Промени тема
За нас Контакт
„Претрес“ на Богдан Илиевски: 27 април, амнестијата, ВМРО, Алфа, пропагандата, Груевски...
„Претрес“ на Богдан Илиевски: 27 април, амнестијата, ВМРО, Алфа, пропагандата, Груевски...

Скопје1.мк

zapleneti-stotina-metri-ribarski-mrezhi-229465

Кај Лагадин и Елешец запленети рибарски мрежи

Полицијата информира дека вчера при вршење на патролна дејност во водите на Охридското Езеро, од страна на полициски службеници во 00,10 часот спроти плажата Лагадин и спроти плажата Елешец на околу 300 метри од брегот на езерото, пронајдени се рибарски мрежи. Се работи на расчистување на случајот.

Македонија | пред 7 години

mediumi14

МАН му го честита изборот на Чадиковски за претседател на ЗНМ

Македонската асоцијација на новинари (МАН) му го честита изборот на Младен Чадиковски за претседател на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ).„Се надеваме дека со новото раководство ЗНМ ќе се фокусира на вистински реформи во медиумската сфера, заштита на новинарите од притисоци и подигнување на новинарските стандарди во работењето, што досега не беше случај“, стои во соопштението на Македонската асоцијација на новинари.Од таму изразуваат и жалење поради тоа што, секое изборно Собрание на ЗНМ минува со интерни обвинувања за забрани, за притисоци, скандали, за сомнителни пребројувања и сомнителни резултати.

Македонија | пред 7 години

skopje_i_makedonija_5_dana_nova_godina_putolovac-640x419

Какво време не очекува за Нова Година

Декември ни е пред самиот праг, а временските услови се повеќе се влошуваат. Познатата метео апликација Accuweather со детална прогноза за последните денови од месец декември  и почетокот на наредната 2019 година.Скопје преку денот на 31 декември го очекува снег и дожд со дневни температури до 5 степени. Ноќта кон 1 јануари температурата ќе паѓа и ќе достигне минимални -1 степени. Значителна облачност; дожд или снег во некои места навечер, а потоа снег.

Македонија | пред 7 години

klinicki

Вработените на Клинички го прекинуваат протестот

Лекарите и медицинскиот персонал го прекинуваат протестот на скопските клиники поради најавеното поскaпување на паркингот затоа што премиерот Зоран Заев им закажа средба за десетина дена.„Нивните барања ги остваруваме. Ова сега е второ зголемување, 10 проценти за лекари и 5 проценти за сестри, болничари, а во следниот септември ќе има друго зголемување. Со тоа ќе стигнеме просек од 90.000 денари вкупен приход на специјалистите од нето плата и дежурства, иако има случаи во терциерното здравство каде специјалисти земаат и 140 000, 150 000 плата и ако ги споредиме со платите во Германија, сме направиле сериозен исчекор“, истакна Заев.

Македонија | пред 7 години

policija-3-640x382

Го фатиле со дрога, но ја голтнал, па починал

Триесет и две годишен жител на Злетово синоќа починал откако проголтал непозната прашкаста материја за време на контрола на граничниот премин Делчево при влез во Република Македонија, информираа од МВР.Од таму додаваат дека прашкастата материја која ја проголтал починатиот била пронајдена кај него при претресот. По наредба на јавен обвинител телото е предадено за обдукција.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 7 години

zavejan-620x350

(ВИДЕО) Хаос на патиштата во Србија поради обилните врнежи од снег

На патот Зрењанин – Лазарево голем број камиони заглавија во снегот поради големите врнежи.Врнежите им направија проблем на сите возачи, а особено на оние со товарни возила.https://www.instagram.com/p/BrZpcAule0O/?utm_source=ig_embedЕден од корисниците на Инстраграм забележал дека од двете страни на патот има голем број на автобуси и камиони кои стојат.https://www.facebook.com/nsuzivo.rs/posts/2176716362595882На автопатот кај Сиринга ситуацијата во текот на ноќта била критична, бидејќи камион излетал од патот.

Свет | пред 7 години

Нема фотографија

Путин против рап музиката: Тие стихови промовираат дрога, секс и бунт

Загрижен поради големата популарност на рап музиката меѓу младите, претседателот на Русија, Владимир Путин, побара од претставници на Министерството за култура да развијат средства за контола, наместо да ја забранат таа музика.„Доколку тоа е невозможно да се запре, потребно е да управуваме и насочуваме“, рекол претседателот на Русија.На денешната средба со советниците за култура во Кремљ, Путин рече дека обидите да им се забрани настап на изведувачите ќе имаат негативен ефект и ќе ја зајакнат нивната популарност.Исто така Путин додаде дека рап музиката се темели на три столба: секс, дрога и протест и додал дека тоа е пат кон деградација на нацијата.Рускиот претседател посочил дека промоцијата на наркотици е уште полоша од пцуењето во песните.Неговите коментари доаѓаат во време кога се актуелни руските мерки против современата музика, кои многумина ги споредуваат со цензурата на уметноста во советската ера.

Свет | пред 7 години

JSP-avtobusi-parkirani

Секој четврти двокатен автобус скапува во гаражите на ЈСП

ЈСП со шокатни податоци за Tелма – од 380 автобуси возен парк, 100 се дефект во депоата за автобуси во Ѓорче Петров и Автокоманда. 30 црвени „кинези“ се претворени во отпад, и 13 од вкупно 80 украински од марката ЛАЗ, набавени само пред 7 години.„Некои од овие возила стојат расипани од 2015 година. Се работи за сериозни дефекти на мотори и менувачи, порaди што сервисирањето е скапо, комплицирано и економски неисплативо, бидејќи во меѓувреме од тие возила се извадени и други делови“, велат од ЈСП.Ако се погледнат техничките карактеристики кинеските и украинските автобуски поседуваат менувачи од ист германски производител „Фридрихшафен“ од Германија. Моторот на киенските автобуси е американски и достапен на пазрот, а на украинските е германски. Додека раководните лица од оваа и претходната власт си ја префрлаат вината кој го запоставил одржувањето и набавката, анонимен извор за Телма тврди дека само заради гуми не возат дополнително 46 нови автобуси.„Тврдам дека 27 автобуси само во Автобаза Ѓорче Петров се вон сообраќај, само за гуми. Заклучно со вчера во Автобаза Автокоманда таа бројка е 19. Од утрово забрзано се комплетираат тие автобуси со разни ситници кои не беа монтирани, или од нив беа демонтирани, како ремени, водни пумпи и слично. Па за некој ден ќе ги видиме тие автобуси низ градот“, вели нашиот извор.До сега никој не одговори соодветно зошто јавното претпријатие сеуште чува автобуси на паркинг заради недостаток од делови и гуми, иако заклучно септември две фирми испорачале 250 гуми за сума од 130 илјади евра.

Скопје | пред 7 години

IMG-329a067485b7602615acf9de24afac06-V

Промовирана книгата „Монодрама на лудиот “ во Ресен

Во Домот на културата „Драги Тозија“ во Ресен, денес беше промовирана книгата „Монодрама на лудиот“, од младата авторка Сара Марковска. Во ресенскиот Сарај беа присутни голем број љубители на пишуваниот збор, а уште повеќе затоа што Сара Марковска е од Ресен.„Имам 15 години и ова е второ мое дело. Ученичка сум во гимназијата „Цар Самуил“ во Ресен и многу сакам да пишувам.  Првата книга која што ја објавив во 2014 година се вика „Љубовта на мојата стара“, но за разлика од денес таа беше збирка поезија. По четири години повторно денес се промовира моја книга, што ме прави особено среќна. Не застанувам со пишувањето, тоа ми е омиленото хоби“, истакна Сара Марковска по одржаната промоција.Директорот на Домот на културата Васко Василевски истакна дека оваа културна установа секогаш им помага на младите автори при нивното промовирање.„На наше големо задоволство, повторно имаме творец од Ресен. Иако е млада, таа веќе е промовирана во Ресен, а ние како културна установа особено сакаме да им помогнеме на младите да го развиваат својот талент кон културните дејности. Нашите врати секогаш ќе бидат отворени за одржување на промоции, изложби, концерти, прекиу кои ќе се промовираат младите и нивните таленти“, посочи Василевски.Промотор на книгата беше познатиот писател за деца Горјан Петревски, кој воедно беше промотор и на првата збирка поезија на Сара Марковска. Промоцијата на оваа книга беше поддржана и од локалната самоуправа на Општина Ресен и градоначалникот Живко Гошаревски.   

Магазин | пред 7 години

bogdan-ilievski-betmen-velit-640x360

Богдан Илиевски-Бетмен за смртта на Стојаноски: Ме потресе, млад од нога, ненадејно...

Во продолжение, ви го пренесуваме ставот на Богдан Илиевски-Бетмен по смртта на охридскиот градоначалник, Јован Стојаноски:„Не го знаев човекот, немав ни прилика за то, ама ме потресе веста. Млад, од на нога. Ненадејно. Трагедија.Вистината е дека сите ние, вакви и онакви, слични и различни, црни и бели, црвени и плави, мојме да се сакаме или да не се сакаме, да се такмичиме чесно или нечесно, да се надмудруваме или да си подметнуваме, да се напаѓаме и да се браниме... И сето то „сроку службе“. А можиме и да го промениме то и - да бидиме љуѓе. И пријатели. Со поштовање едни према други. Па да се такмичиме со идеи, со труд, со еснафлук. Да се критикуваме на фиљан начин, бидејќи целта на сите требит да ни е заедничка и иста. Можит и вака и така. И убо и неубо. Све е предмет на избор.Све, освен денот кога ќе те потсетит животот дека само во еден случај немаш избор и си апсолутно немоќен. Деној ко овај кои шо те потсеќет колку си дребен како чоек и колку све друго е многу поневажно од сите наши битки, мудрувања, политики и такмичења.Не го знаев, немав ни прилика за то, ама ми е неизмерно жал шо Охрид изгуби градоначалник, неговото семејство татко, неговите соработници добар пријател.Бог да го простит Јован Стојаноски.Сочуство до семејството, пријателите и соработниците“, напиша Богдан Илиевски-Бетмен.

Македонија | пред 7 години

mladen-cadikovski-foto

Чадиковски нов претседател на ЗНМ, Јордановска со најмногу гласови

Младен Чадиковски е новиот претседател на Здружението на новинари.Чадиковски денеска е избран со 86 гласа, додека неговиот против-кандидат, СтолеНаумов, имаше 77 гласа. Освен прв човек на ЗНМ, се бираше и нов управен и надзорен обор, како и членови на советот на честа. Од сите кандидати за сите тела на ЗНМ, најмногу гласови, вкупно 95 доби новинарката Мери Јордановска која сега е член на надзорниот одбор.Досега функцијата претседател на ЗНМ ја вршеше Насер Селмани, кој на ова позција беше цели осум години.

Македонија | пред 7 години

CHk9lMaHR0cDovL29jZG4uZXUvaW1hZ2VzL3B1bHNjbXMvWVdVN01EQV8vYjY0OTBjNzc2ZjliZWNlZGExMjhlMGQxZTliZWM3ZGUuanBlZ5GTAs0C5ACBoTAB

Жена и маж го загубија животот за време на протестите на „жолтите елеци“

За време на денешните протести на „жолтите елеци“во Франција во градот Соасон животот го загуби една жена.Жената го загубила животот при судир на два автомобили, кога едниот од нив се обидел да ги заобиколи бариерите поставени поради демонстрантите.Исто така белгисктата полиција денес соопшти дека и маж со својот автомобил удрил во ка камион со кој демонстрантите го блокирале патот на француско-белгиската граница, при што го загубил животот.Со ова бројот на жртвите од овие протести се исккува на седум.Протестите во Франција траат од 17 ноември, а според податоците од француските медиуми, до сега уапсени се повеќе од 4 500 лица, од кои 4 100 се се уште во затвор.

Свет | пред 7 години

odron

Одрони на патниот правец Делчево - брана Калиманци

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно по претежно влажни коловози.„На патниот правец Делчево - брана Калиманци има одрони па на учесниците на собраќајот им се препорачува внимателно возење.Екипите на Македонија пат се на терен и вршат рачистување на коловозите. На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони“, велат од Македонија Пат.Оттаму апелираат на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Македонија | пред 7 години

zooloski-vrt-620x350

(ВИДЕО) Голем пожар во англиска зоолошка градина, загрозени 21.000 животни

Во Честерската зоолошка градина во северозападна Англија, во тек е евакуација откако избил поголем пожар.Црниот облак се надвил над домот на 21.000 животни, а на Твитер посетителите тврдат дека пожарот се влошува и голта се пред себе, избивајќи на повеќе места околу градината.-Со брзината со која пламенот расте, би се зачудил ако преживеат сите животни, напишал еден од посетителите.Посетителите и животните се гушат, додека пожарникарите се обидуваат да го изгаснат пожарот.

Свет | пред 7 години

Gradonacalnik_Jovan_Stojanoski

Ценет и почитуван меѓу народот, амбициозен и храбар човек- Kој беше Јован Стојановски?

Јован Стојановски како градоначалник на Охрид дојде во 2017-тата година по победата на локалните избори, есента минатата година. Познат социјалдемократ, храбар борец, но и голем професионалец, кој беше почитуван од граѓаните без разлика на политичка, етничка или верска определба. Ценет и меѓу охриѓани, но и насекаде низ Македонија, пишува Центар.мкЈован Стојановски пред да стапи на градоначалничката функција беше професор од областа на маркетинг на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид.Активен беше и во политиката како координатор на советничката група  на СДСМ до 2017-та, чиј носител и беше за време на изборите во 2013-тата година.Роден е на 07 август 1970 година во Охрид и имаше 48 години.Стојановски Од 1990 до 1994 година, студент на додипломски студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј “ во Скопје, Економски Факултет-насока Деловна економија. Дипломски труд од област на Сметководство на трошоци во мали и средни претпријатија;Од 1995 до 1999 година, студент на постдипломски студии на истиот Универзитет, на насоката Маркетинг. Одбранета магистерска работа на тема „Политиката на цени во туризмот“Стојановски Од октомври 1995 година е вработен на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид, како помлад асистент на група предмети од областа на Маркетинг, Меѓународен маркетинг и Промотивни активности;Додека пак од јуни 2003 година е избран за Доцент на Универзитетот„Св. Климент Охридски“ во Битола, Факултет за туризам и угостителство–Охрид;Во декември 2003 година е избран за Продекан на Факултет за туризам и угостителство, функција којашто е обавувана до март 2010 година;Тој од 2008 година беше избран за Вонреден професор од научната областа- Маркетинг Менаџмент. Како гром од ведро небо низ Охрид проструи веста – почина градоначалникотНа 48-годишна возраст утринава почина градоначалникот на општина Охрид, Јован Стојаноски, беше веста која проструи на социјалните мрежи уште утрово.Неофицијално причината за смртта е инфаркт. Стојаноски починал додека го транспортирале од Општата болница во Охрид до Кардиолошкиот завод.Граѓаните, јавните личности, многу функционери, соработници и политичари со неверување утринава ја примија веста за смртта на Стојановски.Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев упати телеграма со сочувство за смртта на градоначалникот на Охрид Проф. д-р Јован Стојаноски, до неговото семејство, најблиските и пријателите. Заев и Кирацовски со сочуство за ненадејната смрт на охридскиот градоначалникВо телеграмата, премиерот Заев пишува дека смртта на Проф. д-р Јован Стојаноски, е огромна загуба за академската заедница, за Охрид, локалната заедница и за партијата СДСМ, за кои низ годините даде огромен придонес со своето посветено работење.„Јован беше колега, пријател и голем професионалец посветен на својата визија Охрид да биде вистинска европска, културна и туристичка престолнина.Знам дека не постојат зборови на утеха кои можат да ја намалат вашата загуба, но дозволете заедно да ги споделиме чувствата на тага за загубата на вашето семејство“, пишува Претседателот на Владата на РМ Зоран Заев, во телеграмата со сочувство за смртта на Проф. д-р Јован Стојаноски, до неговото семејство.Сочуство упати и неговиот другар и соборец, генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски, кој напиша:Со неверување и тага ја примивме веста за твоето прерано заминување.Беше мој, долгогодишен другар, наш соборец!Остави своја животна трага по која ќе те паметиме, по добро.Почивај во мир!Сочувство до семејството Стојаноски, за големата загуба.Комеморативна седница за починатиот градоначалник на ОхридПо повод ненадејната смрт на градоначалникот, проф.д-р Јован Стојаноски, Општина Охрид утре со почеток во 10 часот, во големата сала на општинската зграда ќе одржи Комеморативна седница, соопштија од општината.Посмртните останки на градоначалникот на Охрид ќе бидат изложени на 17 декември (понеделник), од 12 до 14 часот во капелата на Градските гробишта во Охрид.

Македонија | пред 7 години

protesti-demonstracije-u-francuskoj-francuska-40-620x350

(ВИДЕО) Драма во Париз за време на протестите: Тепачки меѓу демонстрантите, солзавец, апсења, огнови

На протестите на движењето Жолти елеци во Париз денес дојде до судир помеѓу демонстрантите и полицијата, при што безбедносните сили употребија и солзавец. Француската полиција соопшти дека уапсила 21 лице во Париз пред почеток на протестите.Француските медиуми пренесуваат дека илјадници демонстранти се собрале на големата авенија во Париз каде што биле пречекани од голем број на полициски сили кои што таму биле распоредени превентивно откако претходните протести на Жолтите елеци предизвикаа вистински хаос.https://twitter.com/ClementLanot/status/1073932231679315968?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1073932231679315968&ref_url=https%3A%2F%2Fvecer.mk%2Fsvet%2Fdramatichen-pochetok-na-protestite-vo-pariz-tepachki-megju-demonstrantite-i-policijata-apsenja„Мислам дека нашата демократија не може да ги прифати окупациите на јавното добро и елементите на насилство кои ги одбележаа претходните протести, посебно во центарот на Париз“, изјавил Макрон.https://twitter.com/ClementLanot/status/1073923363502985216?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1073923363502985216&ref_url=https%3A%2F%2Fvecer.mk%2Fsvet%2Fdramatichen-pochetok-na-protestite-vo-pariz-tepachki-megju-demonstrantite-i-policijata-apsenjaВоедно францускиот претседател истакнал дека тој ги сослушал барањата на демонстрантите и оти  ќе ги реализира ветувањата, дека ќе ги забрза даночните олеснувања. Макрон ги отфрлил повиците да поднесе оставка, што е едно од барањата на демонстрантите.Околу 8.000 полицајци беа распоредени денеска во Париз, заедно со 14 оклопни возила, водени топови и коњичка единица за контрола на масите, објави АФП. Денешниот ден го одбележува петтиот по ред викенд на кој што има протести на Жолтите елеци.

Свет | пред 7 години

DSC_0370

Нова градинка во Кравари

Жителите на населеното место Кравари добија градинка во која што ќе можат да ги носат своите деца на претшколска возраст. Во две опремени занимални и во две групи, градинката во Кравари, која што е во состав на градинките „Естреја Овадија Мара“, ќе може да прими 40 деца.„Денес не е обична сабота, туку сабота во која што имаме проширување на капацитетот на градинките „Естреја Овадија Мара“. Четириесет дечиња ќе бидат сместени во овој објект, со што ќе се овозможи оние деца кои што од оваа населба доаѓаа во градските градинки, да можат да бидат сместени во своето место на живеење. Од друга страна пак, се ослободува простор во градинките во кои досега престојувале и на тој начин се овоможува да имаме поголем опфат на дечиња во градинките во нашата општина. Но она што сакам да го најавам е дека со оние милион денари кои што ги одвои Општина Битола за доопремување на три занимални, процесот е во завршна фаза и наскоро и тие ќе бидат ставени во функција, така што за една година имаме сериозна бројка на опрат на деца во градинките, што беше и наша заложба пред изборите“, рече градоначалничката на Општина Битола, м-р Наташа Петровска.Министерката за труд и социјана политика Мила Царовска, која присуствуваше на овој свечен чин, потенцираше дека оваа влада и сега и во иднина, работи на зголемување на опфатот за сместување на деца од предучилишна возраст.„Децата од Кравари ќе имаат можност да добијат квалитетно предучилишно образование, а нивните родители подобро вклучување во пазарот на труд, што значи правиме две добра. Ја реализираме нашата определба како Влада за проширување на опфатот на деца од предучилишно образование и од сегашните 30% планираме да стигнеме до 50% од опфат на деца. Со одлука на Владата и врз основа на склучениот договор со Светска Банка во наредните четири години ќе инвестираме 16 милиони евра во зголемување на инфраструктурниот капацитет за сместување на деца со предучилишно образование. За година и пол, опфатот за сместување на деца го зголемивме за 1.300 и тоа навистина е голема инвестиција“, посочи Царовска.Во адаптацијата на просторот за новата градинка во Кравари помогнаа и битолските јавни претпријатија „Нискоградба“ и „Комуналец“, а посебно за градинката целосната ограда во различни бои и апликации од детските анимирани ликови, ја изработија вработените во ФОД Битола.„Денес нашата установа е побогата за уште еден објект, деветти по ред. Огромно задоволство ми е да го поздравам овој чин, но и слухот са нашата работа за квалитетно образование и воспитување. Се надевам дека соработката со Министерството за труд и социјајна политика и Општина Битола ќе продолжи онака како и што започнавме, а наскоро ќе ги имаме и трите нови занимални, со што ќе се намали бројката на листата на чекање“, истакна директорката Лидија Тфирст Митревска.Министерката Царовска, заедно со директорот на Фондот за иновации и технолошки развој Јован Деспотовски беа дел од Саемот за кариера, на кој присуствуваше и градоначалничката Наташа Петровска. На презентација, во оргнизација на МКЦ Битола, тие пред младите во Битола ја презентираа новата мерка од Оперативниот план за вработување што се однесува на брзорастечките иновативни бизниси.Министерката Царовска, придружувана од градоначалничката Петровска, го посети и новоотворениот Регионален ресурсен центар за слепи лица, наменет за лицата од петте општини во регионот, Битола, Ресен, Демир Хисар, Могила и Новаци.  

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Општина Центар започна со реализација на проектот „Нула Глад“

Со делењето на 150 пакети со храна и прехранбени производи на 150 граѓани од висок социјален ризик, градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ и претставникот од здружението Банка за Храна – БХМ, Душко Христов, официјално го означија почетокот на реализацијата на проектот “Нула Глад“ во Општина Центар.Овие 150 граѓани секој месец во текот на целата 2019-та година ќе ги добиваат социјалните пакети, со што ќе им се олеснат месечните трошоци за основната исхрана, а општината со спроведувањето на овој проект, активно ќе се вклучи во борбата против сиромаштијата и гладот.“Сакавме во овој период што претстои да направиме систем, во кој со Банката за храна ќе доставуваме прехранбени продукти, за да овие можат овие семејства полесно да го поминат месецот. Знаете дека податоците кои излегоа во скоро време се застрашувачки, некои семејства го поминуваат денот со само еден оброк. Затоа ги повикувам и другите општествено одговорни компании да ни се придружат и како нивни сограѓани, заедно да им помогнеме на овие луѓе“, изјави градоначалникот Богдановиќ.Пакетите содржат масло за јадење, брашно, супи, тестенини и останати прехранбени производи, неопходни за живот на овие наши сограѓани на кои им се најпотребни, особено во зимскиот период кога температурите паѓаат под нулата.“Пакетот е доволен да се помогне месечно на едно семејство. Примерот од Општина Центар го препознаа и други општини и веќе тие се приклучуваат“, додаде претставникот на Банка за Храна, Душко Христов.Општина Центар е првата општина во Македонија која се вклучува во проектот “Нула Глад“, проект на Обединетите нации, кој има за цел да стави крај на гладот, да ги елиминира сите форми на неухранетост и да изгради инклузивни и одржливи прехранбени системи.Општина Центар овој проект го реализира во партнерство со здружението Банка за Храна – БХМ, а со поддршка на маркетите: Рамстор, Кам, Веро, Тинекс, Жито Маркети, Стокомак, Гранап и Кит Го.

Македонија | пред 7 години

12_07_2018_OHRIDSKO_LETO_4

Охрид застана, кафетериите не пуштаат музика, откажани предновогодишни прослави

Ненадејната смрт на Градоначалникот на Охрид Јован Стојаноски го застана Охрид.Во рестораните и кафетериите во центарот на градот е тивко и без музика, а хотелите и рестораните ги откажаа предновогодишните забави и прослави.Во меѓувреме телеграми со сочувство до семејството и граѓаните на Охрид испрати Премиерот Зоран Заев, дел од министрите во Владата, како и колеги Градоначалници и Универзитетски професори.

Македонија | пред 7 години

cf37299692163a2754fab2808b5c6850_w790

МВР: Продажбата на петарди да се пријави во полиција или на 192

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека неовластената употреба на пиротехнички средства е казнива согласно Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, Законот за заштита од експлозивни материи и Кривичниот законик на Република Македонија.„Неовластената употреба на пиротехнички средства (петарди, палење ракети и други пиротехнички средства) со кои се  нарушува јавниот ред и мир и безбедноста на граѓаните се казнува со глоба во износ од 200 до 500 евра.Апелираме до граѓаните да ги почитуваат законските прописи и да соработуваат со полицијата, доколу забележат лица кои продаваат пиротехнички средства и да ги пријават на полициски службеници лично или преку бесплатниот телефонски број 192. Апелираме особено до малолетниците да не употребуваат петарди, бидејќи тие претставуваат опасност за нивното здравје“, велат од МВР.

Македонија | пред 7 години

IMG-2a5c2b22723308d326192f4ae7d52bde-V-01

(ВИДЕО) Спасовски ги посети кандидатите за припадници на Единицата за специјални задачи

Министерот Оливер Спасовски и дел од  раководството на МВР денеска го посетија ЗРЦ „Пониква“- Кочани,  каде што полициските службеници  што беа селектирани и во моментов ја реализираат селективната обука за прием во  Единицата за специјални задачи ги презентираа стекнатите професионални знаења.„Ми претставува особено задоволство што денеска со дел од моите соработници сме меѓу вас, да ви честитам за успешното  спроведување на селективната  обука и да ви посакам многу успех во новите предизвици што професионално се поставуваат пред вас како припадници на оваа наша респектабилна полициска единица - Единицата за специјални задачи. Да се биде припадник на ваква елитна единица не е едноставна работа, овие луѓе се најдобри меѓу најдобрите.  Зад нив стојат поминати месеци и години напорен тренинг, исклучителна ментална и физичка подготовка  и искуство од многубројни извршени сложени безбедносни задачи“, рече министерот Спасовски во своето обраќање.Во секој момент припадниците на ЕСЗ, потенцира министерот Спасовски,  стојат подготвени за најтешките и најопасни полициски задачи.„Тимската работа и професионалноста се  главни одлики на Специјалната единица,  затоа со право може да се гордееме со припадниците на оваа елитна единица на Министерството за внатрешни работи.  Јас и моите соработници, свесни за важноста и улогата на припадниците на оваа единица , правиме се во рамки на законските и финансиски можности да ви овозможиме што е можно поквалитетни услови за работа. На вас, останува - своето знаење, вештини, професионална етичност и интегритет да ги вложите во името на законите - со цел заедно да изградиме полиција со која што ќе се гордеат граѓаните. Уште еднаш ви честитам и ви посакувам успех“, рече Спасовски.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Кирацовски до семејството на Стојаноски: Македонија и Охрид денеска загубија врвен професионалец и одговорен градоначалинк.

Генералниот секретар на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Александар Кирацовски упати телеграма со сочуство до семејството и пријателите на градоначалникот на Охрид, професор доктор Јован Стојаноски.„Изразувам искрено жалење и сочувство за прераната загуба на Јован Стојаноски, татко, сопруг, пријател, професор и врвен професионалец, поради што загубата не е само на семејството и пријателите, туку и на Охрид и на Република Македонија.Македонија и Охрид денеска загубија врвен професионалец и одговорен градоначалинк.Во овие тешки моменти на голема болка и тага, се надевам дека ќе најдете сила за утеха во значајноста на делото што зад себе го остави Јован Стојаноски, како во науката, така и во дострелите во раководењето со општина Охрид.Нека делата што ги остави зад себе бидат водилка за сегашните и идните генерации преку својата работа да создаваат успеси и да ја градат сопствената, но и иднината на Охрид и на Република Македонија“, напиша Кирацовски.

Македонија | пред 7 години

petardi

Гостиварчанец фатен со 1500 парчиња пиротехнички средства

Вчера околу 16 часот во Гостивар од страна на полициски службеници од слобода е лишено лицето Џ.П.(60) од Гостивар.При проверка кај лицето се пронајдени кутии со околу 1500 парчиња пиротехнички средства.По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Удрил во две паркирани возила и се здобил со тешки телесни повреди

Вчера во 16.25 часот во Полициска станица Македонски брод е пријавено дека на улица ,,Партизанска’’ во Македонски Брод патничко моторно возило ,,Фолксваген голф’’ со регистарски ознаки од Македонски Брод, управувано од С.С.(31), удрило во две паркирани возила ,,Ауди А3’’ сопственост на П.П.(30) и ,,Опел Вектра’’ сопственост на Д.П.(48) од село Речани, кичевско.Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил С.С. на кого му била укажана лекарска помош во Општа болница Прилеп. Извршен е увид на местото на настанот.

Македонија | пред 7 години

48375988_260902457939805_2700587410370068480_n

Петковски на прославата за 13 години постоење на НСДП: Нашиот избор е јасен, да бидеме дел од демократскиот свет

НСДП денеска во ресторантот „Национал“, во Скопје, прослави 13 години од основањето и опстојувањето на македонската политичка сцена.На прославата свое свечено обраќање пред членовите на партијата имаше претседателот Тито Петковски.„Поминаа 13 години откако заедничи успеавме на партиската сцена да артикулираме една благородна политичка идеја која се темелеше на принципите на демократијата, слободната и еднаквоста, идеја која пркосеше на тогашните партиски структури во политичкиот живот на Македонија, кои својот легитимитет го втемелуваа на демократски дефицитарни процеси, на социјална стерилност, на уважување на тесни интереси на поедини моќни групи, а сето тоа на штета на јавниот интерес. Низ сите овие години поминавме низ многу премрежја, се соочивме со многу предизвици, тестови за нашата политичка созреаност. Но идеите на кои ја втемелевиме НСДП, ние дадоа политичка виталност да истраеме, да се бориме и да продолжиме да се бориме“, рече Петковски пред членовите на партијата.Претседателот на партијата Петковски истакна дека НСДП покажа дека моралот и вредностите нужно не мора да бидат конфликтни со политичкиткото дејствување, политичките успеси може да се градат и без подлегнување на искушенијата на апсолутната моќ на власта.„Нашата заедничка судбина сакаше да не стави во вртлогот на еден од најтешките исторски периоди со кои се соочи Македонија, а тоа е борбата против режимот на претходната власт. Со години македонското општество беше разјадувано од една екстремна концентрација на политичка моќ и корупиција во еден центар, за кој демократијата и слободата беа најголемата закана. Во тој повеќегодишен мрачен период на политичката сцена, останавме на линијата која ја исцртавме уште при основањето на партијата, а тоа е негување на демократските вредности и нетолерантност за криминалот и корупцијата.Овие лесни мотиви ни дадоа сила и истрајност во патот кој го изодивме како опозиција на една отуѓена и ненародна власт. Успеваме да дадеме и свој белег во затворањето на тоа мрачно поглавје од созревањето на македонската држава. Активно партиципиравме во најзначајни процеси за идината на Македонија кои се отворија со објавувањето на т.н. „бомби“.Соочувајќи ја јавноста со бруталноста и трулоста на претходната власт, македонското општество влезе во политичка катарза, за чие надминување од политичките партии беше потребно да покажат државотворен капацитет, визија за идните развојни линии на државата, и секако кадровски капацитет конкретно да се одогвори на овие политички моменти. Преземавме дел од одговорноста активно да се вклучиме во овие процеси, да дадеме придонес и белег во градењето на капацитетите на државата и нејзиниот одговор за надминување на напласнатите повеќедеценски проблеми кои ги оптеретуваат граѓаните на нашата држава“, порача Петковски.Осврнувајќи се на партиципирањето на НСДП во централната и локалната власт, Петковски нагласи дека партијата презема дел од одговорноста во водењето на државата во најзначајниот историски момент со кој се соочува.„Во овој историски момент, а тргнувајќи од нашите цврсти определби Македонија да е земја на демократијата, владеењето на правото и социјалната благосостојба, а на кои истрајуваме веќе 13 години, нашиот избор и став е јасен, а тоа е да бидеме дел од демократскиот свет, да обезбедиме цврсти гаранции за подобар живот за идните генерации преку полноправно членство во ЕУ и НАТО“, рече Петоквски.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања