Промени тема
За нас
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу

Кристијан Ландов

media-libraryk4ggm8grn2t25tpOs8B

(Видео) Ноќна акција на плоштадот – Скопје конечно се чисти по долги години запуштеност

Во рамките на најавената акција за чистење на главниот град за 72 часа, ноќеска десетици работници рачно и со механизација работеа на расчистување на плоштадот „Македонија“.Со метли, цистерни и машини се миеја и чистеа плочките, клупите, фонтаните и спомениците, а се вршеше и празнење на кантите за отпад и собирање на насобраниот смет. Акцијата е дел од првата голема операција што ја спроведува новоизбраниот градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, кој најави дека градот ќе биде исчистен „од корен“ во рок од три дена.Оваа иницијатива доаѓа по години јавни критики и негодување за состојбата во која се наоѓаше центарот на градот, со валкани плочки, нефункционални фонтани и запуштени јавни површини.Според Град Скопје, акцијата ќе продолжи и во наредните денови, а во неа се вклучени сите јавни претпријатија со цел градот да добие „нов сјај“ пред почетокот на зимата.

Скопје | пред 4 месеци

media-library77614r3so4gffLZss0S

(Видео) Снимка од Трамп се прошири со молскавична брзина: спиеше или не на средба?

Фотографии на кои се чини дека претседателот Доналд Трамп задремал во Овалната сала за време на официјален настан, се проширија со молскавична брзина низ социјалните мрежи, отворајќи нова лавина коментари за неговата работна способност и здравствена состојба, пренесува CNN.Снимките се направени во четврток, додека Трамп објавувал мерки за намалување на цените на популарните лекови за слабеење. На фотографиите се гледа како тој држи затворени очи, а во некои моменти се чини дека се бори да остане буден, триејќи го лицето со рака.Критиките од политичките противници не изостанаа. Канцеларијата на гувернерот на Калифорнија, Гавин Њусом, на „X“ објави фотографии со саркастичен коментар: „Поспани Дон се врати.“На обвинувањата остро реагираше портпаролката на Белата куќа, Тејлор Роџерс, која ги нарече вестите „бесмислени“.„Претседателот не спиеше; напротив, зборуваше цело време и одговараше на прашања од новинарите. Настанот беше важен – најави историско намалување на цените на два клучни лека кои им помагаат на Американците што се борат со дијабетес, срцеви заболувања и дебелина. Наместо да се зборува за тоа, пропаднатите либерални медиуми туркаат празни приказни,“ изјави Роџерс за CNN.Иако фотографиите отворија сомнежи за замор, Трамп често држи долги говори и редовно одговара на новинарски прашања, а негови соработници ја истакнуваат неговата енергија.Само еден ден пред настанот во Белата куќа, Трамп имал повеќе од еден час говор во Мајами, а неодамна се вратил од интензивна турнеја во Азија.Сепак, прашањата за неговото здравје не престануваат, особено бидејќи со 79 години е највозрасниот претседател во американската историја. Минатиот месец откри дека направил магнетна резонанца, без да објасни зошто, а претходно Белата куќа објави дека лекарите му дијагностицирале хронична венска инсуфициенција поради оток на нозете.

Свет | пред 4 месеци

avion

Прекинат воздушниот сообраќај во САД – илјадници летови откажани поради недостиг на контролори на летање

Соединетите Американски Држави се соочуваат со сериозен колапс во воздушниот сообраќај, откако повеќемесечниот застој во работата на федералната влада доведе до тежок недостиг на контролори на летање.Според податоците на Федералната управа за авијација (FAA), проблемите со смените на контролорите ги зафатиле 42 кули и контролни центри, со доцнења во најмалку 12 големи градови, меѓу кои Њујорк, Чикаго, Сан Франциско и Атланта. Околу 1.500 летови биле откажани, а над 6.000 доцнеле.Поради безбедносни причини, FAA им наложи на авиокомпаниите да го намалат бројот на дневни летови за 4%, а од вторник намалувањето ќе достигне 6%, додека на 14 ноември ќе изнесува 10%. Контролорите, околу 13.000 на број, како и 50.000 припадници на безбедносните служби, работат без плата речиси шест недели, што доведе до масовни отсуства и дополнителен хаос.Авиокомпаниите American Airlines, Delta, Southwest и United веќе откажаа стотици летови и предупредија дека е „речиси невозможно“ да се планира распоред на летање доколку кризата продолжи.Проблемите се резултат на политичка блокада во Сенатот, која трае рекордни 38 дена. Републиканците, со поддршка на претседателот Доналд Трамп, инсистираат на „чист“ закон за финансирање на владата, додека демократите бараат вклучување на продолжување на субвенциите за здравствено осигурување (ACA).Демократскиот лидер Чак Шумер понудил компромис – повторно отворање на владата со едногодишно продолжување на субвенциите – но предлогот бил одбиен како „неприфатлив“.„Ова е интергалактички циркус,“ изјави републиканскиот сенатор Џон Кенеди од Луизијана, додека демократот Бен Реј Лухан предложи „да ги заклучат сите во сала додека не постигнат договор“.Доколку не се постигне политички договор, FAA предупреди дека ќе мора да се намали бројот на летови и до 20%, што може да доведе до нови доцнења и масовни откажувања.Во меѓувреме, стотици илјади државни службеници работат без плата, а патниците низ целата земја остануваат заглавени на аеродромите, додека Вашингтон останува без компромис помеѓу републиканците и демократите.

Свет | пред 4 месеци

filipce

Не смееме да дозволиме Заев, Груби, Ден Дончев, Филипче, како порано, и покрај сомневањата за криминали, да шетаат слободно, велат од ВМРО-ДПМНЕ

По апсењето на директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, ВМРО-ДПМНЕ реагираше со став дека партијата нема да толерира незаконски постапки и дека законот мора да важи за сите подеднакво.„ВМРО-ДПМНЕ ги повикува надлежните институции да го истражат случајот. Нема да толерираме неправилности и одговорност мора да има. ВМРО-ДПМНЕ нема да ги толерира неправилностите и девијантните однесувања на поединци за кои има сомнение дека го прекршиле Законот. Законот за сите е ист,“ стои во реакцијата на партијата.Од партијата порачуваат дека секој што ќе биде фатен во корупција или криминал и за кого ќе има докази, мора да одговара, без разлика на функцијата или политичката припадност.„Не смееме да дозволиме општеството повторно да потоне во мрак, како порано, кога луѓе како Заев, Љупчо Николовски, Груби, Филипче, Перпарим Бајрами, Ден Дончев, Рашковски и слични на нив, за кои има основани сомневања или пресуди за сторен криминал, слободно шетаа по улиците.“Од ВМРО-ДПМНЕ испратија апел до институциите – Обвинителството, МВР и Финансиската полиција – целосно да го истражат случајот и да постапат во согласност со законските процедури.

Македонија | пред 4 месеци

media-library73b90f5hpo9f2UA91LN

Левица: Наместо нови автобуси во ЈСП – нови автобуси за приватните превозници

Партијата Левица остро реагираше на најавата на градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, дека од понеделник ќе започнат да сообраќаат 55 нови автобуси на приватните превозници, оценувајќи дека тоа е уште едно „импровизирано решение“ на штета на јавниот интерес.„Наместо нови автобуси во ЈСП, нови автобуси за приватните превозници! Четири години ВМРО-ДПМНЕ го држеше Советот на Град Скопје во блокада и не гласаа за набавка на нови еко автобуси, поради што јавниот превоз колабираше, а градот западна во хаос. Денес, кога ја имаат целата власт, се обидуваат да изиграат спасители и најавуваат нови автобуси од приватници, наместо системско јакнење на ЈСП,“ стои во соопштението на партијата.Левица обвинува дека ваквиот потег отвора сомнеж дека се подготвува терен за приватизација на јавните претпријатија, наместо за нивно реформирање и модернизација.„Се поставува прашањето зошто приоритет им е набавка на автобуси за приватниците, а не за Јавното сообраќајно претпријатие? Истите тие што беа против купување нови автобуси, сега носат импровизирани решенија. Истиот двоен стандард го гледаме и со Градска хигиена – Скопје тонаше во смет поради нивните блокади, а сега се сликаат со метли како да го чистат туѓиот неред,“ порачаа од партијата.Од Левица додаваат дека нивните советници во Советот на Град Скопје ќе се спротистават на секоја одлука што го фаворизира приватниот интерес пред јавниот и нема да дозволат, како што велат, „дополнително уништување на јавните претпријатија.“„Ние сме за силно, јавно и модерно ЈСП, а не за приватизација и политички маркетинг,“ се наведува во соопштението на Левица.

Скопје | пред 4 месеци

Screenshot-2024-12-05-at-15.57.12

Девојка обвинета за сообраќајка во која едно лице загина, избегала од Македонија – распишана потерница

Девојката Викторија З. која во ноември минатата година предизвика тешка сообраќајна несреќа на патот Кавадарци – Неготино, во која загина едно лице, а тројца беа повредени, побегнала од Македонија додека траел судскиот процес против неа.Станува збор за 19-годишна обвинета, која не била предмет на никакви мерки на претпазливост – немала забрана за напуштање на државата, ниту ѝ бил одземен пасошот, поради што слободно ја напуштила земјата.Од Обвинителството за „Скопје1“ ја потврдија информацијата дека се известени од судот дека обвинетата е недостапна за органите на прогонот, по што е распишана потерница.Судскиот процес, и покрај нејзиното бегство, може да продолжи во нејзино отсуство, а доколку биде осудена, казната ќе може да ѝ се изрече и издржи по нејзиното пронаоѓање.Несреќата се случила во ноември 2024 година кога автомобил управуван од девојката излетал од патот и удрил во друго возило, при што загинало едно лице, а три биле повредени.

Македонија | пред 4 месеци

media-library9dq4sf68of5h0YXtVz5

Украински дронови ја погодија електричната трафостаница во северна Русија – Москва тврди дека соборила над 80 беспилотни летала

Три украински дронови во текот на ноќта ја погодиле електричната трафостаница во руската област Вологда, соопшти регионалниот гувернер Георгиј Филимонов.Според него, оштетувањето сè уште се проценува, но снабдувањето со електрична енергија во регионот не е прекинато. Областа Вологда, која се наоѓа северно од Москва, околу 1.900 километри од границата со Украина, досега не била редовна цел на украински напади.Филимонов ја објави информацијата на својот Телеграм-канал, наведувајќи дека екипите на терен работат на санација на последиците од нападот.Во последните месеци, украинските беспилотни летала често ги напаѓаат руските енергетски и индустриски објекти, особено во регионите Белгород, Брјанск, Курск и Саратов.Градот Саратов, кој се наоѓа на реката Волга, веќе неколку пати бил цел на украински дронови, иако е оддалечен повеќе од 600 километри од украинската граница.Москва: Соборени над 80 дроновиРуското Министерство за одбрана соопшти дека противавионската одбрана соборила повеќе од 80 украински дронови, од кои најголемиот дел над регионите што граничат со Украина.Според соопштението, ниеден од нападите не предизвикал сериозни штети или жртви, иако руските извори признаваат дека дел од инфраструктурата е погодена.Украинските власти не ја коментираа официјално операцијата, но веќе извесен период Киев води интензивна кампања со дронови насочена кон руските енергетски, воени и индустриски цели длабоко во внатрешноста на Русија.

Свет | пред 4 месеци

orban-tramp1

Орбан: САД ѝ дадоа на Унгарија целосно изземање од санкции за руската енергија

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави во Вашингтон дека неговата земја постигнала договор со САД, со кој Унгарија добила потполна и неограничена изземеност од американските санкции за користење руска енергија преку гасоводот „Турски тек“ и нафтоводот „Дружба“.Орбан, кој се сретна со американскиот претседател Доналд Трамп, по средбата одржа заедничка прес-конференција со шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто, нагласувајќи дека овој договор ја „спасил унгарската политика на ниски режиски трошоци“.„Од американскиот санкциски систем сега успеавме да се извлечеме, но со европските санкции допрва ќе водиме борба“, рече Орбан, додавајќи дека Унгарија повеќе не мора да стравува дека најавените американски мерки против руските енергенти ќе се применат и врз неа.Сијарто потврди дека и други држави се обиделе да добијат сличен изземок.„Да санкциите стапеа на сила, сметките на домаќинствата драстично ќе пораснеа. По денешната средба, таа опасност повеќе не постои за Унгарија“, изјави тој.Еден од најважните делови на договорот, според Орбан, се однесува на гасоводот „Турски тек“ и нафтоводот „Дружба“, преку кои Унгарија увезува руски гас и нафта.„Овие две стратешки линии добија изземок без временско ограничување. Со тоа успеавме да ја одбраниме политиката на пониски трошоци за граѓаните“, истакна Орбан.Тој прецизираше дека без постигнатиот договор, сметките за струја и греење во декември би биле двојно повисоки.Орбан објави и дека САД повлекле сè што било проблематично околу изградбата на нуклеарната електрана „Пакс 2“, проект кој се реализира во соработка со Русија.„Во врска со завршувањето на ‘Пакс 2’ нема повеќе американски сомнежи. Такви санкции во иднина нема да бидат воведени,“ рече Орбан.Американската страна, според Будимпешта, потврдила дека нема да воведува ниту да одржува санкции кои би ја попречиле изградбата на нуклеарката.Иако Унгарија успеала да обезбеди изземок од американските мерки, санкциите на Европската Унија остануваат, а Орбан најави „борба во Брисел“.Тој потсети дека се спротивставува на планот на ЕУ до крајот на 2027 година постепено да се отфрлат руските енергенти, оценувајќи дека станува збор за одлука што може да се донесе со квалификувано мнозинство, без согласност на сите членки.Трамп: „Некои земји зборуваат едно, а купуваат руско гориво“Американскиот претседател Доналд Трамп коментираше дека многу европски држави и натаму купуваат руска нафта, иако тврдат дека не зависат од неа.„Некои европски земји немаат проблем каков што има Унгарија, а сепак купуваат многу руска нафта. Тоа ме вознемирува повеќе,“ рече Трамп.Орбан, пак, повтори дека географијата е реалност и дека алтернативите, како снабдувањето преку Хрватска, имаат премал капацитет за да ги задоволат енергетските потреби на Унгарија.

Свет | пред 4 месеци

media-libraryj1oobhttss730S9QXJV

Притвор за директорот на Агенцијата за финансиска поддршка Илија Стоилев и уште три лица – петтата осомничена во куќен притвор

Кривичниот суд – Скопје го прифати предлогот на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) и одреди мерка притвор од 30 дена за директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (АФПЗРР), Илија Стоилев, и уште три лица осомничени во случајот за поткуп поврзан со програмата ИПАРД. Петтата осомничена е ставена во куќен притвор.„Судија на претходна постапка, по произнесување на петтемина осомничени кои попладнево беа спроведени во судот, донесе решенија со кои за Џ.Н., А.Ф., Ф.Ф. и И.С. го прифати предлогот на ОЈО ГОКК и на сите четворица им определи мерка притвор од 30 дена заради опасност од бегство, влијание врз сведоци и можност за повторување на делото. За петтоосомничената Ј.К. судот го прифати променетиот предлог на јавниот обвинител и ѝ определи мерка куќен притвор,“ соопштија од Судот.Притворот следува по акцијата на ОЈО ГОКК и МВР, во која беа уапсени пет лица, меѓу кои и Стоилев. Според Обвинителството, постои основано сомнение дека управител на приватно правно лице му понудил поткуп од 50.000 евра на директорот на Агенцијата, за да потпише договор за користење финансиски средства иако фирмата не ги исполнувала условите од јавниот повик бр. 01/24 за ИПАРД мерка 3.Во акцијата биле уапсени и даночен референт од УЈП, како и државен службеник од Министерството за земјоделство, кои се сомничат дека посредувале во поткупот. При претресот биле пронајдени и одземени 400 евра, дел од ветениот поткуп.„Иако правното лице на првоосомничениот не ги исполнувало условите од јавниот повик, директорот, по ветување за подарок во износ од 50.000 евра, го потпишал договорот и примил дел од средствата,“ соопштија од Обвинителството.Портпаролот на МВР, Гоце Андреевски, потврди дека постои основано сомнение за повеќе кривични дела – давање поткуп, давање награда за противзаконито влијание, примање награда и примање поткуп.Премиерот Христијан Мицкоски ја поздрави акцијата, нагласувајќи дека Владата нема да толерира вакво однесување.„Јас во неколку наврати сум кажал дека таков тип на девијантно однесување нема да се толерира. Откако имаше дојави, се случи акцијата. Од овој момент случајот е во рацете на Обвинителството и судовите,“ изјави премиерот.Директорот Илија Стоилев, кој неодамна во интервју за ТВ24 уверуваше дека „врски фаќање нема“ и дека постапките во Агенцијата се целосно контролирани, сега се наоѓа зад решетки.Во минатото Стоилев бил претседател на Советот на Општина Свети Николе во два мандата, директор на Народниот музеј во градот, како и раководител на подрачната единица на Министерството за земјоделство.

Македонија | пред 4 месеци

media-librarye5rr6edbo4dpaGGM1tK

Нема договор со ВЛЕН за наследникот на Филипче да го замени Меџити во Владата, тврди Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека лично го познава Беким Сали, но дека нема никаков договор меѓу ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ВРЕДИ за кадровски промени во Владата.„Јас кажав дека го познавам Беким Сали и дека имам мислење како личност. За структурни промени во Владата не сме збореле. Подготвен сум да зборувам. Но дека имаат нешто договорено со ВМРО-ДПМНЕ – нема такво нешто,“ изјави Мицкоски.Изјавата на премиерот следи откако на прес-конференција портпаролот на коалицијата „ВРЕДИ“, Дритон Сулејмани, потврди дека Беким Сали ќе го наследи Изет Меџити на функцијата прв вицепремиер, откако Меџити реши да ја преземе градоначалничката функција во Чаир.Сали беше министер за здравство од 2022 до 2023 година, кога на таа позиција го наследи Венко Филипче.

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryv0a7b6hcplp80LH24GQ

Мицкоски: Во 21 век зборуваме за елементарни работи, тоа е комично – но мора да се направат

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека состојбата со јавната чистота во Скопје е апсурдна и дека е неверојатно во 21 век да се зборува за теми кои би требало одамна да бидат решени.„Се доведовме во ситуација во 21 век да зборуваме за елементарни работи, тоа делува и комично. Но работи кои мора да се направат, мора да се направат,“ рече Мицкоски, коментирајќи ја акцијата за чистење на градот што ја спроведува Град Скопје.Тој додаде дека е свесен колку чудно звучи кога јавноста слуша изјави за „исчистени контејнери“, но дека тоа е реалноста во која се наоѓа градот.„Навистина делува смешно, ве разбирам. И јас понекогаш би се насмеал на ова што го зборуваме, но се доведовме во ваква ситуација,“ изјави премиерот.Мицкоски го пофали градоначалникот Орце Ѓорѓиевски за тоа што, како што рече, „во рекордно време ги мобилизирал сите капацитети“, како и општествено одговорните компании што се вклучиле во акцијата за чистење.„Ако ништо друго, можевме да видиме дека контејнерите се чисти и празни,“ додаде тој со иронија, нагласувајќи дека тоа е само почеток на потребните промени.

Скопје | пред 4 месеци

Screenshot-2024-09-02-at-08.29.55

60 приватни автобуси ќе бидат ставени во функција, БРТ системот влегува во ребалансот

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најави нов пакет мерки за подобрување на јавниот градски превоз, по состојбата со нефункционалните линии и гужвите низ градот.„Имаме средба со приватните превозници по овој настан. Како што најавив, ќе бидат ставени во функција 60 приватни автобуси дополнително кои ќе го олеснат транспортот на нашите сограѓани. Во ребалансот ќе влезе и БРТ системот,“ изјави Ѓорѓиевски.Тој нагласи дека доколку навистина сакаме да го решиме сообраќајниот хаос во главниот град, мора да се понуди комбинација од различни транспортни решенија што ќе им помогнат на граѓаните во секојдневното движење.„За многу скоро време, нашите сограѓани ќе добијат ефикасен и ефективен јавен транспорт каков што заслужуваат,“ додаде градоначалникот, потенцирајќи дека модернизацијата на системот е еден од главните приоритети на новата градска администрација.

Скопје | пред 4 месеци

media-library64igmk16bdlgaC3rvLw

Обвинителите нема да отворат предмет по допрен глас за вработените во „Комунална хигиена“ – ќе чекаат...

Јавното обвинителство засега нема намера да отвори предмет по допрен глас за случајот со 731 лице во „Комунална хигиена – Скопје“ кои, според градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, земале плата без да одат на работа. Обвинителите велат дека ќе чекаат постапување од МВР и Финансиската полиција, кои се надлежни институции за утврдување на кривични дела.„Надлежни институции за откривање на кривични дела се МВР, Управата за финансиска полиција, инспекторатите... До обвинителството до овој момент не е доставена ниту пријава, ниту известување,“ соопштија од Обвинителството.На прашањето дали има основа да се отвори истрага по допрен глас, од таму одговорија:„Доколку не постапат надлежните институции, тогаш би имало основ.“Обвинителството прецизира дека може да постапува само кога ќе добие конкретни сознанија дека во одреден настан има елементи на кривично дело, додавајќи дека обврските на сите други органи се прецизно утврдени во Законот за кривична постапка.Во моментов, истрага се води само за последниот директор на „Комунална хигиена“ и уште едно лице, кои се наоѓаат во притвор. Тие се осомничени за загрозување на животната средина поради хаосот со несобраниот отпад што го зафати главниот град во текот на претходните недели.

Скопје | пред 4 месеци

media-library1qdipces7q7s8pfpSxn

(Видео) Отпуштени 371 лицe од Комунална хигиена!

Новата градска администрација започна со чистење и во институциите — градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска соопшти дека од ЈП „Комунална хигиена – Скопје“ се отпуштени 371 работник кои, според утврдените податоци, со години примале плата без да се појавуваат на работа.„Тоа се луѓе кои сите ние, скопјани, ги плаќаме со години наназад, а не оделе на работа, а земале плата. Во минатото се правеа драми дека се постапува, дека некој се брка, но во суштина се правела само замена. Во овој систем, секој што врши злоупотреби, ќе биде отстранет,“ изјави Ѓорѓиевски.Тој додаде дека се спроведува темелна ревизија на јавните претпријатија, при што е утврдено дека над 800 вработени навистина извршувале работни задачи, додека останатите биле фиктивно пријавени.„Овде имате над 800 работници од јавните претпријатија кои редовно оделе на работа. Но, имате и такви кои со месеци, па и години, земале плата без да се појават. На тоа му дојде крај,“ нагласи градоначалникот.Со ова, акцијата за реорганизација и одговорност во градските претпријатија, најавена од Ѓорѓиевски уште првиот ден од стапување на функцијата, влегува во полна сила.

Настани | пред 4 месеци

media-library1f1ulolociql60gtqc5

(Фото) Мицкоски со дронски фотографии од собирот за чистење на Скопје

Премиерот Христијан Мицкоски вечерва објави дека започнува големата акција за чистење на Скопје, придружувајќи ја објавата со дронски фотографии на кои се гледаат десетици камиони, машини и работници собрани пред СЦ „Борис Трајковски“.„Вечерва голема акција за чистење на сметот во Скопје!“, напиша Мицкоски во објавата, со која го поддржа првиот проект на новиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски.Акцијата, која започнува во 20:30 часот, има за цел во рок од 72 часа да се исчисти целиот град, како што претходно беше ветено од Ѓорѓиевски. На терен се наоѓаат десетици камиони и стотина работници, кои ќе работат низ сите општини во Скопје.

Скопје | пред 4 месеци

media-libraryear4rpuap5sj7mmb2l4

(Видео) Шеги со „утре по бели чорапи ќе треба да одиме“, по собирот на машини и работници за чистење на Скопје

Пред платото на Спортскиот центар „Борис Трајковски“ вечерва владее голема мобилизација — десетици камиони, цистерни и механизација се поставени и подготвени за почеток на големата акција за чистење на Скопје, која треба да започне во 20:30 часот. Граѓаните се шегуваат „утре по бели чорпаи ќе треба да оди“, бидејќи Скопје е во период кога вакво чистење е невообичаена акција.На терен веќе се присутни и повеќе од стотина работници, кои ќе имаат задача да го соберат отпадот, да ги изметат и исперат улиците, како и да ги расчистат запуштените простори во главниот град.Оваа акција е првото ветување на новоизбраниот градоначалник Орце Ѓорѓиевски, кој најави дека во рок од 72 часа ќе биде исчистен секој агол на Скопје.„Скопје повеќе нема да живее во запуштеност, туку во град достоен за своите граѓани. Почнуваме веднаш – со чистење, ред и дисциплина“, изјави Ѓорѓиевски претходно денес.

Скопје | пред 4 месеци

media-library9t6q807lunus2D7UVvm

Уапсен директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството, Илија Стоилев – Обвинителството води истрага за корупција

Актуелниот директор на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (АФПЗРР), Илија Стоилев, попладнево е уапсен, потврдија извори од истрагата.Од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) засега не даваат детали, но кусо информираат дека по налог на јавен обвинител, истражители од Истражниот центар при Обвинителството заедно со припадници на МВР вршат претреси на повеќе локации низ државата, поради основано сомневање за сторени кривични дела од коруптивна природа.Илија Стоилев ја презеде функцијата директор на 26 јули 2024 година, а во јавноста е познат по својата изјава дека програмата ИПАРД 2 била реализирана со повеќе од 85%, по што, како што тврдеше, Европската Унија ја прогласила Македонија за лидер во регионот во искористување на европските фондови.Во јуни годинава, Стоилев јавно посочи дека наследил сериозни проблеми од претходното раководство, откривајќи дека повеќе од 70 предмети биле нерешени, со рок за завршување до крајот на 2024 година.„Кога стапив на должност, се соочив со сериозен проблем — над 70 предмети беа нерешени, а рокот за кампањата истекуваше за неколку месеци“, изјави тогаш Стоилев.Тој нагласуваше дека Агенцијата има обврска да ја спроведува исплатата на средства по владините програми преку Министерството за земјоделство, и дека исплатите мора да бидат поткрепени со реални докази и документација за извршени инвестиции.Стоилев, кој пред назначувањето беше претседател на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Свети Николе, сè уште не се огласил по повод апсењето, а Обвинителството најави дека деталите ќе бидат соопштени дополнително.

Македонија | пред 4 месеци

media-library1gvc5rjf24hi4Aq49eN

(Фото) Орце со мајстори влезе во Град Скопје, ги трга рампите откако ја испрати Данела

Денес во Град Скопје беше извршен чин на примопредавање на функцијата градоначалник, со што Орце Ѓорѓиевски и официјално ја презеде управата со главниот град.„Од денес, Скопје е слободен, отворен и достапен за сите! Испишуваме ново поглавје во историјата на нашиот град – поглавје исполнето со работа, посветеност и резултати“, порача Ѓорѓиевски.Тој истакна дека веднаш започнува реализацијата на ветувањата, најавувајќи голема акција за чистење на градот, која започнува вечерва во 20:30 часот и ќе трае 72 часа, со цел да се исчисти секој агол, улица и запуштен простор.„Скопјани повеќе нема да живеат во запуштеност, туку во град достоен за нив. Ги отстранивме рампите – Скопје повеќе нема да биде затворен град, туку отворен за медиумите и за сите граѓани“, нагласи градоначалникот.Ѓорѓиевски најави и целосна ревизија на работата на градската администрација, при што ќе следуваат одговорности за сите што ја злоупотребиле својата позиција.„Секој што се огрешил – ќе одговара, а секој чесен и вреден работник ќе биде награден и почитуван. Време е да ставиме ред, време е Скопје повторно да биде симбол на достоинство, ред и надеж“, порача Ѓорѓиевски, додавајќи дека Скопје може подобро – и тоа подобро го овозможуваме заедно.

Скопје | пред 4 месеци

media-library5o1m34i4koba2BfbCJI

(Во живо) Жешка дебата за шемата која остави куп Македонци без леб: Зоран Витанов за „Лајконес“, „Лајконет“, „Мајворлд“

Вечерва ќе видиме што се случи со „Лајконет“, „Лајонес“, „Мајворлд“..Ветувањата, случувањата, заглавените „инвеститори“ во овие шеми..Но и за нешто од политика, бидејќи тој беше пратеник и заменик минситер за економија.. Гостува Зоран Витанов, акционер во „Мајворлд“, надворешен соработник на компаниите, учесник во шемата:

Македонија | пред 4 месеци

media-library5mat1j9e5tg648eq87S

Поради претекнување се случил судирот кај Плетвар каде загинаа две лица

Основното јавно обвинителство Прилеп соопшти дека дежурен јавен обвинител извршил увид на местото на тешката сообраќајна несреќа што вечерва се случи во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман.Според првичните сознанија, до несреќата дошло при претекнување и судир на два автомобили кои се движеле во иста насока. Во сударот животот го загубиле две лица, меѓу кои и возачот на едното возило, а петмина се здобиле со повреди.Обвинителот издал наредби за прибирање на траги од местото на несреќата, како и сообраќајно и машинско вештачење на двата автомобила.„Врз телата на починатите ќе биде извршена обдукција, а кај преживеаниот возач ќе се испита евентуално присуство на алкохол или други супстанции. Се преземаат дејствија за утврдување на причините за несреќата“, информираат од Обвинителството.

Македонија | пред 4 месеци

media-library7qgcqdanepmkf3p7SOB

Хорор во Скопје: Девојче на 16 години сексуално злоупотребено од очувот, мајката знаела но не спречила

Основното јавно обвинителство Скопје соопшти дека донело наредба за спроведување истражна постапка против двајца сопружници осомничени за продолжено кривично дело – обљуба со злоупотреба на положбата, по член 189 став 2 од Кривичниот законик.Според обвинителството, очувот на жртвата, девојче родено во 2009 година, подолг временски период ја злоупотребувал својата положба и ја принудувал на обљуба и други полови дејствија, иако му била доверена на чување и воспитување.Во злосторството учествувала и мајката на девојчето, која знаела за злоупотребите, но не ги пријавила ниту ги спречила. Со тоа, како што наведува обвинителството, таа не го заштитила сопственото дете, иако девојчето повеќепати барало помош од неа.Јавниот обвинител предложил притвор за осомничениот очув, додека за мајката се предложени мерки на претпазливост.Воедно, обвинителството најави координација со Центарот за социјални работи за преземање мерки за згрижување на трите малолетни деца во семејството, меѓу кои и жртвата на злоупотребата.

Скопје | пред 4 месеци

media-librarymvhqi6g141pperknuhR

(Фото) Две лица загинаа, пет повредени во тешка сообраќајка на патот Прилеп – Росоман

Тешка сообраќајна несреќа се случи денеска околу 17:00 часот на патот А1 Прилеп – Росоман, во близина на селото Радобил, потврдија од Министерството за внатрешни работи.Според првичните информации, во несреќата учествувале две патнички возила, при што пет лица се здобиле со повреди, а двајца загинале на лице место.„Од несреќата пет лица се здобиле со повреди, од кои три се пренесени во болница во Прилеп, а две во болница во Кавадарци, а лекар констатирал смрт кај две лица,“ информираат од МВР.Полицијата извршува увид на местото на несреќата, а сообраќајот од 18:00 часот се одвива по една коловозна лента со наизменично пропуштање на возилата.Од МВР додаваат дека деталните информации за причините и околностите на несреќата ќе бидат соопштени по завршувањето на увидот.

Македонија | пред 4 месеци

media-library9qgknk71fh657X5hU9a

Со неприлагодена брзина е усмртен велосипедистот на мостот „Гоце Делчев“ - се бара одземање на возачката на возачот

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице поради сомнение за сторено тешко дело против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, по член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик.Како што соопшти Обвинителството, на 3 ноември, осомничениот 37-годишен возач, управувајќи автомобил „Фолксваген пасат“ по булеварот „Гоце Делчев“ во Скопје, не се придржувал кон сообраќајните прописи и со неприлагодена брзина го загрозил јавниот сообраќај.Пристигнувајќи на пешачкиот премин на крстосницата со улицата „Лазар Личеноски“, со предниот дел на возилото удрил во велосипед управуван од Јорго Ќука, кој се движел по обележаниот пешачки премин. Од ударот велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди и починал.Надлежниот јавен обвинител предложил до судот да се определат мерки на претпазливост за осомничениот – одземање на македонска и српска патна исправа, одземање на возачка дозвола, забрана за напуштање на живеалиште и обврска за редовно јавување пред надлежен државен орган.

Скопје | пред 4 месеци

media-librarye5rr6edbo4dpaGGM1tK

Ексминистерот за здравство од времето на СДСМ ќе биде прв вицепремиер наместо Меџити

Портпаролот на коалицијата „ВРЕДИ“, Дритон Сулејмани, потврди дека досегашниот министер за здравство Беким Сали ќе го наследи Изет Меџити на функцијата прв вицепремиер на Владата. Меџити, кој ја извршуваше оваа должност, ќе ја преземе градоначалничката функција во општина Чаир по победата на локалните избори.„Ние веќе функционираме како ВРЕДИ и досегашните министри беа министри на ВРЕДИ, а не на одделни политички партии, така и ќе продолжиме. Како што има најавено Меџити, негов наследник на позицијата прв вицепремиер ќе биде Беким Сали, додека за министер за животна средина и просторно планирање ќе биде назначен друг и за тоа допрва ќе се одлучува. Сѐ уште нема конкретно име“, изјави Сулејмани на денешната прес-конференција.Беким Сали беше министер за здравство од 2022 до 2023 година, во владата предводена од СДСМ.Одговарајќи на новинарско прашање што очекува да се случува со ДУИ по изборите, портпаролот Сулејмани изјави дека во таа партија се потребни суштински промени, но не очекуваат дека нешто драстично ќе се промени во нивното делување.

Македонија | пред 4 месеци

Screenshot-2024-01-28-at-12.15.26

Се ,,кројат” нови изборни правила, за измени во Кривичниот законик се уште нема разговори

Спикерот Африм Гаши по координацијата со пратеничките групи имаше брифинг со новинарите.Пратеничките групи договориле разговори со цел консензуално да се донесат новите изборни правила. Се чека предлод за нов Изборен законик од Извршната власт.Со измените или со ново законско решение треба да се стави крај на сите детектирани проблеми за парламентарните, претседателските и локалните избори.,,Препораките на ОБСЕ, финансирање на кампањата, цензусот за кандидирање на независни кандидати, можностите за нов изборен модел ќе бидат опфатени во разоворите, вели Гаши. Непознато е дали и несменливоста на градоначалниците ќе биде предвидена.Координаторите не го отвориле прашањето за членовите од Кривичниот законик кој се однесува на амнестијата и за функционери осомничени за корупција и злоупотреба на службената положба и овластувањата. Ова прашање крена голема прашина и критики во јавноста, а некои функционери ,,ќарија” oд измените во законикот.Во врска со распишувањето на локалните избори во Гостивар, Центар Жупа, Врапчиште и Маврово Ростуше, каде не беше постигнат законскиот цензус за излезност, Гаши најави консултација со Државната изборна комисија. Според него има нејаснотии околу рокот за распишување на нови избори во овие 4 општини. Според Изборниот законик, повторените избори треба да се распишат во рок од 60 дена од објавувањето на конечните резултати од Локалните избори, но дилемата кај Гаши е дали тие 60 дена се бројат од конечноста на резултатите во првиот круг, кога ДИК констатираше дека во 4 општини не е постигнат цензусот или по конечните резултати после вториот круг.Претседателот Гаши информираше дека на 15 јануари наредната година истекува мандатот на актуелниот состав на ДИК, тајминг кога треба да се одржат повторените избори во четирите општини. Според законот и толкувањата, мандатот на член на ДИК трае 5 години, до избор на нов член и со оваа формулација „до изборот на нов“ ќе се продолжи мандатот на актуелните членови додека завршат изборите во четирите општини, но и за ова ќе требаат консултации.

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања