Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Филипче: Мицкоски велеше ДУИ се криминалци а што се случи, се договориле со Груби

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-libraryjc969la2ohkj9rzWe1A

Венко Филипче во интервју за Сител го обвини Мицкоски дека ветувал правда и ги нарекувал ДУИ криминалци, а потоа се договорил со Артан Груби. Според него, случувањата на Блаце се „урнисување на правниот систем“ и начинот на враќање на Груби буди сериозни сомнежи. Тој посочи контрадикторности околу домашниот притвор и улогата на АНБ и МВР, тврдејќи дека „очигледно е дека договор има“. Филипче рече дека СДСМ не се плаши од постапки, но дека монтирани дилови и партизирано судство ја рушат довербата во правдата.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

„Мицкоски ветуваше правда, викаше дека ДУИ се криминалци а што излезе? Се договориле со Артан Груби“ рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во интервју за Сител Телевизија.

— реклама —


— реклама —

Филипче нагласи дека случувањата на граничниот премин Блаце претставуваат сериозен удар врз правниот систем.

— реклама —


„Граѓаните не се ниту слепи, не се ниту глуви, не се ниту наивни. Сите видоа што се случи на граничниот премин Блаце тој ден – во државата се случи урнисување на правниот систем.“ рече Филипче.


Тој посочи дека начинот на кој се одвивало враќањето на Артан Груби отвора сериозни сомнежи во јавноста.


„Се појави бегалец кој што е на листа, се појави елегантно, мирно, смирено, со наочари, со насмевка… единствено нешто што недостасуваше беше Црвен Килим.“


Во однос на одлуката за домашен притвор, Филипче укажа на контрадикторностите меѓу институциите.


„Излезе соопштение од обвинителството дека пуштањето во домашен притвор е по интервенција и по сугестија на АНБ и МВР. Па излезе директорот на затворот кој што кажа дека ниту АНБ, ниту МВР, кои се директно контролирани од премиерот, дошле и направиле проценка. Тоа не се случило. Очигледно е дека договор има. На кој насмеан сте виделе да и му ставаат лисици?“ рече Филипче.


Претседателот Филипче потенцираше дека СДСМ нема страв од никакви постапки и дека секој што го прекршил законот треба да одговара.


„Кој го прекршил законот, нека одговара. Од која и да е политичка партија. Ама вакви монтирани и договорени политички дилови не носат верба во судскиот систем.“ потенцираше претседателот на СДСМ.


Филипче оцени дека со партизирано судство не може да се обезбеди вистинска правда.


„Не се прави тоа со партизирано судство… Очигледно е дека и судството и обвинителството се целосно партизирани. Тоа се луѓе кои директно му одговараат на премиерот. Па кој има верба во такво судство?“ рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarylhoccodprlv47gJbFWC

СДСМ: Мицкоски денеска отиде кај Орбан за да договара враќање на Никола Груевски

Македонија | пред 8 часа

media-librarymufu1rnr502f7TjsNnE

Филипче со порака до власта: Нема право да ја држи државата во изолација

Македонија | пред 12 часа

skopje-parking

СДСМ Аеродром: Селективното зонско ќе создаде хаос во Ново Лисиче

Скопје | пред 14 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања