќе се дознае дали тоа е вистина.„Тврдењата на Жан Митрев се тврдења на жртва на луѓе од претходната власт. Јас не знам дали некој го повикал од Обвинителството Жан Митрев да посведочи и да даде докази, тоа е суштината. Очекувам идниот обвинител или обвинителка, не е битно, тој што ќе биде избран, да му биде тоа прва задача. Да го повика Жан, ако досега тоа некој не го направил, да го повика бидејќи човекот излезе јавно и кажа дека бил предмет на уцена на високи државни функционери“, кажа премиерот Мицкоски.Тој исто така додаде дека вакви случаи на корупција кои треба да се истражат има многу и дека очекува со новиот јавен обвинител кој што треба да биде избран овие луѓе да се охрабрат и со докази да пријавуваат во Обвинителство.„Тоа е суштината. Не е суштината дали Зоран Заев поднел тужба за клевета кон „Иск“ лице или кон „Ипсилон“ лице. Суштината е дали нашето Обвинителство го повикало тој кој што тврди или тие коишто тврдат, не е само тој. Мене лично ми дошле многу луѓе коишто ми сведочеле дека биле жртва на уцена од претходната Влада. Ајде во претходниот состав на Обвинителството разбирам, се плашеле, бил обвинител којшто бил избран од претходното мнозинство, немале доверба можеби, не знам, но очекувам дека со новиот државен јавен обвинител, сите овие коишто мене ми доаѓаат и ми пријавуваат дека биле жртва на уцени, преземање непријателски на бизниси итн. да си пријават со докази како се исплаќани фактури во РЕК Битола, па како тие завршуваат магично на фирми во Бугарија итн. Тука имаме еден поширок опфат на нештата“, потенцираше Мицкоски и додаде:„Тоа е суштината. Дали некој во Јавното обвинителство го повика Жан Митрев да даде исказ и да даде докази? Тука најлесно ние ќе знаеме дали е вистина тоа или не е вистина. Дали некој туку-така си излегува и си кажува или не е така.“

Македонија | пред 1 месец

media-library42drt5l26hf87Q22kS2

Мицкоски: Работиме на случаите со илегална дрога, ќе ја исчистиме државата од политичките криминалци

„Извршени се инспекциски на неколку правни лица. На шест веќе се одземени лиценците, на уште неколку на следна владина седница ќе им бидат одземени лиценците, бидејќи не постапувале согласно закон, а на лицата за коишто веќе е покрената истрага, лицата кои веќе имаат кривична пријава кај кои е запленет овој цвет од канабис, ќе отпочне процес, претпоставувам, и во рамките на тој процес ние ќе слушаме и ќе гледаме што се случувало“, изјави претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на гостувањето во дневникот на Сител телевизија за темата на пронајдените количества на нелегална марихуана во Македонија.„Се сеќавам дел од поранешната Влада одеше и чекор понапред, па сакаше да прогласи зони каде ќе се консумира во еден град во југозападна и еден град во југоисточна Македонија. Таа развојна канабис стратегија на претходната Влада ќе има последици и во наредните десет години. Јас сакам да упатам јасна порака до граѓаните, и за првиот случај со Груби и за вториов, да бидат спокојни. Работата е под контрола. Исто како што улиците се исчистија од криминал, така доаѓа времето кога ќе ја исчистиме државата од политичките криминалци кои оставиле голема трага во минатото, но за жал поради нивните политики и во годините кои следат ќе треба да се справуваме со овие штетни, недржавни канабис-политики“, заклучи Мицкоски.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryf80tj7ah7kaufWqMifA

Путин успеа да ја раздели Коалицијата на доброволци

Плановите за распоредување мировни сили во Украина ќе бараат одобрение од рускиот претседател Владимир Путин, признаваат сојузниците. Сè поголем број членки на т.н. „Коалиција на доброволци“ приватно признаваат дека нивниот придонес во мисијата зависи од согласноста на Кремљ, потврдија повеќе извори. Дипломатски и одбранбени извори предупредуваат дека британско-францускиот план за одржување на какво било примирје може да зависи од самоволието на Москва.Напнатости по годишнината од инвазијата излегуваат на виделина токму на четвртата годишнина од почетокот на руската инвазија. Украинскиот претседател Володимир Зеленски во вторникот во Киев ја прими десетината европски лидери за да ја одбележат годишнината, а учествуваше и на виртуелен состанок на Коалицијата на доброволци, предводен од Кир Стармер и Емануел Макрон, на кој се разговараше за мировни преговори. Во три рунди директни преговори за примирје, украинските и руските официјални лица не постигнаа напредок. Путин продолжува да одбива да се откаже од барањето Украина да отстапи територии во источниот регион Донбас над кои нема контрола руската војска.Европските извори наведуваат дека и безбедносните гаранции по војната претставуваат камен на сопнување. Велика Британија и Франција се обврзаа да испратат војници и оружје во Украина како дел од планот за завршување на конфликтот и одвраќање од идни инвазии. Најмалку 26 земји членки на Коалицијата на доброволци, вклучувајќи низа држави членки на ЕУ, Турција, Норвешка и Исланд, најавија дека ќе помогнат во мисијата. Сепак, еден висок дипломатски извор изјави дека го слушнал ставот на земјите дека „трупите ќе ги испратат само со руско одобрение“.Постои страв дека без поддршка од Путин, секоја европска сила би можела да се смета за легитимна воена мета. „Ако Русија каже дека се противи и ги смета овие трупи за цел, тогаш мора да се испратат други видови сили. Дали Русија ќе се согласува или не, има огромно влијание“, рече изворот. Друг дипломатски извор сугерира дека европските влади, барајќи место на преговарачкиот маса, всушност му дале право на вето на Путин врз плановите на Коалицијата.Киев нагласува дека ќе го заврши конфликтот само со доволни безбедносни гаранции од САД и европските сојузници. Континенталните лидери, вклучувајќи го Стармер, изјавија дека се подготвени да испратат сили за одвраќање во Украина и да помогнат во обезбедување на воздушниот и морскиот простор, како и во обавештајна и логистичка поддршка од САД. Сепак, тоа ја спои дебатата за безбедносни гаранции со преговорите за примирје меѓу Киев и Москва, посредувани од САД.Потенцијалното распоредување на мировни сили е опишано како „доволно хипотетско“ поради долгогодишното противење на Путин кон стационирање на НАТО трупи во Украина. Првичниот мировен план од 28 точки, изработен од руски и американски официјални лица, ја исклучуваше можноста за користење западни трупи за мировни операции, но таа клаузула е отстранета од последниот план од 20 точки. Кремљ често предупредува дека секоја европска војска во Украина би се сметала за легитимна мета, а руската обавештајна служба во вторникот обвини дека Британија и Франција се подготвуваат да испратат нуклеарно оружје во Киев.Во заедничката изјава на Коалицијата на доброволци, објавена во вторникот, лидерите на Британија, Франција и Германија се обврзаа „да го засилат економскиот притисок врз Русија, вклучувајќи дополнителни санкции“. Британија објави најголем пакет санкции против Москва од почетокот на војната, насочени кон енергетските приходи и клучните добавувачи на воена опрема.

Свет | пред 1 месец

media-libraryn38i0b2ha0tlfQUm8j2

Иран повторно започна со испорака на гас за Ирак

Иран повторно започна со испорака на природен гас за Ирак, и тоа во количина од седум милиони кубни метри дневно, соопшти портпаролот на ирачкото Министерство за електрична енергија Ахмед Муса, што се смета за сигнал за постепена нормализација на производството на струја во земјата.Според најавите, специјална делегација наскоро ќе го посети Иран за разговори околу продолжување на снабдувањето со гас. Муса посочи дека посетата е дел од подготовките за летниот период, со цел да се избегнат сериозни прекини во снабдувањето со електрична енергија за време на високите температури, објави новинската агенција Iraqi News.Кон крајот на декември, ирачкото Министерство за електрична енергија соопшти дека испораките на ирански гас биле прекинати, поради што дел од електраните биле принудени да го намалат производството, а некои целосно да ја запрат работата. Прекинот довел до губење меѓу 4.000 и 4.500 мегавати електрична енергија во националната мрежа.Иранските медиуми тогаш известија дека прекинот бил предизвикан од зголемена домашна потрошувачка на гас во услови на ниски температури во одделни региони на земјата.Увозот на ирански гас е од клучно значење за ирачкото производство на електрична енергија, но американските санкции кон Техеран дополнително го отежнуваат плаќањето од страна на Багдад, наведува ирачката новинска агенција. Иран обезбедува меѓу 33 и 40 проценти од вкупните потреби на Ирак за гас и електрична енергија.Во зимскиот период Ирак троши повеќе од 48.000 мегавати електрична енергија, додека домашното производство изнесува околу 27.000 мегавати, поради што земјата е принудена да се потпира на увоз за да ги задоволи енергетските потреби.

Свет | пред 1 месец

media-librarydgpucq9b07ov567UOoD

Русија: Ќе помогнеме во изборот и обуката на првиот мјанмарски астронаут

Русија ќе помогне во изборот и обуката на првиот астронаут од Мјанмар, што претставува нов показател за продлабочувањето на соработката меѓу Москва и оваа држава од Југоисточна Азија.Понудата ја изнесе директорот на руската вселенска агенција Роскосмос, Дмитриј Баканов, за време на неговата неодамнешна посета на Мјанмар. Тој со својот мјанмарски колега потпиша договор за развој на соработка во областа на пилотираните вселенски летови. Според соопштението на Роскосмос, Баканов се сретнал и со лидерот на воената хунта Мин Аунг Хлаинг.Во рамки на договорот, Мјанмар ќе воспостави станица за собирање податоци за ГЛОНАСС — руската алтернатива на Глобалниот систем за позиционирање (GPS) — како и локација за систем за рано предупредување од опасни објекти во блискиот вселенски простор.Соработката меѓу двете земји се интензивира и во енергетскиот сектор. Минатата година Мин Аунг Хлаинг ја посети Москва на разговори со рускиот претседател Владимир Путин, по што беа потпишани инвестициски договори со кои Русија се надева дека ќе отвори нови можности за своите енергетски компании во Мјанмар.Русија, исто така, доби договор за изградба на мала нуклеарна електрана во земјата, каде што воената хунта ја презеде власта во 2021 година по соборувањето на избраната влада предводена од нобеловката Аунг Сан Су Чи.

Свет | пред 1 месец

media-libraryv5lm30bt7qsb3KlOv0i

Овие хороскопски знаци се родени љубители на луксузот: Трошат како утре да не постои

Додека едни внимателно ја следат секоја потрошена пара и водат прецизни буџетски табели, други ги користат картичките со став дека животот е прекраток за компромиси. Астрологијата сугерира дека нашиот однос кон парите и луксузот не е случаен, туку често е поврзан со ѕвездите под кои сме родени. Некои хороскопски знаци едноставно имаат префинет вкус и природна потреба за најдоброто што животот може да го понуди, а за нив уживањето е врвен приоритет.Лавот, познат како крал на Зодијакот, сака да живее во согласност со својата титула. Под влијание на Сонцето, припадниците на овој знак обожаваат внимание, а луксузот го доживуваат како природна состојба. Тие не купуваат само облека, туку вложуваат во сопствениот имиџ. Дизајнерски парчиња, златен накит и најнова технологија се начин да го истакнат статусот и индивидуалноста. За нив цената е само број што ја потврдува вредноста, па без двоумење трошат на ексклузивни вечери, ВИП-настани или одмори во хотели со пет ѕвезди.Бикот, управуван од Венера – планетата на убавината и уживањето – има исклучително префинет и скап вкус, но за разлика од Лавот, не бара раскош туку врвен квалитет и удобност. Наместо многу просечни работи, избира едно совршено парче што трае долго. Домот на Бикот мора да биде оаза исполнета со квалитетни материјали, гурманска храна и добро вино. Нивното трошење е промислено и претставува инвестиција во долгорочна удобност.Вагата, исто така под владеење на Венера, има вродено чувство за естетика и хармонија. Ја привлекува сè што е елегантно, префинето и визуелно складно. Гардероберот е внимателно избран, а домот изгледа како страница од списание за ентериер. Вагите трошат на уметност, дизајнерски мебел, козметички третмани и фини вечери, верувајќи дека убавото опкружување носи внатрешен мир.Стрелецот, вечниот патник на Зодијакот, наместо во материјални работи вложува во искуства. Под влијание на Јупитер, планетата на среќата и ширењето на хоризонтите, не штеди кога станува збор за авантури. Патувања на егзотични дестинации, гастрономски искуства или луксузни сафари-аранжмани се нешта на кои лесно троши, убеден дека парите секогаш повторно ќе се појават. За него животот е збир од спомени, а не предмети.Овенот, импулсивен и страствен, живее во моментот и исто така троши без многу размислување. Кога нешто ќе посака, мора да го има веднаш. Не споредува цени ниту чита рецензии – го води адреналинот и чувството на победа. Го привлекуваат статусни симболи, најнови технолошки уреди и брендови што асоцираат на успех, а за последиците размислува подоцна.Рибите, романтични и сонувачки, трошат за да создадат сопствен магичен свет. Ги привлекуваат уникатни предмети со приказна – уметнички дела, ретки книги, рачно изработен накит или природна козметика. Тие трошат со срцето, а не со разумот, па цената станува неважна кога ќе воспостават емоционална врска со нешто. Домот им е прибежиште исполнето со топлина, мириси, музика и атмосфера што нуди бегство од секојдневието.Без разлика дали сте Лав што ужива во луксуз или Стрелец што ја планира следната авантура, овие знаци потсетуваат дека животот не е само планирање и штедење, туку и уживање. Иако финансиската дисциплина е важна, понекогаш вложувањето во сопствената среќа може да биде најисплатливата инвестиција.

Магазин | пред 1 месец

media-library741ibu3u897a51CmYXv

Завиткувањето куфер со фолија може да ве направи мета на крадци

Чувањето на вредните предмети за време на патување е клучно за заслужениот одмор да не се претвори во непријатно искуство. Искусните патници користат различни трикови – од безбедносни катанци до GPS локатори, а една од најчестите практики е завиткување на куферот со пластична фолија, услуга што се нуди и на многу аеродроми. Сепак, безбедносен советник предупредува дека токму овој потег може да ги привлече крадците.Ед Барнет, поранешен воен полицаец во американската армија и безбедносен советник, вели дека фолијата создава само привид на сигурност, додека во реалност може да предизвика спротивен ефект. Според него, иако фолијата штити од гребнатини и може да спречи подметнување недозволени предмети, таа испраќа порака дека во куферот има нешто вредно. Дополнително, го отежнува брзото проверување на содржината доколку се посомневате дека некој го отворал багажот.Барнет советува сите вредни и неопходни работи – телефон, документи, пари, накит и лекови – секогаш да се носат во рачниот багаж што патникот го има постојано под надзор. Доколку сепак мора да се стават вредни предмети во куфер што оди во багажниот простор, препорачува тие да се сокријат во секојдневни предмети, како празно шише од крема за сончање или кеса за облека. Тој предупредува дека електричните четки за заби и поскапите полначи често се цел на кражби бидејќи лесно се препродаваат, а патниците доцна забележуваат дека недостигаат.Според него, и изборот на куфер може да биде сигнал за крадците. Луксузните брендови оставаат впечаток дека и содржината е вредна, додека меките куфери и текстилните торби се најлесни за отворање бидејќи можат едноставно да се пресечат. Побезбедна опција е цврст куфер без впечатливи ознаки на бренд.Класичните мерки за заштита и натаму имаат одредена корист. Катанците можат да ги одвратат крадците што бараат лесна мета, но Барнет предупредува дека многу патенти на меките куфери може да се отворат со обично пенкало за неколку секунди, што ги прави катанците речиси бескорисни. Пластичните врвки нема да запрат решителен крадец, но можат да послужат како доказ дека куферот бил отвoран.GPS локаторите, како AirTag, нема да спречат кражба, но можат да помогнат при пронаоѓање на изгубени предмети. Советот е тие да се сокријат добро, на пример во поставата на куферот или во облека, бидејќи крадецот ќе ги фрли веднаш штом ќе ги забележи. Барнет додава дека налепници со ознаки „GPS следење“, „кршливо“ или „камерска опрема“ не помагаат, туку понекогаш дури и привлекуваат внимание, па најдобро е никогаш да не се открива што се наоѓа во багажот.

Магазин | пред 1 месец

media-librarylk9kgmbun1p98ygMpxX

Расте загриженоста за менталната состојба на Трамп: анкетите покажуваат пад на довербата кај Американците

Претседателот на САД, Доналд Трамп, победи на претседателските избори откако неговиот противкандидат, тогашниот претседател Џо Бајден, се повлече од трката поради загриженост за неговата возраст и менталната острина. Но повеќе од една година по почетокот на вториот мандат на Трамп, анкетите покажуваат дека Американците не само што се сè понезадоволни од неговата работа, туку и сè повеќе се загрижени за неговите ментални способности, пишува Си-Ен-Ен.Загриженоста сè уште не го достигнала нивото што го имаше кај Бајден, кој имаше 81 година кога се повлече од изборната трка, но станува сè поголем проблем за 79-годишниот Трамп. Повеќе неодамнешни истражувања покажуваат дека мнозинството Американци на некој начин ги доведуваат во прашање неговите способности, а сомнежи се појавуваат и кај дел од републиканските гласачи.Една од најинтересните анкети беше објавена во вторникот, непосредно пред првото обраќање на Трамп за состојбата на нацијата во неговиот втор мандат, со кое го собори сопствениот рекорд за најдолг говор во Конгресот. Истражувањето на Ројтерс и Ипсос покажало дека 61 отсто од Американците се согласуваат со тврдењето дека Трамп „со годините станал непредвидлив“, а со ова се согласиле и 30 отсто од републиканците. Истата анкета покажува и пад на бројот на граѓани кои сметаат дека Трамп е „ментално остар и способен да се справи со предизвиците“ – од 54 проценти во септември 2023 година на 45 проценти денес.Сепак, Трамп, кој често истакнува дека постигнал одлични резултати на когнитивни тестови и кој одржа говор долг еден час и 47 минути, сè уште е далеку од резултатите што ги имаше Бајден. Во јули 2024 година, кога се повлече од трката, само една четвртина од Американците сметале дека Бајден е ментално остар и способен.Сличен тренд покажуваат и други истражувања, вклучително и анкетата на Си-Ен-Ен спроведена минатиот месец, според која процентот на испитаници што веруваат дека Трамп има „издржливост и острина за ефикасно извршување на претседателската функција“ паднал од 53 проценти на крајот на 2023 година на 46 проценти. Анкетата на „Вашингтон пост“, Еј-Би-Си њуз и Ипсос од минатата недела покажала дека мнозинството Американци сметаат дека Трамп нема ниту доволна ментална острина (56 проценти), ниту физичко здравје (51 процент) потребни за ефикасно извршување на должноста.Како можни причини за падот се наведува опаѓањето на неговата општа популарност, при што растечкото разочарување кај јавноста придонесува неговите необични јавни настапи да се толкуваат покритички. Сепак, загриженоста се бележи и кај дел од неговите поддржувачи. Аналитичарите укажуваат на вербални гафови, како повтореното мешање на Исланд и Гренланд, како и шпекулациите поврзани со модринките на неговите раце, наводно заспивање за време на јавни настани и ограниченото објавување информации за неговите лекарски прегледи, што дополнително поттикнува прашања во јавноста.

Свет | пред 1 месец

media-libraryahihpi58n84q0LTGWtq

(Видео)Паника во Киев по снимка од Харкив: Русите испратија ново брутално оружје

Руски FPV дрон управуван преку оптички кабел стигнал до северното предградие на Харкив, што укажува на растечка закана за вториот по големина украински град, соопштија украински официјални претставници по инцидентот што се случил вчера.Сергиј „Флеш“ Бескрестнов, советник на украинскиот министер за одбрана и експерт за воена радиотехнологија, изјави дека настанот покажува „реални закани“, нагласувајќи дека ќе бидат потребни нови технолошки решенија. Според него, класичната детекција базирана на електронско извидување нема да функционира против дронови управувани преку оптички кабел. Радарските системи би можеле делумно да помогнат, но не претставуваат целосно решение против нисколетечките FPV дронови, па затоа Украина треба да размисли и за акустичко следење со цел навремени предупредувања.Обвинителството во Харкивската област соопшти дека нападот се случил околу 15 часот во градската населба Киевски, каде FPV дрон со оптички кабел, со големина од 13 инчи, удрил во дрво. Според обвинителите, ова е прв регистриран случај на употреба на ваков тип дрон во Харкив од почетокот на руската инвазија.Бескрестнов во одвоена изјава посочил дека видел и видеоснимка распространета од руски извори со закани за напади врз Харкив со дронови управувани преку оптички кабли, што го толкува како сигнал за проширување на употребата на оваа технологија во нападите врз градот.Украинските власти и локалните медиуми во меѓувреме известуваат за зголемен број напади со FPV дронови во Харкивската област, вклучително и напади врз цивилни возила и жители во пограничните населби. Како одговор на заканата, на фронтот кај Харкив веќе е претставен прототип на подземно засолниште поставувано во ровови, наменето за подобра заштита и поголема автономија на војниците.За разлика од стандардните дронови што користат радио-врска, новите FPV дронови поврзани со операторот преку оптички влакна се речиси целосно отпорни на електронско попречување. Тие можат да ги заобиколат и природните или урбаните пречки што го блокираат радио-сигналот. Иако имаат ограничувања, како домет зависен од должината на кабелот и намалена маневрибилност, нивната отпорност ги прави особено опасни, а нивниот дострел постојано се зголемува.Двете страни во конфликтот развиваат вакви системи кои теоретски можат да достигнат и до 40 километри, иако во пракса најчесто се користат верзии со пократок домет.Зголемениот дострел на руските дронови предизвика загриженост и кај Сергиј Стерненко, еден од клучните учесници во украинскиот развој на дронови. Тој предупреди дека „не постои безбедна заднина на 30 километри од фронтот“ и ги повика локалните власти итно да воведат нови одбранбени мерки, вклучително затворање на патиштата со противдронски мрежи, ограничување на движењето на цивилите и евакуација на населението кое не учествува во борбите.И покрај предностите, технологијата има и слабости. Дополнителната тежина на калемите со кабел ги забавува дроновите и ја намалува нивната подвижност, додека временските услови, особено ветерот, можат значително да го намалат реалниот дострел, објасни Андриј Хирценјук, раководител на украинскиот одбранбен технолошки инкубатор Brave1. Сепак, тој оцени дека трката во развојот наликува на „игра на мачка и глушец“, при што иновациите брзо го зголемуваат дострелот, додавајќи дека Украина веќе значително го намалила почетното технолошко заостанување зад Русија. Според него, повеќе од 35 украински компании моментално развиваат дронови со оптички влакна, а капацитетите од 40 километри веќе се достигнати и функционални.

Свет | пред 1 месец

media-libraryoj0e0n8hasp6dG6Kzlq

Пет години затвор и трајно протерување за помагачите во убиството во Штип

Правдата доби судска разрешница во Основниот суд во Штип, каде што беа изречени пресуди за помагачите на Кадир Кара, вмешани во крвавиот инцидент што го потресе градот во мај минатата година. Судијката Јулијана Недкова објави дека тројца турски државјани се осудени на повеќегодишни затворски казни, како и на трајна забрана за влез во државата.Рамазан Аџет, Селахадин Арслан и Осман Метихан-Кулдруд добија по пет години затвор за помагање при извршувањето на убиството на градскиот плоштад „Слобода“. Покрај затворската казна, судот изрече и мерка трајно протерување, со што на осудените засекогаш им се забранува повторно да влезат во Македонија.Во изречената казна ќе им биде пресметано и времето поминато во притвор, каде што се наоѓаат од почетокот на мај 2025 година. По издржувањето на затворската казна, тие ќе бидат депортирани, а мерката протерување ќе стапи во сила без можност за нивно враќање.Четвртообвинетата во постапката беше осудена на три месеци затвор, но со оглед дека веќе поминала значителен период во притвор и куќен притвор, судот утврди дека казната е веќе издржана.Судскиот процес претставува продолжение на случајот откако директниот извршител Кадир Кара ја призна вината и претходно беше осуден на 17 години затвор за убиството извршено во штипско кафуле.Со денешната пресуда, Основниот суд во Штип го заокружи еден од најтешките кривични случаи во изминатата година, испраќајќи порака дека секој облик на соучесништво во насилство ќе биде строго санкциониран.

Македонија | пред 1 месец

media-library7j6amno0u2j2cwCXFd9

(ВО ЖИВО) Министерката Јаневска: Во Владата нема лица со купени дипломи

Со реформите во образованието и новиот Закон за високо образование, кој е во постапка на донесување, се работи на укинување на правните студии на приватните факултети како дел од реформските мерки, најави во „Претрес со Ландов”, министерката за образование и наука, Весна Јаневска.„Од нешто што е решение во предлог законот нема да отстапам, па макар да платам и политичка цена. Но од нешто мора да се отстапи и да има договор”, вели Јаневска.Во администрацијата има, но вели не е нејзина работа да испитува дали колеги министри или функционери имаат купени дипломи.„Не верувам дека има во Влада, ова е најдобрата Влада.Такви луѓе со купени дипломи не познавам, иако некои дипломи не вредат”, одговори министерката.За магистратурата на Филков за време на функцијата министер Јаневска не одговари конкретно.„Секој со својот интегритет”, вака одговари на прашањето дека менторката за магистраутрата му е професорката Ивана Шумановска-Спасовска која во 2023 година била во првите редови кога се основала партијата ЗНАМ од каде тој дојде како министер.Јаневска не одговори, бидејќи вели не знае колку чини купена диплома и тоа можат новинарите да го остражат.Универзитетот на Мерко се уште работи иако таму е пратена инспекција.За сите високо образовни институции каде што се работи незаконски, вели Јаневска, ќе има санкции.Следете во живо:

Скопје | пред 1 месец

media-libraryv2drfs8jueur511FcVH

(ВО ЖИВО) Јаневска: Апсолутно верувам дека нема договор меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ за враќањето на Груби

Гостин во „Претрес со Ландов” е министерката за образование и наука Весна Јаневска.Јаневска говори за состојбите и реформите во образованието, купување дипломи, како и за политиката.За Артан Груби вели не може да биде добар пример за младите, не беше добро играњето фудбал во канцеларијата„Не можам да тврдам за чесноста на Груби, но некои постапки не ми се допаѓаа, имаше и афери за проневери. Добро е што е конечно во Македонија и важно беше приведен. За одредувањето домашен притвор, надлежните одлучиле дека така треба да биде. За прв момент е доволно што е вратен. Тоа е негов стил. Цело време така горделиво и моќно се однесува. Не сум го видела налутен тоа е дел од негов карактер. Апсолутно верувам дека нема дил меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ за враќање на Груби”, вели Јаневска.Верува дека е тешко да си во бегство иако не знае зошто Груби се вратил во Македонија. Тоа се случи на 23 февруари, истиот ден кога пред 5 години по исчезнувањето неколку дена сам се врати и Сашо Мијалков.Дали на 23 февруари 2027 ќе се врати во Македонија и Никола Груевски?„Никола Груевски долго беше премиер и добри работи направи за Македонија. Ако било оценето дека животот му е во опасност можеби е добро што излегол од земјата. Ако не му е во опасност сега животот може и да се врати, иако не можам во негово име да предвидам дали на 23 февруари следната година Груевски ќе се врати во Македонија. Не застанав во одбрана на Груевски. Во еден период ни се разидоа патиштата, но во обид на фракција на една голема парртија”, вели Јаневска.Таа посочи дека и Љубчо Георгиевски има заслуги за Македонија, не се гледа со него и имаат разлики во ставовите.Бугарски пасош нема.Следете во живо:

Скопје | пред 1 месец

media-library4pffk8jkp0ug3DPxTnT

Филипче: Од Владата на Мицкоски граѓаните веќе не може да очекуваат ништо, можеби банкрот

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во емисијата „Тема на денот“, на телевизија Сител, нагласи дека граѓаните од власта не можат да очекуваат ништо, ниту подобрување на животниот стандард, ниту економска стабилност, ниту пак стопанството може да очекува поддршка.Филипче предупреди дека економските политики на Владата предводена од Христијан Мицкоски ја туркаат државата кон сериозна економска неизвесност.„Не може да се очекува ништо. Може само да се очекува да тоне стандардот на граѓаните, не го изгласаа Законот за минимална плата. Може да се очекува банкрот на државата, затоа што веќе 2 милијарди е дупката во Буџетот. Може да се очекува компаниите само да пропаѓаат, заради тоа што ниту имаат поврат на ДДВ, ниту имаат поддршка од страна на владата“, рече Филипче.Тој додаде дека владата не работи во интерес на граѓаните, нема слух за покачување на платите ниту на социјалната помош, се крати од земјоделците, од сите граѓани, само повеќе да има за личните интереси на власта.„Може да се очекува да нема никакво зголемување на платите ниту во образованието, ниту во здравството. Може да се очекува да нема зголемување на социјалната помош. Може да се очекува да нема никаква поддршка, напротив намалување на парите во земјоделството, како што има сега, за 20 до 30 пати им се намалени. Од оваа влада не може граѓаните, ниту државата, да очекува ништо. Единствено нешто што може да очекуваат се нивни лични финансиски интереси“, нагласи Филипче.

Македонија | пред 1 месец

filipce-ck-sdsm

Филипче: Се бориме за систем, не еден човек како Мицкоски кој сака сè да контролира

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во интервју за Сител Телевизија истакна дека суштинската разлика меѓу СДСМ и ВМРО е во концептот – дали ќе има функционален систем или еден човек кој ги контролира сите институции.„Ние се бориме да има систем, не еден поединец. Не треба тука да има еден човек, владетел кој што ги контролира сите работи, како што тоа сака Христијан Мицкоски да го прави. И го прави. Не, не. Ние се бориме да има систем. Затоа што само системот ќе врати вербата на граѓаните во оваа држава“, порача Филипче.Тој предупреди дека партизацијата на судството и обвинителството ја уништува довербата на граѓаните во правдата.„Не се прави тоа со партизирано судство. Да ставите судија за судија во Судски совет, жена на градоначалник на ВМРО ДПМНЕ, да ставите во Уставен суд советник на премиерот. Да квалификувате јавно обвинители со различни погрдни зборови… Очигледно е дека и судството и обвинителството се целосно партизирани. Тоа се луѓе кои директно му одговараат на премиерот. Па кој има верба во такво судство?“, изјави Филипче.Според него, токму ваквото однесување создава чувство на безизлез и недоверба кај граѓаните.„Стравот го чувствуваат граѓаните поради тоа што изгубија верба дека оваа власт може да испорача тоа што треба. Граѓаните не се ниту слепи, не се ниту глуви, не се ниту наивни“, рече тој.Филипче потенцираше дека единствениот начин да се врати довербата е преку вистински реформи и европски стандарди.

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања