Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Ева Петковска

media-libraryllaejb528hiq3Z9K76w

Украина се соочува со сериозна криза на човечки ресурси

Сè повеќе млади Украинци ја напуштаат земјата, што претставува голем удар за напорите на Киев во војната со Русија. Откако владата дозволи на мажите од 18 до 22 години да заминат во странство, околу 100.000 преминале во Полска. Истовремено, армијата се обидува да мобилизира околу 30.000 војници месечно, но десетици илјади дезертираат, а има отворени околу 290.000 случаи за дезертерство.Недостигот на војници е толку голем што украинските единици на фронтот дејствуваат со само половина или третина од потребната бројност. Се проценува дека армијата има потреба од најмалку 200.000 нови војници. Присилните мобилизации предизвикуваат гнев и насилни инциденти низ земјата.Бегството на младите Украинци создава и политички проблем за претседателот Зеленски, но и притисок врз европските сојузници. Политичари во Полска, Германија и Литванија веќе бараат враќање на Украинците со воена возраст во татковината.Во меѓувреме, Русија со напади врз енергетската инфраструктура се обидува да предизвика нов бран бегалци. Германија е предупредена да се подготви за можен масовен прилив оваа зима.Пред Украина е најтешкиот период од почетокот на војната – загубите, студот и егзодусот на младите ја загрозуваат не само победата, туку и иднината на самата земја.

Свет | пред 4 месеци

media-libraryle0gumolm75q3yGLTdo

Пукање во Крит, испукани илјадници куршуми: Двајца загинати, 14 ранети

Најмалку две лица загинаа во напад извршен од вооружена група која испукала илјадници куршуми кон куќи, автомобили и жители на едно село на островот Крит.Непознати напаѓачи рано утрово отвориле оган во селото Воризија, пренесува весникот Катимерини. Освен двете загинати лица, во нападот се повредени најмалку уште 14 лица, меѓу кои има и деца. Засега нема официјални информации за позадината на инцидентот, но локалните медиуми пренесуваат дека се претпоставува оти станува збор за семејна крвна одмазда.Полицијата ги пребара сите куќи во селотоТаквите одмазди на Крит биле честа појава до средината на минатиот век, но се присутни и денес. Затоа се сомнева дека нападот можеби е одмазда за бомбашкиот напад од претходната ноќ. Според полицискиот извештај, на градилиште во истото село била активирана експлозивна направа, која предизвикала значителна материјална штета.Во емисијата на ERT News беше кажано дека во селото има две завојувани семејства. Некои од повредените во пукањето биле пренесени со автомобили и трактори до локалната болница, бидејќи возилата на итната помош од безбедносни причини го одложиле пристигнувањето во селото, стои во извештајот.

Свет | пред 4 месеци

media-libraryea02q5vg3rkmdFiqKlg

На РТС, наместо пренос од комеморацијата за 16 те загинати одат филмови и музика

Многуилјаден народ од цела Србија, но и од други земји, во Нови Сад присуствуваат на комеморацијата за жртвите од трагедијата на железничката станица во Нови Сад, која се случи пред една година. И додека ова е вест за некои домашни, но и странски медиуми, не е и за државната телевизија РТС. Уредништвото одлучило да не врши пренос.Јавноста остро ја осуди одлуката на РТС да не ја пренесува комеморацијата во чест на 16 жртви од трагичниот пад на настрешницата пред една година.РТС на своите програми емитуваше стари филмови и музички концерти, без да објават прилог од местото на настанот.Граѓаните, опозицијата и новинарските здруженија ја обвинуваат државната телевизија за цензура и игнорирање на настан од јавен интерес, со коментари дека ваквиот чин е ,,срам за јавниот сервис“ и дека РТС има законска обврска да известува за настани од значење за граѓаните. Ова, коментираат е политички притисок.

Свет | пред 4 месеци

media-library0lmq13liji0p6nakrwv

Јордан и Германија: Мировните сили за Газа треба да имаат мандат од ОН

Јордан и Германија денес се согласија дека меѓународните сили, кои ќе бидат распоредени во Газа според мировниот план на американскиот претседател Доналд Трамп, треба да имаат мандат од Обединетите нации (ОН).„Меѓународни стабилизациски сили“ се предвидени со договорот кој на 10 октомври доведе до кревко примирје меѓу Израел и палестинскиот Хамас, по две години разорна војна предизвикана од нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври 2023 година.„Мандатот мора да биде заснован на јасна правна основа во меѓународното право“Според условите на овој договор, коалицијата на стабилизациски сили ќе се состои главно од арапски и муслимански земји и ќе биде распоредена во Газа за да ја надгледува безбедноста и почитувањето на примирјето за време на повлекувањето на израелската војска.„За овие стабилизациски сили ефикасно да ја извршуваат својата мисија, сите се согласуваме дека тие мора да имаат мандат од Советот за безбедност“, изјави јорданскиот министер за надворешни работи Ајман Сафади на заедничката прес-конференција со неговиот германски колега Јохан Вадефул во Манама, главниот град на Бахреин.Вадефул исто така ја поддржа идејата за мандат на ОН за овие меѓународни сили, кој мора да биде заснован на „јасна правна основа во меѓународното право“. „Тоа е многу важно за земјите кои сакаат да испратат свои војници во Газа и за Палестинците. Германија, исто така, сака јасен мандат за оваа мисија“, рече тој.„Јордан нема да испрати војници во Газа“Јорданскиот претставник појасни дека неговата земја нема да испраќа војници во Газа. „Премногу сме вклучени во ова прашање и не можеме да распоредиме сили“, рече тој, додавајќи дека Јордан е подготвен да ги координира и да соработува со тие сили.Идејата за меѓународни сили без мандат на ОН предизвика контроверзии, а експертите минатиот месец предупредија дека тоа би значело „израелската окупација да се замени со окупација предводена од САД, што е спротивно на палестинското самоопределување“.ОН со децении издава мандати за меѓународни мировни сили во регионот, особено во Либан. Мисијата УНИФИЛ, со околу 10.000 мировници, делува како тампон-зона меѓу Израел и Либан од 1978 година, а нејзиниот мандат треба да заврши во 2027 година.

Свет | пред 4 месеци

media-library7n8nvk6q8nci5ubqTp3

Љутовац: Вучиќ ,,искрено”им се извини на сите „терористи“, „блокадери“ и „олош од дното”

Зоран Љутовац, опозиционен пратеник, на социјалните мрежи иронично го коментира извинувањето на претседателот Александар Вучиќ за се што направил за студентите и демонстрантите.,,Вучиќ искрено им се извини на сите „терористи“, „блокадери“ и „олош од дното ”.Додека претседателот им се извинувал на студентите и граѓаните кои ги навредил изминатата година, во исто време на неговиот телевизиски екран имаше пораки дека „блокадерите подготвуваат големо зло во Србија и дека сите се соочуваат со опасни негативци кои се подготвени”, напиша Љутовац.

Свет | пред 4 месеци

media-libraryv0kajqreadk4fw6thRt

Само три жени во вториот круг за градоначалничката фотелја

Утре, на вториот круг од локалните избори, на гласачките ливчиња ќе има само три жени.Ќе се гласа во 33 општини.Според податоците од Државната изборна комисија, кандидатки има во Македонска Каменица, Неготино и во Демир Капија.Во првиот круг на локалните избори 2025 беше избрана само една градоначалничка што одвкупно 44 избрани градоначалници во првиот круг е 2.2 проценти родова застапеност.На овие избори се натпреваруваа вкупно 309 кандидати за градоначалници, од кои само 32 беа жени, што е 10.35 проценти од вкупниот број.Најмногу кандидатки – три – имаше во Прилеп, додека по две се натпреваруваа во Битола, Велес, Карпош, Кисела Вода, Неготино и Центар.Во 16 општини и Градот Скопје имаше само по една жена кандидат.Во голем дел од општините жените воопшто ги немаше на гласачките ливчиња.

Македонија | пред 4 месеци

media-library18i26ga29ta675rNxAu

Дрон предизвика хаос на аеродромот во Берлин

Пренасочување на летовите и вистински хаос предизвика дрин на аеродромот во Берлин.Имаше прекини oд два часа во воздушниот сообраќај, дојде до доцнења и пренасочување на летовите.Во тој период беа пренасочени 11 летови, од кои четири авиони слетаа во Лајпциг, четири во Дрезден и три во Хамбург.Откажани се два лета за Лондон, Бирмингем и Стокхолм.Многу други авиони кружеа над Берлин чекајќи дозвола за слетување.Иако аеродромот е повторно отворен за сообраќај, воведена е промена во ноќните летови.Бројот на инциденти со дронови на германските аеродроми драматично се зголемува. Според извештаите, сообраќајот на аеродромот во Минхен бил нарушен и во октомври поради сличен инцидент.

Свет | пред 4 месеци

media-libraryjh3g0ss78r984PQz59h

АВМУ бара медиумите да го почитуваат изборниот молк

Од ноќеска на полноќ започна изборниот молк за вториот изборен круг, кој според Законот ќе трае до 19:00 часот на 2 ноември 2025.Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) известува дека за време на молкот медиумите можат да продолжат да известуваат за изборите и за текот на гласањето, но не смеат да емитуваат какви било облици на изборно медиумско претставување.,,При известувањето во деновите на изборниот молк ќе се смета дека медиумите го прекршиле изборниот молк доколку емитуваат, односно објават какви било информации, фотографии, аудио и аудиовизуелни материјали поврзани со или во кои учествуваат учесници во изборите, какви било облици на медиумско известување кои се отворено или прикриено во функција на нечија кампања и можат да влијаат врз одлуката на избирачите, податоци со кои се открива идентитетот на политички субјекти и поединци вклучени во инциденти или неправилности на денот на гласањето; како и изјави од кандидати во изборниот процес, од претставници на политички партии и од носители на функции во органите на власта”, стои во соопштението од АВМУ.Агенцијата очекува сите медиуми да ја прилагодат својата програма на правилата за изборниот молк.

Македонија | пред 4 месеци

media-librarydpbir4jhsmc7eSI1tss

Новинарите непожелни, за нив Белата куќа го ограничува пристапот

Белата куќа ја ограничува можноста на акредитираните новинари да имаат слободен пристап до канцеларијата на портпаролката на Белата куќа, Каролин Левит и други високи службеници за комуникации во Западното крило, во близина на Овалната соба.Со меморандумот на новинарите ќе им биде забрането да влегуваат во просторијата без претходно закажување, наведувајќи ја потребата од заштита на потенцијално чувствителни информации. Во документот се вели дека промената ќе стапи на сила веднаш.Одлуката на Белата куќа следува по ограничувањата воведени претходно овој месец за акредитираните новинари во Министерството за одбрана, што принуди десетици новинари да ги напуштат канцелариите во Пентагон и да ги вратат своите акредитации, пренесуваат светските агенции.

Свет | пред 4 месеци

media-library52c0n6nsdhricdcw98Y

Почнува аплицирањето за студентски стипендии, за првпат има и 15 за студии по македонски јазик

Од денеска па се до 15 ноември ќе трае аплицирањето за студентски стипендии за академската 2025/2026 година.Министерството за образование и наука објави дека студентите може да аплицираат за четири категории стипендиии.Првпат оваа година Министерството распиша и конкурс за 15 стипендии за редовни студенти запишани во прва година на студиски програми по македонски јазик.Овие стипендии се доделуваат врз основа на Законот за употребата на македонскиот јазик и се со цел да ги стимулираат учениците од IV година од средното образование за запишување на студиски програми по македонски јазик.Во објавениот конкурс се наведени условите и потребните документи за оваа стипендија за која месечниот износ ќе биде 6.050 денари и корисниците ќе ја добиваат девет месеци во текот на студиската година.

Македонија | пред 4 месеци

media-library2opifr5cv6uvcO3AETS

Грчката пошта затвора над 200 филијали

Грчката пошта направи остар рез и промени во работењето. Околу половина од филијалите на Грчката пошта (ЕЛТА) низ целата земја ќе бидат затворени од понеделник, 3 ноември.Според „Катимерини“, било одлучено трајно да се прекине работата на 204 филијали, од вкупно 456 што моментално се во сопственост на државната поштенска компанија.Оваа драстична мерка се спроведува за справување со тешката финансиска криза на државното претпријатие.

Свет | пред 4 месеци

media-library2ki2k3thkj8bdKwrubD

Поради Задушница, денес и во недела посебен режим на сообраќај во Скопје

СВР Скопје ги известува граѓаните дека на први и втори ноември (сабота и недела), поради верскиот празник Задушница, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.Со почеток од 06:00 часот сообраќајот кон градски гробишта Бутел ќе се одвива во една насока (кружно), односно сите возила ќе се упатат по ул.„Бутелска“, лево по ул.„Александар Урдаревски“, лево по ул.„Боца Иванова“ и десно до влезот на гробишта Бутел, а за излез од гробишта, десно по ул.„Боца Иванова“, до кружниот тек на ул.„Бутелска“, па лево по ул.„Бутелска“ и десно по ул.„Кемал Сејфула“.Посебен режим на сообраќај ќе се воведе и на гробишта Камник, Драчево и Ѓорче Петров.

Скопје | пред 4 месеци

media-libraryg72v3ia1u92e8Jlbpqh

Холандија доби најмлад и прв геј премиер во историјата

Холандската либерално-прогресивна партија Д66 оствари тесна победа на општите избори во средата, а нејзиниот 38-годишен лидер Роб Јетен е на добар пат да стане најмладиот и прв геј деклариран премиер во историјата на земјата, објави познатиот „Гардијан“.Според информациите, антиимиграциската и антиисламска Партија за слобода (ПВВ) на Герт Вилдерс повеќе нема шанси за победа. 31.10.2025Јетен ја прогласи изборната победа- десничарите за малку поразени, тој ќе биде новиот премиер.„Ви благодарам на сите за довербата. Ние сме најголемата партија во Холандија! Сега ќе почнеме да работиме за сите Холанѓани“, напиша Јетен.Сите водечки партии веќе ја отфрлија можноста за коалиција со Вилдерс.Јетен ги повика сите водечки партии да се обединат:,,Гласачите јасно ја покажаа потребата од соработка.Сакаме да најдеме мнозинство кое ќе работи напорно за решавање на прашања како што се пазарот на домување, миграцијата, климата и економијата“, рече Јетен.

Свет | пред 4 месеци

Screenshot-2021-10-16-at-18.48.00

Денеска гласаат болните и затворениците од 32 општини и Градот Скопје

Во недела, на 2 ноември 2025 година, се одржува вториот круг од локалните избори во Република Северна Македонија, каде што гласачите ќе ги изберат градоначалниците во општините каде што во првиот круг никој кандидат не освои доволен број гласови.Кампањата за вториот круг заврши ноќеска на полноќ а изборниот молк трае до затворање на избирачките места.Вториот круг ќе се одржи во 32 општини и во Град Скопје и тоа:Град Скопје, Аеродром, Боговиње, Брвеница, Валандово, Виница, Дебар, Дебарца, Демир Капија, Дојран, Зрновци, Карпош, Кичево, Конче, Кочани, Крушево, Куманово, Лозово, Македонска Каменица, Македонски Брод, Могила, Неготино, Пробиштип, Ранковце, Росоман, Струга, Студеничани, Тетово, Чешиново-Облешево, Чучер-Сандево, Шуто Оризари, Центар.Право на глас во вториот круг имаат 1 013 375 граѓани.Гласањето почнува во 07:00 часот и ќе трае до 19:00 часот.Денеска, ден пред гласањето за вториот круг од локалните избори, 2025 година, гласаат затворениците, лицата во домашен притвор, болни и немоќни и лица во старските домови.Според информациите од Државната изборна комисија (ДИК), за вториот круг од гласањето пријавени се 4.826 болни и изнемоштени лица, а најмногу има пријавено во Кичево – 823.Изборите ќе ги следат 1.598 меѓународни и странски набљудувачи, од кои 933 странски и 651 меѓународен набљудувач.

Македонија | пред 4 месеци

media-library4f9ghssobnmhal5CcpH

Сончев есенски ден со температури до 23 степени

Денеска во целата држава денот ќе биде убав, сончев и есенски, со температури од 18 до 23 степен.Од УХМР велат дека претпладне по одделни котлини ќе има услови за појава на магла, а во текот на денот покрај сончевото време во некои делови од државата ќе има и мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец.Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има слаба маглa. Преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец.Утре, 02.11.2025, температурите ќе се движат од 0°C до 6°C.Максимална температура ќе биде од 17°C до 23°CПретпладне по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.Прогноза за 03.11.2025Минимална температура: 1°C до 7°CМаксимална температура: 16°C до 22°CПроменливо облачно, претпладне, по одделни котлини со услови за појава на магла. Попладне и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.Веќе на 04.11.2025 ќе има промена на времето.Минималната температура од 3°C до 9°C, а максималната ќе биде од 10°C до 18°CВремето ќе биде облачно и посвежо, претпладне со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.

Македонија | пред 4 месеци

media-librarydqar7q8q51joaQJCYqs

(Фото и видео) Студентите и граѓаните во Нови Сад денес пишуваат историја

Денеска во Нови Сад ќе се одржи комеморативен собир пред железничката станица за да се обележи трагедијата на 1 ноември 2024 кога се урна бетонската надстрешница и загинаа 16 лица.Илјадници луѓе од Србија од вчера се во Нови Сад.Од Белград два дена пешачеа околу 4.000 студенти. Студентите од Нови Пазар пристигнаа по 400 километри пешачењеоктомври. Тие пешачеа од 16 октомври како дел од акцијата „16 дена за 16 жртви“ и веќе се во Нови Сад каде пристигнаа и нишките велосипедисти.Илјадници граѓани ги пречекаа на улиците со факели, огномет и извици, додека низ целиот град одекнуваа скандирања „Пумпај!“.Шеснаесет студенти во громогласна тишина, по полноќ положија 16 букети оддавајќи почит на трагично загинатите.Организатори на мирните протести се студентите кои во заедничко соопштение ја поканија јавноста на собирот. Се очекува собирот да биде мирен и комеморативен. Точно во 11:52 часот ќе биде одржана 16-минутна тишина во чест на 16-те жртви. Потоа ќе има кратки говори од студентски и граѓански организации.Големиот собир се очекува да започне вечерва.Организаторите нагласуваат дека собирот ќе биде мирен, без сирени и бучава.Сите возови во Србија се суспендирани поради наводни закани со бомби. Во Нови Сад, специјалните сили го уапсија опозицискиот политичар Миша Бачулов.Српскиот претседател Александар Вучиќ вчера се извини за се шти кажал за студентите и народот, ги повика оние што протестираат повторно на дијалог и рече дека денешниот ден кој е прогласен за Ден на жалост треба да биде ден што обединува, а не ден што разделува.Студентите и граѓаните не му веруваат, бараат оставка и избори.Иако по несреќата беа уапсени неколку лица, меѓу нив поранешни раководители на градската управа и изведувачи поврзани со реконструкцијата, судски епилог сè уште нема. Граѓаните и студентските организации сметаат дека државата не ја спроведува правдата доследно и дека одговорноста се одложува зад институционални процедури и политички калкулации. Денешните собири се најавуваат како повик не само за сеќавање, туку и за правична разрешница и поголема одговорност на системот.Пораката денеска ќе биде да не се заборави трагедијата, да се покаже солидарност кон семејствата на жртвите и да се потсети на одговорноста која сè уште не е преземена.Не е исклучена денес и не насилна реакција од дел дел од граѓаните приврзанци на Вучиќ и на полицита и жандереријата која во неколку наврати во изминатат година употреби прекумерна сила кон студентите кои протестираа.

Свет | пред 4 месеци

media-library6qb6fk4rsdms8XIsIdf

Лукровски: Мостот на Вардар кој ги поврзува улица Љубљанска со Скупи ќе биде ставен во функција уште во првата година

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на општина Карпош, Сотир Лукровски гостуваше во „Тема на денот“ во централниот Дневник на Сител телевизија.Тој во интервјуто ги повика граѓаните во недела да излезат масовно на гласање и да ја потврдат победата од првиот круг, кога граѓаните покажаа дека сакаат промени и дека во општина Карпош е дојдено времето да се случат промените.Лукровски ја побара довербата и на младите и на повозрасните карпошани, потенцирајќи дека во програмата предвидени се проекти за сите генерации.„Кога се работи за луѓето од третото доба или за пензионерите, нудиме една програма на активно стареење, да ги инволвираме, да направиме една инклузивност во општината, да ги внесеме да бидат општествено одговорни, да бидат редари во раните утрински часови, да можат дечињата безгрижно да ги поминат учениците, да се вклучат во наводнувањето на парковите и така натаму и за тоа се надевам дека ќе успееме да обезбедиме и една материјална поддршка. Ветив и до 12 илјади денари по основ и на договори за пензионерите со кој ќе можат да го подобрат своето живеење. Исто така, медицински екипи со санитетски возила, кој пензионерите ќе ги земаат од дома, ќе ги однесат до одредени прегледи и снимања и ќе ги вратат назад во своите домови“, рече Лукровски.До делот на градба, додаде дека планира Карпош хумано да се развива и за таа цел, предвидено е да се направи јавно претпријатие Карпош план, кое ќе се занимава со урбанизацијата во општината.Запрашан дали мостот на реката Вардар кој треба да ги поврзе улицата Љубљанска со Скупи, ќе стане употреблив во скоро време, Лукровски истакна дека со кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски имаа повеќе средби за проекти во ингеренции на Градот, но кои се важни за Карпош, при што се обврзаа уште во првата година овој мост ќе се стави во функција.„Уште во првата година мостот ќе биде во функција. Ќе се завршат сите технички работи кои треба да се завршат и конечно, мостот ќе ги поврзува Скупи и Љубљанска во Карпош 4 и ќе го олесни цел проток на возила што ќе биде заедно со клучката кај Момин поток, која исто така ветивме дека ќе биде готова во првата година. И сето ова ќе значи големо олеснување за движењето на возилата и сообраќајот во Карпош“, рече Лукровски.

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryt700j7pnai3n8wZdPc7

Стојаноски: Со Орце Ѓорѓиевски, проблемите во град Скопје ќе се надминат

„Во вториот круг влегуваме како некој којшто води во 21 општина, од оние условно кажано 27 кадешто се води натпревар помеѓу ВМРО-ДПМНЕ или помеѓу СДСМ. Очекуваме да триумфираме во сите 27, бидејќи во вториот круг апсолутно се боревме за секој човек и за секој глас, очекуваме победа и во Карпош, и во Центар, и во сите други општини каде што сме конкурентни“, истакна Бојан Стојаноски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, во емисијата „Само Вистина“ на Канал 5 телевизија.Стојаноски објасни дека градот Скопје веќе осум години нема адекватен градоначалник и дека со ВМРО-ДПМНЕ, и кандидатот Орце Ѓорѓиевски, тоа ќе се промени, преку план и визија.„Осум години граѓаните на Скопје не виделе како треба да се однесува еден вистински градоначалник на градот. Ние размислуваме за четири години да направиме толку силен квантен скок, за граѓаните да видат и почувствуваат дека има град и како институција којашто се грижи за нив. Имаме план, имаме визија, имаме обезбедено се како што треба и само чекаме за влеземе во Градот и да почнеме да работиме“, рече Стојаноски.Стојаноски посочи дека со кандидатот Орце Ѓорѓиевски, ќе биде инсталиран систем со кој ќе се решат проблемите во областа на градската чистота, јавниот превоз и сите останати проблеми кои ги имаат граѓаните на град Скопје.„Ние оваа кампања не ја водевме колку само да победиме, туку ние неколку месеци размислуваме за што потоа, како одговорна партија, како одговорни луѓе ние ќе инсталираме систем за да никогаш повеќе ова не се повтори и со градската чистота, и со јавниот превоз, и сите овие хронични проблеми коишто ги имаат граѓаните на Скопје. Ние на ова работевме неколку месеци, нашето главно прашање на сето она коешто се случуваше беше што потоа од 3 ноември понатаму, и сме многу подготвени за тоа што следува од тој момент“, дециден е Стојаноски.

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryosdkla4oosdo18U4hAS

Единаесет доживотни казни за смртоносниот пожар во хотелот „Гранд Картал“ во Турција

Судот во северозападна Турција денеска изрече единаесет доживотни затворски казни за пожарот што во јануари го зафати луксузниот хотел „Гранд Картал“ во скијачкиот центар Карталкаја, во кој загинаа 78 лица, јавија НТВ и државниот сервис ТРТ.Меѓу жртвите имало 34 деца кои со родителите го минувале зимскиот распуст во хотелот, а во трагедијата биле повредени уште 137 лица.На доживотен затвор се осудени сопственикот на хотелот Халит Ергјул, неговата сопруга Емине Ергјул, нивните ќерки, неколку членови на раководството, како и општински и противпожарни службеници. Сите добија и дополнителни затворски казни од по 24 години и 11 месеци за смртта на останатите жртви, без право на намалување на казните, пренесе „Туркије Тудеј“.Обвинетите беа товарени за сериозни безбедносни пропусти и небрежност, а дел и за убиство со веројатна намера. Судењето се водеше против 32 лица, од кои 20 беа во притвор, во специјално адаптирана сала во провинцијата Болу.Пожарот, еден од најсмртоносните во поновата турска историја, избувна на 21 јануари во кујната на 12-катниот хотел и брзо се проширил поради дрвената фасада. Трагедијата предизвика гнев во јавноста, а критичарите сметаат дека одговорност треба да сносат и функционери од Владата и Министерството за туризам.

Свет | пред 4 месеци

media-library6cjc5a7usjmb0uXWeD5

Мицкоски со порака до поддржувачите на СДСМ: Во недела гласајте за број 9 за катарзата и реформите во СДСМ да почнат

Митко Костадиновски е човек којшто си ја сака и се бори за проект повеќе за Виница, човек голем патриот и кој длабоко во себе ја сака својата татковина Македонија. Како претседател на Владата ќе ја има мојата недвосмислена поддршка да реализира проекти за општина Виница и убеден сум дека заедно со Владата сите проекти кои се дел од програмата ќе бидат реализирани, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот мини митинг во Виница во рамки на изборната кампања под слоган „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“ за вториот круг од локалните избори во недела на 2 ноември.Мицкоски ја искористи приликата и од настанот во Виница им се заблагодари на граѓаните на Виница и пошироко на цела Македонија што излегоа на избори и дадоа масовна поддршка за ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата со заокружување на број 9.Исто така, Мицкоски упати повик до сите оние коишто во првиот круг останаа дома и коишто не гласаа, мислејќи дека на тој начин ќе покажат некаков пркос, ќе испратат некаква порака којашто, никој не ја препознава, да излезат масовно на гласање и да го искористат своето граѓанско право на избор.„Денеска сме сведоци како дел од нашите граѓани коишто се на привремена работа надвор од Македонија, најчесто во западно европските земји доаѓаат во општина Брвеница, во општина Кичево мислејќи дека на тој начин ќе помогнат да двајца кандидати коишто се во тие општини ќе станат и градоначалници. Нема да успеат, но сепак, сите оние коишто во Виница одлучија во првиот круг да останата дома и кои се двоумат дали во вториот круг треба да излезат и да гласаат, ова нека им биде патоказ како треба да се брани својот интерес. А нашиот интерес, овде во Виница, пред сè и над се да имаме голема излезност и се разбира дека при една таква голема излезност бројот 9 ќе биде масовно поддржан. Не дозволувајте некој друг да ја креира вашата иднина седејќи дома, зошто тие што ќе излезат на овие избори имаат право да ја моделираат иднината на Виница и на Македонија. Со седење дома и до покажување некој револт или пркос ништо нема да се добие. Затоа излезете и гласајте, затоа што на тој начин вие сте суверен на вашата иднина, никој друг нема да мисли подобро отколку што вие мислите за вашата иднина“, истакна Мицкоски.Мицкоски испрати порака и до поддржувачите и симпатизери на СДСМ на изборите во недела да го заокружат бројот 9 за да почне катарзата и реформите во партијата и да не да го легитимираат ова партиско раководство кое СДСМ ја доведе во фаза на исчезнување.„Знам дека не ви е пријатно и се чувствувате разочарани кога гледате како некогаш големата СДСМ едвај ја поминува границата од стотина илјади гласови, знам дека ви е тешко ова да го гледате. Но, на овие избори кога ќе бидете позади параванот, со гласачкото ливче пред вас и со пенкалото во рака имате две опции. Едната опција е да го поддржите против кандидатот на Митко, којшто доаѓа од СДСМ и на тој начин да го легитимирате ова партиско раководство кое не ја донесе СДСМ под биолошкиот минимум, туку буквално ја донесе СДСМ во фаза на исчезнување. И втората опција која е пред вас е да го поддржите Митко и бројот 9 и на тој начин да отпочне процес на внатрешна катарза, на внатрешна реформа во рамките на СДСМ. Бидејќи, верувајте, и 61 пратеник во Парламентот и 60 градоначалници и апсолутна власт на ВМРО-ДПМНЕ и апсолутна дисциплина што до сега е невидена на политичката сцена во Македонија, имаат потреба од силна и политички стабилна СДСМ“, порача Мицкоски.

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryblcg7sf123dv1hbU5YS

Герасимовски: Во недела заеднички да ја потврдиме победата

Кандидатот за градоначалник на Општина Центар Горан Герасимовски изборната кампања ја заокружува со средби со граѓаните, исто како што ја започна, на терен, слушајќи ги граѓаните. Тој, заедно со идниот тим на советници беа позиционирани на неколку локации во Центар кадешто граѓаните можеа да се информираат за програмата и проектите што треба да се реализираат во новиот мандат.„Денеска е последниот ден од кампањата. Водевме фер, чесна и многу конструктивна кампања со директни средби со граѓаните, со реална програма која беше препознаена во првиот круг. Граѓаните даваат голема поддршка за Центар што го сакаме. Центар е општина на мудри, искусни и добронамерни граѓани, кои го сакаат и заслужуваат најдоброто за себе. Центар се луѓето, Центар е нова приказна, Центар е сето што го сакаме. Благодарам на секој разговор, предлог, идеја и поддршка. Ве повикувам во недела да излеземе масовно на гласање и заеднички да ја потврдиме победата. За континуитет, за развој, за посреќен живот во Центар. За Центар што го сакаме!“, порачува Герасимовски.

Македонија | пред 4 месеци

markica

Свикана првата конститутивна седница на Советот на општина Охрид

Врз основа на член 37 од Законот за локалната самоуправа („Сл.весник на РМ“ бр.5/2002), член 19 од Статутот на општината Охрид („Сл.гласник на општина Охрид“ бр.8/07, 01/08, 10/10, 05/11, 09/14, 14/14, 10/19 и 15/20) и член 4 од Деловникот за работа на Советот на општина Охрид („Сл.гласник на општина Охрид“ бр.16/2014), Претседателот на Советот донесува: Р Е Ш Е Н И ЕЗА СВИКУВАЊЕ НА ПРВАТА КОНСТИТУТИВНА СЕДНИЦА    НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД ЈА СВИКУВАМ првата конститутивна седница на Советот на општина Охрид на ден 03.11.2025 година (понеделник) со почеток во 13,00 часот.Седницата ќе се одржи во зградата на општина Охрид.За седницата го предлагам следниот: Д Н Е В Е Н   Р Е ДИзбор на Комисија за верификација, избори и именувања.Верификација на мандатите на членовите на Советот на општина Охрид.Избор на Претседател на Советот на општина Охрид.ОПШТИНА ОХРИДЛОКАЛНА САМОУПРАВАБрој 08-14739/131.10.2025 год.О х р и д

ОО | пред 4 месеци

media-libraryr5htpapf5vmveIK5rsR

Неделен преглед од активностите на ,,Паркови и зеленило"

Се припремаат леите каде ќе се засадува цветниот расад кој ќе ги краси парковите до пролетниот период. цветните леи се прекопуваат, а земјата се рамни, со што се спремни за засадување на цветниот расад виола (очиња) од сопствено производство.Се отстрани суво дрво во близина на С.Р.Ц.,,Билјанини Извори" кое беше многу оштетено и како такво претставуваше опасност по околината и минувачите .Се интервенираше за отстранување неуредна вегетација и косење на тревни површини вдолж пешачката патека до локалитет Горица.Од тековните активности издвојуваме: редовно косење на тревни површини во градски парк, собирање на сувиот лист во градски парк, ул.,Булевар Туристичка", ул.,,7-ми Ноември" и ул.,,Јане Сандански".

ОО | пред 4 месеци

media-libraryudi6sostfgeodWCtxte

Мицкоски: Скопје добива градоначалник кој ќе работи неуморно и чесно, Орце Ѓорѓиевски е човекот кој ќе воведе ред, чистота, култура

Скопје добива градоначалник кој ќе работи неуморно, вреден борец, посветен, човечен, личност која ќе направи да се гордееме сите, но и кој е свесен дека резултатите и испорачаните проекти се обврска, исто како и довербата, и дека погледите во него по изборите се вперени со двоен диоптер и многу цилиндри и ќе му се прати секој чекор и ќе се очекуваат брзи дејствија и резултати од него. Драги скопјани, токму овој човек, вашиот човек за главниот град, Орце Ѓорѓиевски, е доказ дека можат да се направат промени кога некој работи со срце, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот народен митинг во Скопје во рамки на изборната кампања под слоган „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“ за вториот круг од локалните избори во недела на 2 ноември.Мицкоски посочи дека Ѓорѓиевски е човек што не ветува без да е сигурен дека може да исполни, и кој испорачува за граѓаните.„И кога гледам што Орце направил за Кисела Вода, знам дека истиот дух, истата енергија и иста совесност ќе ја донесе во Скопје. И Скопје ќе влезе во една нова фаза на предвидливост и извршување на обврските. Орце е сериозен, приземен, прилично методичен карактер. Тој ќе го направи Скопје повторно да живее слободно и да дише слободно. Град каде што јавниот превоз нема да е изговор и да се прекршува врз суети и изговори, туку систем каде што пешачките премини значат безбедност, а не се руски рулет, каде што отпадот е ресурс, а не срам и загаденост“, рече Мицкоски.Додаде дека Скопје бара управување, не експеримент и за Орце, Скопје е мрежа на животи и сега му треба вашиот јасен мандат за Скопје да стане град на ред, чистота, култура, лесно движење, рамно развиени општини и чесна локална економија.Мицкоски исто така ги повика граѓаните да гласаат и за Сотир Лукровски во Карпош, за Дејан Митевски во Аеродром, за Ерџан Демири во Шуто Оризари, како и за Зоран Бајовски кој е во натпревар за прв човек за блиската општина до Скопје, Чучер Сандево.„Ова е вистински избор. Затоа што е избор за секој ден, не само за изборен ден. Ова е избор за твој човек, човек што работи и кога нема камери. Ова е твоето место, град во кој не си гостин. Ова е за твојата иднина, да останат и децата, и соништата“, истакна Мицкоски.

Македонија | пред 5 месеци

media-librarytsp7eooo6lp17jhAV5s

Мицкоски: Имаме историска шанса да го добиеме Кичево, Кичево да биде симбол на соживот, а не на поделби

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ, на денешниот митинг од пред платото на Филхармонија, се осврна и на Кичево, и кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Според него, Кичево се наоѓа пред историска можност да избере градоначалник кој ќе ја промовира инклузивноста и соживотот меѓу сите.  Мицкоски рече дека овој избор не е прашање на етничка припадност, туку на вредности и посветеност на сите жители на Кичево со цел градот да стане симбол на единство, прогрес и историска победа за сите.,,Дваесет години таму немало градоначалник што ја носи нашата програма, нашите вредности, немало човек кој гледа за сите, туку гледал само самиот за себе си. Дваесет години градот беше под управување, кое често ги делеше луѓето по вера, народност или партија“, вели Мицкоски.Мицкоски повика на единство меѓу сите заедници во Кичево, апелирајќи до Македонците, Албанците, Турците, Власите, Ромите, Србите и Бошњаците.,,Вечерва испраќам од овде од Скопје порака до сите кичевчани  и Македонци, и Албанци, и Турци, и Власи, и Роми, Срби, Бошњаци. Излезете во недела и гласајте за човекот што ќе биде градоначалник на сите! Да се обединиме околу идејата дека Кичево може да биде симбол на соживот, а не на поделби. Да ја направиме историјата вистина, првпат по две децении, Кичево да има градоначалник кој не прашува „чиј си“, туку „што можеме да направиме заедно“, додаде Мицкоски.Тој истакна дека оваа победа ќе биде заедничка за сите граѓани на Кичево и дека Владата ќе го поддржува Кичево во напорите да го подобри животот на сите жители, и додаде дека оваа промена не е прашање на етничка припадност, туку на човечка посветеност.,,Тоа ќе е заедничка историска победа на сите граѓани на Кичево, а ние како Влада ќе го помагаме Кичево максимално, во свои напори да го подобри животот на сите негови граѓани. И тука нема етничка приказна, туку сосема човечка димензија. Ова не е повик за етничко гласање туку за гласање за човек, за човек Македонец со сопруга Албанка, кои се пример за вредности и сила, човек кој ќе работи за сите, за своите кичевчани, ќе биде градоначалник буквално за сите и за Македонците, и за Албанците, ќе ги помага и ќе биде коректен, и за Турците, Ромите, Власите, Бошњаците. Со сите кои таму живеат без разлика на партија, етникум и верска определба. Тој е човек и ќе работи за Кичево“, посочи Мицкоски.

Македонија | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања