Промени тема
За нас Контакт
„Претрес“ на Богдан Илиевски: 27 април, амнестијата, ВМРО, Алфа, пропагандата, Груевски...
„Претрес“ на Богдан Илиевски: 27 април, амнестијата, ВМРО, Алфа, пропагандата, Груевски...

Скопје1.мк

46804282_2706308569637663_264683870786420736_n-1

(ВИДЕО) Мицкоски толку многу се дереше во микрофонот, што се запали еден од звучниците!

Лидерот на партијата ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски толку многу се дереше во микрофонот, што се запали еден од звучниците!https://twitter.com/FurkanSaliu/status/1072900367246090245?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1072900367246090245&ref_url=http%3A%2F%2Fnarodenglas.com%2F%25d0%25b2%25d0%25b8%25d0%25b4%25d0%25b5%25d0%25be-%25d0%25ba%25d0%25be%25d0%25bc%25d0%25b8%25d1%2587%25d0%25b5%25d0%25bd-%25d0%25b8%25d0%25bd%25d1%2586%25d0%25b8%25d0%25b4%25d0%25b5%25d0%25bd%25d1%2582-%25d0%25bd%25d0%25b0-%25d0%25bc%25d0%25b8%25d1%2582%25d0%25b8%25d0%25bd%25d0%25b3%25d0%25be%25d1%2582-%25d0%25bd%25d0%25b0%2F

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

„Македонија блокира“ ќе го блокира патот Охрид-Струга: Сите Македонци имаме должност да се бориме да го одбраниме името

„„Македонија-Блокира“ вчера учествуваше на сенароден македонски протест во Прилеп со Здружението „Прилепски бранители“, а денес, недела е на блокада на патниот правец Охрид - Струга кај Мислешево во периодот од 13:00 до 16:00 часот. Со овие активности „Македонија - Блокира„ започна со најавуваните протести и блокади надвор од Скопје и во други градови низ Македонија.„Македонија- Блокира„ го реафирмира својот став дека во овој момент сите национални и патриотски сили имаат обврска единствени и сплотени да се борат против уставните промени со кои се брише се што е македонско.Сите ние како Македонци имаме света должност, сплотени и единствени, да се бориме македонците да не бидат избришани од светската мапа на нации, да се бориме да го одбраниме името, идентитетот, историја и традицијата на македонскиот народ. Оваа битка ќе биде решена со спречување на промена на Уставот, распуштање на Собранието и распишување избори со еден услов, а тоа е избори без Зоран Заев како премиер. Оваа борба е света должност и затоа Македонија ќе победи“, се вели во соопштението на Македонија Блокира.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

ВМРО-ДПМНЕ: Месечно амбасадата Германија издава над 1500 визи, а баратели се главно млади луѓе

Црнила ја завија државата откако СДСМ е на власт. СДСМ ветуваше враќање на иселените, а две години откако се на власт иселувањето се зголемува, а на државата и се случува тивок егзодус поради неспособноста, расипништвото и лошата економска политика на картелот на власт, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.„Младите повеќе не гледаат услови за живот во Република Македонија.Месечно амбасадата на Сојузна Република Германија издава над 1500 визи, додека амбасадата на Швајцарија од 500 - 700. Бројката е слична и за другите европски држави, а баратели се главно млади луѓе. Голем дел од нив се висококвалификувани кои одлучуваат трајно да се иселат од државата.Црнилата кои ги предизвика оваа власт само за првите 10 месеци од годинава резултираа со 77 отпишани ученици од штипските основни и средни училиште, а како основа е наведено трајно иселување од државата. За истиот период од кочанските училишта се  испишани 20 ученици. Бројките за жал се слични и во другите градови низ државата, без разлика на регионот, источен или западен“, велат од партијата.Според нив, економијата континуирано тоне. Граѓаните, занаетчиите и бизнисмените се се погласни. Работа нема, бизнисот е катастрофа , а просперираат само бизнисите на власта, додека народот едвај врзува крај со крај.„Зацрнетата  економија е пропратена со црнила во сите сегменти од општеството, како здравството, земјоделието, образованието, безбедноста, правосудниот систем. СДСМ целосно ја зацрни државата и ја украде надежта на граѓаните дека во Република Македонија можат да живеат, работат и основаат семејства. Овој тренд не смееме да дозволиме да продолжи. Токму затоа ВМРО-ДПМНЕ организира протестни маршови ширум државата. Ги повикуваме сите граѓани кои се незадоволни од оваа ненародна власт да ни се приклучат  на денешниот протестен марш во Велес со почеток од 13 часот“, се вели во соопштението. 

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Вонредна седница на советот- утре ден на жалост во Охрид

По повод ненадејната смрт на градоначалникот на Охрид, проф. д-р Јован Стојаноски, Советот на Општина Охрид, денес одржа вонредна седница. Седницата започна со едноминутно молчење, а советниците донесоа одлука, утрешниот ден да биде ден на жалост на подрачјето на Општина Охрид.Сите културни, спортски, забавни и други настани и манифестации закажани за 17.12 2018 година (понеделник) се отакажуваат.Утре со почеток во 10 часот во големата сала на општинската зграда ќе одржи Комеморативна седница, а посмртните останки на градоначалникот проф. д-р Јован Стојаноски ќе бидат изложени од 12 -14 часот во капелата на градските гробишта.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Дел од Кисела Вода утре без струја

Утре во временскиот период од 08:30 до 13:00 часот без напојување со електрична енергија ќе останат дел од корисниците од улиците: „Јустинијан Први“,  „Славка Динкова“, „Гандиева“, „Андреја Петковиќ“ и „Ниџе Планина“ од Кисела Вода.Од РЦУК - Скопје соопштија дека прекините ќе бидат поради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Christmas in New York - голем добротворен концерт на американска музика

Во организација на Македонско - американската алумни асоцијација (МААА) во Македонската филхармонија вчера се одржа голем добротворен концерт на американска музика под наслов „Christmas in New York“ во изведба на Биг бендот на Здружението на џез музичари под диригентската палка на Џијан Емин. Како солисти настапија Ирина Карамарковиќ од Грац, Австрија и Џон Илија Апелгрин.Пред преполната сала на Филхармонијата беше доделена и Годишната награда на МААА на проф. д-р Билјана Секуловска – Габер, учесник на програмата Фулбрајт во учебната 1978/79 година, за нејзините заслуги за унапредување на македонско – американските односи.Наградата ја врачи претседателот на МААА, проф. д-р Мишо Докмановиќ.

Магазин | пред 7 години

kosta-3

Георгиевски: „Другар мој, ми замина в раце... Величина беше и ќе останеш. Се глeдаме во рајот“

Тага и неверување. Охриѓани на своите ФБ профили објавуваат пораки како последно збогум за перано починатиот градоначалнк Јован Стојаноски.Најемотивните секако од неговите другари, колеги, сопартијци.„Другар мој, ми замина в раце... Величина беше и ќе останеш. Се гладаме во рајот“, напиша заменик градоначалникот на Охрид и координарот на советничкта група на СДСМ во советот на општина Охрид -Констрантин Георгиевски.Тој при тоа објави и неколку фотографии со како што наведува другар од детството.

Македонија | пред 7 години

soobrakajna-nesreka

Еден загинат и 44 повредени во несреќа со автобус во близина на Цирих

Во сообраќајна несреќа на автопат во близина на Цирих денескам загина еден човек а 44 се повредени. Тројца од повредените се во критична состојба.Автобусот сообраќал од Џенова кон Дизелдорф кога одеднаш возачот изгубил контрола и удрил во ѕид, наведуваат од полицијата. Меѓу повредените нема деца.Портпаролка на полицијата нагласи дека оператор на автобусот бил кооперант на Филксбус, германска компанија што нуди услуги на меѓуградски превоз.

Свет | пред 7 години

beograd

Протести во Белград под слоганот „Ајде да се преброиме“

Повеќе илјади граѓани синоќа излегоја на протести во Белград, против актурлната власт на претседателот Александар Вучиќ, под називот „Ајде да се преброиме“.Од собирот кој помина без инциденти, граѓаните најавија дека ќе истраат во борбата за победа и дека, како што го победија поранешниот претседател на СРЈ, Слободан Милошевиќ, така ќе го победат и српскиот претседател Александар Вучиќ.Протестот започна во 18 часот на платото пред Филозофскиот факултет во центарот на Белград, каде што се обрати академикот Душан Теодоровиќ и актерот Тихомир Станиќ, по што граѓаните се прошетаа до зградата каде што се наоѓа седиштето на српскиот претседател, потоа продолжија пред српскиот парламент, телевизијата Студио Б и Радио Телевизија на Србија.Меѓу граѓаните беа и претставници на опозициските партии Вук Јеремиќ, Драган Ѓилас, Борко Стефановиќ, Јанко Веселиновиќ, Милош Јовановиќ, Бошко Обрадовиќ.Протестот “Ајде да се преброиме” настапи поради наводите од одредени медиуми и актуелната власт во Србија, дека мал број граѓани се имаат собрано за време на протестите на 8 декември, додека организаторите тврдат дека имало повеќе од 10.000 незадоволни граѓани.Инаку ова не е прв протетест, исти имаше и минатата недела. Но, Српскиот претседател Александар Вучиќ, тогаш изјави дека нема да исполни ниедно од барањата на опозицијата и пет милиони луѓе да излезат на улиците, поради што една од главните пароли на денешниот протест гласеше “Еден од пет милиони”.

Свет | пред 7 години

Нема фотографија

ads

   

пред 7 години

Нема фотографија

Прегазено младо момче во Скопје, возачот избегал од местото на несреќата

Вчера во 21,35 часот на булевар "Александар Македонски" во Скопје се случила сообраќајна незгода во која непознато лице управувајќи патничко моторно возило "Опел" со скопски регистарски ознаки удрило во пешакот С.Р.(21) од Скопје, по што го напуштило местото на настанот.Со возило на Итна медицинска помош, С.Р. е пренесен во Комплекс клиники "Мајка Тереза" каде му биле констатирани тешеки телесни повреди. Извршен е увид на местото на настанот. Се работи на расчистување на случајот.

Скопје | пред 7 години

sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ: За намалување на загаденоста сите институции делуваат во здружена акција

Цели 11 години ВМРО-ДПМНЕ се посвети на криминални тендери и богатење на поединци поради што го игнорираше проблемот со загадувањето и не презеде ништо. Дополнително, заради криминални интереси системски беше уништувано зеленилото, се потрошија милиони евра за барок, споменици и гипс наместо да се инвестира во почитста и здрава животна средина. Тоа резултираше со екстремна загаденост на воздухот што и денес се чувствува, велат од СДСМ.„За разлика од таквиот неодоговорен однос на ВМРО-ДПМНЕ кон граѓаните и нивното здравје, денес Владата предводена од СДСМ и сите надлежни институции, преземаат серија мерки на локално и на национално ниво преку кои се решава долгогодишниот проблем со аерозагадувањето.Се обновува зеленилото што системски беше уништувано. Во Скопје, Битола, Велес но и на други места ширум земјава се спроведува акција за зазеленување, се садат дрвја и се обновува зеленилото. Интензивно се расчистуваат депониите, зачестени се инспекциите, се заменуваат нееколошките енергенси во училиштата.  Засилени се активностите за гасификација, во тек е субвенцирање на еколошки печки на пелети за загревање на домовите“, велат од партијата.Според нив, се решаваат проблемите со сите извори на загадување. Од наредната година ќе се набават 40 нови еколошки автобуси за град Скопје, а предвидена е и набавка во другите градови како во Битола и Прилеп.„Ова се само дел од мерките што се преземаат континуирано за решавање на деценискиот проблем со загадувањето.Чистиот воздух и здравата животна средина се врвен приоритет на СДСМ. Сите институции низ заедничка, координинарна акција секојдневно преземаат мерки за надминување на деценискиот проблем со загадувањето со цел за наредните две години загадувањето да се намали за 50 отсто во Скопје и за 30 до 50 отсто во цела Македонија“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 7 години

udes-6-620x350

Информации за превртениот македонски автобус, се стравува од повеќе загинати

Автобусот со македонски регистерски таблички кој рано утрово излета од автопатот во близина на Лесковац при што загинаа три лица неофицијално влегол во снежна бура по што излизгал и се превртел.Четири лица се тешко повредени, а уште најмалку триесетина се во болниците во Лесковац и Ниш, од кои 24 се во ургентен центар. Пожарникарите и механизирани екипи се обидуваат да го кренат превртениот автобус за да водат дали под него има повредени или загинати лица.Во Ургентниот центар во Ниш околу 03:30 пристигнале четворица македонски државјани кои имале повреди и знаци на изразита хипотермија.Медицинските лица велат дека има патници и со сериозни скршеници на черепот и дека едвај биле извлечени со помош на пожарникари.14 лица биле пуштени со лесни повреди, јави РТС.Автобусот патувал за Виена.

Македонија | пред 7 години

udes-6-620x350

Се преврте македонски автобус, тројца загинати

Најмалку три лица загинаа, а 30 се повреден во тешка сообраќајна несреќа на автопатот кај Лесковац. Според РТС, автобус кој патувал од Скопје кон Белград се превртел откако возачот не успеал да воспостави контрола на лизгавиот автопат.Според некои српски медиуми, станува збор за прилепски автобус, кој патувал на релација кон Виена.Сообраќајната несреќа се случила во 1 часот и 40  минути по полноќ. Екипи на брза помош од Лесковац и Ниш пристигнале на местото на несреќата. Повредените патници се пренесени во болниците во овие два града, а сите пповредени , од кои некои потешко, се надвор од животна опасност.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

(ВИДЕО) Тинејџери фрлале петарди во трговски центар, луѓето бегале мислејќи дека е терористички напад

Германската полиција уапсила четворица тинејџери поради кои стотина лица во паника излегле од трговски центар во Дортмунд. Стампедото во кое се повредени седум лица настанало кога тинејџерите започнале со фрлање на петарди во холот.https://twitter.com/_ALECS23/status/1073985988626653185?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1073985988626653185&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.telegraf.rs%2Fvesti%2Fsvet%2F3016183-haos-u-dortmundu-tinejdzeri-bacali-petarde-u-trznom-centru-ljudi-bezali-u-panicnom-stampedu-misleci-da-je-teroristicki-napad-videoТрговскиот центар кој се наоѓа во центарот на градот бил преполн кога започнале да фрлаат петарди.Стотина луѓе во паника и страв од потенцијален терористички напад почнале да бегаат.https://twitter.com/eha_deutsch/status/1074074904180482049?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1074074904180482049&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.telegraf.rs%2Fvesti%2Fsvet%2F3016183-haos-u-dortmundu-tinejdzeri-bacali-petarde-u-trznom-centru-ljudi-bezali-u-panicnom-stampedu-misleci-da-je-teroristicki-napad-videoПолицијата во Дортмунд потврди дека седум лица се повредени во инцидентот, а дека четворица тинејџери на возраст од 15 и 16 години се уапсени. 

Свет | пред 7 години

helikopter-portugalija

Се урна хеликоптер за медицинска помош во Португалија, се трага по леталото и телата

Ноќеска се урна хеликоптер за медицинска помош во Португалија во планинска област близу Порто. Се стравува дека загинале четири лица кои се превезувале.Португалската служба за итна помош објави дека операцијата за спасување е во тек, но дека хеликоптерот не е пронајден.Државната телевизија и дел од весниците јавија дека во несреќата загинале двајца пилоти, медицинска сестра и лекар кои биле во леталото.Хеликоптерот исчезнал откако претходно до болница пренесе во Порто 76-годишен пациент со срцеви проблеми. Хеликоптерот се враќал во база во Браганси кога се урнал поради лоши временски услови.

Свет | пред 7 години

kosovo-vojska-1

Одлуката на Приштина да формира армија го разбранува регионот, Алијанса на Албанците и Беса со напади кон Зоран Заев

Алијансата за Албанците и Движењето Беса бараат од премиерот Зоран Заев да ја повлече изјавата за формирањето на војската во Косово. Според партијата на Зијадин Села, со последниот став, дека одлуката за формирање на војска во Косово е избрзана „само го покажува црното и националистичко лице на премиерот Заев, најпрвин против Албанците и Косово, но и кон САД како главни поддржувачи на основањето на Војската на Косово.“„Овој речник на Заев за Војската на Косово го става под знак прашалник и неговиот однос кон САД, бидејќи едно Косово без војска ќе им одговараше само на Србија и Русија. Затоа, премиерот Заев е добро да го гледа својот двор и да ги спроведе потребните реформи во Македонија и да не се меша во внатрешната политика на државата на Косово. Алијансата на Албанците бара од премиерот Заев што побрзо да ја повлече својата изјава и да му честита на Косово во името на Македонија“ – се вели во реакцијата на Алијансата за Албанците.За движењето Беса предводено од Билал Касами, Избрзаната изјава на премиерот Заев е навредлива за една слободна држава.„Движењето Беса бара од премиерот на земјата да се дистанцира од оваа скандалозна изјава и да бара јавно извинување, кога се знае дека формирањето на војската на Косово ја има и силната поддршка од САД. Неговата изјава го одразува вистинското лице на „мултиетничката“ Македонија, ги прави да се чувствуваат навредени и Албанците на оваа земја, кои му дадоа полн мандат за да владее, а не за да зборува глупости и национал-комунистички варваризми“ – се вели во реакцијата на партијата на Билал Касами.Инаку одлуката на Приштина да формира армија го разбранува регионот во целост. За понеделник, на барање на Русија, е закажана седница на Советот за безбедност на ОН посветена на Косово. Москва инсистира дебатата да биде отворена за јавност, но Вашингтон и Лондон се противат. Се очекува на седницата да присуствува и српскиот престедател, кој тврди дека содавањето на косвската војска е во спротивност на резолуцијата 12 44 , но и на уставот на Косово. Се очекува на седницата да се отворат длабоките конфронтации мегу големите сили за ова прашање.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Претседателот на Собранието, Џафери, упати сочувство до семејството на градоначалникот Стојаноски

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, упати сочувство до семејството на починатиот градоначалник на Охрид, Јован Стојаноски.„Дозволете ми од мое лично име и од име на пратениците во Собранието на Република Македонија да изразам искрено и длабоко сочувство до вас, неговото најблиско семејство, до пријателите, соработниците во општина Охрид, колегите и студентите од Факултетот за туризам и угостителство, до сопартијците и граѓаните на град Охрид.Заминувањето од овој свет на човек со таков интелектуален капацитет, висок професионалец во секоја сфера во која даде свој придонес, човек во полна смисла на зборот, одговорен татко и заштитник на градот, е тажна и болна загуба за граѓаните на градот Охрид, за сите што некогаш споделиле само миг или споделиле цел живот со него, меѓутоа е и огромна загуба за нашето општество.Почивај во мир почитуван“.

Македонија | пред 7 години

mitko-jancev

Митко Јанчев со приватна донација ги полни училиштата во Кавадарци со прочистувачи на воздухот

Фондацијата „Никола Јанчев“ донираше 36.000 евра за 120 прочистувачи на воздух во основните училишта во Кавадарци.Фондацијата го носи името на покојниот татко на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев. Претходно, Фондацијата донирала средства за успешни ученици од Кавадарци.Компанијата од која ќе бидат обезбедени прочистувачите најавила дека ако се реализира набавката, таа ќе донира дополнителни 50 прочистувачи за средните училишта.Претходно, истата компанија донираше прочистувачи во градинките во Кавадарци.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Падна првиот снег во Скопје

Денес не очекува променливо облачно време со умерен дo зсилен северозападен ветер. Во северозападните и западните делови на земјава ќе има врнежи од снег. Се очекува да се формира снежна покривка. Утринските температури ќе се движат од 0 до 6 степени, а дневните од 3 до 10 степени.Во Скопје променливо облачно време со врнежи од дожд и снег и температура од 1 до 4 степени.Утре времето ќе биде облачно и постудено, ќе има повремени врнежи од дожд и снег, наместа ќе има и појава на голомразица, дневните температури во текот на денот ќе опаѓаат, поради спуштање на постуден воздух од до север. В среда и во четврток се очекува стабилно и суво време, но во утринските часови ќе биде постудено.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Сообраќајот се одвива по влажни коловози, внимателно на планинските премини

Низ целата територија на Републиката сообраќајот се одвива тековно по влажни коловози.„Поради интензивните врнежи од снег кој надоаѓа од север им се препорачува на учесниците во сообраќајот прилагодување на брзината спрема условите на патиштата во зимски услови особенено внимателно управување на планинските премини. На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони“, велат од Македонија пат. 

Македонија | пред 7 години

48403743_1998123943635467_5386871828025180160_n

(ФОТО и ВИДЕО) Сите во еден глас пеат со Брена - фолк дивата направи концерт за паметење

Балканска фолк-дива, Лепа Брена, вечерва во Скопје. Концертот е дел од големата турнеја, која ја започна во Лондон и со која одбележува 35 години професионална кариера на естрадната сцена.Лепа Брена уште еднаш покажа дека знае да направи концерт кој долго ќе се памети. Во преполната ВИП Арена Борис Трајковски сите во еден глас ги пејат новите, но и старите хитови.Брена во нејзин стил на сцената се појави спуштајќи се со ѕвезда, по што веднаш ги запеа песните од новиот албум, Болиш и не пролазиш, Сречна жена, А како чу ја, Зар је важно да се пева или Пјева...Пред околу три месеци, таа исто така имаше свој настап во земјава, односно настапи на седмото издание на Струмица Опен Фест, а минатата година одржа концерт во Охрид, на плажата Градиште 2, и настапи во Штип, на манифестацијата Штипска пастрмајлијада.Инкау Лепа Брена беше прва од Балканот која ги наполни сите стадиони од регионот и пошироко, на своите концерти се симнуваше со хеликоптер, направи видео револуција со скапите видео спотови снимани на егзотични локации ширум светот, прва воведе новитети во поп жанрот, а ја сруши и гледаноста во сите кино сали низ поранешна Југославија со трите делови од филмот “Хајде да се волимо”.Еве дел од атмосверата на вечерашниот концерт.

Магазин | пред 7 години

Gradonacalnik_Jovan_Stojanoski

Вонредна седница на Советот на општина Охрид

Општина Охрид на официјалната веб страна ја потврди веста за смртта на градоначалникот Јован Стојаноски. За во недела е закажана вонредна седница на Советот, кој се очекува да изгласа одлука за прогласување Ден на жалост во Охрид.Во понеделник (17.12. 2018 г.), со почеток во 10 часот, во големата сала на општинската зграда ќе одржи Комеморативна седница.Градоначалникот Стојаноски почина утрово на 48 годишна возраст. Тој починал додека го транспортирале од Општата болница во Охрид до Кардиолошкиот завод.Официјално мандатот на градоначалникот на Општина Охрид, Проф. д-р Јован Стојаноски започна на 20.10.2017 година, после победата во првиот круг на Локалните избори 2017 година.

Македонија | пред 7 години

Gradonacalnik_Jovan_Stojanoski-1

Кирацовски и Ѓорчев упатија сочуство до семејството на Јован Стојаноски

Генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски и пратеникот Владимир Ѓорчев се простија од градочаланикот на Охрид Јован Стојаноски кој утрово почина откако доживеал тежок инфаркт.„Со неверување и тага ја примивме веста за твоето прерано заминување.Беше мој, долгогодишен другар, наш соборец!Остави своја животна трага по која ќе те паметиме, по добро.Почивај во мир! Сочувство до семејството Стојаноски, за големата загуба“, напиша Кирацовски.„Сочувство до семејството за прерано починатиот градоначалник на Охрид Јован Стојаноски (48).Вечна му слава, Бог да го прости“, напиша Ѓорчев.https://www.facebook.com/aleksandar.kiracovski/photos/a.168992796632813/1042499349282149/?type=3&theaterhttps://www.facebook.com/VladimirGjorcev/photos/a.810767102284086/2364916033535844/?type=3&theater

Македонија | пред 7 години

bakraceski

Бакрачески: „Почивај во мир мој пријателе, твоите дела ќе траат вечно“

Твоите дела ќе траат вечно, поранешниот градоначалник на Охрид, д-р Никола Бакрачески на својата официјална страна напиша емотивна порака, како последно збогум за својот како што пишува другар од школски клупи, комшија, долгогодишен пријател и човек на кого му го предаде „клучот“ од Охрид, прерано починатиот градонаачлник Јован Стојаноски.„Го познавав Јован уште од детство. Ги делевме школските клупи во исто основно и средно училиште. Бевме и комшии и долгогодишни пријатели. Го дочекав во градоначалничкиот кабинет при примопредавањето на функцијата. Имавме мошне срдечен разговор. Си спомнавме за многу моменти од детството и младоста. Му посакав успешен градоначалнички мандат. И беше успешен. И беше впечатлив. За жал на сите нас, заврши пребрзо . Но беше успешен и во својата професија како професор , а и како советник во градскиот совет. Својата одмереност, ненаметливост и внимателнист ја споделуваше и пренесуваше на охриѓани како универзална човекова вредност. Негуваше исклучително високо ниво на политичка култура и традиционални општествени вредности. Охрид и охриѓани изгубија многу повеќе од добар, коректен и успешен човек.Почивај во мир мој пријателе.Твоите дела ќе траат вечно.По повод смртта на Градоначалникот на Охрид Јован Стојаноски, изразувам длабоко сочувство до неговото семејство и до граѓаните на Охрид“, напиша Никола Бакрачески - поранешен Градоначалник на Охрид.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања