Промени тема
За нас
ВО ЖИВО

Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу

Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу

Кристијан Ландов

izbori-makedonija-Copy

Вториот круг од локалните избори ќе го следат 1598 набљудувачи

За вториот круг на локалните избори акредитирани се 1598 набљудувачи од кои 933 домашни, 651 меѓународен и 14 странски новинари, соопшти на седница Државната изборна комисија.Во Македонија се гласа во втор круг за 32 градоначалника и за градоначалник на градот. Општините каде денеска се гласа за градоначалник се Град Скопје,  Аеродром, Боговиње, Брвеница, Валандово, Виница, Дебар, Дебарца, Демир Капија, Карпош, Кичево, Конче, Кочани, Крушево, Куманово, Лозово, Македонска Каменица, Македонски Брод, Могила, Неготино, Пробиштип, Ранковце, Росоман, Струга, Студеничани, Тетово, Центар, Чешиново Облешево, Чучер Сандево, Шуто Оризари, Долнени, Дојран и Зрновци.Во општина Шуто Оризари на 4 ибирачки ќе се прегласува и за советничката листа поради костатирани неправилности.

Македонија | пред 4 месеци

anglija-pozar

Избодени лица со нож во воз во Англија, двајца се уапсени

Британската полиција уапси две лица поради бодење на неколку лица со нож во воз што сообраќаше низ Кембриџшир. Инцидентот се случил навечер, а вооружени полицајци и служби за итни случаи реагирале на пријава за напад врз воз на LNER што сообраќал кон Хантингдон, јавува Би-Би-Си .Сè уште не е познато колку луѓе се повредени или сериозноста на нивните повреди. Полицијата продолжува да собира информации, а областа околу станицата Хантингдон останува блокирана.Истрагата за нападот е сè уште во тек, а полицијата засега не открива детали за можните мотиви.

Свет | пред 4 месеци

media-librarym5f239j3rm2r48hRBgD

Сонце уште денес, од утре дожд

Времето денеска во претпладневните часови ќе биде со појава на магла, а во текот на денот ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност.Од Управата за хидрометеоролошки работи велат дека ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе биде од минус 1 до 7 Целзиусови степени,а дневната ќе се движи од 16 до 23 степени.Во Скопје, времето денеска претпладне ќе биде со појава на слаба маглa. Преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од југоисточен правец. Температурата ќе се движи од 6 до 21 степен.Веќе за утре се прогнозира променливо облачно време, претпладне по одделни котлини со услови за појава на магла.Според најавите од УХМР, утре попладне, во текот на ноќта и во вторник ќе има повремени локални врнежи од дожд кои на некои места ќе бидат пообилни. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, а дневната температура ќе опадне за неколку степени. Од среда повторно се очекува стабилно и суво време.

Македонија | пред 4 месеци

media-librarynrobr0iub9jjewyTFSX

Сообраќајот се одвива непречено, по претежно суви коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози, се вели во извештајот за состојбата на патиштата во 06:00 часот, на АМСМ.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryv0kajqreadk4fw6thRt

Македонија избира градоначалници, започна вториот круг од локалните избори 2025

Во земјава денеска се одржува вториот круг од Локалните избори 2025. Сите избирачки места се отворени во 07:00 часот, а ќе бидат затворени во 19 часот.Граѓаните ните повторно излегуваат на гласачките места за да го изберат градоначалникот во општините каде што ниту еден кандидат не успеа да обезбеди мнозинство во првиот изборен круг.Ќе се избираат градоначалници во 32 општини и во Градот Скопје, а за советници ќе се прегласува на три избирачки места во Шуто Оризари.Право на глас во вториот круг на изборите имаат 1 013 375 гласачи. Од нив право на глас во Град Скопје имаат 474 304 избирачи.Во Скопје во општините Центар, Аеродром, Карпош ќе има две ливчиња за гласање, бидејќи се бира градоначалник на Скопје и на локалната самоуправа, додека во Шуто Оризари на три гласачки места ќе се гласа и за градоначалници, но ќе има прегласување и за советничлата листа.Во останатите општини ќе се гласа само за градоначалник.Резултатите од гласањето се очекува да бидат објавени вечерва, откако ќе биде завршено пребројувањето на гласовите.

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryb6gsubl421ar6yqZ28J

ДИК: Гласањето на болните, немоќните и лицата во затвори и домови помина без проблеми

Државната изборна комисија (ДИК) соопшти дека денеска се спроведе гласањето на болните и немоќните лица, лицата кои се на издржување на казна затвор или во притвор, како и на лицата сместени во установите за вонсемејна грижа. Гласањето се одвиваше во општините каде утре ќе се одржи вториот круг од локалните избори и во Градот Скопје.Од вкупно 4.826 болни и немоќни лица, до 20:00 часот гласале 3.327 гласачи.Во 14 казнено-поправни установи, каде што право на глас имаат 1.256 лица, до 18:30 часот гласале 588 гласачи, додека од 214 лица сместени во установите за вонсемејна грижа, своето избирачко право го оствариле 125 гласачи.„Гласањето за сите овие категории на гласачи се одвиваше непречено и без никакви проблеми и недоследности“, соопшти ДИК.Од Комисијата прецизираат дека резултатите од денешното гласање нема да се објавуваат посебно, туку сите гласачки ливчиња се ставени во затворени пликови и во гласачките кутии.Броењето на овие гласови, како и објавувањето на резултатите, ќе се изврши заедно со резултатите од редовното гласање утре по завршувањето на изборниот ден во 19:00 часот, за секое избирачко место и општина каде што се гласа.

Свет | пред 5 месеци

media-library6luptdtmvsbe4u2JdsB

Сопругата на Игор Југ со емотивна порака по смртта на Кире Ѓорѓиевски: „Истата неправда, истата тишина зад затворските ѕидови“

Ивана Југ, сопругата на починатиот Игор Југ — осуден за настаните во Собранието на 27 април — упати емотивна порака на социјалните мрежи по веста за смртта на Кире Ѓорѓиевски, уште еден од осудените во истиот предмет, кој почина во штипскиот затвор.„Со длабока болка и искрено сочувство. Ноќеска не напушти Кире — уште еден од осудените во истото политичко дело во кое беше осуден и мојот сопруг. Судбината, за жал, повторно ја отвори раната. Истата приказна, истата неправда, истата тишина зад затворските ѕидови што зема животи пред вистината да излезе на виделина,“ напиша Југ.Таа потсети дека и нејзиниот сопруг Игор не ја дочекал правдата, додавајќи дека заминал „со вера дека еден ден вистината ќе победи“.„Сега, кога слушам дека и Кире го заврши својот живот во истите околности, срцето ми се кине — затоа што знам што значи тоа. Знам што значи да изгубиш човек зад решетки, во тишина, без правда, без мир,“ напиша таа.Југ упати и искрено сочувство до семејството на Ѓорѓиевски:„На семејството на Кире им упатувам најдлабоко сочувство. Нека Господ им даде сила да издржат во овие тешки моменти, како што секој ден ние се бориме да го носиме споменот за нашите најмили. Нека почива во мир, а вистината нека најде пат до светлината. Зашто вистината не умира — само чека некој да ја чуе. Почивај во мир, Кире! Во вечен спомен на Игор — и на сите кои неправдата ги одзеде предвреме.“

Коментари | пред 5 месеци

media-libraryi3jf2rmth9944Z9v0SB

Тројца млади од Виница приведени поради пронајдени траги од бела прашкаста материја

Полициски службеници од Полициското одделение во Македонска Каменица во петокот навечер извршиле контрола врз паркирано патничко возило марка „Фолксваген Пасат“ со винички регистарски ознаки, во кое биле затекнати три лица.Интервенцијата се случила на 31 октомври 2025 година, околу 23:10 часот, на улицата „Александар Македонски“ во Македонска Каменица. Возилото го паркирал Д.П. (21), а во него се наоѓале Д.К. (20) и малолетно лице на возраст од 15 години, сите од село во општина Виница.При прегледот, полицијата пронашла предмети со остатоци од бела прашкаста материја, поради што лицата биле повикани на службен разговор.Од Министерството за внатрешни работи информираа дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Македонија | пред 5 месеци

media-libraryo52c62htfhmbb4CDHPw

Се буните сите, а пола Македонија е со бугарски пасош – Станишиќ во одбрана на Цеца по инцидентот

Победникот на музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“, Никола Станишиќ, се огласи по инцидентот на концертот на Цеца Ражнатовиќ во Велес, кога пејачката за време на настапот подигна бугарско знаме, предизвикувајќи бурни реакции во јавноста.„Се разбудив со мисла за оние кои повеќе не се со нас, на Задушница во нивно име да ги спомнеме... ама денот сакал поинаку,“ напиша Станишиќ во објава на социјалните мрежи.Тој откри дека, според него, жената која му помогнала претходниот ден во Велес – фанклуберка на Цеца – била изманипулирана и дека не верува дека пејачката го направила гестот намерно.„Жената која ми помогна да го отсонувам сонот вчера во Велес била изманипулирана и тоа од свој верен фан, девојка која доаѓа на сите нејзини концерти. Како и зошто, тоа е друго прашање,“ напиша Станишиќ.Тој апелираше јавноста да не ги меша уметниците со политиката, нагласувајќи дека музиката треба да обединува, а не да разделува.„Задачата на музиката е сите да нè сплотува — Македонци, Срби, Бугари, Грци… сите сме луѓе на светов! Не дозволувајте политиката да влијае на здравиот разум! И едно знам — Цеца не би го направила тоа намерно, тоа е сигурно,“ напиша тој.Во својата објава, Станишиќ потсети дека и самата пејачка претходно ја пеела песната „Бисер Балкански“ заедно со него, држејќи македонско знаме на сцената.„Луѓе, доста е! Престанете да ги користите уметниците во политички цели! Тие се тука да ви го разубават животот!“Својата реакција ја заврши остро, упатувајќи критика за како што вели, лицемерието во јавноста:„Се буните сите, а пола Македонија е со бугарски пасош. Срамота!“

Магазин | пред 5 месеци

izbori-makedonija-Copy

Висок партиски функционер поднел оставка во пресрет на вториот изборен круг

Висок функционер на политичка партија поднел оставка на ден пред одржување на вториот изборен круг. „Скопје1“, почитувајќи ги законските правила, поради изборниот молк, не го објавува името на функционерот и партијата.По завршување на молкот ќе побараме став и од партијата и од функционерката.Неофицијално, причините се изборните резултати од првиот круг.

Македонија | пред 5 месеци

media-library3g7tes8sston4BxkVXV

„Вучиќ се извини, студентите не се откажуваат“: Нови Сад повторно на нозе

Илјадници луѓе денеска се собраа во Нови Сад за да ја одбележат првата годишнина од уривањето на бетонската крошна на главната железничка станица, несреќа што однесе 16 животи и поттикна најмасовни протести во Србија во последните децении, јавува АФП.Граѓаните положуваат цвеќе и палат свеќи крај привремената ограда покрај урнатиот влез во станицата, точно една година по трагедијата од 1 ноември 2024 година.Главната комеморација започна во 11:52 часот, во истото време кога се случи несреќата, а 16 минути тишина беа посветени на сеќавањето за жртвите.„Чувствувам огромна болка и тага“, изјавила за АФП 45-годишната Светлана, опишувајќи го тешкото расположение меѓу присутните.Трагедијата во Нови Сад прерасна во симбол на длабоко вкоренетата корупција и институционалната неодговорност, што предизвика континуирани студентски и граѓански протести низ цела Србија. Она што започна како барање за транспарентна истрага, брзо се претвори во движење за оставки и предвремени избори.Студентите, кои повикаа на „најголем комеморативен собир досега“, пристигнуваа во Нови Сад уште од петокот. Илјадници пешачеа околу 100 километри од Белград, а дел и од Нови Пазар, оддалечен повеќе од 340 километри. Нивниот марш траеше 16 дена — по еден ден за секоја жртва.Граѓаните на Нови Сад ги пречекаа со факели, знамиња и аплаузи, а улиците беа преполни.„Дојдов да се поклонам пред најсилната сила во Србија – нашите студенти, нашата младина,“ изјави Ратко Поповиќ (47) од околината на Нови Сад.Студентот по медицина Лука Ковачевиќ за АФП изјави: „Нашата совест нè води. Таа нè тера да се бориме за правда и подобра иднина за оваа земја.“Политички потреси и извинување од ВучиќПротестите што следеа доведоа до оставка на премиерот и пад на Владата, но претседателот Александар Вучиќ остана на власт. Тој често ги нарекуваше демонстрантите „државни непријатели финансирани од странство“, а членовите на неговата партија СНС шират теории дека уривањето можеби било „намерно предизвикано“.Во телевизиско обраќање во петокот, Вучиќ упати ретка јавна изјава на извинување:„Ова се однесува и на студентите и на сите со кои не се согласував. Се извинувам за тоа,“ изјави тој, повикувајќи на дијалог.Владата ја прогласи саботата за ден на национална жалост, а патријархот Порфиријe служи литургија во Храмот „Свети Сава“ во Белград. Приврзаниците на Вучиќ најавија дека ќе се соберат пред храмот за да им оддадат почит на жртвите.Повик на воздржаност од ЕУДелегацијата на Европската унија во Србија реагираше со повик до сите страни да покажат смиреност:„На оваа тажна годишнина, апелираме на воздржаност, намалување на тензиите и избегнување на насилство,“ стои во соопштението.Иако протестите главно беа мирни, во август се случија судири со полицијата и приврзаници на власта, што дополнително ја зголеми тензијата во земјата.

Свет | пред 5 месеци

media-libraryviram6u60rf5fszLNjn

(Видео) Трагедија, гнев и отпор – Србија се поклонува пред жртвите од Нови Сад

Втората колона граѓани и студенти денеска тргна од Плоштадот на слободата кон железничката станица во Нови Сад, каде што ќе се одржи главниот дел од комеморацијата по повод една година од трагедијата во која загинаа 16 лица.Главната програма започнува во 13:30 часот и ќе трае околу два часа. Потоа, во 15:30, ќе биде емитувана документарната серија „Прекретница“, посветена на настаните и последиците од несреќата, додека во 16:30 е најавена прошетка до кејот и придружна изложба. Вечерниот дел на програмата ќе продолжи од 18:30 часот, а комеморативниот собир ќе заврши симболично – со 16 минути тишина во 19:52 часот, во чест на 16-те жртви.По падот на натстрешницата, жвотот го загубија:Сара Фириќ (6), Валентина Фириќ (10) и Ѓорѓе Фириќ (53) од Ковиљ,Милица Адамовиќ (6), Сања Ќириќ Арбутина (35) и Милева Карановиќ (76) од Каќ,Немања Комар (17) од Степановиќево, Милош Милосављевиќ (21) од Книќанин, Стефан Хрка (27) од Белград, Анѓела Руман (20) од Стара Пазова, Горaнка Раца (58) од Нови Сад, Ѓуро Швоња (77) од Степановиќево, Вукашин Раковиќ (69) од Буковац и Васко Саздовски (46), од Македонија.Подоцна, Ања Радоњиќ (24) од Параќин почина од повредите на 17 ноември, а Вукашин Црнчевиќ (18) од Змајево, ученик од Нови Сад, почина на 21 март оваа година. Единствената преживеана со тешки повреди е Теодора Мартинко.Година по трагедијата, Нови Сад и цела Србија ја паметат катастрофата, протестите, апсењата и полициската бруталност што следеа по уривањето на бетонската крошна над железничката станица. Настанот предизвика бран граѓански револт и повици за одговорност на властите.Денеска, илјадници граѓани патуваат од Белград кон Нови Сад за да присуствуваат на комеморацијата. На автопатот е забележана голема гужва и застој кај наплатната рампа Нови Сад-Југ, каде задржувањето на возилата утрово достигнува и до триесет минути, според податоците на „Патишта на Србија“.

Свет | пред 5 месеци

media-librarynok06pjf7umk7NKNnXl

(Видео) Цеца по скандалот со знамето: Нема да се занимаваме со реакциите на социјалните мрежи

По инцидентот што се случи на концертот во спортската сала „Гемиџии“ во Велес, кога пејачката Цеца Ражнатовиќ подигна бугарско знаме, таа се огласи со изјава за „Бекстејџ“, објаснувајќи дека нејзиниот гест бил погрешно сфатен и дека немала намера да навреди никого.„Не е ништо необично што секогаш со радост го прифаќам секое знаме од мојата публика, затоа што тоа е мојата публика, мојот народ, моите луѓе. Нас нè поврзува љубовта кон песната, без разлика од каде кој доаѓа. Жал ми е ако тој гест некого повредил, тоа навистина не ми била намерата, а особено не да ги навредам или повредам домаќините. Верувам дека тоа го знаете“, изјави пејачката.Ражнатовиќ се заблагодари и на велешката публика за, како што рече, „прекрасната вечер, убавата енергија, љубовта и спомените што заедно ги создадовме“.Во однос на реакциите што се појавија на социјалните мрежи, таа додаде дека не сака дополнително да ги коментира: „Реакциите се случија во салата, меѓу мене и мојата публика. Ние знаеме како поминавме, што беше убаво, а што помалку убаво на концертот што траеше два часа. Тоа е она што е најважно.“„Нема да се занимаваме со реакциите на социјалните мрежи, затоа што сите ние што таа вечер бевме заедно во Велес знаеме што навистина се случи. Ништо и никој не може да застане помеѓу мене и мојата публика,“ порача Цеца.

Настани | пред 5 месеци

media-libraryoai9mgmlqcuuaWlGPDH

Почина осуденик од 27 април за претепувањето на Села, Ќосето прашува: Уште колку треба да умреме за да се наситите?

Почина Кире Ѓорѓиевски, осуден во предметот за „27 април“. Тој доби 13 години затвор за претепување на Зијадин Села, дело кое го негираше. Веста ја објави осудениот Горан Ангелов-Ќосето. Ѓорѓиевски бил и бранител од 2001 година.„Почивај во Мир Кире. И ти не дочека како братот Игор Југ да ја видиш слободата! Уште колку треба да умреме од 27 за да се наситите, уште колку додека ја чекаме правдата!!!“, напиша Ќосето.Ѓорѓиевски беше обвинет и осуден како човек кој што му ги задал најтешките удари на Села. Во 2017 година, кога издржуваше притвор, Ѓорѓиевски беше претепан од група затвореници. Иако се жалеше на казната од Кривичен, Апелација му ги потврди 13-те години робија.Пред Ѓорѓиевски, во февруари годинава, почина Игор Југ на 54 годишна возраст. Двајцата бараа слобода, откако повеќе од осум години ги минаа зад решетки.Од него, се простуваат пријатели преку социјалните мрежи.

Македонија | пред 5 месеци

Marta-Kos

Кос: Трагедијата во Нови Сад ја менува Србија и ја приближува кон европските вредности

Комесарката за проширување на Европската унија, Марта Кос, денеска по повод годишнината од падот на крошната на железничката станица во Нови Сад, изјави дека „таа трагедија ја менува Србија“.„Таа несреќа ги поттикна масите да се залагаат за одговорност, слобода на изразување и инклузивна демократија — истите вредности што ја водат Србија кон Европската унија“, порача Кос.Таа истакна дека сеќавањето на жртвите мора да биде потсетник за неопходноста од транспарентност и владеење на правото, но и доказ дека граѓанското општество во Србија има сила да бара промени.

Свет | пред 5 месеци

vulin

Вулин: „Третата светска војна започна со обединувањето на Германија“

Поранешниот министер и актуелен претседател на Надзорниот одбор на „Србијагас“, Александар Вулин, изјави дека Третата светска војна веќе трае подолго време и дека светот сега се наоѓа на работ на нуклеарен судир.Во интервју за руската новинска агенција РИА Новости, Вулин тврди дека почетокот на новиот глобален конфликт треба да се бара во моментот на обединувањето на Германија, кога, според него, започнала „ревизијата на исходот на Втората светска војна“.„Политиката на Западот нè доведе до работ на нуклеарна војна – не до Третата светска, која веќе долго време трае, туку до нуклеарна. Потребно е итно да се постигне нов глобален договор и да се признае дека еднополарниот свет е мртов. Само така ќе обезбедиме барем 50 години мир или живот без големи војни“, изјави Вулин.Тој додаде дека светот мора да се адаптира на „новиот баланс на сили“, каде повеќе не постои единствен глобален центар на моќ.Во истиот разговор, Вулин потсети на своите поранешни изјави дадени во рускиот град Казан, каде рече дека претседателот Александар Вучиќ се восхитува на Русија и дека тој и Владимир Путин се пријатели.„Србија се надева дека ќе стане дел од БРИКС – организација што нуди поголема слобода и не бара промена на политичкиот систем или приклучување кон санкциски режими“, истакна Вулин.Тој додаде дека Србија се чувствува добредојдена меѓу земјите-пријатели на БРИКС, бидејќи тие нудат алтернатива на западниот модел:„Првпат имаме избор. Мораме да научиме дека можеме сами да избираме. Ова е важно за нас.“Вулин потенцираше дека Србија ќе продолжи да негува пријателски односи со Русија, а за Вучиќ рече: „Мојот претседател навистина се восхитува на руската историја и култура и е цврст поддржувач на пријателството меѓу двете земји.“

Свет | пред 5 месеци

eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-30-3910PM

Пожар, штета и апсења: разобличена група што крадела кабли од јавни инсталации

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен акт против три лица осомничени дека како соизвршители сториле тешка кражба од објекти на јавни инсталации кои се од посебно значење за сигурноста на луѓето и имотот, дело казниво по член 236 став 4 во врска со став 1 точка 1 од Кривичниот законик.Обвинетите, заедно со други лица кои сè уште не се идентификувани, во периодот од март до почетокот на мај годинава краделе високоенергетски и среднонапонски кабли од подземните тунели на фабриката „Железара“ во Скопје, конкретно од објектот на „Полуконти – ИГМ“. Каблите биле во сопственост на АД ЕСМ – Подружница енергетика Скопје и Макстил АД Скопје, а вкупната штета се проценува на околу 440.000 евра.Според обвинението, сторителите преку отвори со скалила влегувале во подземните тунели, со апарат проверувале дали каблите се под напон, а потоа со батериска брусалка ги сечеле и ги складирале за транспорт.На 9 април, како резултат на нивните дејствија, избил пожар во трафостаницата ТС Југ, со што била предизвикана дополнителна материјална штета од над 100.000 евра, а била нарушена и дистрибуцијата на електрична енергија, што предизвикало штета од уште 60.000 евра.На 6 мај, тројцата обвинети повторно дошле до објектот со возило „Фолксваген голф“ за да ги однесат каблите, но еден од нив се повредил при удар со кабел. По укажаната лекарска помош во Ургентниот центар „Мајка Тереза“, тие се вратиле на местото на кражбата по оставените алати, каде биле затекнати и уапсени веднаш по излезот од кругот на „Железара“.Обвинителството поднесе и предлог до Основниот кривичен суд Скопје за продолжување на мерката притвор за сите тројца обвинети, со образложение дека постои опасност од бегство, можност за влијание врз сведоци и ризик од повторување на делото.

Македонија | пред 5 месеци

media-libraryfds0egcapj3h5PtOCVz

(Видео) Цеца со исвиркување избркана од сцената во Велес, откако подигна бугарско знаме наместо македонско

Концертот на српската пејачка Цеца Ражнатовиќ, одржан вечерва во спортската сала „Гемиџии“ во Велес, заврши со инцидент кој предизвика бурни реакции во публиката и на социјалните мрежи.Според видеата што кружат онлајн, за време на настапот Цеца во еден момент подигнала бугарско знаме, потег кој веднаш ја подели публиката. Дел од присутните ја исвиркале и реагирале бурно, додека други го напуштиле концертот во знак на протест.Настанот, кој беше најавен како музички спектакл, неочекувано доби политичка димензија и отвори нова лавина од коментари и полемики на социјалните мрежи, каде што дел од јавноста го осуди гестот како провокација, додека други го оправдаа како дел од сценскиот настап.Организаторите засега не се огласиле за инцидентот, а видеата од моментот на подигањето на знамето за кратко време станаа вирусни.

Македонија | пред 5 месеци

eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-30-3910PM

„Хотелот не краде струја, станува збор за лажна кампања на Јанко Бачев“, тврди извесен Јован Невеселов за веста од ЕВН

По објавите дека при техничка контрола во станбена зграда на улицата „Луј Пастер“ биле пронајдени три нелегални и изгорени кабли поврзани со хотел кој повторно бил приклучен на нелегален извор на електрична енергија, до медиумите пристигна демант од Јован Невеселов, закупец на деловен простор во објектот.Во демантот, Невеселов тврди дека станува збор за лажна вест и организирана кампања од страна на Јанко Бачев, кој, како што наведува, има намера насилно да ги избрка долгогодишните закупци од просторот.„Бачев сака насилно да ме избрка од просторот со лажна пријава. Јас не користам нелегална струја, туку електрична енергија од обновлив извор – фотонапонска централа монтирана на хотелот на сопственикот на објектот,“ наведува Невеселов.Тој дополнително тврди дека Јанко Бачев незаконски се вселил во државен имот со кој стопанисува АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор, со што, според него, сторил кривично дело „самовластие“.„Со своето незаконско дивеење, тој насилно сака да ги избрка закупците кои таму се наоѓаат повеќе од 25 години. Затоа сега лажно пријавува дека крадеме струја, сакајќи на тој начин да ја узурпира целата зграда,“ пишува во демантот.Невеселов во дописот потсетува дека Бачев, како поранешен вработен во ДБК и лидер на минорна политичка партија, „со години се обидува преку притисоци и манипулации да ја присвои зградата“.Во демантот се наведува и дека по незаконско демонтирање на струјомерите, лице блиско до Бачев успеало од ЕВН да издејствува незаконска повторна монтажа на уред без согласност на сопственикот на објектот и надлежното државно претпријатие.„Останатите закупци, меѓу кои и јас, инвестиравме во енергија од обновливи извори и ја користиме легално. По повеќе од 30 лажни пријави до ЕВН, сега се објавуваат невистини за изгорени кабли. Тоа е крајно неточно, како и тврдењето дека хотелот крадел струја,“ заклучува Невеселов во својот демант.

Актуелно | пред 5 месеци

zena

Ужас во Петровец: ја гушел и се обидел да ѝ ги врзе нозете со каиш, жената со скршени ребра

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 67-годишен жител на селото Петровец, осомничен за тешка телесна повреда при семејно насилство, кривично дело казниво по член 131 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.Според обвинението, на 28 октомври, во семејниот дом по кратка вербална расправија, мажот со умисла физички ја нападнал својата сопруга, удирајќи ја со раце и нозе по телото и главата, по што ја гушел и се обидел со каиш да ѝ ги врзе нозете. Жената на моменти губела свест, но успеала да се ослободи и преку прозорецот да побегне кај соседите за да побара помош.Од нападот се здобила со тешки телесни повреди, меѓу кои скршеници на три ребра и бројни хематоми.Обвинителството оценува дека постои опасност од бегство на осомничениот, но и висока веројатност да го повтори насилството, особено затоа што дел од нападот го извршил во присуство на своите ќерки и малолетната внука.Поради тоа, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка притвор, со цел обезбедување на присуството на осомничениот и спречување нови насилни дејства.

Скопје | пред 5 месеци

media-libraryovnujnp18mg91kEa1t8

СДСМ се огради од Маја Мојсова по фотографијата со кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија остро ги демантираше шпекулациите дека му дава поддршка на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Сотир Лукровски, по појавувањето на фотографија на која тој е заедно со членката на СДСМ, Маја Мојсова.„СДСМ не дава никаква поддршка за Сотир Лукровски! Во целост ги демантираме шпекулациите дека фотографијата на Маја Мојсова со кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Сотир Лукровски, претставува било каква форма на поддршка од СДСМ“, соопштија од партијата.Од СДСМ нагласуваат дека партијата апсолутно не го поддржува кандидатот на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, „против кој се бореше во првиот изборен круг“, и дека ќе побараат објаснување од Маја Мојсова за објавената фотографија.

Македонија | пред 5 месеци

media-libraryece0fghg4i2e3WSZXZg

(Видео) Судир меѓу Геровски и Цветковска околу случајот ‘Пулс’: Овие снимки што јас ги објавив, Сашка ги скрила

Одговорниот уредник на „Плусинфо“, Бранко Геровски, реагираше по гостувањето на Сашка Цветковска од Истражувачката лабораторија – ИРЛ во подкастот „Претрес со Ландов“, во кој таа изнесе тврдења поврзани со неговата работа. Во својата реакција, Геровски ја обвини Цветковска за изнесување невистинити информации, тврдејќи дека таа неточно изјавила оти поседува целосен фајл со доказите и снимките од случајот, а дека тој не ги поседувал.Геровски наведе дека Јавното обвинителство доставило целосен извештај со снимени материјали до Судот, и дека дел од тие снимки се наоѓаат и во негова сопственост.„Во интерес на јавноста, а секако и како доказ дека Сашка Цветковска селективно објавила дел од снимките а дел ги скрила - сега знаеме дека таа ги скрила. бидејќи вели дека го поседува целиот извештај! - јас објавив дел од снимките. Овие снимки што јас ги објавив, Сашка ги скрила. Анализата на содржината на тие снимки покажа зошто ги скрила. Е сега... Дали јас ги поседувам снимките што ги објавив или не? Во мојот коментар на бруталниот напад на ИРЛ врз мене, јавно повикав двајца новинари да дојдат кај мене и да им го покажам делот од извештајот што јас го поседувам. Она што не можам да го дозволам е тие да ги објават снимките во онаа форма во којашто ги имам, бидејќи содржат податоци што не смеат да се објават. Она што моите колеги можат да утврдат е дали ги поседувам снимките чија содржина ја објавив (поседувам и други, иако не сите), во онаа форма во која се доставени од ЈО до Судот. Со други зборови, поканив двајца мои колеги - а и натаму канам! - да утврдат кој овде ја зборува вистината, а кој лаже. Па сами нека кажат што виделе и што заклучиле“, напиша Геровски.Во реакцијата, тој нагласи дека е подготвен двајца новинари или претставници на новинарски здруженија да извршат увид во материјалите што ги поседува, со цел да се утврди точноста на неговите наводи.„Јавно ги поканувам двајца колеги да дојдат и да видат дел од извештајот што го имам. Можат да потврдат дали ги поседувам снимките што ги објавив, во формата во која биле доставени од Обвинителството до Судот“, напиша тој.Во завршницата на реакцијата, Геровски се осврна и на тврдењата во подкастот поврзани со финансиското работење на „Плусинфо“, наведувајќи дека сите податоци за бонитетот и деловните резултати на издавачот „Плусинфо издаваштво“ се јавно достапни на интернет, и ги повика заинтересираните да ги проверaт.Целиот поткаст со Цветковска:Тврдењата на Цветковска, главна уредничка на ИРЛ:

Коментари | пред 5 месеци

benzinska-benzin-nafta-12

Се менуваат цените на горивата, има зголемувања

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,59% во однос на одлуката од 29.10.2025 година.Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 3,480%, кај дизелот за 1,760%, кај екстра лесното масло за 5,965%  и кај мазутот зголемувањето е за 3,830%.Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,0496%Од 31.10.2025 година од 00:01 часот максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:Моторен бензин       ЕУРОСУПЕР БС - 95                  73,50 (денари/литар)Моторен бензин       ЕУРОСУПЕР БС - 98                             75,50 (денари/литар)Дизел гориво            ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)            70,00 (денари/литар)Масло за горење      Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)               69,50 (денари/литар)Мазут М-1 НС                                                                 36,057 (денари/килограм)Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемува за 2,00 ден/лит.Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат.Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 31.10.2025 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Македонија | пред 5 месеци

media-librarymnlsigvs08kj0J6Vcnh

Здружението на пензионери од Општина Центар ја потврди поддршката за Горан Герасимовски во вториот круг од изборите

Здружението на пензионери на Општина Центар на средбата со кандидатот за нов мандат, Горан Герасимовски, ја потврди својата поддршка за него во вториот круг од локалните избори. Герасимовски, заблагодарувајќи им се на пензионерите, истакна дека нивната поддршка многу му значи.„Тоа е генерација која заслужува внимание, почит и помош, а јас како градоначалник, заедно со мојот тим, секогаш сме излегувале во пресрет. Им благодарам што го препознаа сето она што го правиме за нив, преку разни проекти и иницијативи. На средбата разговаравме и за идните планови, како и за можностите за унапредување на квалитетот на нивниот живот,“ истакна Герасимовски.На средбата се разговараше и за новата програма во која се предвидува изградба на дом за стари лица, во кој највозрасните ќе можат да домуваат по субвенционирана цена.Здружението изрази надеж дека одличната соработка со Општина Центар, а особено со градоначалникот Герасимовски ќе продолжи и во иднина.Пензионерите изразија задоволство од проектот „Сервис за стари лица“, како и од континуираната соработка со општината и нивната вклученост во креирање на политиките на локалната самоуправа.

Скопје | пред 5 месеци

IZBORI-GLASANJE-3

Цензусот не е достигнат – изборите се повторуваат во четири општини

Поради непостигнат цензус во првиот круг од локалните избори, во четири општини – Гостивар, Врапчиште, Центар Жупа и Маврово и Ростуше – ќе се повтори гласањето за избор на градоначалници.Како што информира Државната изборна комисија (ДИК), во овие општини не била постигната потребната излезност од најмалку една третина (33,33%) од запишаните гласачи, што е предуслов за успешност на изборите според Изборниот законик.Според податоците, одзивот на гласачите изнесувал:во Гостивар – 33,31%,во Врапчиште – 25,18%,во Маврово и Ростуше – 30,31%,во Центар Жупа – 21,49%.Со оглед на тоа што излезноста во ниту една од овие општини не го достигнала законскиот праг, изборната постапка ќе се повтори во целост.Согласно член 132 став (2) од Изборниот законик, ако во првиот круг не излезе најмалку една третина од гласачите, изборите се повторуваат. Дополнително, член 132-а предвидува дека повторените избори се одржуваат во рок од најмногу 60 дена по објавувањето на конечните резултати, а при тоа не важи условот за излезност.Тоа значи дека целиот прв круг во овие четири општини ќе се спроведе повторно во наредните два месеци, по што ќе следи и втор круг доколку има потреба.Во меѓувреме, вториот круг од Локалните избори 2025 ќе се одржи во недела, кога гласачите ќе избираат градоначалници во 32 општини и во Градот Скопје, додека изборот на градоначалници во 44 општини беше завршен уште во првиот круг.

Македонија | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања