Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Ева Петковска

media-librarycp21534u4i8raTYzVFr

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче докажа дека е најмекото ткиво на македонското општество

ВМРО-ДПМНЕ упати остри критики кон лидерот на СДСМ, Венко Филипче, обвинувајќи го дека, според нив, делува спротивно на националните интереси и шири политички ставови кои не носат придобивки за државата. Од партијата реагираат на негови изјави поврзани со можноста за внесување на Бугарите во Уставот, тврдејќи дека таков чекор би значел отстапки без соодветен бенефит за Македонија.Во партиското соопштение се наведува дека Филипче, како што велат од ВМРО-ДПМНЕ, покажува страв во врска со случајот поврзан со поранешниот функционер Артан Груби, при што изразуваат сомнежи дека евентуални негови искази би можеле да опфатат повеќе актуелни и поранешни функционери. За овие тврдења не се приложуваат докази во соопштението.ВМРО-ДПМНЕ дополнително ги обвини Венко Филипче и поранешниот премиер Зоран Заев за, како што наведуваат, политичко влијание врз правосудниот систем во минатото, оценувајќи дека токму тие биле одговорни за, според нив, најголемите политички притисоци врз судството во поновата историја на државата.Од партијата порачаа дека правдата ќе биде воспоставена и дека институциите треба да постапуваат независно, без оглед на, како што велат, политичките реакции и притисоци. Од СДСМ засега нема реакција на овие обвинувања.

Македонија | пред 1 месец

media-library7idjh85vq4vc3y0pQnY

Филипче: Граѓаните веќе немаат трпение, на младите не им се живее во државата

 Граѓаните се презаситени и веќе немаат трпение, на младите веќе не им се живее во државата, нагласи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во „Тема на денот“, на телевизија Сител. Филипче посочи дека власта не презема не презема суштински реформи во правосудниот систем.„Нема очигледно желба да се реформира правосудниот систем. Само еден од 12-те реформски закони кои што требаше лани да се донесат, се донесе. И тоа се направи трик и тој не се донесе согласно препораките на Оценската мисија,  и тој закон кој што е во рамки на реформската агенда, се донесе така да служи на власта“, рече Филипче.Во интервјуто, Филипче порача дека  излезот е јасен - вистинско реформирање на системот и силна борба против корупцијата.„Тоа што ни е суштински потребно, тоа што ќе врати ја довербата во државата, во институциите, тоа што ќе ја врати довербата на младите,е само вистински реформирано правосудство и за почеток канцеларија на Европското обвинителство, на обвинителката Лаура Ковеши, која што ќе има одврзани раце, како што ги има во сите други земји, и во овие последни кои што се приклучија кон Европското обвинителство, да се расчисти со корупција и криминалот“, рече Филипче.Тој посочи дека власта свесно ја држи државата изолирана со закочен евроинтеграциски процес,  а поради погрешните владини политики страда државата и граѓаните.„Треба храбри чекори. Доста ние само стоиме во место и премиерот и цело раководство на ВМРО ДПМНЕ, цела влада лаже дека нешто е загрозено. Дека они се борат за некакви национални интереси. Ништо не е загрозено. Страда државата, страдаат граѓаните, страдаат младите. Ние сме сега граѓани од втор или трет ред. Ние немаме пристап до единствениот пазар во Европа, немаме слободно движење низ Европа. Не ставаат на страна, отисоци, печати, пасоши и итн. Ние сме сега таму кај што не сакаме да бидеме. Владата има механизам, има начин, има понуда на масата, која што никако не е ризична. Треба да го направи чекорот“, рече Филипче.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryjboo9gik85eq1g1FT5e

Филипче: Јасно и гласно да ви кажам, кој прекршил закон нека одговара

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во гостување во „Тема на денот“ на Сител кажа дека секој што го прекршил законот треба да одговара, ама не со политички договори кои ја поткопуваат довербата во правосудниот систем.„Да ви кажам многу јасно и гласно да знаат гледачите, да знаат граѓаните. Кој што има, нека каже. Кој го прекршил законот, нека одговара. Од која и да е политичка партија. Ама вакви монтирани и договорени политички дилови не носат верба во судскиот систем“, посочи Филипче.Во контекст на случувањата со Артан Груби, Филипче појасни дека по целиот театар на границата јасно е дека покрај урнисувањето на правниот систем граѓаните ја изгубиле довербата во институциите . Тој истакна и дека контрадикторните информации од институциите дополнително ја продлабочуваат недовербата кај јавноста.„Излезе соопштение од обвинителството дека пуштањето во домашен притвор е по интервенција и по сугестија на АНБ и МВР. Па излезе директорот на затворот којшто каже дека ниту АНБ, ниту МВР, коишто се директно контролирани од премиерот, дошле и направиле процена. Тоа не се случило. Тие помеѓу себе почнаа да си пукаат политички, не во нога, во гради и во глава. Тоа не го сакаат граѓаните. Така да договор очигледно е дека има. Кој така доаѓа на граница? На кој сте виделе насмеан да му ставаат лисици на рацете?“, нагласи Филипче.Филипче додаде дека доколку постојат какви било информации или докази, тие треба да бидат изнесени јавно, но нагласи дека власта нема капацитет тоа да го спроведе со, како што рече, партизирано судство.„Апсолутно, нека се открие сè што треба. Ама ова власт нема капацитет да го правите. Не се прави тоа со партизирано судство. Очигледно е дека и судството и обвинителството се целосно партизирани. Тоа се луѓе кои директно му одговараат на премиерот. Па кој има верба во такво судство?“, истакна Филипче.

Македонија | пред 1 месец

media-library66beptcd7osj6m6S36j

„Предизвикаа паника кај кравите, па ме уапсија мене“, вели Јулијана, која ги напасувала кравите кои ги бркаше АХВ со МВР

Јулијана Ѓорѓиевска, која денес тврди дека ги напасувала кравите сопственост на нејзиниот татко, во изјава за „Скопје1“ изнесува сериозни обвинувања за начинот на спроведување на акција во Крива Паланка од страна на Агенција за храна и ветеринарство со асистенција на Министерство за внатрешни работи.Според неа, при акцијата животните биле собирани од паша и оттурнувани кон патните правци, што, како што наведува, предизвикало паника и неконтролирано движење на добитокот, со реален ризик за јавната безбедност.„Се наоѓав на терен како и секој нормален ден. Додека се движев со мојот автомобил, забележав неколку крави кои се упатуваа кон кејот на Крива Река. Го запрев возилото и се упатив да ги вратам кон ридот, со единствена цел да спречам можна сообраќајна несреќа или штета. Успеав да ги оттурнам околу 100 до 200 метри“, вели Ѓорѓиевска.Таа тврди дека при враќањето кон автомобилот била пресретната од двајца полициски службеници кои ѝ наредиле да не мрда и ѝ соопштиле дека е лишена од слобода. „На прашањето зошто, ми беше одговорено: ‘Ќе видиш во станица’. Бев задржана од 9:30 до 15:00 часот“, наведува таа.Според нејзината изјава, во текот на акцијата биле одвоени мајки од телиња, што предизвикало дополнителен стрес и паника кај добитокот. Околу 18:00 часот, една крава која лутала по магистралниот пат Крива Паланка – Деве Баир, барајќи го своето теле, била удрена од товарно возило и усмртена на лице место. Возачот, како што наведува Ѓорѓиевска, го напуштил местото на настанот.„Кој ја презема одговорноста за ваквиот исход? Дали постои јасен протокол при вакви акции за да се спречи ризик по јавната безбедност? Зошто се одвојуваат мајки од телиња, знаејќи дека тоа предизвикува панично однесување?“, прашува таа јавно.Ѓорѓиевска истакнува дека не бега од институции ниту од соработка, но бара законито постапување, транспарентност и заштита и на луѓето и на животните.„Ова не е само прашање на добиток. Ова е прашање на одговорност“, додава таа, оценувајќи дека начинот на спроведување на акцијата создал директен ризик и последици.

Македонија | пред 1 месец

media-librarycp21534u4i8raTYzVFr

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека претседателот на СДСМ, Венко Филипче, и неговата партија се единствените кои, како што наведуваат, покажуваат страв поради наводна поврзаност со корупција и криминал на структури блиски до СДСМ. Од партијата порачаа дека граѓаните треба да бидат спокојни, нагласувајќи дека „правда мора да има“ и дека институциите треба целосно да профункционираат.Во партиското соопштение се наведува дека, според нив, завршило времето на политички нарачани пресуди, при што се алудира на изборот на судии и обвинители во минатото. Од ВМРО-ДПМНЕ тврдат и дека, како што велат, „нема скандал или корупциски случај“ без поврзаност со поранешниот премиер Зоран Заев и со Венко Филипче, обвинувања за кои не се приложени докази во соопштението.Партијата ја обвини СДСМ дека со денови, како што наведуваат, создава медиумска врева околу случајот со запленета марихуана и актуелните случувања поврзани со поранешниот функционер Артан Груби, тврдејќи дека опозициската партија се наоѓа во паника поради можни сведочења.Во соопштението се поставуваат прашања дали СДСМ стравува од евентуален исказ на Груби и дали, според ВМРО-ДПМНЕ, тој би можел да инволвира и други политички функционери. Дополнително, од партијата го обвинија Филипче дека давал неточни изјави во врска со негови наводни познанства со лица поврзани со фирмата „ЦБД Медплант“, повикувајќи се на фотографии кои се појавиле во јавноста.ВМРО-ДПМНЕ порача дека владеењето на правото мора да важи за сите и дека секој што го прекршил законот треба да одговара пред институциите. Од СДСМ засега нема официјална реакција на овие обвинувања.

Македонија | пред 1 месец

media-librarytnj8ue6brdouacqERKu

Сведочење за трагедијата во „Пулс“: Панчо викна – „Деко, гори“, кога бев келнер нѐ раздолжуваше и Михајло

Со сослушување на сведоци продолжи судењето за трагедијата во дискотеката „Пулс“, при што денеска исказ даде Бојан Клименков, другар на загинатиот Петар Иванов. Клименков е поранешен келнер во локалот, кој кобната вечер бил таму како гостин.Клименков изјави дека шеф во „Пулс“ бил Дејан Манасиев, кој, според него, исплаќал заедно со Михајло и Дејан Јованов – Деко.Тој посочи дека посетителите однапред знаеле кога ќе има полициски инспекции поврзани со малолетници и дека по заминувањето на инспекциите повторно се враќале во објектот.Сведокот истакна дека критичната вечер забележал три прскалки кои, според него, се активирале автоматски, најверојатно преку систем со копче, бидејќи никој физички не дошол да ги запали. Огнот, како што рече, започнал од таванот веднаш по догорувањето на прскалките.„Вечерта не ги видовме прскалките, ама кога ги запалија, осетивме како нè пецкаат, па се тргнавме. Имаше три прскалки, сами се активираа, најверојатно со копче. Откако се активираа, се тргнавме настрана, видовме дека се запали плафонот над левата прскалка, лево гледано кон бината. Панчо викна ‘Деко, Деко, гори’. Деко дојде со противпожарен апарат и се обиде да гасне, па се упати десно од бината, можеби да се исклучи струјата. Тогаш Панчо рече ‘излегувајте’ и сите тргнавме кон надвор“, сведочеше Клименков, пренесе Плусинфо.Тој опиша дека во метежот кај влезот имало меѓу 300 и 400 луѓе, а густиот чад оневозможувал видливост. Додаде дека почувствувал силен мирис во салата кој предизвикувал поспаност и губење на свеста.„Беше топло, ме зафати стампедото и се онесвестив. Кога се освестив, над мене имаше пет-шест тела. Ми помогна Горан Илиев да излезам. Додека лежев ги видов сите кои спасуваа – Лазар Захариев, Горан Илиев, Методиј Клименков, мојот брат, Мартин Јосифов, Драган Петрушев. Кога ме извлекоа ги видов пожарникарите. Надвор пак се онесвестив и се освестив во комбето на пат кон болница“, рече тој.Во судницата беше спомената и врата која била заклучена, а за која претходно имало тврдења дека служела како излез за евакуација на малолетници при полициски рации.Судењето се одвива под засилено полициско обезбедување. Следното рочиште е закажано за 5 март, кога ќе бидат сослушани нови сведоци на Обвинителството.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryjc969la2ohkj9rzWe1A

Филипче: Мицкоски велеше ДУИ се криминалци а што се случи, се договориле со Груби

„Мицкоски ветуваше правда, викаше дека ДУИ се криминалци а што излезе? Се договориле со Артан Груби“ рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во интервју за Сител Телевизија.Филипче нагласи дека случувањата на граничниот премин Блаце претставуваат сериозен удар врз правниот систем.„Граѓаните не се ниту слепи, не се ниту глуви, не се ниту наивни. Сите видоа што се случи на граничниот премин Блаце тој ден – во државата се случи урнисување на правниот систем.“ рече Филипче.Тој посочи дека начинот на кој се одвивало враќањето на Артан Груби отвора сериозни сомнежи во јавноста.„Се појави бегалец кој што е на листа, се појави елегантно, мирно, смирено, со наочари, со насмевка… единствено нешто што недостасуваше беше Црвен Килим.“Во однос на одлуката за домашен притвор, Филипче укажа на контрадикторностите меѓу институциите.„Излезе соопштение од обвинителството дека пуштањето во домашен притвор е по интервенција и по сугестија на АНБ и МВР. Па излезе директорот на затворот кој што кажа дека ниту АНБ, ниту МВР, кои се директно контролирани од премиерот, дошле и направиле проценка. Тоа не се случило. Очигледно е дека договор има. На кој насмеан сте виделе да и му ставаат лисици?“ рече Филипче.Претседателот Филипче потенцираше дека СДСМ нема страв од никакви постапки и дека секој што го прекршил законот треба да одговара.„Кој го прекршил законот, нека одговара. Од која и да е политичка партија. Ама вакви монтирани и договорени политички дилови не носат верба во судскиот систем.“ потенцираше претседателот на СДСМ.Филипче оцени дека со партизирано судство не може да се обезбеди вистинска правда.„Не се прави тоа со партизирано судство… Очигледно е дека и судството и обвинителството се целосно партизирани. Тоа се луѓе кои директно му одговараат на премиерот. Па кој има верба во такво судство?“ рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryjboo9gik85eq1g1FT5e

Филипче: Урнат е правниот систем, за Груби фалеше уште црвен килим

Со доаѓањето на Артан Груби се случи урнисување на правниот систем на државата, нагласи претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, во „Тема на денот“, на телевизија Сител.Филипче посочи дека по начинот на кој беше спроведено е очигледно дека договор има.„Сите видоа што се случи на граничниот премин Блаце тој ден, тоа утро во државата се случи урнисување на правниот систем, се случи целосно губење на довербата на сите граѓани. Се појави бегалец кој што е на листа, луѓе кои ги бараат во државата, се појави елегантно, мирно, смирено, со наочари, со насмевка, му ставија лисици луѓе кои што претходно беа дојдени, полицајци, не полицајците кои што се, кои работат на граничниот премин, имаше камера која го снимаше сето тоа, единствено нешто што недостасуваше беше црвен килим“, рече Филипче.Тој посочи дека граѓаните веќе чувствуваат страв поради тоа што изгубија верба дека оваа власт може да испорача конкретни резултати за напредокот на државата.„Стравот е кај сите граѓани, дека оваа држава нема да ја биде. И стравот им е оправдан, затоа што видоа што и како се прават тие договори. Граѓаните не се ниту слепи, не се ниту глуви, не се ниту наивни. Се случи целосно губење на довербата на сите граѓани, на сите луѓе кои што живеат во оваа држава, дека ова власт може да испорача тоа што треба, нешто што треба - реформи, вистинска правда, и тоа се случи на очите на сите граѓани“, рече Филипче.Во интервјуто Филипче посочи дека никој повеќе не може да ги излаже граѓаните и покрај силната пропагандна машинерија на ВМРО.„40% од медиумите се контролирани од ВМРО ДПМНЕ, тоа се Орбановите медиуми кои што шират дефетизам, кои што шират анти ЕУ пропаганда, се вклучија да го одбранат, а тоа едноставно не се брани. Такви политички договори во кои што судството и обвинителството испорачуваат тоа што треба во интерес на некакви непринципиелни политички договори, не му носи добро на никој“, рече Филипче.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryv6m0kof06fj42Dc7SQB

Семејството на Хокинг: Жените на фотографијата биле негови негователки

Семејството на починатиот научник Стивен Хокинг објаснува дека жените во бикини кои се појавуваат на фотографија од документите на Џефри Епстин биле негови долгорочни негователки од Обединетото Кралство. Фотографијата е направена во 2006 година во хотелот Ritz-Carlton на островот Свети Тома, откако Хокинг одржал говор на научен симпозиум присуствуван и од Епстин.Семејството нагласува дека секоја импликација за недолично однесување е погрешна и нереална. Хокинг, кој почина во март 2018 година, повеќе од 50 години живееше со ALS и зависи од целодневна медицинска грижа.Фотографијата е дел од документи објавени од Министерството за правда на САД, кои исто така содржат непоткрепени обвинувања против Хокинг, што неговото семејство и неговиот портпарол ги отфрлаат.

Свет | пред 1 месец

media-librarypinaq9vv1e5u3Ce2AG3

Скопјанец насилно ограбен во Аеродром

Вчера попладне, на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, 49-годишниот Е.Б. од Скопје пријавил дека бил насилно ограбен.Според соопштението на полицијата, едно лице со употреба на физичка сила му го одзел паричникот со пари и документи.Полицијата презема мерки за расчистување на случајот и пронаоѓање на сторителот.

Скопје | пред 1 месец

media-library0macachlreevcFQIboH

Деветнаесетгодишник украл автомобил на паркинг во Задар па побегнал од полицијата

Деветнаесетгодишник е уапсен откако со украден автомобил се обидел да побегне од полицијата на подрачјето на Задар. Младото лице управувало возило без положен возачки испит, а при апсењето пружал отпор, па полицијата била приморана да употреби сила. Против него е поднесена кривична пријава за кражба и е казнет и по прекршочна постапка, соопшти полициската управа на Задар.Полицијата спровела истрага за 19-годишникот кој се сомничи дека од паркинг на Булевар во Задар украл Volkswagen Golf со задатски регистарски ознаки. По пријавата на сопственичката за кражбата, веднаш била покрената потрага за возилото. Во понеделник, на 23 февруари околу 23:55 часот, украдениот автомобил бил забележан на државниот пат кон Задар. Возилото прв го забележал полицаец кој тогаш не бил на должност, а потоа во потера се вклучиле и неговите колеги.Полицијата се обидела да го запре со светлосни и звучни сигнали, но возачот не реагирал, обидувајќи се да побегне со опасно возење и недозволено менување на коловозните ленти. Потерата завршила во Улица 72. бoјна во Задар, каде младото лице продолжило да пружа отпор, по што полицијата била приморана да употреби средства на присила.По апсењето му била пружена лекарска помош во Општата болница Задар, при што му биле констатирани полесни телесни повреди. Утврдено е дека управувал украдениот автомобил без положен возачки испит. По завршувањето на истрагата, против него е поднесена кривична пријава за кражба и е санкциониран и по прекршочна постапка за прекршоци од Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата.

Свет | пред 1 месец

media-library4rp1hkc71jklcKRloty

Тренер во Австрија тајно ги снимал фудбалерките во соблекувалните

Бивши тренер на австрискиот женски фудбалски клуб Алтах е осуден на седум месеци условна затворска казна и парична казна од 1.200 евра поради тајно снимање и фотографирање на играчки во соблекувалната, теретаната и тушевите. Судот му наложи и да исплати по 625 евра отштета на секоја од околу 30 жртви идентификувани на снимките и фотографиите. Пресудата ја донесе регионалниот суд во Фелдкирх, а обвинетиот ја прифати, додека обвинителството сè уште има можност за жалба.Играчките, меѓу кои имало и малолетни, ја изразија огорченоста од пресудата. Елени Ритман, поранешна играчка на Алтах која сега игра во францускиот Евијан, на Инстаграм напиша дека казната не е соодветна и дека не испраќа доволно силна порака за заштита на жените и девојките во спортот.Обвинетиот работел во клубот меѓу 2020 и 2025 година. За време на судењето беа прочитани изјави на жртвите, кои истакнаа дека чувствувале дека нивниот „дом“ бил уништен од лице кое го сметале за дел од семејството на клубот. Судот посочи дека постои значајна разлика помеѓу гледањето слики и нивното самостојно создавање.Клубот Алтах соопшти дека презел секакви мерки за поддршка на играчките и најави воведување дополнителни заштитни и превентивни мерки во соработка со Австриската фудбалска и спортска федерација, кои ќе бидат презентирани во март.

Свет | пред 1 месец

media-library9fgms75jrhe8c9W4W0V

Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија

Минималната плата не е само бројка, туку прашање дали едно семејство ќе може да ја плати сметката за струја, дали ќе има доволно храна до крајот на месецот. Денес зборуваме за тема што не е само бројка на хартија, туку реалност за илјадници семејства. Според податоците на Државниот завод за статистика, трошоците за живот континуирано растат, а истовремено синдикатите предупредуваат дека ниту три минимални плати не ја покриваат синдикалната кошница, посочи пратеникот на СДСМ, Борче Цветков, на денешната собраниска седница.Тој укажа дека минималната плата мора да обезбеди минимум достоинство за живот. Ако работникот работи полно работно време, а останува сиромашен, тогаш системот не функционира.„Држава во која работник што работи полно работно време, а не може да живее од сопствената плата, е држава која потфрла во својата основна социјална функција. Висината на минималната плата, динамиката на растот и начинот на усогласување се директно поврзани со борбата против сиромаштијата кај вработените, намалувањето на нееднаквостите и обезбедување на достоинствени услови за работа“, појасни Цветков.Во 2026 година, за еден месец, синдикалната кошница се зголемила за 1.000 денари. Во однос на февруари 2025 година, синдикалната кошница се зголеми за 3.609 денари, а во споредба со 2022 година за скоро 30.000 денари.„Затоа минималната плата мора да се усогласува автоматски со трошоците за живот и просечната плата за да обезбеди барем минимум достоинство кај работникот. Наместо политички калкулации на власта, треба да донесеме одлука што ќе биде вистинска поддршка за работникот  и за неговата егзистенција“, заклучи пратеникот на СДСМ, Борче Цветков.

Македонија | пред 1 месец

germanija-zname

Германија го укинува спорниот закон за греење

Партнерите во владејачката коалиција во Германија се договорија да го повлечат спорниот закон за греење, усвоен од претходната влада, и да им дозволат на граѓаните да продолжат да инсталираат системи за греење на масло и гас.Во 2023 година, Зелените издејствуваа закон според кој поголемиот дел од новите системи за греење мора да користат најмалку 65 отсто енергија од обновливи извори. Јавноста бурно реагираше, а тричлената коалиција се распадна, наведува Reuters. Новата влада на CDU и SPD, предводена од Фридрих Мерц, во коалицискиот договор ветила дека законот ќе биде укинат.„Новата законска регулатива нема да содржи одредби за задолжителна инсталација или замена на постоечките функционални системи за греење“, стои во документот. Тоа значи дека системите на гас и масло ќе можат да се користат и понатаму.Сепак, законот предвидува постепено зголемување на уделот на еколошки прифатливо гориво, како биометан, на најмалку 10 отсто до 2029 година, со дополнително зголемување во три фази до 2040 година.Граѓаните кои сакаат да го заменат стариот систем за греење или да избегнат фосилни горива при изградба на нов објект, ќе можат да сметаат на државна поддршка, најмалку до 2029 година.Германија има за цел да постигне климатска неутралност до 2045 година, но во борбата против климатските промени, градежниот и транспортниот сектор заостануваат. Според проценки, околу 80 отсто од германските домови се греат на ложливо масло или гас. Стручњаците, сепак, предупредуваат дека можеби нема да има доволно биометан за задоволување на побарувачката на домаќинствата.

Свет | пред 1 месец

media-librarykmggvk1l26psak85UWu

Спасовски: Ако не се покачи минималната плата, Македонија ќе остане без своите работници

Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски, на денешната собраниска седница укажа дека доколку не се покачи минималната плата, Македонија ќе се соочи со недостиг на работна сила.„И сега дури и немаме доволно работници, од други причини. Ако не продолжи растот на платите, ќе имаме уште поголем проблем, затоа што никој повеќе не може и не сака да работи без пари“, рече Спасовски.На собраниската седница на која на дневен ред е предлог-законот на СДСМ и коалицијата за изменување и дополнување на Законот за минимална плата, со кој се предлага минималната плата да се зголеми на 600 евра, Спасовски нагласи дека покачувањето на минималната плата на 600 евра е прашање на консензус бидејќи се работи за интересите на граѓаните.„Ако за Изборниот законик, кој директно ги тангира политичките партии и нивните интереси, можеме да постигнеме консензус, тогаш кои сме ние да не постигнеме консензус кога станува збор за граѓаните? Дали сме поважни ние како политички субјекти или се поважни граѓаните и нивниот животен стандард? Прво треба да седнеме и да постигнуваме договор за прашањата што ги засегаат луѓето, за нивните плати, за нивната егзистенција, за нивната сигурност. А не консензус да правиме само таму каде што се во прашање партиските интереси“, рече Спасовски.Во образложението, Спасовски посочи дека кога се зборува за минимална плата и за создавање систем, треба да се има кредибилитет во однос на тоа што се предлага. Тој потсети дека благодарение на јасно воспоставениот систем во периодот на владата на СДСМ, минималната плата растеше.„Во 2012 година, кога ВМРО-ДПМНЕ беше на власт, минималната плата беше 8.050 денари. Кога се презеде власта, во 2017-та беше 10.080 денари, а во 2017 година расте на 12.000 денари, па понатаму континуирано расте благодарение на системот што беше воспоставен, за да во 2024 година имаме минимална плата од 22.567 денари. Фактот дека минималната плата пораснала од 8.000 на 22.567 денари дава кредибилитет токму на СДСМ и коалицијата кои направија систем за раст на минималната плата“, рече Спасовски.Тој потсети дека кога владата на СДСМ го носеше решението за раст на минималната плата, тогашните функционери на ВМРО-ДПМНЕ беа против таквото законско решение.„Сегашниот гувернер на НБРМ, Трајко Славески, и ден-денес вели дека била погрешна политиката да се гради систем за раст на минималната плата и дека треба да живееме во времето во кое ВМРО-ДПМНЕ продаваше басни низ светот дека евтината работна сила ќе донесе инвеститори во Македонија. Тоа време заврши. Со години ги плашевте фирмите дека ако се зголеми минималната плата ќе пропаднат, а ги плашевте и работниците дека ако се зголеми минималната плата ќе останат без работа. После толку години од тој систем се покажа следново – фирмите наместо да пропаднат, растат, затоа што се зголемува продуктивноста на трудот, а работниците ги задржаа работните места“, рече Спасовски.Притоа, Спасовски додаде дека барањето на синдикатите е оправдано, бидејќи трошоците на живот во секоја ставка рапидно растат.„Прехранбени производи, здравствени услуги, комунални услуги, енергетика – сè има раст. Вие сте две години власт, ги имате институциите на системот, ги имате скоро сите општини под контрола. Ако не знаете, прашајте ги вашите градоначалници во колку општински совети доставија предлози за зголемување на комуналните такси на јавните претпријатија. И ќе ви биде јасно дека трошоците и понатаму растат и тие одлуки не се носат за да Владата ги плати тие трошоци, трошоците ги плаќаат граѓаните. И оттука доаѓа и барањето на синдикатот минималната плата да се зголеми на 600 евра, па понатаму да имаме и систем на раст на платите“, рече Спасовски.

Македонија | пред 1 месец

Нема фотографија

Говорот на Трамп за состојбата во нацијата предизвика контроверзии поради неточни тврдења

Американскиот претседател Доналд Трамп одржа свој најдолг говор за состојбата во нацијата во последните неколку децении, кој траеше еден час и 47 минути. Во обраќањето кон Конгресот нагласи дека „земјата повторно победува“ и ги пофали достигнувањата на својата администрација, но многу од неговите тврдења не се поклопуваат со проверени податоци.Главните теми на говорот беа американската економија и трошоците за живот. Трамп тврдеше дека цените под негово раководство почнале да паѓаат, но податоците покажуваат дека инфлацијата во 12 месеци заклучно со јануари 2026 година изнесувала 2,4 проценти, што е благ пад во однос на 3 проценти во последната година од мандатот на претседателот Џо Бајден. Иако цените на говедското месо минатиот месец благо паднаа, во 12 месеци до јануари пораснале за 15 проценти, додека вкупните цени на храната во истото време се зголемиле за 2,1 процент.Трамп изнесе тврдења за бензинот, наведувајќи дека цената на галон е под 2,30 долари во повеќето сојузни држави, што не е точно. Според податоците на Американскиот автоклуб (AAA), просечната цена на галон на 24 февруари изнесувала 2,95 долари, а само во Оклахома била близу 2,30 долари.Претседателот исто така истакна дека денес работат повеќе Американци од кога било, што е делумно точно. Во јануари 2026 година биле вработени повеќе од 158 милиони луѓе, но делот на вработените во вкупното население благо паднал, додека стапката на невработеност се зголемила од 4,1 на 4,3 проценти.Тврдењето за повеќе од 18 трилиони долари инвестиции во изминатите 12 месеци се покажа како неточно – реалниот износ изнесува 9,7 трилиони долари, вклучувајќи и ветувања кои можеби нема да се остварат.Трамп повторно ги изнесе тврдењата за изборни измами и илегална имиграција. Податоците покажуваат дека изборните измами се исклучително ретки, а иако американската гранична служба деветти месец по ред не пуштила илегални имигранти во земјата, бројот на илегални премини сепак се мери во илјадници.На крајот, претседателот тврдеше дека завршил осум војни во светот, што исто така не е точно. Додека учествувал како посредник во прекинот на огнот помеѓу Израел и Хамас, поголемиот дел од наведените конфликти биле краткотрајни или не вклучувале реални борби.Овој говор предизвика реакции од експерти кои предупредуваат дека многу од тврдењата на Трамп не се засновани на проверени податоци и бараат дополнителен контекст за точно да се разберат.

Свет | пред 1 месец

media-library4qnle6opj8409zutyob

(Фото) Пожар меѓу Вељуса и Ангелци, спречено поголемо ширење

Денеска (среда), 25.02.2026 година, околу 12:30 часот, во атарот помеѓу селата Вељуса и Ангелци избувнал пожар кој, поради силниот ветер, брзо се ширел.Зафатена била поголема површина со сува трева и трски.Од Територијална противпожарна единица Струмица информираат дека интервенирале со две противпожарни возила и шест пожарникари-спасители.Пожарот бил целосно изгаснат околу 15:00 часот, со што било спречено негово понатамошно ширење и предизвикување поголема материјална штета.Надлежните апелираат до граѓаните во случај на пожар или друга природна непогода веднаш да се јават на бесплатниот број 112 или на 193.

Македонија | пред 1 месец

655-402-bebe

Десетмесечно бебе почина во Италија откако таткото ненамерно го притиснал додека спиеле заедно

Десетмесечно девојче почина од последици на задушување откако, според првичните информации, таткото случајно го притиснал додека спиеле заедно во кревет.Трагичната несреќа се случила во Италија, а бебето во критична состојба со хеликоптер било пренесено од Риети во Рим, каде подоцна им подлегнало на повредите. Според реконструкцијата на настанот што ја дал таткото, тој и ќерката заспале заедно во саботата навечер. За време на спиењето, мажот несвесно се свртел и со телото го притиснал детето, при што му бил прекинат доводот на воздух.Кога се разбудил, таткото ја затекнал ќерката помодрена и без знаци на дишење, по што веднаш повикал итна медицинска помош.Лекарите долго време се обидувале да ја реанимираат, по што во тешка состојба најпрво била пренесена во болницата „Де Лелис“ во Риети, а потоа со хеликоптер во римската поликлиника „Џемели“.И покрај напорите на медицинските тимови, за девојчето немало спас. Продолжениот срцев застој предизвикал неповратно оштетување на мозокот, по што починало во болница.

Свет | пред 1 месец

media-libraryev0roe6bc2tp5YrPPiz

Додека Иранците протестираат, децата на иранските функционери уживаат во луксуз на Западот

Членови на иранската владејачка елита се соочуваат со обвинувања за лицемерие, откако опозициски активисти тврдат дека државното богатство се користи за финансирање луксузен живот на нивните деца во западни земји, додека во Иран се засилуваат репресијата и економската криза. Обвинувањата доаѓаат во период кога растат тензиите со Соединетите Американски Држави, по распоредувањето значителни американски воени сили на Блискиот Исток и најавите на американскиот претседател Доналд Трамп дека се разгледуваат можни воени напади.Меѓу прозваните е Али Лариџани, главен советник за национална безбедност на Иран, чија ќерка Фатемех Ардешир Лариџани живее во САД, додека двајца негови внуци престојуваат во Велика Британија и Канада, иако самиот со години е меѓу најгласните критичари на западните вредности. Лариџани, поранешен претседател на парламентот и висок функционер на Револуционерната гарда, наводно имал клучна улога во задушувањето на протестите што ја потресоа земјата во јануари. Се верува дека врховниот лидер Али Хамнеи му ја доверил координацијата на подготовките за можен конфликт со САД.Јавниот гнев е насочен кон таканаречените „агазадехи“ – назив што се користи за потомците на владејачката елита. Незадоволството дополнително се засили по задушувањето на протестите, во кои според одредени извори загинале десетици илјади луѓе. Аналитичарот Алекс Ватанка од Институтот за Блискиот Исток во Вашингтон изјави дека граѓаните се револтирани затоа што децата на функционерите добиваат стипендии во долари за студии во САД и Европа, практично на трошок на државата.По протестите, Вашингтон најави дека ќе се обиде да ги укине привилегиите за престој во САД на иранските високи функционери и нивните семејства, но останува нејасно како ваквите мерки би се спровеле. Еден командант на Корпусот на чуварите на исламската револуција изјавил дека уште во 2024 година се проценувало оти околу 4.000 деца и роднини на режимски функционери живеат во западни земји.Иранскиот писател и активист за човекови права Камбиз Гафури оцени дека власта „го претворила Иран во пекол за сопствените граѓани, додека своите деца ги испратила на Запад да живеат безгрижно“, додавајќи дека огромно мнозинство граѓани би поддржале нивно враќање во земјата доколку се одржи референдум.Меѓу посочените случаи е и ќерката на Лариџани, која до неодамна работела како доцент на Медицинскиот факултет на Универзитетот Емори во Атланта, но ѝ бил прекинат работниот однос по интернет-петиција што барала нејзина депортација. Синот на Мохамад-Џавад Лариџани е професор на Универзитетот Глазгов Каледонијан во Велика Британија, додека неговиот брат работи како директор во Кралската банка на Канада во Ванкувер.Нејзината внука на поранешниот ирански претседател Хасан Рохани, Маријам Ферејдун, работи во „Дојче банк“ во Лондон, каде што, според опозициски извори, ги следи финансиските текови од Блискиот Исток. Во САД живее и Иса Хашеми, син на поранешната политичарка Масуме Ебтекар, позната како портпаролка на студентите кои во 1979 година држеа американски дипломати како заложници во Техеран. Во Америка престојуваат и деца на други високи функционери, меѓу кои и Махди Зариф, син на поранешниот министер за надворешни работи Мохамад Џавад Зариф, за кого петиција тврди дека живеел во луксузна куќа на Менхетен вредна 16 милиони долари.Аналитичарите оценуваат дека западниот начин на живот на потомците на елитата е во остар контраст со идеолошките пораки што ги промовираат нивните родители во Иран. Според Ватанка, суштината на критиките е токму лицемерието – исламскиот политички поредок со децении проповеда строги правила на однесување, додека децата на елитата живеат сосема поинаков живот во странство.Тој додава дека западните земји можеби нема лесно да се одлучат на депортации, бидејќи ваквите лица можат да имаат и потенцијална разузнавачка вредност. Воедно, Западот нема јасно дефинирана политика за третман на потомците на режимската елита, избегнувајќи колективно казнување или санкции врз основа на потекло.

Свет | пред 1 месец

media-library2e9baqigp61uc7nGqE3

Германскиот министер за одбрана жестоко го нападна Трамп

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус остро го критикуваше американскиот претседател Доналд Трамп, обвинувајќи го дека испратил погрешни сигнали до рускиот лидер Владимир Путин и со тоа ја ослабнал позицијата на Украина во војната.Во интервју за германското радио „Дојчландфунк“, по повод четвртата годишнина од целосната руска инвазија врз Украина, социјалдемократот Писториус, кој според последните анкети важи за најпопуларен германски политичар, изјави дека односот на Трамп кон Кремљ го зајакнал самодовербата на Путин.„За жал, американскиот претседател влијаеше врз текот на војната и врз самодовербата на Путин кога му простре црвен тепих и го пречека како пријател на Алјаска, додека истовремено целосно се откажа од воената поддршка за Украина“, рече Писториус.Трамп и Путин се сретнаа на Алјаска во август 2025 година без присуство на европски лидери, што предизвика загриженост во Европа поради впечатокот дека Вашингтон се обидува да стави крај на војната без учество на Киев и европските сојузници.Американскиот претседател во текот на мандатот повеќепати го менуваше тонот во однос на војната, а на годишнината од инвазијата не објави јавна порака за поддршка на Украина. Писториус ја критикуваше и Белата куќа затоа што прерано ја исклучила можноста за украинско членство во НАТО од преговорите.„Американскиот претседател, за жал и непотребно, многу рано го тргна членството во НАТО од маса. Тоа беше тема што можеше да се искористи како преговарачки инструмент за други прашања“, изјави тој.Ова не е првпат Писториус јавно да ја критикува политиката на Трамп кон Украина. Минатата година тој изјави дека претседателот погрешно го проценил сопственото влијание врз Путин за време на разговорите за прекин на огнот.Најновите изјави доаѓаат неколку дена пред посетата на германскиот канцелар Фридрих Мерц на Вашингтон, каде што најави дека ќе ја претстави „заедничката европска позиција“ за трговијата, откако администрацијата на Трамп одлучи да воведе глобални царини од 15 проценти.

Свет | пред 1 месец

media-libraryja6qj471c3u6baYGSpi

Босна и Херцеговина ги укинува анонимните SIM-картички

Сите корисници на припејд SIM-картички во Босна и Херцеговина во иднина ќе мора задолжително да се регистрираат, согласно одлуката што денес ја донесе Совет на министри на Босна и Херцеговина. За мерката да стапи во сила, потребно е дополнително одобрување од државниот парламент преку усвојување измени на постојниот закон што ги регулира телекомуникациските услуги.Министерот за транспорт и комуникации Един Форто изјави дека законските измени се предлагаат со цел зајакнување на правната сигурност, бидејќи анонимноста на корисниците на припејд картички моментално претставува сериозен проблем при спроведување истраги за кривични дела. Според него, мерката има за цел да ја зголеми безбедноста на граѓаните без да навлегува во нивната приватност, бидејќи не се воведува надзор врз содржината на комуникациите, туку само обврска за идентификација на корисниците, како што веќе постои кај постпејд договорите.Тој изрази очекување дека измените ќе добијат брза поддршка во парламентот.Според предложените решенија, Регулаторна агенција за комуникации на Босна и Херцеговина ќе има рок од шест месеци да донесе подзаконски акт со кој детално ќе се уреди постапката за регистрација. Телекомуникациските оператори, пак, ќе добијат рок од 18 месеци за регистрација на сите постојни припејд корисници.По истекот на овој рок, операторите ќе бидат должни да ја прекинат услугата за корисниците кои нема да се регистрираат.Од Министерството за транспорт и комуникации соопштија дека со овие законски дополнувања државата одговара на конкретни безбедносни предизвици и ги зајакнува институционалните капацитети за поефикасно спроведување истраги, притоа зачувувајќи го правото на приватност.

Свет | пред 1 месец

media-library7hl87ej9l27e4IgfDPj

Петрушевски: Одредената мерка куќен притвор за Артан Груби е одлука на Обвинителството

Пратеникот Бране Петрушевски, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисијата „Топ тема“ на Телма телевизија се осврна на одредената мерка куќен притвор за Артан Груби, и нагласи дека не станува збор за преземено судство или пак договор, како што инсинуира опозициската партија СДС, туку дека истата мерка е одлука на обвинителството.„Јас го разбирам и револтот на јавноста и ова коешто се говори по однос на изнесената мерка куќен притвор за Артан Груби. Меѓутоа таа мерка не ја носи Владата, ја носи Јавното обвинителство, по предлог на Јавното обвинителство ја носи судската власт. Со член 98 од Уставот, судската власт е независна“, дециден е Петрушевски.Тој додаде дека обвинителтвото е со два посто доверба за кое СДС се бореше да не биде сменето, притоа посочи дека за претходното седумгодишно владеење на СДС граѓаните им станало нормално да гледаат како министри нарачуваат обвиненија, за разлика од денес кога Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против Артан Груби, Перпарим Бајрами, а во истата кривична пријава е и поранешниот премиер и претседател на СДС, Ковачевски, потенцирајќи дека можеби оттука им е и стравот и паниката на СДС.„Јас разбирам дека граѓаните веќе им станало нормално после претходното седумгодишно владеење на СДС да се шетаат министри во канцелариите на јавните обвинители, да нарачуваат обвиненија. Така што ова е истото тоа судство и обвинителство коешто има 2 проценти рејтинг против коешто јас секојдневно држам прес-конференции, коешто е под контрола на СДС и ДУИ и нивните луѓе коишто ги носеа. Кога ние излеговме и баравме комплетна смена на судскиот и обвинителскиот совет да ги разрешиме затоа што го доведоа судството до два проценти за да можеме да го ставиме на здрави нозе, токму СДС беше политичката партија којашто беше против тоа“, заклучува Петрушевски.

Македонија | пред 1 месец

media-library6d96p4gt1vkn6g2FHgf

Братот на Епстин: Новиот извештај ќе докаже дека бил убиен

Братот Џефри Епстин, Марк Епстин, изјави во емисијата „Uncensored“ на Пирс Морган дека нов извештај ќе докаже дека Џефри бил убиен. Тој рече дека група патолози ги прегледува наодите од обдукцијата и составува извештај кој ќе покаже дека смртта не била самоповреда.Марк, кој се занимава со недвижности, нагласи дека неговата грижа е исклучиво за тоа дека неговиот брат бил убиен, без разлика на неговите дела, и агресивно го прекина интервјуто кога беше прашан за жртвите на Џефри. Тој додаде дека многу од јавните информации за злосторствата на брат му го изненадиле и дека претходно не бил свесен за нив.Џефри Епстин имаше долга историја на злосторства, со пријави за сексуално злоставување на малолетни девојчиња уште од 2002 година. Тој беше осуден во 2008 година за поттикнување на проституција со малолетници и доби условна казна со минимална безбедност.Во 2019 година, по апсењето од федералните агенти, Епстин беше пронајден мртов во својата ќелија во Метрополитен корекциониот центар во Њујорк. Главниот градски патолог ја прогласи смртта за самоубиство, но постојат серија сомнителни околности, вклучувајќи нејасни снимки од надзорните камери и службени документи кои биле скриени или цензурирани.Изјавата на тогашниот Манхатенскиот обвинител Џефри С. Берман датирана еден ден пред смртта на Епстин, што дополнително ја зголеми сомнежот во официјалната верзија на настаните.Случајот останува контроверзен и предизвикува големо внимание во јавноста, особено во контекст на бројните жртви на Џефри Епстин.

Свет | пред 1 месец

media-library34pq93rsgbd1ev92Xnv

Американската женска хокејска репрезентација ја одби поканата на Трамп

Американската женска хокејска репрезентација, која освои злато на Олимписките игри, ја одби поканата на претседателот Доналд Трамп да присуствува на нивниот говор за состојбата во нацијата во вторник. Исто така, покана доби и машката репрезентација.Во соопштението на женската репрезентација се наведува дека благодарноста за признанието е голема, но поради густ распоред и претходно закажани академски и професионални обврски, играчите не можеле да присуствуваат. Извор за Associated Press објаснува дека поканата била примена дури доцна во неделата, што го отежнало променувањето на патувањата; многу играчи требале да пристигнат во Северна Америка дури во понеделник вечер.Машката репрезентација пристигна со приватен лет во Мајами, додека женската со комерцијален лет во Атланта. Дополнително, натпреварувачкиот распоред бил тежок: NHL сезоната продолжува веќе во среда, а PWHL, професионалната женска лига, започнува во четврток.Трамп при упатувањето покана се шегувал дека мора да ги покани и жените, инаку „веројатно би бил разрешен“. Двете репрезентации се вратиле од Олимписките игри со златни медали по драматични финалија против Канада, завршени во продолженија.

Спорт | пред 1 месец

Screenshot-2025-08-17-at-20.54.17

Се продлабочува конфликтот во ЕУ околу Украина

Европските лидери ја потврдија поддршката за Украина, додека конфликтот влегува во петта година, но разделбите меѓу земјите членки го засенчија одбележувањето.Унгарија и Словачка ја блокираа 20-та серија санкции на ЕУ против Русија и планот за финансиска помош од 90 милијарди евра, повикувајќи се на прекин на испораките на нафта преку „Дружба“. Украина тврди дека пореметувањата се последица на руски бомбардирања.Претседателот Зеленски повика на зголемување на санкциите и на повеќе воена помош, истакнувајќи дека Путин не покажува знаци за крај на конфликтот. Зеленски побара и јасен датум за членство на Украина во ЕУ, додека расколот меѓу земјите членки е најголем досега.Кремљ призна дека не ги постигнал своите воени цели и дека „специјалната воена операција продолжува“, оставајќи простор за дипломатско решение според нивните услови.

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања