Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Трамп дефинитивно одлучи: Нема „Томахавк“ ракети за Украина

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Свет
Screenshot-2025-08-18-at-19.50.21

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не планира да ѝ испрати ракети со долг дострел „Томахавк“ на Украина, и покрај претходните најави дека тоа прашање е разгледувано во Белата куќа.

Одговарајќи на новинарско прашање во претседателскиот авион Air Force One, дали САД размислуваат да го испратат ова оружје во Киев, Трамп кусо изјави:

— реклама —

„Не, всушност не.“

Според CNN, Пентагон веќе дал зелено светло за потенцијално снабдување со крстосувачки ракети „Томахавк“, откако проценил дека тоа нема значително да влијае врз американските воени резерви. Но, крајната политичка одлука ја има претседателот Трамп, потврдија неколку американски и европски извори запознаени со ситуацијата.

— реклама —

Трамп претходно овој месец, за време на работниот ручек со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Белата куќа, рекол дека не би сакал да ги испрати проектилите во Украина, бидејќи му се потребни „за заштита на САД“.

Здружениот генералштаб на американската армија ја доставил својата проценка уште пред состанокот меѓу двајцата лидери. Зеленски, пак, побарал ракетите за да може поефикасно да ја таргетира руската нафтна и енергетска инфраструктура во внатрешноста на земјата.

Проектилите „Томахавк“ имаат дострел од околу 1.000 километри, што би им овозможило на украинските сили да погодат цели далеку во Русија.

Неколку дена пред средбата со Зеленски, Трамп изјави дека САД располагаат со „многу Томахавци“ кои би можеле да ѝ се дадат на Украина, но дека „сѐ уште не е донесена конечна одлука“. Со синоќешната изјава, таа дилема очигледно е затворена.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryn0at4km4a84jamHzvVd

Зеленски: на Путин мора да му се каже дека не е во право

Свет | пред 4 минути

— реклама —
media-libraryajt7hsoh6jk4dxK9h6y

Дронови и ракети над нуклеарни зони: Киев алармира за ризик од нова катастрофа

Свет | пред 1 ден

media-libraryat0lrpmbh2bj2vc69Kd

Зеленски ја одби американската понуда: „Не сме идиоти“

Свет | пред 6 дена

media-library0s99ieppvlg1dWOtv48

Дете убиено во сон: 11-годишен ученик загина во руски напад на Киев

Свет | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања