Промени тема
За нас
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу

Кристијан Ландов

media-librarys80ub7ej27glaHIc48F

Мицкоски од Брисел: Ги повторивме нашите позиции за Македонија

Премиерот Христијан Мицкоски од Брисел соопшти дека имал, како што ја опиша, „пријателска и продуктивна средба“ со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, нагласувајќи дека разговорот бил во духот на заемна доверба и поддршка за европскиот пат на Македонија.„Добар ден од Брисел. Само што завршивме со средбата со претседателот на Европскиот совет, господинот Антонио Кошта. Првата средба ја имавме точно пред една година кога тој беше избран на оваа функција и од тогаш негуваме пријателски и искрени односи. Господинот Кошта е голем пријател на Македонија и во таков дух помина денешната средба,“ изјави Мицкоски.Тој истакна дека повторно било разговарано за приближувањето на земјата кон Европската Унија и формалното отпочнување на преговорите, при што македонската страна ги потврдила „единствените и достоинствени позиции“ кои произлегуваат од досегашното искуство во евроинтегративниот процес. „Сето она што претставува наш приоритет е и приоритет на господинот Кошта,“ рече Мицкоски, наведувајќи дека меѓу темите биле и гасниот интерконектор со Србија, крак од гасоводот кон Косово, како и прашањето со тарифите за извоз на челик и челични производи.Како дел од разговорите, Мицкоски посочи дека бил разгледан и заеднички проект со Европската комисија, поврзан со развојни инвестиции во Кочани и кочанскиот регион, што тој го оцени како стратешки важен за земјата.Премиерот најави дека престојот во Брисел продолжува со настан организиран од „Еуроњуз“, а вечерта ќе има работна вечера со европската комесарка Марта Кос. „Сè на сè, можам да кажам дека беше исклучително успешна средба и сигурен сум во позитивни вести,“ изјави Мицкоски.

Македонија | пред 4 месеци

janko-bacev

Единствена Македонија: Лажно писмо, клевети и удбашки финти против Бачев

Партијата Единствена Македонија со остра реакција се огласи по појавата на текст во кој, според нив, биле изнесени лажни обвинувања против лидерот Јанко Бачев и партијата. Од таму демантираат дека имаат каква било врска со писмото објавено под наслов „Хотелот не краде струја, станува збор за лажна кампања на Јанко Бачев“, кое наводно било испратено од лице по име Јован Невеселов.„Најостро го осудуваме и демантираме лажното писмо кое денеска се појави во вашиот медиум. Станува збор за лажно писмо и лажни обвинувања против Бачев,“ велат од партијата, додавајќи дека Невеселов лично потврдил дека нема никаква поврзаност со содржината објавена во медиумите.Ќе следуваат постапки пред надлежните органиОд Единствена Македонија најавуваат дека ќе преземат правни мерки за откривање на авторот на писмото и за покренување соодветни постапки поради клевета и оцрнување.„Се работи за лажно клеветење и оцрнување на Бачев и партијата. Во наредниот период ќе преземеме дејствија пред надлежните органи,“ стои во реакцијата.Важечки договор за закуп, во тек судски спорПартијата нагласува дека нема незаконито користење на деловни простории, како што било наведено во писмото, и посочува дека има валиден договор за закуп уште од 2005 година.„Наводите дека Единствена Македонија узурпирала простории се ноторна лага. Партијата има валиден договор за закуп, а во моментот се води граѓански спор со АД за стопанисување со станбен и деловен простор, кое на криминален начин ја упишало зградата,“ наведуваат од партијата, додавајќи дека медиумите се поканети да го следат судскиот процес.„20 години се фабрикуваат лаги против Бачев“Во заклучокот од соопштението, Единствена Македонија обвинува дека вакви „удбашки финти“ се повторуваат со години.„Вакви работи на клеветење и оцрнување се фабрикуваат веќе 20 години против претседателот Бачев и Единствена Македонија во домашните наменски кујни со потесна специјалност за удбашки финти,“ наведуваат од партијата.

Македонија | пред 4 месеци

media-librarybue6cv4gibjvdg14SZa

Тројца пратеници ја заменија пратеничката со градоначалничката фотелја

Тројца пратеници од актуелниот парламентарен состав се избрани за нови градоначалници.Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов по формалната собраниска процедура седнуваат во пратеничките фотелји на Бети Стаменковска Трајковска, Јане Мицевски и Дејан Проданоски кои беа избрани за градоначалници на локалните избори.Ова го констатираше Државната изборна комисија на денешната седница.Како што посочи претседателот на ДИК, Борис Кондарко, Николовска, Стојановски и Андонов редоследно, според листата на коалицијата „Твоја Македонија“, треба да ги заменат Стаменковска Трајковска, Мицевски и Проданоски.Инаку според листата, пред Стојановски од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е Игор Никовски, но претходно тој ја известил ДИК дека не го прифаќа мандатот поради што Стојановски доаѓа на неговото место.За новите пратеници, ДИК, веднаш ќе го информира Собранието.Претходно денеска, на седница, Собранието констатира дека на Бети Стаменковска Трајковска, Јане Мицевски и Дејан Проданоски им престанаа мандатите за пратеници.ДИК на новоизбраните пратеници ќе им издаде уверение, а Собранието потоа треба да ги верификува нивните мандати.

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryv0kajqreadk4fw6thRt

Политиката е именка од женски род, но има само 4 градоначалнички

И покрај тоа што зборот политика граматички е од женски род, реалноста на локално ниво останува длабоко машка. Само четири жени успеаја да станат градоначалнички на Локалните избори 2025, покажувајќи дека родовата еднаквост во македонската политика е далеку од постигната.Од вкупно 309 кандидати што се бореа за градоначалничките фотелји, само 32 беа жени. Овој податок сам по себе сведочи за нерамноправна стартна позиција, а резултатите на изборите ја потврдија сликата – само четири општини од вкупно 80 и Град Скопје ќе бидат раководени од жени.Четирите градоначалнички✅ Бети Стаменкоска Трајкоска (ВМРО-ДПМНЕ) – Кисела Вода✅ Соња Стаменкова (СДСМ) – Македонска Каменица✅ Марија Нацева (ВМРО-ДПМНЕ) – Неготино✅ Наталија Димитриева (ВМРО-ДПМНЕ) – Демир КапијаВо 16 општини и Град Скопје имаше само по една жена кандидат, а имаше и општини каде на гласачкото ливче немаше ниту една кандидатка.Историјата на нееднаквостаОд првите избори за градоначалници во 1996 година до денес, со општините управувале 715 мажи и само 22 жени. Иако со години се зборува за потребата од поголема застапеност на жените, менталитетот и политичката структура остануваат речиси непроменети.Иако квалитетот на кандидатите треба да биде поважен од полот, четири градоначалнички во 81 локална единица не ја одразуваат реалноста во која жените активно учествуваат во сите општествени сфери.Порака што сè уште не е разбранаОвие избори уште еднаш потсетија дека родовата еднаквост не е само декларативна цел, туку прашање на култура, поддршка и доверба. Сè додека жените остануваат исклучок во политиката, демократијата ќе остане половична.

Македонија | пред 4 месеци

media-library9c52jggp7g0v6mdksVD

(Видео) Падна уште една оставка во СДСМ, но и барање за оставка од Венко Филипче

Кандидатот за градоначалник на Ѓорче Петров од СДСМ, Костадин Ацевски, кој воедно е и претседател на нивната општинска организација, поднесе оставка од партиската функција.„Верувам дека е исправно и потребно, оставка да поднесат и претседателот Венко Филипче и целото раководство на СДСМ“, вели Ацевски.Тој посочува дека оставките ги бара не само поради лошите резултати туку и поради начинот на дејствување.

Македонија | пред 4 месеци

maduro-696x418-1

Трамп: Деновите на Мадуро се одброени

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека деновите на венецуеланскиот лидер Николас Мадуро се одброени, алудирајќи на можни политички промени во Каракас.Изјавата на Трамп, дадена во интервју за CBS, доаѓа во момент кога САД распоредуваат воени единици во Карибите и изведоа повеќе напади врз бродови осомничени за транспорт на дрога.На прашање дали САД ќе влезат во војна со Венецуела, Трамп одговори:„Се сомневам. Не мислам дека ќе се случи тоа.“Но, на прашањето дали Мадуро е при крајот на своето владеење, Трамп беше поодреден:„Би рекол дека е така. Да, мислам дека неговите денови се одброени.“Мадуро претходно го обвини Вашингтон дека ја користи борбата против трговијата со дрога како изговор за „наметнување промена на режимот“ и контрола врз венецуеланската нафта.Според извештаи, во 15 американски напади врз бродови на Карибите и Пацификот загинале најмалку 65 лица.Говорејќи од својата резиденција Мар-а-Лаго во Флорида, Трамп изјави:„Секој брод кој го гледате полн со дрога убива по 25.000 луѓе и уништува семејства низ целата земја.“На директно прашање дали САД планираат копнени операции во Венецуела, Трамп не ја исклучи можноста:„Не можам да ви кажам што ќе направам со Венецуела — дали ќе го направам тоа или не.“

Свет | пред 4 месеци

media-librarygsu361v9ampd06dybNg

(Видео) Силни експлозии во Русија: Украински дронови ја погодија рафинеријата во Саратов

Серија силни експлозии ја потресоа руската Саратовска област во текот на ноќта, при што на мета се најде нафтена рафинерија оддалечена околу 800 километри од границата со Украина, јавува Kyiv Post.Според локалните извори, нападот се случил во близина на воздухопловната база Енгелс, која Русија ја користи како појдовна точка за бомбардерите што вршат напади врз украинските градови.Жителите на Саратов и околината на Енгелс опишале „моќни експлозии на небото“, кои започнале околу 00:50 часот, проследени со воздушни сирени, блесоци и звуци на пресретнување дронови. Прорускиот канал SHOT објави дека експлозии се слушале со часови, а жители на неколку окрузи пријавиле зуење и активирање на противвоздушната одбрана.На социјалните мрежи се појавија снимки од голем пожар во регионалната рафинерија на нафта, една од најстарите во Русија. Руски воени блогери тврдат дека еден од дроновите ја погодил постројката AVT-6, која има клучна улога во преработката на сурова нафта.Руското Министерство за одбрана соопшти дека противвоздушната одбрана соборила 64 украински дронови во текот на ноќта, од кои 29 над Саратовската област, што е растојание слично на она меѓу Киев и Варшава. Од Киев засега нема официјален коментар за нападот.Нападот следува ден по ударите врз нафтените постројки во пристаништето Туапсе, на брегот на Црното Море, каде што избувнал пожар на танкер и биле оштетени згради и инфраструктура на терминалот.Извор од Службата за безбедност на Украина (СБУ) подоцна потврди за Kyiv Post дека тие стојат зад нападот во Туапсе, дел од поширока операција за погодок на руската нафтна инфраструктура.

Свет | пред 4 месеци

media-libraryjsahk42s1lfveGFSTj5

(Видео) Жена прегазена на пешачки премин кај „Јосип Броз Тито“, возачот избегал кон Водно

Синоќа во центарот на Скопје се случи тешка сообраќајна несреќа во која тешко повредена е 79-годишна жена, а возачот кој ја удрил со автомобил побегнал од местото на настанот, потврдија од Министерството за внатрешни работи за „Скопје1“.„На 02.11.2025 во 19:10 часот во СВР Скопје е пријавено дека на улицата ‘Димитрие Чуповски’ во Скопје, патничко возило ‘Фолксваген Тигуан’ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.А. (33) од Скопје, удрило во пешакот М.М. (79) од Скопје и го напуштило местото на настанот“, соопштија од МВР.Во несреќата, жената се здобила со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. По преземените мерки, возачот бил пронајден и приведен на локалниот пат кон Средно Водно.„Извршен е увид и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе следува соодветна пријава“, додаваат од МВР.

Настани | пред 4 месеци

motor

Трагедија во Куманово: Младо момче загина во тешка сообраќајка

Дваесет и едногодишен мотоциклист од Куманово го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа што се случи вчера во селото Длабочица, потврдија од Министерството за внатрешни работи за „Скопје1“.„На 02.11.2025 година, во 17:25 часот, во СВР Куманово било пријавено дека во село Длабочица се случила сообраќајна незгода во која моторцикл управуван од А.Д. (21) од Куманово излетал од патот. Во незгодата на лице место починал А.Д.“, соопштија од МВР.Полициски екипи извршиле увид на местото на несреќата, а се работи на утврдување на причините кои довеле до трагичниот настан.

Македонија | пред 4 месеци

evn-ptici-struen1

Дел од Скопје денеска без струја – прекини во пет општини

Неколку скопски општини денеска ќе имаат прекин во снабдувањето со електрична енергија поради технички зафати во дистрибутивната мрежа, информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје.Од 08:00 до 14:00 часот без струја ќе бидат корисниците од дел од село Долно Лисиче во општина Аеродром.Од 08:30 до 12:30 часот прекин ќе има за дел од улицата „Димче Милошевски“ во општина Гази Баба.Од 09:00 до 12:00 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците од дел од улицата „1“ во село Сопиште, општина Сопиште.Од 09:00 до 13:00 часот ќе има прекин на струја на дел од улицата „Димитар Мирсачев“ во Кисела Вода.Од 09:00 до 15:00 часот без напојување ќе останат објектите во околината на улицата „Леринска“ бр. 3 во Карпош.Од надлежните институции апелираат граѓаните навреме да се прилагодат на најавените прекини и да обезбедат алтернативни извори на напојување доколку е потребно.

Скопје | пред 4 месеци

media-libraryhb04ksaevr2232Vspet

Заврши ерата на ДУИ?

Коалицијата ВРЕДИ по завршувањето на вториот круг од локалните избори соопшти дека резултатите претставуваат „јасна пресуда на народот“ против, како што наведуваат, оние кои 23 години го држеле албанскиот народ како заложник на лаги и измами.„Изборите што ги нарекоа ‘референдум’ завршија како политички суд против оние што го држеа албанскиот народ како заложник 23 години со лаги и измами. Граѓаните јасно проговорија дека времето на манипулаторите е завршено“, велат од коалицијата.Од ВРЕДИ истакнуваат дека двата изборни круга потврдиле драматична промена во албанското гласачко тело и „пад на ДУИ од политичката карта на Северна Македонија“.„По две децении манипулација, оваа партија стана мала структура, без поддршка и без политички легитимитет. Ова не го кажува ВРЕДИ, туку слободниот глас на Албанците“, се наведува во соопштението.Во првиот круг, коалицијата освои победи во Чаир, Сарај, Арачиново, Желино и Теарце, додека во вториот круг триумфирала во Боговиње, Дебар, Струга, Долнени и Тетово.„Овие победи не се случајност, тие се отворено отфрлање на старата политика и потврда на вербата во новата“, нагласуваат од ВРЕДИ.Во партиското соопштение се наведува дека Албанците јасно знаат кој работи, а кој измамува, кој дели, а кој обединува, истакнувајќи дека ова гласање означува крај на една ера и почеток на „нова визија за албанската политика“.„ВРЕДИ го чита овој резултат како почеток на политика на одговорност, мерена со работа, понизност и почит кон граѓанинот. Нема да зборуваме за губитниците, бидејќи Албанците веќе проговорија“, стои во завршниот дел од реакцијата.

Македонија | пред 4 месеци

media-library5stgsih1rtbedllZtkN

Познато зошто Ана Чупевска се повлече од функцијата во СДСМ

Ана Чупевска, поднела оставка од потпретседателската функција во СДСМ, за времена изборниот молк.Во документот, кој бил архивиран во централата на СДСМ, Чупевска навела дека се повлекува поради суштински несогласувања околу концептот и начинот на работење на партијата.„Го преземам овој чекор поради суштински разлики во концептите за дејствување на партијата, како и поради разлики поврзани со методологијата на работење кои влијаат на перспективите на СДСМ“, стои во оставката објавена од ТВ24.Оставката на Чупевска доаѓа во пресрет на вториот изборен круг од локалните избори, кога дел од раководството на партијата се соочуваше со внатрешни несогласувања и притисоци поради слабиот рејтинг и резултатите на терен.Иако од СДСМ сè уште нема официјална реакција, претседателот Венко Филипче вечерта потврди дека Чупевска ја поднела оставката, додавајќи дека ќе продолжи соработката со неа „на друг начин“.

Македонија | пред 4 месеци

Screenshot-2025-08-18-at-19.50.21

Трамп дефинитивно одлучи: Нема „Томахавк“ ракети за Украина

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не планира да ѝ испрати ракети со долг дострел „Томахавк“ на Украина, и покрај претходните најави дека тоа прашање е разгледувано во Белата куќа.Одговарајќи на новинарско прашање во претседателскиот авион Air Force One, дали САД размислуваат да го испратат ова оружје во Киев, Трамп кусо изјави:„Не, всушност не.“Според CNN, Пентагон веќе дал зелено светло за потенцијално снабдување со крстосувачки ракети „Томахавк“, откако проценил дека тоа нема значително да влијае врз американските воени резерви. Но, крајната политичка одлука ја има претседателот Трамп, потврдија неколку американски и европски извори запознаени со ситуацијата.Трамп претходно овој месец, за време на работниот ручек со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Белата куќа, рекол дека не би сакал да ги испрати проектилите во Украина, бидејќи му се потребни „за заштита на САД“.Здружениот генералштаб на американската армија ја доставил својата проценка уште пред состанокот меѓу двајцата лидери. Зеленски, пак, побарал ракетите за да може поефикасно да ја таргетира руската нафтна и енергетска инфраструктура во внатрешноста на земјата.Проектилите „Томахавк“ имаат дострел од околу 1.000 километри, што би им овозможило на украинските сили да погодат цели далеку во Русија.Неколку дена пред средбата со Зеленски, Трамп изјави дека САД располагаат со „многу Томахавци“ кои би можеле да ѝ се дадат на Украина, но дека „сѐ уште не е донесена конечна одлука“. Со синоќешната изјава, таа дилема очигледно е затворена.

Свет | пред 4 месеци

eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-35-4260PM

Променливо облачно време со дожд и магла, до 21 степен

Денеска времето во земјава ќе биде променливо облачно, со појава на утринска магла во пониските котлини. Попладне и во текот на ноќта се очекуваат локални врнежи од дожд и услови за ретки грмежи, а ќе дува слаб до умерен јужен ветер.Минималните температури ќе се движат од 1 до 8 степени, а максималните од 16 до 21 степен.Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време, со слаба магла претпладне и повремени врнежи од дожд во попладневните часови. Ќе дува слаб југоисточен ветер, а температурите ќе се движат од 5 до 18 степени.Во наредните денови следува период на поголема променливост – утринска магла по котлините и повремени врнежи. Во вторник се очекува пад на дневната температура и северен ветер, додека во среда и четврток времето ќе биде стабилно и суво.Нови врнежи повторно се можни за време на следниот викенд.

Македонија | пред 4 месеци

ahmeti-4

Ахмети: Довербата на граѓаните не е ослабена, туку зајакната

По завршувањето на вториот круг од локалните избори, лидерот на ДУИ, Али Ахмети, изјави дека неговата партија и коалицијата НАИ ја добиле довербата на народот со над 23.000 гласови предност, оценувајќи ја оваа поддршка како „морален и политички мандат“ за продолжување на работата во нов дух – пообединет, подисциплиниран и посветен на граѓаните, пренесе „Коха“.„Победата на народното и општинското гласање, со разлика од над 23.000 гласови, е морален и политички мандат што нè обврзува да продолжиме пообединети, подисциплинирани и попосветени на граѓаните. На крајот на денот, легитимитетот на секоја политичка визија произлегува од довербата на граѓаните, а оваа доверба не е оштетена, туку зајакната“, изјави Ахмети.Во својот говор одржан во седиштето на партијата, тој нагласи дека ДУИ останува партија со стабилна поддршка и дека резултатите не се причина за разочарување, туку за преиспитување и нова енергија.„Ќе спроведеме длабинска анализа, ќе ги обновиме нашите редови и стратегии и ќе ги исправиме сите недостатоци за да им понудиме повеќе и подобро на граѓаните“, порача Ахмети, додавајќи дека губењето на неколку општини ќе биде искористено како повик за самоанализа и подобрување.Ахмети најави дека ДУИ ќе се фокусира на зајакнување на локалните структури и на подобро управување со локалната политика, со цел поефикасно претставување и обезбедување подобри услуги за сите заедници низ земјата.

Македонија | пред 4 месеци

netanjahu

Трамп најави дека ќе се „вклучи“ во судењето на Нетанјаху: „Ќе му помогнам, се однесуваат неправедно кон него“

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави во интервју за емисијата „60 Minutes“ на CBS дека ќе се „вклучи“ во судењето за корупција на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, со цел, како што рече, „да му помогне малку“, јавува Axios.Во разговорот со новинарката Нора О’Донел, Трамп го опиша Нетанјаху како „многу талентиран човек“ и „водач каков што му е потребен на Израел во време на војна“.„Мислам дека не се однесуваат добро кон него. Се суди за некои работи што не заслужуваат таков третман. Ќе се вклучиме малку за да му помогнеме, бидејќи сметам дека тоа е многу неправедно“, изјави Трамп.Интервјуто било снимено на 1 ноември, а емитувано вчера.Како што потсетува Axios, ова не е првпат Трамп да се вмеша во случајот против Нетанјаху. Минатиот месец, за време на своето обраќање во израелскиот парламент, тој неочекувано го повика претседателот Исак Херцог да го помилува Нетанјаху, велејќи:„Цигари и шампањ — кого воопшто го интересира тоа?“Оваа изјава се однесуваше на обвиненијата дека Нетанјаху примал луксузни подароци од бизнисмени. Подоцна Трамп откри дека самиот Нетанјаху го замолил да го спомне тоа во говорот.Трамп во неколку наврати преку својата социјална мрежа Truth Social повикуваше на обуставување на судењето, тврдејќи дека станува збор за политички мотивиран процес.Против израелскиот премиер се води процес по обвиненија за поткуп, измама и злоупотреба на довербата во три одделни случаи.Тој е обвинет дека примил подароци во вредност од над 200.000 долари од богати бизнисмени и дека на еден телекомуникациски магнат му овозможил регулаторни привилегии вредни стотици милиони долари, во замена за позитивно медиумско покривање.Судењето трае веќе четири години, со чести одложувања кои, според израелските медиуми, се резултат на тактики за одлагање од страна на Нетанјаху.Поранешен челник на безбедносните служби го обвини премиерот дека ги користи своите извршни овластувања за да го одолговлекува процесот.

Свет | пред 4 месеци

media-libraryhkkvcf0g2joucSQbgoi

Чудото од Индија: проговори човекот што преживеа пад на авион во кој загинаа 241 лице

Вишвашкумар Рамеш, единствениот преживеан од трагичната авионска несреќа на Air India, во која загинаа 241 лице, изјави дека се чувствува како „најсреќниот човек на светот“, но истовремено преживува длабока физичка и психолошка болка. Неговите снимки, на кои се гледа како се оддалечува од местото на падот на авионот — а неговото преживување многумина го нарекоа чудо.Несреќата се случи во јуни, кога Boeing 787, на лет од западна Индија кон Лондон преку Ахмедабад, се урна само неколку минути по полетувањето и беше зафатен од пламен. Во трагедијата загинаа сите патници и членови на екипажот, како и 19 лица на земја.Во емотивно интервју за BBC News, Вишвашкумар раскажа дека го изгубил својот помлад брат Ајај, кој седел само неколку редови подалеку:„Јас сум единствениот преживеан. Сè уште не можам да поверувам. Тоа е чудо. Но изгубив сè — изгубив брат кој ми беше потпора, човекот кој секогаш ме поддржуваше.“Оттогаш, неговиот живот се претворил во осаменост:„Сега сум сам. Само седам во собата и не разговарам со сопругата и синот. Не можам. Само сакам да бидам сам.“Во болницата во Индија, каде се опоравувал, раскажал како успеал да се извлече од урнатините и да исползи низ отвор во трупот на авионот. Таму го посетил и индискиот премиер Нарендра Моди.По враќањето во својот дом во Лестер, Велика Британија, Рамеш за првпат проговори јавно, во присуство на локалниот лидер Санжив Пател и портпаролот Рад Сигер. Со солзи во очите, раскажа дека не може да зборува за катастрофата:„Мајка ми веќе четири месеци секој ден седи пред вратата и не зборува со никого. Јас, пак, не можам да спијам. Секој ден е болен. За сите нас.“Рамеш сè уште има тешки физички последици — болки во ногата, рамото, коленото и грбот.„Кога одам, одам бавно. Жена ми ме држи за рака. Не можам ни да работам, ни да возам“, вели тој.Според неговите советници, Рамеш страда од посттрауматски стресен синдром (ПТСП), дијагностициран уште во Индија, но по враќањето во Британија не добил соодветен третман. Тие ја обвинија авиокомпанијата дека лошо се однесувала со него и побараа итен состанок со раководството на Air India.„Тој е уништен – психички, физички и финансиски,“ рече Пател. „Оваа трагедија ја уништи неговата фамилија. Луѓето кои се одговорни мора да излезат пред јавноста и да се соочат со жртвите.“Air India му понудила привремена отштета од 21.500 фунти, која ја прифатил, но неговите советници сметаат дека тоа не е доволно ни за покривање на основните потреби.Семејниот бизнис со рибарство во Индија, што го водел со својот брат, целосно пропаднал.Портпаролот Рад Сигер истакна дека три пати барале средба со компанијата, но сите нивни барања биле игнорирани.„Ова не сме ние што треба да го правиме, туку Air India. Тие треба да седнат пред јавноста, да ги погледнат овие луѓе и да им помогнат“, рече Сигер.Од Air India, која е во сопственост на Tata Group, соопштија дека високи претставници редовно ги посетуваат семејствата на жртвите за да изразат сочувство.„На претставниците на господинот Рамеш им беше понуден состанок, и се надеваме на позитивен одговор,“ наведоа од компанијата, додавајќи дека поканата била испратена уште пред неговиот јавен настап.

Свет | пред 4 месеци

nafta-mazut

Нафтата поевтинува – стабилни цени до крајот на годината

Цените на нафтата на светските берзи минатата недела забележаа благ пад, губејќи дел од добивките остварени неделата пред тоа, поради бавниот економски раст на најголемите светски економии и зголемената понуда на пазарот.На лондонската берза, цената на барел сурова нафта се намали за 1,3 проценти, достигнувајќи 65,07 долари, додека на американскиот пазар барелот поевтини за 1 процент, на 60,88 долари.Неделата претходно цените пораснаа за околу седум проценти, како резултат на новите санкции на западните земји кон руската нафта, но минатата недела повторно благо се намалија. Побарувачката, според трговците, не се зголемува со очекуваното темпо, бидејќи растот на големите економии е умерен, а понудата постојано расте.Според проценките на Меѓународната агенција за енергија (IEA), почетокот на следната година би можел да донесе вишок на понуда, бидејќи производството во САД, Канада, Бразил, Гвајана и Аргентина ќе ја надмине побарувачката.Од друга страна, ОПЕК очекува зголемување на побарувачката во 2026 година за 1,3 милиони барели дневно, што е речиси двојно повеќе од прогнозите на IEA. Сепак, ОПЕК+ на последниот состанок во декември одлучи да ја зголеми производството за само 137.000 барели дневно, исто како во октомври и ноември, а значително помалку отколку во септември.Организацијата најави дека во првиот квартал од следната година нема да има ново зголемување на производството, што покажува дека не се очекува значителен раст на побарувачката и дека пазарот би можел да биде презаситен ако понудата дополнително се зголеми.Во моментов, најголема поддршка за цените на нафтата претставуваат санкциите на западните земји кон руската нафта, како и притисокот на Вашингтон врз Кина и Индија да ја намалат набавката на руска нафта и да се свртат кон американската или кон други извори на меѓународните пазари.Аналитичарите не очекуваат значајни промени на цените до крајот на годината. Според анкетата на Reuters, просечната цена на барел на лондонскиот пазар би можела да изнесува околу 68 долари, што е за околу 40 центи повеќе од претходната прогноза, додека на американскиот пазар се очекува цена од околу 64,80 долари за барел.

Свет | пред 4 месеци

c8c0395d-fc13-4585-9165-dfae2cd4763a

Критична состојба во украински Покровск — ризик од целосно опкружување и пресек на логистиката

Украинските борбени единици во градот Покровск, на југот од Доњецката област, се соочуваат со сериозна опасност од опкружување, велат воени извори и борци на првата линија. Според сведоштва од теренот, руските сили контролираат значителни делови од градот и вршат континуиран притисок кој ја загрозува можноста за пристап и снабдување на украинскиот гарнизон.Војник кој минатиот месец бил на положбите во Покровск вели дека единицата се повлекла трипати поради брзото напредување на противникот, и дека во еден момент раздалеченоста до непријателот се намалила на околу 900 метри. Повисок офицер од секторот, кој бараше да остане анонимен, проценува дека Русите контролираат околу 60 отсто од градот и дека ситуацијата „е катастрофална“.Како причина за пробивањето на одбраната се наведува долготрајната исцрпеност на украинските единици, недостигот од пехота и отворените „провалувачки“ рути кои окупаторите ги искористиле уште од јули. Според теренските извори, руската тактика вклучува интензивирано влегување во урбаните квартови, создавање жаришта на отпор и преместување на сили во позадината, што предизвикува „хаос“ и отежнато интервенирање.Командите од украинската страна го опишуваат противничкото дејствување како „тактика на исцрпување“: пешадија пробива зад фронтот, а првите линии често остануваат парализирани или принудени на отстапување. Операторите на дронови и други елементи на поддршката почесто се вклучуваат во непосредни борби отколку во нивните примарни задачи, што ја намалува нивната ефикасност.Врховното командување прифати мерки за зајакнување и планира вклучување дополнителни сили за „чистење“ на градот, но офицерите на терен предупредуваат дека таквите мерки ќе бидат неефикасни ако не се обезбедат контролирани бокови и линија на снабдување. Еден висок функционер јавно истакна дека доставил апел за предвремено прегрупирање — апел кој, според неговите зборови, требало да биде реализиран пред повеќе недели.Уште поважен ризик е пресекувањето на логистичките патишта кон соседниот Мирнохрад: ако Покровск падне или биде целосно опкружен, пристапите кон Мирнохрад ќе бидат загрозени, што значително би го влошило одбранбениот потенцијал на целиот јужен сектор. Украинските команданти предупредуваат дека „Покровск и Мирнохрад се судбински поврзани“ — губењето на еден град ќе значи и критична опасност за другиот.На терен владее песимизам: борците кои го опишуваат моментот користат силни метафори, оценувајќи дека ситуацијата се влошува и дека, доколку не се изврши итно и координирано прегрупирање, голем број војници може да останат опколени, заробени или да ги загубат животите. Од штабовите, сепак, доаѓаат апели за зачувување на моралот и најави за контрамерки, но извештаите од првата линија укажуваат на итна потреба од конкретна и брза акција.Аналитичарите и воените извори заклучуваат дека иднината на јужниот фронт ќе зависи од способноста на украинските сили да ја зачуваат логистиката и да обезбедат соодветни резерви за прегрупирање. Доколку тоа не се случи, последиците за одбраната на регионалниот јужен фронт може да бидат далекусежни.

Свет | пред 4 месеци

media-library3sdi7sfb43leehTRB8q

(Видео) Максим по победата зад ди-џеј миксетата, заигра на хитот кој му го посветија на изборите

Во Куманово вчера се славеше трет последователен мандат за Максим Димитриевски, кој повторно ја доби довербата на граѓаните на локалните избори 2025 година.Иако изрази задоволство од победата, Димитриевски нагласи дека ниската излезност е сериозна порака од граѓаните која, како што рече, „ја разбира и ќе ја земе предвид“.Вечерта тој застана зад миксетата во локален клуб од каде ечеше хитот посветен на него.

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryvq4b884nut415x8qViO

Избројани се гласовите: ВМРО-ДПМНЕ го освои Скопје и 53 општини, ВРЕДИ втора сила, СДСМ зад нив

Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ извојува убедлива победа на Локалните избори 2025, освојувајќи градоначалнички места во Град Скопје и уште 53 општини низ земјата, покажуваат резултатите од двата изборни круга.Со тоа, владејачката партија ја потврди својата доминантна позиција на локално ниво, освојувајќи повеќе од две третини од сите општини во државата.Втора по број на освоени општини е коалицијата ВРЕДИ, која ќе управува со девет општини, додека СДСМ освои шест градоначалнички места. ДУИ со коалицијата НАИ ќе раководи со четири општини. ЗНАМ има еден градоначалник.На вториот изборен круг, кој се одржа вчера, се избираа градоначалници во 32 општини и во Град Скопје, додека во првиот круг на 19 октомври беа избрани 44 градоначалници.

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryfrj67cq6ac5j6DvmADJ

Апасиев најави пекол во Собранието: ВРЕДИ ги зафркна ДПМНЕ, а Мицкоски ја изгуби Западна Македонија

По завршувањето на вториот круг од Локалните избори 2025, лидерот на Левица, Димитар Апасиев, се обрати на прес-конференција со жестоки критики кон двете најголеми политички партии, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, но и кон коалицијата ВРЕДИ.„По којзнае кој пат балистичко-врховистичката коалиција потфрли и ВРЕДИ ги зафркна ДПМНЕ насекаде каде што очекуваа нивни гласови. За возврат на кусогледоста на Мицкоски, крубан отиде Западна Македонија. Патриоти, продолжете да си го гласате Мицкоски,“ изјави Апасиев.Тој упати порака и до своите членови и симпатизери, нагласувајќи дека Левица водела кампања со скромни ресурси, но со, како што рече, „огромен ентузијазам“.„Зарем мислевте дека со 16.000 евра на Фејсбук можевме да победиме ламја која вцица милијарда евра во овие избори? Тие ги имаа милијардите, а ние им се спротивставивме само со едно блендирано комбе,“ истакна Апасиев, додавајќи дека партијата успеала да покаже дека вистинската опозиција постои надвор од традиционалниот политички естаблишмент.Апасиев најави дека Левица ќе бара измени на Изборниот законик и поголема застапеност во Државната изборна комисија (ДИК).„Ќе имате пекол во Собранието ако не го измените Изборниот законик и ако не ни дадете член во ДИК,“ порача тој.Во завршниот дел, Апасиев го пофали кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Амар Мециновиќ, кого го нарече „новото лице на Левица“ и „специјалец што достоинствено ја претставил партијата“.

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryv6aubag2q6ii7ak4AaG

(Фото) По победата во Кичево, го ранат Ахмети со кекси: ‘Послатко оди тоа!’

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Жаклина Пешевска, со колеги и поддржувачи од партијата, објави фотографија на социјалните мрежи со колачи, испраќајќи порака до лидерот на ДУИ, Али Ахмети.„На пат за Кичево мекици не се во тренд, сега е време за кекс, послатко оди тоа. Кичево е Македонија!“, напиша Пешевска во објавата, алудирајќи на изборната победа на ВМРО-ДПМНЕ во Кичево.Нејзината порака е јасна политичка реакција на изјавата на Ахмети од минатата година, кога тој му порача на Христијан Мицкоски:„Растен си со гурабии и кекси, не барај си ја белјата, бирај ги зборовите.“Објавата на Пешевска предизвика бројни реакции на социјалните мрежи, а симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ ја поздравија како духовита порака по големата победа во Кичево.

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryhscqqtc4sqerbOIwaRh

Орце Ѓорѓиевски по победата: Го поразивме купот коалиции, им простувам за ударите по семејството

Новoизбраниот градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, вечерва по изборната победа изјави дека веднаш по примопредавањето на функцијата ќе започне со работа за подобрување на состојбите во градот.„Веднаш по земањето на уверението, ветувам дека ќе се борам да ги поправиме состојбите. Дозволете ми да се заблагодарам на мојата најсилна поддршка – претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Се собираа, се групираа, правеа јавни и тајни коалиции, но Скопје покажа дека е вистински обединет град и денеска ги поразивме сите. Бидејќи имаше и ниски удари, и удари под појас, сакам да се заблагодарам на моето семејство“, рече Ѓорѓиевски во своето обраќање пред поддржувачите.По него, збор зеде и премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој му честиташе на Ѓорѓиевски и на сите победници од коалицијата.„Им честитам на сите градоначалници и им порачувам дека ги чека многу работа. Нема да биде лесно, но со поддршка од Владата ќе направиме многу за овој народ. Народот е тој што ни ја даде оваа доверба и нему му должиме сè – и во животот и во политиката“, рече Мицкоски.

Скопје | пред 4 месеци

Screenshot-2024-05-12-at-12.28.42

Мицкоски не ја исклучува можноста за нова парламентарна реалност

Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вечерва изјави дека се надева на прегрупирање на политичките сили во Парламентот, без притоа директно да потврди дали се подготвува за нови парламентарни избори.„Се надевам дека дел од силите и во Парламентот ќе се прегрупираат во периодот што следи“, изјави Мицкоски, одговарајќи на прашање дали постои можност за распишување предвремени парламентарни избори.Со оваа изјава, премиерот индиректно потврди дека се можни нови политички коалиции или преминување на поединечни пратеници од други партии на страната на ВМРО-ДПМНЕ, со цел обезбедување посилна парламентарна поддршка за владините политики.

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања