Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Ева Петковска

media-library7umc01svs6i7c1PZTei

(Видео) 120 повредени лица на антивладините протести во Мексико Сити

На масовните антивладини протести, во Мексико Сити повредени се најмалку 120 лица, од кои 100 се полицајци, a 20 лица се уапсени.Протестите ги организираше „Генерацијата З“ против криминалот, корупцијата и неказнивоста. Демонстрантите демонтираа делови од бариерата пред Националната палата, а полицијата употреби солзавец за да ги растера.Активистите се револтирани и поради убиствата на познати личности, вклучително и градоначалникот на Уруапан, Карлос Манзо, кој беше застрелан на 1 ноември поради неговата борба против нарко-картелите.Иако претседателката Клаудија Шеинбаум, која е на власт од октомври 2024 година, и понатаму ужива над 70% доверба, јавноста сè повеќе ја критикува поради серијата високопрофилни убиства и чувството дека безбедносната политика не дава резултати.

Свет | пред 4 месеци

pari-1

Денеска пауза, утре продолжува комисиското „кроење” на буџетот за 2026

Пратениците денес ќе одмораат а седницата на Комисијата за финансирање и буџет каде се разгледува Предлог Буџетот за 2026 година, ќе продолжи утре, во 12 часот.Власта и опозицијата имаат спротивставени мислеа. Пратениците од власта го бранат Буџетот како одржлив и развоен со вклучена социјална компонента.„За 2026 година се предвидува 3,8 отсто раст на БДП, што не е случајно, туку следува по трите квартали постојан раст. Стапката на инфлација е детерминирана на 2,5 отсто како резултат на рамотежата во делот на цените на храната, од една страна и цените на енергенсите, од друга. Ова значи дека имаме континуиран економски раст, стабилизирање на инфлацијата, добро менаџирање на јавните пари и креирање буџет во функција на решавање на проблемите на граѓаните. Главните двигитали ќе бидат зголемената активност кај градежништвото и домашната потрошувачка. Стапката на невработеност е предвидено да биде 10,1 отсто, а платите и пензиите ќе растат”, рече Емил Спасовски од ВМРО-ДПМНЕ.Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, предложениот буџет го оцени како неконзистентен, нереален и директно штетен за економијата и граѓаните.Таа нагласи дека буџетот не содржи никакви политики за зголемување на платите, ниту мерки за справување со сè поголемата сиромаштија.

Македонија | пред 4 месеци

media-library3ue50rg0ho5s39CJDmN

На граничните премини нема подолги задржувања, сообраќајот се одвива непречено

Според информациите на АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година.„Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата”, велат од АМСМ.АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.Патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица од 17.04.2025 г. е пуштен за сообраќај за возила до 3.5 тона.

Македонија | пред 4 месеци

media-library6m18ccn6rfco5GQOeD9

Казни за десетици оператори со небезбедна храна во близина на училишта

Агенцијата за храна и ветеринарство спроведе 445 инспекциски контроли во последните десетина дена и изрече 15 забрани за вршење на дејност на оператори со храна. 696 килограми небезбедна храна од непознати добавувачи беа запленети и уништени.Контролите биле насочени особено кон објектите во непосредна близина на основни и средни училишта, од каде учениците најчесто купуваат храна.Инспекциските проверки откриле дека 19 оператори ставале во промет небезбедна храна, кај 30 се утврдиле незадоволителни хигиенски услови, а од вкупно контролираните, 26 оператори не биле регистрирани во АХВ.„16 оператри немале имплементирано процедури за Добра хигиенска и Добра производствена пракса, а дури 32 немале спроведено задолжителен здравствено-саниратен преглед на вработените лица. Тројца оператори немале спроведено задолжителна дезинфекција, дезинсекција и дератизација во објектите, а 7 од контролираните објекти не ги задоволувале техничките услови за вршење на дејноста. Несоодветно означена храна со контролите била затекната кај седуммина оператори со храна“, стои во соопштението на АХВ.За утврдените неправилности, АХВ изрече парични казни за 77 оператори во вкупна вредност од 36.470 евра. Издадени се 103 решенија за отстранување на недоследностите и 23 опомени.

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryk51eks3vvgp2frEyWnb

Спасовски: Буџетот за 2026 е насочен кон регионален развој и големи капитални проекти од суштинско значење за општините

На вчерашната комисиска расправа за Предлог-буџетот за 2026 година, пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Емил Спасовски го оцени буџетот како исклучително развоен со силна социјална компонента. Тој истакна дека целта е забрзување на економскиот раст и спроведување  фискална консолидација преку зајакната финансиска дисциплина, воедно посочувајќи дека најголем двигател на растот ќе бидат бруто-инвестициите.„Во 2026 година се очекуваат позитивни движења и економскиот раст да забрза за 3,8%, како резултат на растот на инвестициите и последователен пад на стапката на невработеност на историски најниско ниво од околу 10%, раст на пензиите и платите и солидно зголемување на приватната потрошувачка. Најголем придонес кон растот во 2026 година се очекува да имаат бруто инвестициите, преку реализација на големите инфраструктурни проекти, финансирани од државата, во патната и железничката инфраструктура, пред се Коридорите 8 и 10Д, како и проекти во енергетиката, земјоделието, образованието и здравството“, рече Спасовски.Пратеникот Спасовски се осврна на неколку проекти кои се од клучно значење за развој на регионот и особено значајни за општина Крива Паланка, истакнувајќи дека со капиталните инвестиции во општините ќе се подобрат услови за живот на граѓаните.„Дополнителен двигател на бруто инвестициите ќе биде поддршката на општините за реализација на капитални инвестиции со цел по рамномерен регионален развој и унапредување на животниот стандард на граѓаните. Значајна ставка во Предлог буџетот се капиталните расходи, каде капиталните проекти учествуваат со околу 9,8% од проектираниот буџет, односно се проектирани во износ од 660 милиони евра. Од овие средства ќе се реализираат инфраструктурни и енергетски проекти, капитални проекти од областа на сообраќајната, комуналната и локалната инфраструктура.  Ќе се финансира западниот дел од патниот Коридор 8, изградба на железницата како дел од Коридорот 8, каде што првата делница од Куманово до Бељаковце е пуштена во употреба, интензивно се работи на втората делница од Бељаковце до Крива Паланка за која се обезбедени средства и третата делница од Крива Паланка до Деве Баир“, рече Спасовски.

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryu0kl0712k4c9aHXHVpl

Денес сончево, од утре следува промена на времето

Наутро во одделни котлини ќе има услови за појава на магла, но во текот на денот времето ќе биде претежно сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб, а во западните делови умерен ветер од југозападен правец. Утринските температури ќе се движат од -3 до 5 степени, додека дневните ќе достигнат од 16 до 20 степени.Во Скопје, утринските часови во одредени делови од котлината ќе донесат слаба магла. Денот ќе продолжи сончево и претежно тивко, со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до 1 степен, а максималната ќе достигне до 16 степени.Од почетокот на следната недела следува промена на времето. Во понеделник се очекува зголемување на облачноста, а од вторник ќе преовладува променливо облачно време со локални врнежи од дожд, наместа пообилни. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер, кој локално ќе надмине брзина од 60 km/h. Дневните температури ќе останат без поголеми промени

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryle0s9dof8i8b1YYHjH0

Иран потврди заплена на танкер во Оманскиот Залив

Иран денес потврди дека неговата Револуционерна гарда запленила танкер во водите на Оманскиот Залив кој превезувал петрохемиски производи наменети за Сингапур поради наводно прекршување на прописите, објавија иранските државни медиуми.Американски функционер и извори од поморската безбедност вчера рекоа дека иранските сили пресретнале танкер со нафтени производи и го пренасочиле во ирански територијални води. Тоа е првиот извештај за иранска заплена на танкер по израелско-американските напади врз Иран во јуни.Државната иранска телевизија ја прочита изјавата на Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) во која се наведува дека „танкерот ги прекршил прописите поради превоз на неовластен товар“. Не беа соопштени детали за наводните прекршоци.Последната пријавена заплена на брод беше во април 2024 година.Танкерот Talara, под знамето на Маршалските Острови, пловел долж брегот на Обединетите Арапски Емирати, рекоа поморските извори, и превезувал товар од гасно масло со висок процент на сулфур преку Индискиот Океан на пат кон Сингапур од Шарџа во ОАЕ.Бродот е во сопственост на компанијата Pasha Finance со седиште на Кипар. Иранската Револуционерна гарда (ИРГЦ) изминатите години периодично запленувала комерцијални бродови во водите на Заливот, често повикувајќи се на поморски прекршоци како што се наводно криумчарење, технички неправилности или правни спорови.Иран ги ограничи своите воени активности во регионот по 12-дневното бомбардирање во јуни во кое учествуваа и Соединетите Држави. Последната пријавена заплена на брод беше во април 2024 година.

Свет | пред 4 месеци

media-libraryaks8hei48mrefy4jh7b

Костадиновска Стојчевска: За 91% е намален буџетот за инспекторатот за македонски јазик

Со предлог буџетот за 2026 година има намалување на буџетот на инспекторатот за македонски јазик за 91 %, кој е заснован врз основа на законот за македонски јазик, која сите заедно го донесовме во 2024 година, истакна пратеничката на СДСМ Бисера Костадиновска Стојчевска во своето обраќање пред собраниската комисија за финансирање.Таа додаде дека и покрај тоа што владеачкото мнозинство при ребалност вети дека ова нема да случи.Кога со ребаланост се намалија средствата рековме дека нема да дозволиме тој да не профункцира, за потоа да донесете измени во законот со кои инспекторатот се намали на ниво на одделение, отсек во министерството за култура, за сега да добие 91% намален буџет, нагласи Костадиновска Стојчевска, додавајќи дека и нема услови за работа на инспекторатот, а нема ниту огласи за вработување лектори.Костадиновска Стојчевска истакна дека не се доделени никакви средства адаптација на основното училиште во Љубојно во центар за промоција на македонски јазик, каде нема никакво придлижување.Буџетот за реконструкцијата на објектот Музеј на Македонија е намален 33%, а да ве потсетам таму се на ревитализација иконите вратени по првата реституција, и тоа 21 икона украдени во 2013 година, а откако ќе се ревитилазираат треба да бидат изложени во тој музеј, рече Костадиновска Стојчевска.Тоа кажува за приоритетите на министерството за култура, рече пратеничката на СДСМ Бисера Костадиновска Стојчевска пред собраниската комисија за финансирање.

Македонија | пред 4 месеци

media-librarygoa4p8p2sjvh8y5AMjc

Георгиева: Буџетот за 2026 покажува дека Владата води одговорна и умерена економска политика

Буџетот е слика за тоа како се гледа иднината на Македонија и нејзините граѓани. Овој буџет, буџетот за 2026 е креиран во услови на глобална непредвидливост, но сепак се осврнува на потребите на граѓаните и институциите, рече пратеничката Весна Георгиева од ВМРО-ДПМНЕ на денешната расправа во надлежната Комисија за финансирање и буџет во Собранието.Според неа овој Предлог буџет за 2026 година нуди јасна визија, стабилна основа.„Пораката од буџетот за следната година е силна порака економски раст и фискална дисциплина во државата“, вели Георгиева.Проектираниот раст на економијата за 3,8 раст е многу важен и покажува дека се нуди континуиран раст.„Ова е сигнал дека економијата продолжува да се развива со забрзано темпо. Ова покажува дека Владата води внимателна, одговорна и умерена економска политика. Ова е внимателно испланиран буџет без авантури и со одговорност кон идните генерации“, заклучи Георгиева.

Македонија | пред 4 месеци

media-library1t2tav14gou61RFfcQU

ВРЕДИ: ДУИ го газеа европскиот пат со промена на КЗ отворајќи пат за враќање на Груевски и ослободување на Мијалков

ВРЕДИ одговори на прес конференцијата на ДУИ.„Две недели по дебаклот на локалните избори и две недели по објавувањето на Извештајот за напредокот од Европската комисија, ДУИ и Арбер Адеми се разбудија од зимски сон за да го изразат својот наводен загрижен став за европскиот пат. Иронијата е длабока: со половина раководство на црните листи за висока корупција, тие излегуваат и држат прес-конференции за европски напредок, напредок што самите го блокираа со години. Уште поапсурдно е што на локалните избори, ДУИ отворено се здружи со нај анти-НАТО и анти-ЕУ партијата во државата – Левица на Апасиев, во Гостивар, Тетово и Струга. Кога им требаше власт, Европа беше заборавена. Денес, кога ги загубија општините и влијанието, одеднаш се сетиле на ЕУ! Вистината е дека тие го газеа европскиот пат кога го променија Кривичниот законик спротивно на предупредувањата од нашите стратешки партнери, отворајќи му пат за враќање на Никола Груевски и овозможувајќи ослободување на Сашо Мијалков”, се наведува во соопштението од ВРЕДИ.За ВЛЕН, европскиот пат е есенцијален, суштински и за него не се преговара.

Македонија | пред 4 месеци

nikoloski-2

Охрид СОС со остра реакција до Николоски: „Срамно е да повторуваме лекции од минатиот век – Охрид не е терен за бетонирање“

Граѓанската иницијатива Охрид СОС жестоко реагираше на неодамнешната изјава на вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, кој изрази став дека поради статусот на заштитено подрачје, во Охридскиот Регион не можат да се градат хотели од висока категорија.Во реакцијата се наведува дека изјавата на Николоски е „неодговорна, нестручна и срамна“, особено во момент кога, и покрај формалната заштита, на теренот во Охрид „се градат десетици нелегални и полулегални хотели“.„Охридскиот Регион, де-факто светско наследство во опасност, министерот за транспорт и вицепремиер Александар Николоски сакал да гради уште хотели. Но, му пречи тоа што Охридскиот Регион е сè уште на листата на светско наследство“, реагираат од Охрид СОС.Од иницијативата го потсетуваат Николоски дека неговата изјава — оти „практично невозможно е да се гради во заштитените подрачја“ — е целосна невистина:„Власта, особено кога е во рацете на ДПМНЕ, одамна докажа дека формалната заштита не е пречка за агресивна урбанизација. Хотели никнуваат во Мазија, Рамне, Лагадин, Горица, Св. Стефан и дури на 50 метри од брегот кај новиот ‘Парк’. Ако ова е ‘практично невозможно’, како би изгледало ‘можното’?“Тие потсетуваат дека состојбата со Охридското Езеро и Галичица е алармантна — изворите на Св. Наум се загадени со фекални бактерии, Студенчишко Блато се урбанизира, а старите јадра на Охрид и Струга го губат својот автентичен изглед.„Флагрантна некомпетентност е да не можете да овозможите развој што нема да значи уништување. Наместо да ги заштитите природните вредности, вие ги претворате во профитни парцели“, додаваат од Охрид СОС.Активистите остро го критикуваат Николоски што „воопшто не разбира“ дека економската корист може да произлезе и од заштита, а не само од уништување:„Министерот не знае дека вредноста на заштитените подрачја може да се изрази во пари. Губењето на тие ресурси ќе чини многу повеќе, само што сметката ќе ја платат идните генерации – не тие што денес градат и профитираат.“Охрид СОС го обвинува Николоски за недостиг на стручност и одговорност, потсетувајќи дека меѓународните институции одамна предупредуваат за состојбата со регионот:„Да имаше компетентност, ќе знаеше дека УНЕСКО веќе една деценија бара Охрид да се стави на листата ‘Светско наследство во опасност’, дека Бернската конвенција отвори случај за Охридско Езеро и Галичица, и дека Европската Комисија со години дава засрамувачки оцени за постигнувањата во доменот на животната средина.“Во завршницата, тие упатија јасна порака:„На власта ѝ пречи што Охрид е на листата на светско наследство, бидејќи така помалку пари можат да се слеат во приватни џебови. Но да ги потсетиме – тие имаат законска обврска да го штитат Охридскиот регион, не да го бетонираат.Срамно е во 25-тата година од 21 век да повторуваме лекции што требало да бидат научени во минатиот. Засукајте ги ракавите, вработете стручни лица и научете што значи одржлив развој.“

Македонија | пред 4 месеци

ademi

ДУИ:Извештајот на ЕК e алармантен сигнал за застојот на Македонија

ДУИ на прес конференција изрази длабока загриженост за, како што велат, исклучително негативната оценка што Европската комисија ѝ ја даде на Северна Македонија во својот најнов извештај за 2025 година.,,Овој извештај, кој е дел од Пакетот за проширување, претставува една од најслабите оценки што нашата држава ги има добиено во последните десет години”, изјави портпаролот на ДУИ, Арбер Адеми.Пораката вели е јасна: Северна Македонија стагнира и губи чекор во однос на земјите од регионот.,,Во сржта на проблемот се наоѓа неуспехот на Владата да ги исполни основните услови за отворање на преговорите, вклучително и првиот кластер што се однесува на владеењето на правото и функционирањето на правосудните институции. Извештајот на Европската комисија е аларм кој треба да ја разбуди политичката и институционалната свест во земјата. Декларациите и реториката повеќе не се доволни; потребни се конкретни дејствија, одговорност и искрена волја за вистински реформи. Демократската унија за интеграција верува дека европската интеграција не е политички слоган, туку национална и стратешка обврска”, вели Адеми.

Македонија | пред 4 месеци

media-library7o12f4v3ikl2f3ANeFv

(Видео) За правда нема да молиме – ќе се бориме: Илјадници граѓани на Маршот на ангелите во Скопје

Со силни емоции, болка и решеност, повеќе од 4.000 граѓани денеска им се приклучија на родителите на загинатите млади во трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, на големиот Марш на ангелите што се одржа во центарот на Скопје. Настанот започна во 12:05 часот на плоштадот „Македонија“, а заврши пред Основниот кривичен суд, симболично — таму каде што следната недела треба да започне судењето за случајот.Маршот беше во организација на граѓанските иницијативи „Кој е следен!“ и „16 Март 2025“, и е првиот од ваков вид што се одржа во главниот град, откако родителите 30 саботи по ред маршираа во Кочани — најчесто сами, без институционална или јавна поддршка.Во емотивен говор пред Собранието, Анастасија Павловска (23) од иницијативата „Кој е следен“ со треперлив глас порача:„Боли индиферентноста на сите овие институции и на сите оние кои не излегоа тука со нас. Боли затоа што институциите заминаа на одмор веднаш по трагедијата, а потоа си влегоа во кампања.“Понесена од емоциите, Павловска на кратко ја загуби свеста, но родителите на загинатите деца ја поддржаа и не дозволија да падне. По неколку моменти, таа ја продолжи својата изјава, предизвикувајќи аплауз и солзи во публиката:„Боли тоа што некој дозволил да помисли дека ова ќе се заборави. Ова не е нормално и нема да го прифатиме. Јас сум тука не поради политика, туку поради совест, поради човечност, поради љубов кон својата земја која заслужува подобро.Овие родители заслужуваат подобро — и затоа за правда нема да молиме. За правда ќе се бориме.“Маршот минуваше во целосна тишина и достоинство, со транспаренти на кои пишуваше: „Нема правда – нема мир“, „63 ангели“, „Срам за институциите“, „Каде затаи системот?“.Многумина носеа фотографии од загинатите деца, цвеќиња и бело знаме со имињата на сите 63 жртви.Организаторите порачаа дека ова не е последниот марш и дека ќе продолжат сè додека не се утврди целосна одговорност за трагедијата.„Секое одење во Кочани е ново раѓање на болката. Но, нема да застанеме. Сè додека правдата не стане реалност“, изјавија од иницијативата „Кој е следен“.Судењето за случајот со пожарот во ноќниот клуб „Пулс“, во кој загинаа 63 лица, а повеќе од 200 беа повредени, е закажано за 19 ноември.Родителите на жртвите најавија дека ќе присуствуваат на секое рочиште, барајќи не само правна, туку и морална одговорност од сите институции што, како што велат, „затаиле кога најмногу требало“.

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryh9rluul3quli5x3HjOt

Петкоска: Зборуваме за буџет што предвидува раст од 3,8%, односно планиран е раст со мерка додека претходната влада трошеше без мерка

Во секој буџет се крие пулсот на една држава преку кој се покажува каква држава сакаме, буџетот се носи за секој еден од нас, за секој да има подобро утре.  Граѓаните очекуваат од нас зошто ни дадоа доверба, рече пратеничката Лидија Петкоска на денешната собраниска комисија на која се расправа за Предлог буџетот за 2026 година.Петкоска буџетот го спореди со торба и рече дека ако внимателно е спакувана патот ќе биде можен и лесен.„Ние на буџетот работиме мудро, внимателно со очи вперени кон иднината. Буџетот покажува колку ќе биде силна светлина и дали ќе стигне до секое коше и до секого. Ние ја  адресираме реалноста или каде бевме, каде сме и каде одиме“, кажа Петкоска.Пратеничката Петкоска се осврна на однесување на опозицијата кон народните пари.„Слушајќи ги од опозицијата ќе се осврнам прво на задолжувањата.  И сакам да расчистам. Новата обврзница е 950 милиони евра, а дури 700 за враќање на еврообврзница или раздолжување на задолжувања направени од претходната влада. Значи мора да ја гледаме реалноста и да бидеме рационални“, смета Петкоска.Петкоска се осврна на начинот на кој се планираше буџетот за следната година, и како внимателно се правеше поради наследената ситуација. „Денес зборуваме за буџет што предвидува раст од 3,8%, инфлација што паѓа кон 2,5% и дефицит намален на 3,5 %. Додека на оние што денес критикуваат инфлацијата им избега над 15-20 проценти.  Ние пак  ја стабилизираме економијата и ги поставуваме темелите за здрав раст“, изјави Петкоска.Според Петкоска планиран е раст со мерка додека претходната влада трошела без мерка.„Можеби буџетот не е совршен, ниту треба да биде, но државата конечно се враќа на рационални планирања“, заклучи Петкоска.

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryd79gb00ddpqg8Mftwfl

Попов: Инвестираме во младите, конечно ќе се финализираат зградите на ФИНКИ и Факултетот за физичка култура

На денешната комисиска расправа за Предлог - буџетот за 2026 година се обрати пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Сергеј Попов кој истакна дека буџетот е уште еден доказ за посветеноста на Владата кон младите, со реализација на клучни проекти, реконструкција на студентски домови и мерки за самовработување наменети за сите млади.„Буџетот е уште еден доказ за посветеноста кон младите на оваа Влада. И повторно тоа не се празни зборови како што бевме навикнати во минатото, напротив резултатите се видливи и опипливи. Насекаде во државата се реализираат проекти кои се од младинско значење, после 7 години конечно се реконструираат студентски домови и за брзо од денес ќе заминат во историја оние денови кога студентите ги сместувавме во домови кои личеа на концентрациони логори, оперативните планови за вработувања и мерки за самовработувања не се само на хартија и наменети за привилегираните, туку тие се за сите. Нема општина каде не се гради нов спортски терен или комплекс, нема место каде не се гради нова градинка или училиште“, рече Попов.Пратеникот Попов се осврна на делот од Предлог - буџетот кој е од  младинско значење потенцирајќи ги зголемените средствата кои ќе значат подобра и поквалитетна настава за студентите во Македонија, можноста научно и интелектуално да се реализираат младите, како и создавањето на инклузивно средно образование.„Имено во овој буџет имаме 32,5 милиони денари за изградба на најпопуларниот факултет во нашата држава ФИНКИ и секако Факултетот за физичка култура. Во високото образование имаме зголемување од 2,8 проценти и тоа се средства кои ќе ги добие УКИМ, универзитетот во Тетово, УКЛО, Универзитетот Гоце Делчев во Штип. Зголемување од 25% за наука, на тој начин се спречува одлевањето на младите мозоци. Не се заборавени ниту средношколците, во средното образование имаме зголемување од 5,2%, за училишни спортски сали имаме зголемување од 363,6 милиони денари, јасен сигнал дека оваа Влада работи на создавање на здрава младина“, вели Попов.

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryfsd8uq8ll92jc1aiE8k

Лукаревска: Во Буџетот нема мерки за раст на платите

Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, на комисиската расправа , предложениот буџет го оцени како неконзистентен, нереален и директно штетен за економијата и граѓаните.Таа нагласи дека буџетот не содржи никакви политики за зголемување на платите, ниту мерки за справување со сè поголемата сиромаштија.„Цените растат, граѓаните должат повеќе, а примаат исто. Наместо да живеат подобро, тие повторно плаќаат повеќе“, рече Лукаревска.Таа посочи дека Владата нема стратегија за раст на доходот и нема никакви алатки за да ја сопре инфлацијата, која и понатаму е висока.„Нема развој, нема реформи, нема повисоки плати, нема мерки за сиромаштијата, има само задолжување, кратење и непродуктивно трошење. Ова е буџет на хартија, без капацитет да донесе подобар живот“, порача пратеничката.Лукаревска потенцираше дека буџетот што го предлага Владата не е развоен, иако така се претставува пред јавноста.„Само 9% од вкупните расходи се за капитални инвестиции, додека огромни 91% одат на тековни, непродуктивни трошоци. А,  намалувањето на капиталните расходи за 7 милијарди денари покажува дека оваа влада нема капацитет за развој, ниту намера да инвестира во иднината“, посочи Лукаревска.Таа предупреди дека Владата крати пари токму таму каде што најмногу треба да се инвестира: во животната средина, каде има намалување од 14,1%, што е опасно во услови на загаден воздух и недоволна инфраструктура за отпадни води,  во правосудството, со намалување од 48,9% во програмата за владеење на правото, спротивно на сите препораки на ЕУ, во енергетиката, каде нема исполнети реформи, во образованието и науката, со сериозни намалувања додека училиштата немаат учебници и неопходни ресурси.Лукаревска посочи дека Владата планира огромно ново задолжување од 1,7 милијарди евра нов долг, односно 950 милиони евра преку еврообврзница, 350 милиони евра од странски извори и 400 милиони евра дома.„Јавниот долг ќе надмине 62%,  ниво кое меѓународните институции го сметаат за ризично за ваква економија. Владата ја турка државата во финансиска нестабилност“, нагласи Лукаревска.Таа укажа и на забелешките на Европската комисија, кои се целосно игнорирани.„Европската комисија јасно укажува на нереални политики, одложена фискална консолидација, инвестиции ‘на хартија’, слаба реализација на капитални проекти и непродуктивни трошоци. Наместо да ги поправи овие слабости, Владата ги продлабочува“, додаде Лукаревска.

Македонија | пред 4 месеци

media-library8bhlgo0tkq6c7fQDOta

(Видео) Мајка од Кочани ги објави последните снимки од ќерката во дискотеката „Пулс“: Последниот танц на моето дете е снимен – последниот здив, последниот поглед, последната надеж

Со потресна објава на социјалните мрежи, Стојка Иванова Антова, мајката на загинатата Ивона Антова, едно од младите девојчиња кои го загубија животот во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, сподели делови од последните видеа на својата ќерка — моменти исполнети со смеа, музика и живот, кои само неколку минути подоцна се претворија во трагедија.„Последните видеа… последните мигови кога моето дете беше живо, среќно, насмеано… кога уште ни светеше животот пред очи. Ги гледам тие снимки и секој пат ми се ломи срцето — затоа што таму е нашата единствена ќеркичка Ивонче, со својата чиста насмевка, со својата душа полна со светлина“, напиша мајката.Стојка со солзи во очите опишува како ја гледа својата ќерка на видеата во последните секунди пред пожарот, опкружена со пријатели, музика и смеа. Тие снимки, вели, се нејзината „најболна, но и најсвета спомена“.„Во 2:34 часот… видеото што е мојот најголем кошмар, моментот кога започнува мракот што ми ја изеде душата. Гледам како моето дете се турка кон вратата… како бара само воздух, само живот“, сведочи таа.Со потресни детали, мајката опишува сцени од трагичните моменти: паниката, чадот, крикот за помош, и тишината што следи.„Моето дете — чекор пред излез, чекор пред спас… а никој не ја прибрал. Ја туркале назад, ја газеле, ја удирале. Гледам како се бори за здив, како бара спас, како му вели на момчето ‘брат, помогни’ — а никој не слуша…“, пишува таа.Во објавата, Стојка Антова признава дека секојпат кога ги гледа тие видеа, срцето ѝ се распаѓа, но и дека само тие снимки ја одржуваат жива.„Тие видеа ми се и болка и утеха. Болка — затоа што знам што ја чека. Утеха — затоа што ја гледам жива, светла, моја. Тоа се последните секунди кога ја гледам како танцува со чисто срце, без да знае дека тоа е нејзиниот последен танц на овој свет.“Објавата на мајката на Ивона предизвика силни емоции и реакции низ јавноста, повторно потсетувајќи на трагедијата во „Пулс“ во Кочани, кога во пожарот животот го загубија 62 млади лица.Нејзините зборови се сведоштво за незатворената рана на родителите, кои и натаму бараат вистина, одговорност и правда за загинатите деца.

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryk12mfjpovdfj9NjRCsq

(Видео) Откако девојче вперува пушка кон братчето во Крушево, полицијата влезе во нивниот дом

Полицијата целосно го расветли случајот од крушевското село Јакреново, кој предизвика бурни реакции на социјалните мрежи, откако беше објавено видео на кое 15-годишно девојче вперува ловечка пушка кон главата на својот 11-годишен брат.Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, на 14 ноември 2025 година околу 13 часот, полициски службеници од ОВР Крушево извршиле интервенција во домот на семејството, при што од Ф.А. (44) од с. Јакреново била одземена ловечка пушка, ременик и дозволата за поседување оружје.Од МВР потврдија дека, по спроведените мерки и консултациите со јавен обвинител, е утврдено дека настанот се случил во семејниот дом, а оружјето со кое девојчето позирало било легално поседувано од таткото.Оружјето е одземено, а по целосно документирање на случајот против Ф.А. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.Инцидентот предизвика загриженост во јавноста, особено поради тоа што се работи за малолетници и огнено оружје, а полицијата порача дека ќе продолжи со засилен надзор и санкции за неодговорно чување и употреба на оружје.

Македонија | пред 4 месеци

dafina

Стојаноска: Во 2026 ќе се потрудиме да обезбедиме подобри патишта, поопремени болници и училишта, и покрај долговите од СДСМ и ДУИ

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска, на седницата на собраниската комисија за Предлог-буџетот за 2026 година, изјави дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи со домаќинско управување и дека ќе обезбеди „реални приходи и стабилен раст“, без зголемување на даноците и без нови, вонредни давачки за граѓаните.„Владата на ВМРО-ДПМНЕ не ги покачи даноците, туку само ја подобри нивната наплата. Нема привилегирани фирми и селектирани должници. Сите се еднакви пред законите, а истите тие закони важат за сите“, рече Стојаноска.Таа посочи дека Владата истовремено ги зголемува платите, пензиите и инвестициите, додека го намалува јавниот долг и буџетскиот дефицит.„За разлика од претходната власт, нема еднократни приходи, нема вонредни такси. Финансираме домашни капитални проекти и враќаме стари долгови“, истакна таа.Според Стојаноска, новиот буџет не ветува „чуда“, но нуди реалност и стабилност.„Со овој буџет не ветуваме невозможни работи, туку реални приходи, солидни капитални инвестиции, постепен, но сигурен раст на платите и пензиите, како и континуирана поддршка за сите општини подеднакво“, рече пратеничката.Таа остро ги критикуваше претходните влади предводени од СДСМ и ДУИ, наведувајќи дека зад себе оставиле „само долгови и никакви капитални дела“.„Не знам каква школа за економија имаат учено тие, ама видовме дека ништо не создадоа – ни километар автопат, ни нова болница, ни инвестиција што ќе ја паметиме“, изјави Стојаноска.Таа нагласи дека во 2026 година Владата ќе се фокусира на подобрување на инфраструктурата и јавните услуги.„Ќе се потрудиме да обезбедиме подобри патишта, повеќе локални проекти, поопремени здравствени установи, подобри училишта и факултети, побезбедни градови и почиста животна средина“, рече таа, додавајќи дека целта е да се врати надежта кај граѓаните и младите да останат во земјата.„Ние сме генерацијата која мора да се жртвува за да биде подобро. Која мора да работи чесно и посветено, за да испорача резултати“, заклучи Стојаноска.

Македонија | пред 4 месеци

AVTOBUS-JSP

Автобус на ЈСП се запали во движење, возачот успеал навреме да застане

Утрово околу 06:30 часот на булевар „Гоце Делчев“ во Скопје избувнал пожар во автобус на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) кој бил во движење, но без патници во моментот на инцидентот, соопшти Министерството за внатрешни работи.Пожарот бил брзо изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита на Скопје, а за среќа нема повредени лица.Полицијата извршила увид на местото на настанот и се работи на утврдување на причините за пожарот.

Скопје | пред 4 месеци

media-library7qgcqdanepmkf3p7SOB

Четири тешки сообраќајки за едно деноноќие – повредени повеќе лица во Скопје, Битола и Гевгелија

Во изминатите 24 часа на територијата на Македонија се случиле четири тешки сообраќајни несреќи, во кои повеќе лица се здобиле со тешки и телесни повреди, а причините најчесто се поврзани со невнимание и неприлагодена брзина.Во Гевгелија, утрово околу 6 часот, на регионалниот пат кај местото „Чавдарова чешма“, патничко возило „Ауди“ со гевгелиски регистарски таблички, управувано од 26-годишниот Д.Т. од село Црничани, излетало од коловозот и удрило во канделабра и сообраќаен знак.Според полицијата, возачот се обидел да избегне домашно животно кое му излегло на патот.Тој се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Гевгелија. Увид извршила екипа од ОВР Гевгелија.Во Скопје, околу 00:25 часот, на крстосницата меѓу булевар „Словенија“ и стариот Качанички пат, се судриле „Фолксваген Голф“ и „Порше“, двете со скопски регистарски ознаки.Во несреќата тешко е повреден возачот Р.И. (36) од с. Брест, додека со полесни повреди се здобиле возачот на поршето Ф.А. (43) и неговите двајца сопатници – Џ.А. (43) и 16-годишен малолетник, сите од Скопје.Повредените се пренесени во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ и Градската болница „8 Септември“. Увид извршила екипа од СВР Скопје.Неколку часа претходно, во 21:25 часот, на крстосницата меѓу булевар „Борис Трајковски“ и улица „Народни херои“, се судриле „Фолксваген Голф“ и „Опел“.Во несреќата тешко е повредена 30-годишната С.К. од с. Морани, сопатничка во возилото „Голф“, а телесни повреди добиле 10-годишно дете и возачот на „Опелот“ Д.М. (45) од Скопје.Повредените се згрижени во „Мајка Тереза“ и „Св. Наум Охридски“, а увид извршила екипа од СВР Скопје.Во Битола, нешто по 22:20 часот, на булеварот „1 Мај“, „Опел Корса“ со битолски регистарски таблички, управувана од К.Ј. (66), удрила во две млади жени на возраст од 23 години.Притоа, П.Р. се здобила со тешки телесни повреди, а М.М. со полесни, и двете се пренесени во Клиничката болница во Битола.Полицијата извршила увид и работи на расчистување на случајот.Во сите четири случаи увид направија увидни екипи на Министерството за внатрешни работи, а се преземаат мерки за утврдување на причините за несреќите.

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryonppnroquain3wMFnTE

Работниците во Македонија со најниска минимална плата во регионот – 397 евра не се живот, туку борба за преживување, алармира ССМ

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) објави споредбена анализа која покажува дека минималната плата во земјава е најниска во регионот, и тоа со значителна разлика во однос на соседните држави.Во соопштението на ССМ се наведува дека минималната плата во Македонија изнесува 397 евра, и според најавите на Владата, нема да се менува до март 2026 година, освен за законско усогласување кое би изнесувало најмногу 1.600 денари.Во споредба, Косово од јануари 2026 ќе ја зголеми минималната плата на 425 евра, а од јули истата година на 500 евра.Во Албанија, истата ќе изнесува 500 евра од 1 јануари 2026 година, а Владата ќе ги субвенционира дополнителните трошоци за осигурување на работниците во приватниот сектор со 90 милиони евра.Во Србија, Владата веќе ја зголеми минималната плата на 500 евра од октомври 2025 година, а од јануари 2026 година таа ќе изнесува 550 евра.Во Република Српска, минималната плата за неквалификувани работници ќе биде 512 евра, а за вработени со високо образование – 743 евра.Во Босна и Херцеговина минималната плата за 2025 година изнесува 511 евра, а во Црна Гора од јануари 2026 година достигнува 600 евра за работници со средно образование и 800 евра за високообразовани.ССМ обвинува дека Владата, работодавачите и дел од синдикатите, како што наведуваат, „се на иста страна, против работниците“, и дека токму тие ја спречуваат борбата за повисоки плати.„Жалосно е тоа што Владата има сојузници во некои синдикати, како КСС, кои се прават репрезентативни само за да нема зголемување на платите. Денеска имаме Влада, газди и КСС кои се на иста страна, задоволни што македонските работници тонат во сиромаштија,“ стои во соопштението.Синдикатот потсетува дека функционерските плати не се намалени, туку останале зголемени за 79 проценти, додека во исто време работниците преживуваат со 397 евра.„Работниците заслужуваат достоинствена плата, а не статистичка бројка. Се бориме затоа што регионот оди напред, а само Македонија ги турка работниците назад. Се бориме затоа што 397 евра не се живот, туку борба за преживување. И ќе продолжиме – сè до зголемување на минималната плата и достоинство за секој работник“, порачуваат од ССМ.

Македонија | пред 4 месеци

kotlar

Професорката Наташа Котлар разрешена од функцијата директор на Државниот архив: „Добив отказ без писмено решение, само со повик од кабинетот на премиерот“

Поранешната директорка на Државниот архив, професорката Наташа Котлар, во телевизиско гостување изјави дека добила отказ преку телефонски повик од кабинетот на премиерот, без никакво претходно известување или образложение.Како што објасни Котлар, додека вчера била на своето работно место, ѝ се јавила жена која се претставила како секретарка од кабинетот на премиерот и ѝ соопштила дека веште не е директорка на Државниот архив.„Ми беше кажано само дека сум разрешена. Без писмен документ, без образложение, без можност да поставам прашање. Бев шокирана“, изјави Котлар за ТВ 24.Таа смета дека причината за разрешувањето може да биде интервјуто што го дала во август, во кое упатила критики кон дел од македонската дијаспора во Австралија.„Сметам дека тоа интервју можеби било повод, но не и вистинската причина. Главната причина е амбицијата на мојот заменик, кој е партиско решение на ВМРО-ДПМНЕ, да ја преземе директорската функција,“ изјави Котлар.Таа додаде дека од првиот ден откако стапила на функцијата се соочувала со „психичка тортура“ и партиски притисоци.„Од денот кога ме назначија, ВМРО-ДПМНЕ постави и чисто партиско решение како мој заменик. Тој одлучуваше за сè, јас бев безгласна буква,“ рече Котлар.Котлар ја извршуваше функцијата една година и четири месеци, а претходно беше кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Општина Центар на локалните избори во 2021 година.Од Владата за ТВ 24 ја потврдија информацијата за разрешувањето, додавајќи дека одлуката била донесена на седница на Владата, со образложение за „кадровско освежување“ во институцијата.

Македонија | пред 4 месеци

media-library8quf6uusf5bh4Hhr0yp

Сопругата на Андреј од ДНК: Никој не треба да живее во мислата дека некој можел да биде спасен, а не бил

Наталија Ѓорѓиеска, сопругата на пејачот Андреј Ѓорѓиески од дуото ДНК, кој трагично го загуби животот во пожарот во кочанското кабаре „Пулс“, денеска на маршот за правда во Скопје упати силен апел до пратениците и институциите — да помогнат во целосно и независно расветлување на трагедијата.Во емотивен говор пред Собранието на Република Македонија, Ѓорѓиеска побара надзорна расправа и формирање анкетна комисија што ќе го испита секој чекор на институциите, од локално до државно ниво.„Бараме да се утврди зошто институциите задоцнија. Никој не треба да живее со мислата дека некој можел да биде спасен, а не бил. Никое семејство не треба да ја носи болката која е последица на пропуст, негрижа или недејствување,“ рече Ѓорѓиеска.Таа истакна дека истрагата што досега се водела е нецелосна и недоречена, со бројни неразјаснети прашања и сомнежи.„Имаме право на вистина. Истражувањето што се водеше остана нецелосно, со многу отворени прашања и без одговори. Ние, семејствата, останавме со сомнеж дека вистината овојпат е сокриена,“ нагласи таа.Ѓорѓиеска потсети дека трагедијата во „Пулс“ не е само човечка загуба, туку и навреда на најосновните човекови права – правото на живот, на безбедност и на навремено постапување на институциите при опасност.„Анкетната комисија е неопходна за да се провери како постапувале сите институции, да се утврди политичка и службена одговорност и да се подготват мерки што ќе гарантираат дека ваква трагедија никогаш повеќе нема да се повтори,“ заврши Ѓорѓиеска, додека толпата на плоштадот ѝ оддаде поддршка со долготраен аплауз.

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryfal8tt0uh9q97MlP3bR

Манасиевски: Наместо свеж кадар и реформи, Филипче прибира негови лојални луѓе по насока на Заев

Валентин Манасиевски денеска остро реагираше на одлуката на СДС да го именува Александар Трајановски за потпретседател на партијата, оценувајќи дека со тоа „се потврдува континуираното влијание на Зоран Заев врз партиските процеси“.„Наместо свеж кадар, реформи и фокус на напредок, Филипче по насока на неговиот ментор Заев го постави Александар Трајановски на една од највисоките функции во партијата,“ изјави Манасиевски.Тој оцени дека ваквиот избор покажува дека, како што вели, „Заев и натаму ги држи конците во СДС и ја води партијата од сенка“. Според него, именувањето на Трајановски, кој претходно ги загуби локалните избори, не е насочено кон обновување на партијата, туку кон „зачувување на истиот круг на луѓе“.Манасиевски потсети и на, како што рече, „јавноста добро познатиот близок однос меѓу Филипче, Трајановски и Заев“, алудирајќи на нивни заеднички летувања и приватни дружења. „Ова трио не го интересира народот, туку луксузот“, додаде тој.Во својата изјава Манасиевски оцени дека СДС „продолжува да тоне“ затоа што, според него, истите имиња и понатаму ја водат партијата. „Наместо реформи и освежување, повторно се поставуваат кадри кои се продолжеток на Зоран Заев“, истакна тој.На крајот, Манасиевски порача дека, според неговото мислење, „вистинските реформи во СДС ќе бидат можни само доколку Филипче се повлече од партиското раководство“.

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања