Промени тема
За нас
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу

Кристијан Ландов

media-librarypoql4plt59m67odeNIK

(Видео) Факт е дека гласачите кои гласаа за ВЛЕН не излегоа и не го поддржаа Орце Ѓорѓиевски, рече Мицкоски

Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вечерва изјави дека гласовите не се ничија сопственост, коментирајќи ги шпекулациите дека дел од коалициските партнери на ВМРО-ДПМНЕ, меѓу кои и движењето ВЛЕН, не го поддржале Орце Ѓорѓиевски во вториот круг за градоначалник на Скопје со оглед дека не излегле на гласање.„Никој гласовите не ги чува во џеб, ниту може да ги испорача од џеб. Видовме една чесна заложба за Орце Ѓорѓиевски. Факт е дека гласачите кои гласаа за ВЛЕН не излегоа и не го поддржаа за Орце Ѓорѓиевски. Претпоставувам дека таква била одлуката на гласачите“, рече Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање.Тој додаде дека, и покрај тоа, победата на ВМРО-ДПМНЕ е убедлива и покажува дека „граѓаните ја препознале енергијата и промената што ја нуди новото политичко време“.

Настани | пред 4 месеци

media-library3avo4552jgc59erW9ie

(Видео) Мицкоски: Времето на локални шерифи заврши, падна митот за Кичево, ова е победа за народот!

По затворањето на гласачките места и првичните резултати од вториот круг на локалните избори, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски вечерва прогласи голема победа на коалицијата предводена од неговата партија.„Голема победа на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ! Ако некој се сомневаше, народот покажа дека Македонија е повторно твоја. Ова е заедничка победа – победа на вербата, надежта, копнежот за иднина. Ова е победа на напатениот народ и неговите соништа. Вечерва Македонија покажа зрелост. Убедлива победа на Орце во Скопје!“, изјави Мицкоски, додека присутните извикуваа: „Цело Скопје ВМРОвски град!“.Тој соопшти дека ВМРО-ДПМНЕ победила и во Карпош, Аеродром и Чучер Сандево, а посочи дека во некои општини борбата била „жилава и одлучена во 5 до 12“.„Противкандидатот кој не заслужува да му се спомене името – Брвеница има градоначалник! Победа имаме и во Дојран, Крушево и Кочани – нашето Кочани, кое мора да го издигнеме и поткрепиме. Победа и во Лозово, Могила, Македонски Брод, Ранковце, Неготино, Росоман, Чешиново-Облешево, Виница, Конче и Дебрца“, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.Посебно се осврна на победата во Кичево, каде што, како што рече, „паднал митот дека градот припаѓа на некого“.„Падна Фатмир Дехари, падна од народот кој се обедини против недомаќинското работење. Таму заедно соработувавме – Македонци, Албанци, Бошњаци, Роми, Срби, Власи, Турци, христијани и муслимани. Ова е доказ дека можеме да се обединиме околу вредности, не околу поделби. Ова не е само локална победа, ова е победа за Македонија која созрева, за народ кој не се плаши“, рече Мицкоски.Алудирајќи на поразот на Стевчо Јакимовски во Карпош, тој порача:„Помина времето на локални шерифи кои се шетаа од еден во друг ќош. Тоа време заврши. Порака е испратена и до оние кои спремаа нечесни подземни игри – бомбата што ја спремаа им прсна во рака.“Мицкоски нагласи дека не е среќен поради дебаклот на СДСМ, но дека тоа е реалност која покажува дека „партијата не се реформирала“.„Ние не славиме против некого, туку славиме за Македонија – за новата енергија. И овие избори се порака до нас – да не се забегува со победата. Пораката е разбрана“, заврши премиерот.

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryfe24boaj1b21fcVnLbL

(Видео) Венко Крстевски: Се боревме со партиски машинерии, но направивме историски успех

Независниот кандидат за градоначалник на Кочани, Венко Крстевски, по завршувањето на изборниот ден им се заблагодари на сите граѓани кои ја поддржаа неговата кандидатура.„Сакам да се заблагодарам на сите храбри луѓе кои гласаа за нашата опција. Со жалење можам да констатирам дека поголем број излегоа на гласање и со уште поголемо жалење – затоа што гласаа за ВМРО-ДПМНЕ. На противкандидатот Владко Грозданов му посакувам среќа. Се боревме со партиски машинерии и покажавме историски успех. Нека ова биде порака до идните генерации да се борат за нашиот град“, изјави Крстевски.Тој нагласи дека иако не победил, резултатот е доказ дека независните иницијативи можат да бидат глас на граѓаните надвор од партиските рамки, и најави дека ќе продолжи да работи за интересите на Кочани.

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryscr59f1blc9bd2wdVyY

(Видео) Орце Ѓорѓиевски триумфално под Порта ‘Македонија’

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, вечерва триумфално помина под Порта „Македонија“, придружен од голем број симпатизери и членови на партијата.Со скандирања „Орце, Орце“ и „ВМРО-ДПМНЕ“, поддржувачите го поздравија Ѓорѓиевски, кој симболично влезе низ Триумфалната порта, во знак на победа и благодарност за поддршката.По краткиот марш, колоната продолжи кон централниот партиски штаб на ВМРО-ДПМНЕ, каде продолжи славеничката атмосфера по изборниот резултат.

Скопје | пред 4 месеци

media-library5stgsih1rtbedllZtkN

Филипче најави кадровски промени и потврди оставка на Чупевска

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, по завршувањето на изборниот ден најави внатрепартиски промени и конгрес, на кој ќе се дискутира за иднината на политиките и кадровските решенија во партијата.Тој изјави дека СДСМ останува втора партија по сила и прва во опозицискиот блок, потенцирајќи дека ова е „поттик за понатамошна борба со оваа власт која веќе ја губи поддршката“.„Јасно е какви промени се потребни и тие ќе бидат објавени по седницата на партиските одбори во наредните денови“, рече Филипче, додавајќи дека не размислува за оставка.Филипче потврди дека Ана Чупевска поднела оставка, но истакна дека ќе продолжи соработката со неа во друга форма, бидејќи, како што рече, „нејзиниот придонес за партијата е значаен“.

Македонија | пред 4 месеци

media-library4hd90ipi420t4eX0EkW

(Видео) Славје во Кичево – Александар Јовановски прогласи победа

Во Кичево вечерва владее славеничка атмосфера. Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Јовановски, прогласи победа и ги повика граѓаните на градскиот плоштад да ја прослават, како што рече, „победата на Кичево“.„Водиме со голема предност и веќе почнуваме да славиме победа. Ги повикувам сите на градскиот плоштад, да видат што е Кичево. Работата е завршена“, изјави Јовановски од својот изборен штаб, додавајќи дека остануваат уште мал број ливчиња за пребројување, но без простор за калкулации.Негов противкандидат беше Фатмир Дехари од ДУИ.

Македонија | пред 4 месеци

media-library80v69uku2s8k7VmKduT

(Видео) Филипче: СДСМ е втора партија и прва во опозицијата – нема оставка

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, вечерва изјави дека според досега обработените податоци, партијата освоила три градоначалнички места во вториот круг — Зрновци, Центар и Македонска Каменица, покрај трите победи во првиот круг.„Им честитам на сите градоначалници, без разлика од која партија се. Во изминатите две недели, воочи вториот круг, се вршеа огромни притисоци врз кандидатите во сите 17 општини. Не се бираа ниту средства, ниту методи. Повторно се соочивме со истата деструктивна власт на ВМРО-ДПМНЕ, која ги злоупотребува сите институции“, рече Филипче.

Настани | пред 4 месеци

media-library5vd5fsf7goq55GfbRgN

(Видео) Максим Димитриевски прогласи победа, но е загрижен

Максим Димитриевски прогласи победа во Куманово. Сепак, рече дека е свесен за ниската излезност во градот што го сфаќа како порака од кумановци.„Ниската излезност е дека граѓаните негодуваат. Таа ќе биде предмет за анализа. За мене ниската излезност на кумановци значи дека нешто не штима. Ќе гледам во следните четири години, тој инструмент со кој раководам да го наштимам согласно волјата на граѓаните. Сега е ред да прославиме“, рече Максим Димитриевски, кандидат на ЗНАМ поддржан од ВМРО-ДПМНЕ за Куманово.

Настани | пред 4 месеци

media-libraryq391smun3hqg1rz3srw

(Видео) Сотир Лукровски го освои Карпош – славје со тапани и скандирања

Сотир Лурковски, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за Карпош, објави победа. Ова е првпат оваа победа да има избран кандидат за градоначалник.Групата насобрана во штабот во Карпош му пееше „градоначалниче, градоначалниче“, извикувајќи го неговото име. Потоа се извикуваше „ВМРО-ДПМНЕ“. Надвор пак, се слушаа тапани.

Настани | пред 4 месеци

media-library9if011qppq9f1x36VDs

(Видео) Д-р Владко Грозданов од ВМРО-ДПМНЕ прогласи победа во Кочани

Д-р Владко Грозданов од ВМРО-ДПМНЕ прогласи победа во Кочани. Тој рече дека има многу приоритети. Пред сѐ да се смират и сплотат, пред да продолжат заедно кон нова иднина.„И покрај се што се случи, Кочани го одбрани своето достоинство. Покажа дека е со иднина, со желба за мир и просперитет, а не за револуција и омраза. Ова е победа за сите нас, за нацијата. Од утре продолжуваме сите заедно, кон нови просперитети, за иднината за повторно раѓање на Кочани“, рече Д-р Владко Грозданов од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryuii37v5athoh6YX3e0o

(Видео) Веќе се слави: Менди Ќура победник во Струга – пораз за ДУИ по години власт

Според официјалните податоци на Државната изборна комисија (ДИК), во Струга водство има Менди Ќура, независен кандидат поддржан од ВМРО-ДПМНЕ, пред досегашниот градоначалник Арсим Далипи од Алијансата за интеграција (НАИ). Според податоците на аналитичките штабови, тој е веќе победник.📊 Резултати според моменталната обработка:Менди Ќура (независен, поддржан од ВМРО-ДПМНЕ): 11.153 гласа (50,10%)Арсим Далипи (НАИ): 10.784 гласа (48,44%)Во избирачкиот список се запишани 62.711 гласачи, од кои на гласање излегле 22.261, што претставува излезност од 39,73%.Од вкупно 101 избирачко место, досега се обработени 92 (или 91,09%). Евидентирани се 21.937 важечки гласачки ливчиња и 1.084 неважечки.Со ова, според првичните резултати, ДУИ ја изгуби и Струга, која со години беше под нивно раководство. Менди Ќура веќе ја прослави победата, објавувајќи видеа од славенички собири во градот.

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryartn7f7j3a3d1yGcnDo

Историски пресврт во Кичево – ВМРО-ДПМНЕ повторно со градоначалник по 20 години

Според официјалните податоци на Државната изборна комисија (ДИК), во Кичево убедливо водство има кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Јовановски, пред кандидатот на Алијансата за интеграција – НАИ, Фатмир Дехари. Во Кичево, ВМРО-ДПМНЕ веќе слави.📊 Резултати според моменталната обработка:Александар Јовановски (ВМРО-ДПМНЕ): 10.557 гласа (56,76%)Фатмир Дехари (НАИ): 7.458 гласа (40,09%)Во избирачкиот список се запишани 51.016 гласачи, а на гласање излегле 18.601, што претставува излезност од 53,90%.Од вкупно 119 избирачки места, досега се обработени 84 (или 70,59%). Евидентирани се 18.015 важечки гласачки ливчиња и 586 неважечки.Според аналитичкиот штаб на ВМРО-ДПМНЕ, партијата ја запишува историската победа во Кичево, каде по дваесет години повторно ќе има градоначалник Македонец.

Македонија | пред 4 месеци

media-library415oe8ejqkrve52FWvF

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ води пред СДСМ во Крушево, иако во првиот круг губеше

Според официјалните податоци на Државната изборна комисија (ДИК), во Крушево водство има кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Нико Чончески, пред кандидатот на СДСМ, Томе Христоски.Резултати според моменталната обработка:Нико Чончески (ВМРО-ДПМНЕ): 1.381 гласа (49,89%)Томе Христоски (СДСМ): 1.322 гласа (47,76%)Во избирачкиот список се запишани 7.774 гласачи, од кои на гласање излегле 2.768, што претставува излезност од 68,03%.Од вкупно 23 избирачки места, досега се обработени 15 (или 65,22%). Евидентирани се 2.703 важечки гласачки ливчиња и 65 неважечки.

Македонија | пред 4 месеци

media-librarya0iapagcihlg0VWRwpV

Центар: Герасимовски пред Лабудовиќ со над 1.500 гласа разлика

Според официјалните податоци на Државната изборна комисија (ДИК) за општина Центар, кандидатот на СДСМ, Горан Герасимовски, има предност пред кандидатот на движението ЗНАМ, Мирослав Лабудовиќ.Резултати според моменталната обработка:Горан Герасимовски (СДСМ): 6.393 гласа (51,95%)Мирослав Лабудовиќ (ЗНАМ): 4.820 гласа (39,17%)Во избирачкиот список се запишани 44.109 гласачи, а на гласање излегле 12.306, што претставува излезност од 47,91%.Од вкупно 78 избирачки места, досега се обработени 50 (или 64,1%). Евидентирани се 11.193 важечки гласачки ливчиња и 1.113 неважечки.

Скопје | пред 4 месеци

media-library2b197ko7fuj6fVRHEze

Нови бројки: Победа на ВМРО-ДПМНЕ во Кочани, речиси двојно повеќе гласови за партијата во Скопје

Според најновите неофицијални податоци од аналитичкиот штаб на ВМРО-ДПМНЕ, опозициската партија бележи значителна предност во повеќе општини, вклучувајќи го и Град Скопје, каде водството е убедливо.Според бројките од нивниот штаб:Град Скопје – ВМРО-ДПМНЕ: 58.820, Левица: 33.714Аеродром – ВМРО-ДПМНЕ: 12.135, СДСМ: 6.683Карпош – ВМРО-ДПМНЕ: 9.925, Стевче Јакимовски: 8.718Кочани – ВМРО-ДПМНЕ: 5.740, Венко Крстевски: 3.909Виница – ВМРО-ДПМНЕ: 4.105, СДСМ: 2.847Конче – ВМРО-ДПМНЕ: 1.058, СДСМ: 786Чучер Сандево – ВМРО-ДПМНЕ: 2.336, СДСМ: 1.706Дојран – ВМРО-ДПМНЕ: 1.175, СДСМ: 676Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека победата во Чучер Сандево, Дојран и Кочани веќе е сигурна, а водството во Скопје, Карпош и Аеродром се зголемува со секоја нова обработена изборна единица.„Чучер, Дојран и Кочани веќе сме ги добиле, резултатите таму се стабилни. Во Скопје разликата е повеќе од двојна, што е јасен сигнал дека граѓаните избраа промена,“ вели извор од аналитичкиот штаб на ВМРО-ДПМНЕ за „Скопје1“

Македонија | пред 4 месеци

media-library28kd68rlc85f6nAwoS2

Сотир Лукровски е новиот градоначалник на Карпош, велат извори од ВМРО-ДПМНЕ

Според најновите официјални податоци на Државната изборна комисија (ДИК) за општина Карпош, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Сотир Лукровски, води со 2.833 гласа или 46,79%, пред независниот кандидат Стевче Јакимовски, кој има 2.657 гласа или 43,88%.Извори од ВМРО-ДПМНЕ за „Скопје1“ изјавија дека, според нивните теренски податоци и трендот на обработка, Лукровски е на пат да стане нов градоначалник на Карпош.„Податоците покажуваат дека Сотир Лукровски ќе биде победник и иден градоначалник. Од 60 отсто од обработените гласови, трендот е стабилен и водството се зголемува, велат од ВМРО-ДПМНЕ.“

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryroaitr545u1e6e00xrs

Неизвесна трка во Куманово – Димитриевски води со само 316 гласа пред Стојковски

Според официјалните податоци од Државната изборна комисија (ДИК) за Куманово, разликата меѓу двајцата кандидати е мала и неизвесна.Најновите бројки покажуваат:Максим Димитриевски (ЗНАМ) – 6.628 гласа или 49,20%Горан Стојковски (граѓанска иницијатива) – 6.312 гласа или 46,85%Разликата изнесува само 316 гласа во корист на Димитриевски, што значи дека резултатот е многу тесен и може да се промени со пристигнување на нови обработени избирачки места.

Скопје | пред 4 месеци

media-librarysk52tkolq6tp4oF0jIq

Следете ги официјалните изборни резултати - ВО ЖИВО

Следете ги резултатите од вториот круг на локалните избори, во живо:

Македонија | пред 4 месеци

media-library2j2lq5r65g15ennzCZG

Неофицијални извори од ВМРО-ДПМНЕ: Победа во Кочани, водство во Карпош и Кичево – Брвеница и Долнени на пат кон триумф

Според последните податоци од аналитичкиот центар на ВМРО-ДПМНЕ, партијата бележи значајна предност во повеќе општини од вториот круг на локалните избори.Според извори од партијата:Кочани е добиен, каде кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, д-р Владко Грозданов, веќе има јасна и потврдена победа.Во Карпош, партијата води со околу 1.000 гласа предност во однос на независниот кандидат Стевче Јакимовски.Во Кичево, резултатот е „тесен, но во водство сме“, велат од штабовите на ВМРО-ДПМНЕ.Во Брвеница, според првичните анализи, победата е извесна.Во Долнени, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, како што велат од партијата, ја враќа општината која претходно ја водеше кадар на ДУИ, со позитивен тренд во завршницата на броењето.Ова се неофицијални информации. Се очекува прес-конференција на ДИК за нивна потврда.

Македонија | пред 4 месеци

media-librarybclgv9grkdvb7D3RJgi

Во Кочани води д-р Владко Грозданов со над 3.000 гласа – двојно повеќе од Венко Крстевски

Според најновите податоци од обработени 5.369 гласачки ливчиња, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, д-р Владко Грозданов, има 3.112 гласа, додека неговиот противкандидат, Венко Крстевски, има 1.875 гласа.Во Кочани, според податоците на Државната изборна комисија (ДИК) до 18:30 часот, вкупно гласале 13.131 граѓанин.Анализата покажува дека Грозданов има речиси двојна предност во однос на својот противкандидат, а трендот на водство, според партиски извори, е стабилен и во корист на ВМРО-ДПМНЕ.Ова се неофицијални податоци.

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryf16ogmthvl4ceoFRbeS

Ажурирани податоци: Орце има 34.734 гласови, Амар 16.835 гласови

Според најновите податоци од аналитичкиот центар на ВМРО-ДПМНЕ, до кои дојде „Скопје1“, партијата има значителна предност во Град Скопје и повеќе општини низ државата.Во Град Скопје, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, досега има 34.734 гласови, додека кандидатот на Левица, Амар Мециновиќ, има 16.835 гласови – однос 2 спрема 1 во корист на опозицискиот кандидат.По општини, резултатите според најновиот апдејт се следни:Аеродром: ВМРО-ДПМНЕ – 4.130, СДСМ – 1.560Карпош: ВМРО-ДПМНЕ – 4.750, независниот кандидат Стевче Јакимовски – 3.914Дојран: ВМРО-ДПМНЕ – 806, СДСМ – 406Кочани: ВМРО-ДПМНЕ – 1.754, Венко Крстевски (независен) – 891Чучер-Сандево: ВМРО-ДПМНЕ – 1.020, СДСМ – 610Долнени: ВМРО-ДПМНЕ – 1.414, ВЛЕН – 502Аналитичкиот центар наведува дека трендот на водство на ВМРО-ДПМНЕ е стабилен, особено во Скопје, каде разликата меѓу кандидатите континуирано расте.

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryi8nmpfekkrf81Nth89h

Први неофицијални резултати: ВМРО-ДПМНЕ во водство во Скопје, Карпош, Кочани и повеќе општини

Според првичните податоци од аналитичкиот центар на ВМРО-ДПМНЕ, до кои дојде „Скопје1“, партијата има значително водство во повеќе општини, меѓу кои Град Скопје, Карпош, Кочани, Валандово, Пробиштип и Аеродром.Во Скопје, според моменталните бројки, трендот е 2,5 спрема 1 во корист на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, кој има околу 11.000 гласови, додека кандидатот на Левица, Амар Мециновиќ, има околу 4.000.Во Карпош, исто така, води кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, покажуваат податоците од нивниот аналитички центар.Според досегашните резултати по општини:Скопје: ВМРО-ДПМНЕ – 11.094, Левица – 4.090Аеродром: ВМРО-ДПМНЕ – 224, СДСМ – 24Пробиштип: ВМРО-ДПМНЕ – 332, СДСМ – 174Кочани: ВМРО-ДПМНЕ – 466, Венко Крстевски (независен) – 328Валандово: ВМРО-ДПМНЕ – 249, СДСМ – 157Засега не е прецизирано од која процентуална излезност се овие резултати, но укажуваат дека трендот е стабилен и во корист на ВМРО-ДПМНЕ во најголем дел од опфатените општини.

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryi23nulvm2ocs57Ho51W

Сиљановска-Давкова: Патријархалната култура сè уште ја ограничува женската самодоверба

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова изјави дека одлуката на Уставниот суд, со која се овозможи самостојно кандидирање со два потписи, открила важен проблем во политичката култура – особено кај жените.„Прво, изненадувањето. Одеднаш се соочувате со можност сами да се кандидирате со два потписи. Ние сме одговорни суштества и секогаш размислуваме дали сме ние најдоброто решение, дали ќе можеме да одговориме на овој предизвик, особено ако не сме поддржани од луѓе кои ни веруваат. Тоа е првото“, рече Сиљановска-Давкова.Таа додаде дека проблемот е поврзан и со патријархалната и парохијалната политичка култура што сè уште е присутна во општеството. „Веројатно, се уште има силни елементи на, за жал, патријахална и парохијална политичка култура, па ние размислуваме на тој начин дека, можеби, не сме најдобрите“, изјави таа.Сиљановска-Давкова нагласи дека овој случај открил и внатрешен предизвик кај самите жени. „Овој инцидент со отсуството на член заради одлуката на Уставниот суд, што ќе го регулира кандидирањето, покажа и докажа дека и во нас, жените, има сериозен проблем. Не велам дека е тоа недоверба во себе, туку мислам дека е врзано со фактот дека сме поодговорни, бидејќи имаме потежок пат во животот, секогаш имаме дилеми,“ рече таа.„Најлесно одлучуваат оние кои не размислуваат или мислат дека по природа се надарени да бидат извонредни политичари, пратеници, советници, градоначалници и така натаму. Но, мислам дека оваа лекција треба добро да ја научиме за да ги смениме работите,“ додаде Сиљановска-Давкова.

Македонија | пред 4 месеци

media-librarycj7u7rfib9f95Cln3q6

Мирен втор круг – пријавено фотографирање на гласачко ливче во Шуто Оризари

Привремената комисија на Јавното обвинителство за следење на евентуални кривични дела поврзани со изборниот процес соопшти дека вториот круг од локалните избори поминал мирно и без поголеми нарушувања.„Во текот на денешниот ден, јавните обвинителства беа организирани со вонредни дежурства, со цел навремена координација и давање насоки за постапување на надлежните органи“, информираат од Обвинителството.Во текот на денот до обвинителствата пристигнало само едно известување за инцидент – во Шуто Оризари, каде било пријавено фотографирање на гласачко ливче, што претставува прекршок. „Итно се дадени насоки за документирање на настанот“, наведуваат од институцијата.Иако изборниот ден поминал без сериозни проблеми, Комисијата на Јавното обвинителство ќе продолжи да го следи процесот до неговото целосно завршување.Од Обвинителството потсетуваат дека сите граѓани кои имаат сомневање за кривично дело поврзано со изборите можат да пријават во најблиското јавно обвинителство или преку електронска адреса izbori@jorm.mk.„По сите пријави за кривични дела поврзани со изборите, јавните обвинителства постапуваат со приоритет,“ стои во соопштението.

Македонија | пред 4 месеци

media-library998ks96jbdu9exLAeSp

ВЛЕН по изборниот ден имаат свои очекувања од ДИК

Од коалицијата ВЛЕН соопштија дека изборниот ден поминал во мирна и демократска атмосфера, без забележани неправилности на избирачките места.„Процесот на гласање се одвиваше во мирна и демократска атмосфера. Според информациите од теренот, процесот на гласање се одвиваше без неправилности. ВЛЕН изразува благодарност до сите граѓани кои го остварија своето право мирно и достоинствено,“ се наведува во соопштението.Од коалицијата додаваат дека очекуваат Државната изборна комисија (ДИК) професионално и прецизно да ја спроведе завршната фаза на изборниот процес.„Очекуваме од ДИК фазата на затворање на избирачките места да биде со точност и професионалност,“ порачаа од ВЛЕН.

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања