Промени тема
За нас Контакт
„Претрес“ на Богдан Илиевски: 27 април, амнестијата, ВМРО, Алфа, пропагандата, Груевски...
„Претрес“ на Богдан Илиевски: 27 април, амнестијата, ВМРО, Алфа, пропагандата, Груевски...

Скопје1.мк

FCP_9236

МТСП: Државата ќе поддржува брзорастечки иновативни бизниси

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска и директорот на Фондот за иновации и технолошки развој, Јован Деспотовски како дел од Саемот за кариера, денеска пред младите во Битола ја презентираа новата мерка од Оперативниот план за вработување, која се однесува на брзорастечките иновативни бизниси. Предвидено е оваа нова мерка да се вклучи во постоечката Програма за поддршка за самовработување. Фокусот ќе биде ставен на младите претприемачи, а освен финансиската помош со мерката се нуди и експертака помош, како и можност за понатамошно финансирање на компании основани со оваа Програма преку инструментите на Фондот.„До сега, од страна на државата не се нудеше заокружен систем на поддршка за основање на ваков тип на бизнис, што ќе содржи како експертска така и финансиска поддршка. Целта на оваа програма е дел од средствата наменети за грантови за самовработување да се искористат за создавање основа за развој на брзорастечки бизнис, кој понатму ќе продолжи да се финансира преку Фондот за иновации и технолошки развој“, рече министерката Царовска која ја презентираше мерката.Царовска потенцираше дека Сите постојни инструменти за поддршка на Фондот се однесуваат на веќе основани претпријатија и не ја опфаќаат фазата на развој од „идеја“ до „докажан концепт“ или „прототип“. Новата мерка ќе го прошири опфатот на финансирање на иновации кон целна група – физички лица и кон делови од иновативниот циклус кои до сега не се опфатени преку инструментите на Фондот.Директорот на Фондот за иновации и технолошки развој Јован Деспотовски истакна дека со оваа мерка ќе се понуди специјализирана обука и финансиски средства за сите млади луѓе кои имаат идеја и потенцијал за формирање на брзорастечки компании.„Со новата мерка се предвидува формирање на таканаречена ИНГрупа која ќе се формира од лицата кои поднеле апликации со иновативен потенцијал. Очекуваме дека во следната година 150 млади луѓе ќе ја искористат оваа можност и ќе основаат свој бизнис, со кој дополнително ќе се креираат нови работни места“, рече Деспотовски и додаде дека со ова се зајакнува фокусот кон младите и е надоврзување кон постоечкитеинструмент на Фондот со кој се нуди поддршка за стартап компании.Воведувањето на оваа мерка треба да придонесе за поголема оддржливост на Програмата за самовработување и креирање на позитивен циклус на дополнителни вработувања во брзорастечките бизниси. Истовремено во ФИТР ќе пристигнуваат поголем број поквалитетни апликации од новоосновани компании.

Македонија | пред 7 години

plakat-KRIK03-1

Со програмата Критичка култура низ филмови завршува фестивалот КРИК 03

На годинашното издание на фестивалот КРИК во делот насловен: Критичка култура низ филмови, утре (недела, 16 декември) и на 17 и 18 декември, во Џебното кино во МКЦ ќе бидат прикажани три филма по избор на Петар Милат, публицист и филозоф од Загреб.Се работи за филмовите  „The Waldheim Waltz“ (2017) во режија на Ruth Beckermann, Araby (2017), режија João Dumans, Affonso Uchoa и Transit (2018), режија на Christian Petzold што премиерно се прикажуваат во Скопје.16 декември (недела), Џебно кино МКЦ, 20 часот„The Waldheim Waltz“ е филм за вистината и лагите или за „алтернативните факти“. Рут Бекерман го документира процесот на разоткривање на поранешниот генерален секретар на ОН, Курт Валдхајм. Тој покажува брза прогресија на нови обвинувања од страна на Светскиот еврејски конгрес за време на неговата претседателска кампања во Австрија, негирање од страна на австриската политичка класа, појава на антисемитизмот и патриотизмот,што конечно ќе доведат до негов избор. Создаден од меѓународниот архивски материјал и она што Бекерман го снимил во тоа време, The Waldheim Waltz го анализира колапсот на големата илузија на Австрија: дека биле првата жртва на нацистите.Времетраење: 93 мин Земја: Австрија, 2018 Јазик: германски, англиски, француски.17 декември (понеделник) Џебно кино МКЦ, 20 часот„Araby“ е филм за  Андре е осумнаесетгодишно момче кое живее во близина на фабрика за алуминиум во индустрискиот град Оро Прето, во југоисточен Бразил. Еден ден, по една фатална несреќа која се случила во фабриката, тој е пратен во домот на еден од загинатите работници, Кристијано, да собере дел од работите кои му припаѓале на работникот. Таму ќе најде весник, во кој се опишани последните години од животот на работникот, кој целиот свој живот го поминал во сиромаштија и социјално угнетување. Првиот филм, заедничка режија на Жоао Думас и Афонсо Ушоа, ја прикажува авантурата, љубовта и маките на Кристијано, еден фасцинантен лик кој со својот чувствителен поглед нè вo воведува стварноста на најзагрозената класа во Бразил.Времетраење: 96 мин Земја: Бразил, 2017 Јазик: португалски18 декември (вторник) Џебно кино МКЦ, 20 часотФилмот „Transit“ беше во официјалната програма на Берлинале и на фестивалот „Браќа Манаки“.  Германските трупи се пред портите на Париз. Жорж во последен момент бега во Марсеј. Багажот му се состои од оставината од писателот по име Вејдел кој се самоубил од страв од прогон. Неговата оставина се состои од ракопис, некои писма и уверение за виза од мексиканската амбасада. Влез во овој пристаништен град им се дозволува само на оние што можат да докажат дека ќе заминуваат, што значи дека ви треба дозвола за влез од потенцијална земја домаќин… Филмот се одвива во современ Марсеј каде што овие ликови од минатото се движат, на тој начин бегалци од минатото се среќаваат со бегалци од денешнината, историјата се сретнува со сегашност и се создава еден вечен транзитен простор…Времетраење: 101 min. Земја: Германија 2018 Јазик: германскиСелекторот  Петар Милат работи како програмски раководител во Мултимедијалниот институт / MaMa [Загреб, Хрватска], каде што е задолжен за издаваштво, експериментална музика и филмски програми. Од 2008 година тој е директор на Филмскиот фестивал за човекови права, фестивал на cinéma d’auteur engagé. Главниот фокус на неговото истражување е врската помеѓу нормативната социјална и естетска теорија. Во 2018 година бил член на жирито на фестивалот за кратки филмови во Оберхаузен.Со оваа тридневна филмска програма завршува годинешното трето издание на КРИК – фестивал за критичка култура. Во 14 фестивалски денови во Скопје гостуваа светски познатите мислители Маурицио Лазарато, Алфредо Саад Фиљо и Крестон Дејвис, потоа активистите од FAIRCOOP и Bank of the Commons, потоа уметниците од Германија - Ангела Мелитопулос и од Словенија – Ника Аутор, како кураторката од Берлин, Катрин Бекер. Се одржа промоција на книгата „Мало фолио за театар“ од Иван Додовски на која учествуваа Милица Стојанова, Владимир Милчин, Никола Ристановски и Искра Гешоска, како и  меѓународна дискусија за критиката во регионот со учесници од Македонија, Србија, Хрватска и Словенија. Во Скопје настапи култната музичка група „Millions of dead tourists“ од Грција. Беше презентиран меѓународниот проект „Простори на слободата“ на Гете институтите во Европа, на која гостуваше првиот човек  на институцијата, Јоханес Еберт. Се одржаа две работилници за критичко пишување со Маја Ќириќ и Иван Додовски, а дискурзивната програма завршува вечерва (15 декември) со предавањето на Ана Вујановиќ, една од најзначајните  авторки и кои ги спојуваат световите на критичката теорија и современите уметности. Разговорите со гостите од различните критички области ги модерираа Артан Садику, Елена Вељановска,  Никола Гелевски и Бранимир Јовановиќ.Фестивалот годинава ја обработуваше генералната тема: АЛЕРТ! – пред портите на моќта очекувајте исклучување.КРИК - Фестивал за критичка култура се реализира во соработка со: Мутлимедијалниот Институт (MI2), од Загреб, kuda.org од Нови Сад, Berliner Gazette од Берлин, n.b.k. Video-Forum од Берлин, платформата Светот околу нас – критиката во регионот, организирана од партнерските организации kulturpunkt.hr и Kurziv (Хрватска), SEECult (Србија), SCCA – Љубљана (Словенија), Проектниот простор Прес ту егзит (Македонија).Контрапункт - асоцијација за развој на критичка теорија, социо-културен активизам и современи културни практики и КРИК – фестивал за критичка култура се поддржани од: Гете-институт Скопје, Министерство за култура на Република Македонија, Фондација отворено општество – Македонија, Фондацијата Култура нова од Хрватска и Креативна Европа 2014 - 2020.Логистички партнери на фестивалот се: НУ Музеј на современа уметност – Скопје, Младински културен центар и порталот окно.мкПостојани стратешки партнери на Контрапункт и на КРИК се: МаМа од Загреб и kuda.org од Нови Сад.

Магазин | пред 7 години

Gradonacalnik_Jovan_Stojanoski

Стојаноски ќе биде погребан во понеделник на охридските гробишта

Утре Советот на Општина Охрид ќе одржи вонредна седница на која ќе биде изгласана одлука понеделник да биде прогласен за ден на жалост во Охрид.Комеморативна седница по повод ненадејната смрт на Градоначалникот на Охрид Јован Стојаноски ќе биде одржана во понеделник со почеток во 10 часот, а погребот ќе започне во 12 часот на гробиштата во Охрид.ГРАДОНАЧАЛНИКОТ БИЛ НА КОЛЕГИУМ ВО МОМЕНТОТ НА ИНФАРКТОТГрадоначалникот на Охрид Јован Стојаноски утрово бил во својот кабинет, каде одржувал работен колегиум , по што доживеал здравствени проблеми и бил пренесен во Општа Болница.Од Интерно одделение на општа болница бил транспортиран во Кардиолошки завод , а починал во време на транспортот.

Македонија | пред 7 години

zaev-hrvtska-2

Заев за смртта на Стојаноски: Беше колега, пријател, загубата е огромна

Премиерот Заев упати телеграма со сочувство за смртта на градоначалникот на Охрид, Проф. д-р Стојаноски: Загубивме колега, пријател и голем професионалец посветен на својата визија за ОхридПретседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев упати телеграма со сочувство за смртта на градоначалникот на Охрид Проф. д-р Јован Стојаноски, до неговото семејство, најблиските и пријателите.Во телеграмата, премиерот Заев пишува дека смртта на Проф. д-р Јован Стојаноски, е огромна загуба за академската заедница, за Охрид, локалната заедница и за партијата СДСМ, за кои низ годините даде огромен придонес со своето посветено работење.„Јован беше колега, пријател и голем професионалец посветен на својата визија Охрид да биде вистинска европска, културна и туристичка престолнина.Знам дека не постојат зборови на утеха кои можат да ја намалат вашата загуба, но дозволете заедно да ги споделиме чувствата на тага за загубата на вашето семејство“, пишува Претседателот на Владата на РМ Зоран Заев, во телеграмата со сочувство за смртта на Проф. д-р Јован Стојаноски, до неговото семејство.

Македонија | пред 7 години

47680811_322446588594440_7055429234830868480_n

Oбјавeн конкурс за откуп на фотографии на тема "Винтерленд во Скопје"

Врз основа на Програмата за општа туристичка пропаганда и подобрување на условите за престој на туристите во градот Скопје за 2018 година.(„Службен гласник”на Град Скопје бр.2,3/2011 година), Град Скопје објавува:КОНКУРС ЗА OТКУП НА ФОТОГРАФИИНА ТЕМА: ВИНТЕРЛЕНД ВО ГРАДОТ СКОПЈЕПраво на учество на Конкурсот имаат сите заинтересирани физички лица, согласно утврдените барања:1. Доставените фотографии треба да се изработени од аматер/хоби фотограф2. Доставените фотографии треба да се изработени во дигитален формат, со висока резолуција (мин 1200х1800)3. Фотографиите не треба да се претходно објавувани во весници, каталози, списанија или да учествувале на други конкурси,Техичко-уметнички критериуми- Да се долови новогодишната атмосфера и енергија- Естетика на фотографијата.(Фотографијата ќе се оценува според композицијата.Начинот на којшто се вклопени фотографираните елементи, кои треба да прават успешна целина во уметничка смисла).- Светлото во фотографијата .(Фотографијата не треба да биде премногу темна , нити премногу светла.Фотографијата мора да има доволно видливи детали).- Напредни естетски детали-(тоналитет, форма, текстура, ритам, баланс,движење и сл).4Ќе бидат откупени 3 (три) фотографии, и тоа по следниве износи:1. 6,000 денари2. 4,000 денари3. 2,000 денариГрад Скопје ќе склучи договор на свој трошок со учесниците на Конкурсот од кои ќе бидат откупени фотографиите, со кои ќе се регулираат меѓусебните права и обврски во согласност со важечките прописи во Република Македонија а особено прашањата за регулирање на авторските права.Сите доставени фотографии ќе бидат изложени на мини изложба организирана на Винтерленд во почетокот на 2019 година.Доставените фотографии што нема да бидат откупени ќе може да се подигнат во рок од еден месец по објавувањето на резултатите од Конкурсот.Изборот на фотографиите ќе го изврши Комисија формирана од Град Скопје, според критериумите утврдени во КонкурсотСекој кандидат своите фотографии треба да ги достави на ЦД, во затворен плик на кој на горниот лев агол треба да стои ознаката “не отворај”, а во средината треба да биде назначена точната адреса на примачот. Надворешноста на пликот не смее да содржи никакви ознаки за испраќачот. Во затворениот плик треба да има уште два затворени и запечатени плика, од кои едниот со шифра, а другиот со документација со иста шифра што ја содржи документацијата и идентификацијата на испраќачот.Адресата на која треба да се достават предлог фотографиите е:Град СкопјеСектор за локален економски развојбул. „Илинден” бр. 82, 1000 СкопјеСо назнака „за Конкурсот за откуп на фотографии“Или лично, во Архивата на Град Скопје.За дополнителни информации заинтересираните можат да се обратат на тел. (02) 3297-218, секој работен ден од 8.30 до 16.30 часот, или во просториите на Град Скопје, барака бр. 6, канцеларија бр. 1 - Одделение за туризам.● Конкурсот трае 5 дена, од денот на објавувањето.● Пријавите за Конкурсот кои нема да бидат доставени во наведениот рок нема да бидат земени во предвид

Скопје | пред 7 години

Gradonacalnik_Jovan_Stojanoski-1

Жерновски, Богоев и Ристовски со неверување се простија од градоначалникот Стојаноски

Заменик-министерот за надворешни работи Андреј Жерновски, градоначалникот на општина Карпош Стефан Богоев директорот на театар Комедија се простоија од градочаланикот на Охрид Јован Стојаноски кој утрово почина откако доживеал тежок инфаркт.„Почивај во мир, почитуван градоначалник“, напиша Жерновски„Вчера се видовме и дружевме. Не ми се верува. Лесна ти земја друже Јоване“, напиша Богоев.„Почивај во мир другар.Навистина ме шокираше веста.Голем другар,пријател,сопартиец. Охрид загуби голем градоначалник. Сочуство до семејството“, напиша Ристовски.https://www.facebook.com/photo.php?fbid=2300119236685000&set=a.493766630653612&type=3&theaterhttps://www.facebook.com/photo.php?fbid=10213703850132051&set=a.2445459617397&type=3&theater

Македонија | пред 7 години

sela-2

Села му се налути на Заев поради Косово

Ставот на македонскиот премиер Зоран Заев дека трансформацијата на косовските безбедносни сили во војска на Косово доаѓа во погрешен момент, претставува националистичка изјава која пред сè е насочена против Албанците во Косово, како и против САД, изјави лидерот на Алијанска на Албанците Зијадин Села.Села, меѓу другото, му порачува на премиерот Зоран Заев, како што вели, да погледне во сопствениот двор и да ги спроведе вистинските реформи во Македонија без да се меша во внатрешните работи на Косово.Од Алијансата за Албанците, се вели во статусот, го повикуваат премиерот веднаш да ја повлече својата изјава и во име на Македонија да ѝ го честита на косовската влада формирањето на Армијата на Косово.https://www.facebook.com/ZiadinS/posts/1442159649248170

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Полициски синдикат: Полициските службеници на терен без зимски јакни

Независниот синдикат на полицијата (НСП) денеска на прес-конференција информира дека неодамна една група полициски службеници земале униформа. Според нив, се работи за пролетна јакна со која полицајците треба да работат во зимски услови.– Дали оваа јакничка тешка 300 грама е доволна за правилно извршување на работите на полициските службеници? Зар со оваа пролетна јакна полициските службеници можат да извршуваат службени задачи надвор на овие минусни температури и до минус 10 степени и да издржат. Овие услови се неподносливи за полициските службеници на терен без зимски јакни. Бараме најитно да се набават соодветни јакни – зимски и да се поделат на колегите, изјави портпаролот на Независниот синдикат на полицијата Дејан Саздов пред Собранието на Република Македонија.Доколку ресорното Министерство не им подели зимски јакни на полициските службеници тогаш, како што велат, тие немаат обврска да носат униформа затоа штоа таа е надвор од сите станадради и не е согласно правилата и прописите на Министерството.– Легимитетот ни го дават околу три илјади членови кои секојдневно тропаат на нашата врата со едно барање – штрајк до остварување на сите наши права. Бараме Министерството да не вклучи во процесот на преговарање за нов колективен договор затоа што никогаш повеќе нема да дозволиме да се потпише штетен колективен договор за припадниците на полицијата, рече Саздов.Тој информира дека НСП серизоно изминатиот период ја разгледува можноста МВР да активира дел од резервниот состав на полицијата за одредени полициски станици и организациски единици кои во нивниот состав веќе им е предвидена одредена бројка на припадници на резервниот состав на полицијата. Овој предлог, како што рече, го доставуваат со цел да се растовари редовниот состав на полицијата од нивните секојдневни патувања од сите полициски станици на територијата на Македонија и вршат најразлични дејствија на територијата на Град Скопје, а притоа се влијае на нормалното функционирање на матичните полицикси станици.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

(ВИДЕО) Андоновска: Филипче и Заев да стават мораториум на сите проекти за јавно-приватно партнерство во здравството

Секојдневно сме сведоци дека здравствениот систем во Република Македонија континуирано се руинира, а здравствените работници се деградираат и понижуваат. Владата на СДСМ и министерот за приватно здравство Венко Филипче се болест за јавното здравство, изјави Марија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ.„Стана повеќе од јасно дека министерот за приватно здравство, Венко Филипче, во договор со комерцијалистот Зоран Заев, и во соработка со најнеспособниот градоначалник на град Скопје Петре Шилегов го деградираат и во континуитет го приватизираат здравствениот систем. Градоначалникот на Скопје, го остави дворот на Клинички центар да се претвори во депонија, а за сообраќајниот хаос во клиниките ги обвинува лекарите и здравствените работници.Повеќе од очигледно е дека оваа тројка на власт, не се свесни за значењето на јавното здравство во една држава. Заради тоа ги ставаат инвестициите во приватниот здравствен сектор, а во континуитет го уништуваат јавното здравство и ги понижуваат здравствените работници.Нема никаква реализација од најавуваните проекти за подобруваења на здравствениот систем кои ги вети СДСМ. Сведоци сме единствено на зајакнување на приватните здравствени болници. Такви се идеите за давање под концесија на трансплантацијата на органи, префрлување на Детската кардиохирургија во приватна клиника, физибилити студија за да се приватизира Итната медицинска помош, како и Домашна посета?!Министерот за приватно здравство, наместо да ги зајакнува институциите на јавното здравство, прави континуирани напори како да приватизира некој дел од него. Пред да се реализира експериментот на владата на Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче за префрлање на детска кардиохирургија во приватно здравство, пациентите и граѓаните треба да добијат повеќе одговори. Затоа го прашуваме министерот Филипче каде се професорите и докторите од педијатрија и детските хирурзи да дадат свое мислење за овој проект? Сте ги прашале ли министер засегнатите родители? Знаете ли министер колкава е бројката на смртност, колку дечиња се реоперирани поради постоперативни компликации, каков квалитет на живот имаат овие деца, дали имаат соодветна терапија, во чии раце ќе ги доверите нивните животи, колку се стручни луѓето кои ќе оперираат и до каде сте министер Филипче со најавениот фонд за финансирање и лекување во странство на деца до 18 години предвиден во програмата на СДСМ, или и ова е една од многуте предизборни лаги???“, изјави Андоновска.Таа кавно го повика министерот Филипче и премиерот Заев, да стават мораториум на сите проекти за т.н. јавно приватно партнерство и приватизација на здравствениот систем, а особено приватизација на трансплантацијата.„Постои голем ризик доколку оваа метода се префрли во приватните болници да дојде до појава на криминализација на постапката и постои голем ризик Македонија да биде ставена во групата на земји каде што се врши продажба на органи.Оваа метода треба да се развива под контрола на сериозни институции како национален координатор и заменик национален координатор, кои што треба да бидат целосно во тек за спроведување на овие процедури. Во спротивно најавениот развој на трансплантацијата ќе биде само уште едно неостварено ветување. Воедно апелираме до министерот Филипче, итно да го прекине проектот за детска кардиохирургија, мораториум на операциите и отворање широка јавна дебата од сите чинители, како би се донело најсоодветното решение во интерес на овие дечиња и нивните родители.СДСМ и Филипче докажаа дека единствено се борат само за лично богатење и богатење на поединци од СДСМ. Сето ова претставува уништување на се што е создадено во јавниот здравствен систем.Апелираме уште еднаш до премиерот Заев и министерот Филипче, да се стави мораториум на сите проекти за т.н. јавно приватно партнерство и приватизација на здравствениот систем, а особено приватизација на транпслантацијата и детската кардиохирургија.Време е да се стави крај на ова црнило кое ја зави Македонија и опстојува повеќе од година и пол. Граѓаните со својот глас ќе стават крај на црнилата и разградувањето на здравствениот систем“, вели Андоновска.

Македонија | пред 7 години

Renata-Deskoska-nov-min-za-pravda-1-bg_resize

Дескоска во шок: Охрид изгуби голем градоначалник

Министерката за правда Рената Дескоска објави статус на социјалната мрежа Фејсбук во врска со смртта на градоначалникот на Општина Охрид, Јован Стојаноски.„Со Јован се запознавме преку политиката и соработувавме коректно и професионално. Вчера на средбата на ЗЕЛС со Владата во Александар Палас седев до него. И по разговорот за професионалните предизвици негови и мои, прв пат започнавме и приватен разговор. Со гордост и радост ми кажуваше за неговите деца, за нивните студии. Се зачудив дека има 24-годишно дете. Со неговата позната насмевка ми рече: "Млад се женев." Зборувавме за тоа што е најважно во животот. Денес тие зборови ми звучат уште повистинито. Во шок сум од веста што ја примив денес! Во вакви моменти човек се потсетува за вистинските вредности во животот, а особено за вредноста на животот. Почивај во мир! Охрид загуби голем градоначалник“, напиша Рената Дескоска на својот Фејсбук профил.

Македонија | пред 7 години

krasimir-karakachanov-960x540

Каракачанов: Ќе гласам против членство на Македонија во НАТО

Ако Македонија не го смени своето однесување, нема да гласам за нивен влез во ЕУ и НАТО, изјави бугарскиот министер за одбрана Красимир Каракачанов, во интервју за бугарската ТВ Нова.Тој вели дека во комисијата која се состанува за решавање на контроверзните историски прашања нема напредок, а кај македонските претставници постои огромна дрскост.-Јас реагирав правилно. Мојата чаша е прелиена. Не се согласувам Бугарија да прави компромиси за својата историја. Ако не запре фалсификувањето, ќе гласам против членството на Македонија во НАТО. Таканаречениот македонски јазик е измислен во 1945-та година. Нема зошто да молчам. Си го кажав ставот, а воедно и не очекував поддршка, заклучи Каракачанов.

Македонија | пред 7 години

galeb-660x330

Во МНТ: Премиера на претставата „Галеб“ од А.П. Чехов во режија на Нина Николиќ

Непосредно пред премиерата на „Галеб“ на 18 декември во фоајето на Македонски народен театар ќе биде отворена и изложба со која ќе биде одбележан јубилејот на доајенот на македонското актерство – Петре Арсовски.Македонски народен театар со особено задоволство ја најавува премиерата на претставата „Галеб“ од А.П. Чехов во режија на Нина Николиќ. Премиерата на претставата ќе се одржи на 18 декември, во 20 часот, на големата сцена во МНТ.Станува збор за трето поставување на текстот „Галеб“, напишан од еден од најголемите руски и светски драматичари, Антон Павлович Чехов (1860-1904), во 73-годишната историја на Македонски народен театар. Претходно „Галеб“ го поставиле режисерите Димитар Ќостаров, во 1960 година, и Бранко Ставрев во 1990 година.Нагласувајќи дека станува збор за дело од светската класика режисерката Нина Николиќ за својата верзија на „Галеб“ вели:„’Галеб‘ е текст за храброста на младите генерации автори во борбата со оние кои заминуваат од културната сцена, а кои сѐ уште се борат да ги задржат своите позиции во уметничките/театарските кругови и во општеството. Станува збор за текст во кој е јасно нагласено дека човек мора до крај да се бори за она во што верува и за она кое природно му следува“, додавајќи дека од друга страна „драмата содржи приказна актуелна за сите нас, луѓето, кои копнееме за возвратена љубов, но и кои сме подготвени до крај да се бориме за невозвратената или неостварливата љубов во која веруваме. Драмата раскажува приказни кои се универзални и кои се движечка сила на човекот воопшто, бидејќи ништо не се променило од пред 120 години кога Чехов го напишал текстот“.Во претставата играат актер(к)ите Звездана Ангеловска, Никола Ристановски, Дарја Ризова, Петре Арсовски, Емил Рубен, Благој Веселинов, Сашка Димитровска, Славиша Кајевски, Тина Трпкоска, Дамјан Цветановски и Аксел Мехмед.Во поставувањето на претставата учествуваше меѓународна екипа на соработници, меѓу кои сценографот Вишња Вујовиќ од Србија, дизајнерот на светло Крис Јегер од Велика Британија и кореографот Димитрис Сотириу од Грција. Композитор на главната музичка тема во претставата е македонскиот виртуоз на гитарата Влатко Стефановски. Постојани соработници на повеќе претстави на Нина Николиќ се драматургот Драгана Лукан Николоски и костимографот Ивана Каранфиловска – Угуровска.Непосредно пред премиерата на „Галеб“ на 18 декември во фоајето на Македонски народен театар ќе биде отворена и изложба со која ќе биде одбележан јубилејот на доајенот на македонското актерство – Петре Арсовски.Изложбата „Петре Арсовски, 50 години театар“ е визуелно сведоштво за живот на сцената на актерот Петре Арсовски. Преку фотографии, плакати и останати експонати на дел од претставите во кои игра, а се во продукција на МНТ, целта е да се прикаже развојот и низата остварени ликови на еден од најпочитуваните актери во македонското глумиште и „жива легенда“ на македонскиот театар и филм.

Магазин | пред 7 години

Нема фотографија

(ВИДЕО) Ѓорчев: Германската и швајцарската амбасада даваа преку 2000 визи месечно за македонски граѓани кои се селат

Изминатите денови, недели и месеци сведоци сме на невиден егзодус, на невидено до сега иселување од Република Македонија.Се иселуваат ученици, си заминуваа млади, си заминуваат цели семејства, се иселуваат цели општини и села. Неспособноста на Владата на Зоран Заев, на неговите министри резултира со тоа што граѓаните ја губат надежта во Република Македонија, изјави Влатко Ѓорчев на денешната прес-конференција.„Наместо живот во Македонија, донесоа трајно иселување невидено како никогаш досега, донесоа егзодус, донесоа едноставно безпарица, заминување и дигање раце од животот во оваа држава.Ќе ви прочитам неколку бројки кои што се и тоа како загрижувачки кои што ги кажуваат трендовите. Конкретно, амбасадата на Сојузна Република Германија посочи и кажа дека издала по 75 визи дневно, внимавајте тоа се околу 1500 иселени граѓани од Република Македонија само во текот на еден месец. Годишно зборуваме за една година за околу 20 илјади луѓе, можеби и повеќе. Никој не ја знае точната бројка.Амбасадата на Швајцарија оперира со бројка од 500 до 700 визи месечно. Значи ако ја ставиме на една страна амбасадата на Германија со околу 1500 визи месечно, амбасадата на Швајцарија со околу 700 визи, ако на тоа ги додадеме другите земји како што се Белгија, Австрија, Словенија, Норвешка,Канада, Соединетите Американски Држави, Австралија и цела низа на други европски земји, доаѓаме до поразителниот заклучок. Наместо живот Владата на Зоран Заев донесе иселување, донесе невиден егзодус од Македонија, каде што особено заминуваат младите, каде што заминуваат цели семејства. Тоа е тажна и болна слика на економските политики на Зоран Заев и на неспособноста на неговите министри.Би сакал исто така да потсетам на бројките од вчера , кои што болат, кои што се тешки, кои што навистина ја даваат сликата. Конкретно во Штип само од почетокот на оваа година, значи зборуваме од Нова Година до сега, од Штип се отпишани 77 ученици. Источна Македонија, масовно се иселува. Ако видиме во делот на Кочани имаме иселување на 20 тина ученици. Само во овие два три града зборуваме за 130, 140 иселени ако ги додадеме и околни помали општини. Навистина загрижувачки бројки.Ако само во Штип видиме дека за 10 месеци се иселиле 77 ученици, тоа значи дека ако ги додадеме нивните родители на овие ученици, нивните семејства, децата кои што не одат на училиште само од Штип се иселени околу 400 граѓани. Тоа е 1 процент од популацијата на овој голем, најголем град во Источна Македонија, односно тоа е некаде 4 до 5 проценти на младата популација. 4 до 5 проценти на младата популација иселени само во една година. Ова е алармантно.Би сакал да ги искористам бројките од Заводот за статистика кој што го бележи одјавувањето од Македонија, формалното одјавување и заминување со пополнување на документи. Конкретно Заводот за статистика на Република Македонија за 2017 година вели дека најмногу се иселуваат граѓаните на општина Гостивар и граѓаните на општина Делчево“, изјави Ѓорчев.Исто така тој додаде дека се иселува Западна Македонија, се иселува и Источна Македонија. Нема место од Македонија од кое што луѓето не заминуваат. Значи час поскоро итно, утре или потоно речено вчера Владата на Зоран Заев треба да преземе мерки околу ова.„Би сакал исто така да обрнам внимание и на егзодус од неколку општини во Македонија исто како примери.Имаме ситуација во која што иселувањето од Тетово и тетовско, од Боговиње, понатаму од Желино, од Теарце се засилува. Луѓето си заминуваат, луѓето не им веруваат на лажните ветувања на Зоран Заев дека ќе донесе живот, ќе донесе правда и безбедност кога се случува токму спротивното.Места каде што паралелките имале по 30тина деца сега одвај имаат 20 или15 деца, се затвораат училишта, се затвораат паралелки. Истото се случува од егзодусот од Гостивар, од општина Врапчиште, од Форино, од другите населени места од Чегрене, заминуваат луѓето од Маврово Ростуше, заминуваат луѓето од Кичево и кичевско, заминуваат луѓето од Дебарско, од Струшко исто така се прави. Липковско има невиден, невиден егзодус, нема никакви проекти од Владата на Зоран Заев. Арачиново исто така, а истовремено се иселува и Источна Македонија, јужниот дел Пелагонија, се иселуваат луѓе од Скопје.Значи оваа Македонија на Зоран Заев се иселуваат и македонците и албанците и труците и сите останати без оглед на националната или верската припадност.Станува збор навистина за поразителни бројки, станува збор за поразителни статистики кои што долгорочно ја засегаат иднината на Република Македонија.Уште еднаш со жалење можам да констатирам, а тоа и секој го гледа. Секој може да види дека Зоран Заев и неговите министри ги разочараа граѓаните на Република Македонија, дека се случува невидено до сега заминување, иселување од Република Македонија, се случува егзодус.Навистина тажна и поразителна слика“, вели Ѓорчев.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

„Патот на Баба Јага“ на Хана Корнети победник на „Конкурсот за драмски текст“

„Патот на Баба Јага“ на Хана Корнети е прогласен за победник на „Конкурс за драмски текст“ – Распишан од „Здружението на драматурзи и сценаристи на Р. Македонија“ и „Драмски театар – Скопје“.-Драги, колеги, учесници во конкурсот и вљубеници во македонскиот театар и македонската драма. Чест ми е, како Претседател на „Здружението на драматурзи и сценаристи на Р. Македонија“ и Претседател на жири комисијата за распишаниот конкурс, во состав: Југослав Петровски (претседател),  Драгана Лукан (член) и Викторија Рангелова (член ), да ви соопштам, дека на првиот конкурс за најдобар драмски текст – кој го распишува „Здружението“ е прогласен – драмскиот текст:“Патот на Баба Јага“ на Хана Корнети.Водејќи се по основните принципи и задачи, а особено целите – зошто е формирано оваа здружение, го избравме драмскиот текст -„Патот на Баба Јага“ на Хана Корнети , за најдобар, од сите останати текстови пристигнати на конкурсот.1. Овој текст во себе содржи најмногу елементи  и квалитети кои ги форсира и во иднина ќе инсистира на нив “Здружението на драматурзи и сценаристи на Р. Македонија“.2. Овој текст, се издвојува од другите, пред се по тоа што има квалитетно изработени драмски ситуации, има добро изградени карактери, и особено е битно што во себе ги има сите занатски ( драматуршки ) елементи кој еден вистински драмски текст мора да ги има во себе, и истите се направени на добар и квалитетен начин.За овој текст е исто така карактеристично што во себе има надградено една едукативна  нитка и носи јака современа порака – што е битно за публиката на која се обраќа текстот, а тоа се децата. Значи се работи за драмски текст напишан за деца, кој по нас е исто така квалитет плус, бидејки сметаме дека оваа публика е мошне значајната, на која современите драмски писатели мора што по често да и обрнуваат внимание.( Образложението на жири-комисијата – во целост ќе биде прочитано на денот на  -“Јавното читање„ на наградениот текст. )Јавното читање на текстот ќе се одржи во “Драмски театар – Скопје“, за што, сите заинтересирани ќе бидат обавестени, и лично, и преку медиумите.По “Јавното читање на наградениот текст“ ќе се отвори јавна – дебата, на која ќе се зборува за состојбата на македонската драматургија, како и за целите и правците на делување на „Здружението“ – во правец на подобрување на моменталната состојба со македонската драма, истакна Југослав Петровски, претседател на “Здружението на драматурзи и сценаристи на Р. Македонија.“

Магазин | пред 7 години

Нема фотографија

Арсовски: Економијата е крахирана, единствено работат фирмите на Заеви, Анѓушев и останатите од СДСМ

Насекаде околу нас ни се случува црнила. Граѓаните се зацрнети и се оди против нивната волја. Судството е заробено од страна на Зоран Заев и за жал, Зоран Заев е единствениот судија во државава. Кого сака го тужи, кого сака го суди“, изјави Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.„Криминалот во Република Македонија метастазира како канцер во напреден стадиум. Целото подземје си ги наплаќа фактурите од Владата на СДСМ и управува со улиците.Ни се зацрнија цели фамилии благодарение на криминалците кој што се блиски до СДСМ. Уште колку деца и невини граѓани треба да загинат за конечно оваа Влада да се освести дека треба да работи за граѓаните, а не да работи за мафијата.Корупцијата е на ниво на кое што никогаш не била.Се прислушуваат обвинители и судии и никој не се обидува ниту да сноси одговорност, ниту да даде оставка. Но, еден ден ќе мора да сноси одговорност и да одговара тој што е нарачател на ова прислушување.Економијата е крахирана, единствено работат фирмите на Заеви, Анѓушев и останатите од СДСМ. Ни се случува масовен потоп во економијата. Реализацијата на капитални инвестиции до сега е само 1/3“ вели Арсовски.Според него даноци се покачуваат, а граѓаните осиромашуваат.„Затоа, заради сите овие причини и уште безброј други, Ве повикуваме да ни се придружите утре на протестниот марш, во недела, во Велес, збирно место на паркингот кај гимназијата во 13 часот, маршираме низ центарот заедно се до платото пред Судот.Да ставиме крај на ова лудило и да ставиме крај на оваа црнила.Ве повикуваме сите, секој оној кој што е револтиран за било што од оваа Владаа такви ги има многу, се повеќе и повеќе да протестираме заедно се до конечно паѓање на оваа ненародна и криминална власт на СДСМ“ изјави Арсовски.

Македонија | пред 7 години

KING9598

Царовска: 40 деца од понеделник ќе одат во нова градинка во битолско Кравари

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царвоска, денеска присуствуваше на отворање на новата градинка во с. Кравари, Битолско. Објектот „Пролет 1“  е дел од ЈОУДГ „Естреја Овадија Мара“, има површина од над 200 м2, со двор од 500м2.„Инвестираме повеќе пари во детската заштита и подобрување на условите за згрижување на деца од предучилишна возраст, а во овој процес посветуваме особено внимание на руралните средини кои со години беа запоставувани. Буџетот за проширување на капацитетите на градинките за следната година го зголемивме за 300%. Со овие средства ќе ги изградиме првите големи градинки во Македонија за последните две децении. Паралелно, го менуваме начинот на кој државата се грижи за децата, поставуваме нови стандарди и го подобруваме квалитетот на предучилишното образование“, изјави Царовска.Новиот адаптиран простор „Пролет 1“ има капацитет за згрижување на 40 деца од 2 до 6 годишна возраст, со целодневен престој.  Објектот „Пролет 1“ е адаптиран и опремен согласно сите стандарди на МТСП.Градинката располага со две занимални, санитарна просторија за деца и кујна.  За опремување на просторот МТСП издвои 696 илјади денари и обезбеди пет нови вработувања.Изминатата година и пол  МТСП посветено работеше на изградба на нови и проширувањена постојните капацитети на детски градинки. Како резултат, отворени се 11 градинки со капацитет од 600 деца и обезбедени се 68 вработувања додека 13 градинки со капацитет за 682 деца и 97 нови вработувања ќе профункционираат до крајот на годинава. Тоа се 24 градинки, најголем дел во руралните средини кои со години беа заборавени дека постојат.Министерството за труд и социјална политика неодамна обезбеди 30 милиони евра од Светска банка, од кои 16 милиони се наменети за изградба на нови градинки и проширување на постоечките обезбедувајќи простор за нови 7.000 деца. Паралелно ќе се зголемува и бројот на вработени со што се очекува во наредните четири години застапеноста на децата од 35 % да се зголеми на 50%. 

Македонија | пред 7 години

IMG_3164

Велковски: по 11 години застој, интезивно се рабноти, се инвестира во инфраструктурата и железницата

Градиме по план! Сериозно инвестираме во нова патна и железничка инфраструктура! Со најголемиот добиен грант за еден инфраструктурен проект  од 68,6 милиони евра следува изградбата на втората делница од пругата кон Бугарија, важен дел од коридорот 8, изјави Диме Велковски од СДСМ на денешната прес-конференција.„Со овие средства се кофинансира изградбата на пругата Бељаковце – Крива Паланка во вкупна должина од 34 километри.Во меѓувреме, веќе се надминати пречките започнува забрзана изградба на пругата Куманово – Бељаковце во должина од 31 километар.Заокружено е финансирањето, изградбата на Коридорот 8 станува стратешки инфраструктурен проект на Владата предводена од СДСМ.Конечно граѓаните на Македонија и Бугарија железнички ќе бида поврзани.  Македонија ја засилува стратешката позиција на Балканот.Со изградба на Коридорот 8 се создава нов железнилки транспорт што ќе придонесе кон зголемување на трговската размена, развојот на економијата и комуникацијата на граѓаните.Дополнително, привршуваат градежните работи на пругата од Битола кон граничниот премин со Грција, Кременица.Целосно е завршено поставувањето на шините, финишира процесот на поставување на пропратните елементи како сигнализација, електрична енергиија и паркинг.Овозможуваме Пелагонискиот регион повторно да биде железнички поврзан со Грција и со солунското пристаниште. Освен за граѓаните на Битола и Пелагонискиот регион, оваа железница е значајна придобивка и за индустриската зона Жабени односно компаниите во неа.Се олеснува транспортот, протокот на стоки и услуги“, вели Велковски.Тој додаде дека по 11 години застој, после деценија потрошена без да се изгради ниту еден километар железничка линија интезивно се рабноти, се инвестира во инфраструктурата и железницата.„Се градат и реконструираат патни правци низ целата држава, се градат пруги и се модернизира железничкиот сообраќај, се одвојуваат повеќе пари за гасификација, водоводни и канализациски мрежи.Придобивките се огромни за граѓаните, но и за компаниите.Како одговорна и државотворна партија остануваме посветени на реализација на мерките што обезбедуваат економски раст, развој, повисок животен стандард и услови за квалитетен живот на сите граѓани“, изјави Велковски.

Македонија | пред 7 години

kliks02-620x350

Двајца загинати и осум повредени откако се преврте автобус во БиХ

Автобус се преврти кај местото Вртиќ, кај Неесиње во Босна и Херцеговина, при што две лица го загубија животот, а осум е повредени.Автобусот пренесувал патници од Бгелград до Мостар, а според првичните информации во него имало 20 лица. Несреќата се случила утрово околу 8 часот на магистралиот пат помеѓу Невесиње и Гацко.Според сведоците автобусот се излизгал поради поледица и излетал од патот. 

Свет | пред 7 години

Gradonacalnik_Jovan_Stojanoski

Почина градоначалникот на Охрид

Утрово на 48 годишна возраст почина градоначалникот на општина Охрид, Јован Стојаноски.Тој немал никакви здравствени проблеми, а неофицијално причината е инфаркт. Според првичните, неофицијални информации, тој починал додека го транспортирале од Општата болница во Охрид до Кардиолошкиот завод.Официјално мандатот на градоначалникот на Општина Охрид, Проф. д-р Јован Стојаноски започна на 20.10.2017 година, после победата во првиот круг на Локалните избори 2017 година.Стојаноски е автор на значаен број трудови и артикли од областа на Маркетинг, како и активно учество на голем број домашни и меѓународни семинари, конференции и конгреси.

Македонија | пред 7 години

njemac-traktor1

Повреден дебарчанец – додека товарел вреќи, тракторот го прегазил

Вчера околу 14,40 часот во Демир Капија пријавено е дека во близина на „Прждевски споменик“, Н.Б.(41) од село Могорче, дебарско, додека товарал вреќи со жито во трактор „ИМТ 539“ со дебарски регистарски ознаки сопственост на Џ.Б.(45) од истото село, во еден момент тракторот сам се придвижил, при што Н.Б. се здобил со тешки телесни повреди .Извршен е увид на местото на настанот.

Македонија | пред 7 години

Fotografija

„Македонија блокира“ со протест во Прилеп

Членовите и приврзаниците на движењето „Македонија блокира“ информираат дека денес во 14:00 часот ќе протестираат во Прилеп на плоштадот „Александар Македонски“.Исто така во недела (16 декември) со почеток од 13:00 часот ќе биде блокиран магистралниот пат Охрид-Струга кај селото Мислешево.„Отпорот започнува да се шири во цела Македонија!Во сабота, 15 декември во 14:00 часот протест во Прилеп, плоштад „Александар Македонски“.Во недела, 16 декември во 13:00 часот ќе биде блокиран магистралниот пат Охрид-Струга кај селото Мислешево.Започнува финалната битка со марионетската власт во Скопје која сака да избрише се што е македонско. Потребно е масовно присуство. Оваа битка за одбрана на името, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ е света должност за секој Македонец“, стои во објавата на совијалната мрежа Фејсбук. 

Македонија | пред 7 години

48373505_2264055753628515_1460501996917227520_o

Асфалтирана улицата меѓу новите згради во Мичурин

Изградбата на улицата „Новопроектирана 8“ во населбата Мичурин, што се протега покрај улицата „Фрањо Клуз“, е во завршна фаза и деновие се асфалтира.„Новата улица е во должина од 200 метри со јавно паркиралиште, за кои Општината издвои над 8 милиони денари. Новопроектирана 8“ доби и комплетно нова атмосферска, фекална и водоводна мрежа. Улицата и паркиралиштето ќе бидат и целосно осветлени.Изградбата на оваа улица за граѓаните значи полесен пристап до новите згради и приклучок кон комплетно новата подземна инфраструктура“, велат од Општина Аеродром.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Македонија под снежна покривка

Македонија под снежна покривка. Во земјава преовладува претежно облачно и студено време, во западните делови со локален слаб снег. Долж Повардарието и на повисоките места дува умерен до засилен северен ветер, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.Најмногу снег до 7 часот наврнало во Маврово 43 сантиметри, потоа 34 см во Лазарополе, 32 см во Дебар, 31 см во Пожаране, 25 см во Крушево, 20 см во Берово, 18 см во Тополчани и Тетово, 17 см во Ѓуриште, 13 см во Битола и Пожар, 12 см во Претор, 10 см во Крива Паланка и Штип, 9 см во Струмица, 8 см во Охрид, 6 см во Прилеп и Кавадарци, 4 см во Виница, 3 см во Скопје-Петровец и еден сантиметар во Демир Капија.Од УХМР информираат дека минималните температури утрово изнесуваат -8 степени во Маврово, -7 во Лазарополе и Крушево, -4 во Берово, -3 во Прилеп, Претор и Дебар, -2 во Охрид, Тетово, Крива Паланка и Битола, -1 во Штип, Виница, и Куманово, нула степени се измерени во Скопје, Струмица, Кавадарци и Дојран, еден степен во Демир Капија и два степени во Гевгелија.Најмногу дожд до 7 часот има наврнато во Струмица 36 литри на метар квадратен, потоа 34 во Пожаране и Маврово, 31 во Берово, 27 во Дебар, 6 во Претор, 25 во Тополчани, 22 во Лазарополе, Тетово, Дојран, Гевгелија и Крушево, 21 во Демир Капија, 19 во Битола, 17 во Виница, 16 во Крива Паланка и Пожар, 14 во Штип, 13 во Охрид, 11 во Ѓуриште, пет во Скопје, четири во Кавадарци и еден во Куманово и Прилеп.

Македонија | пред 7 години

nema-voda

Без вода дел од Мичурин

Денес поради уличен дефект 150мм на ул.Петар Ацев бб ( позади ресторан Рулет ) - Мичурин, прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците на ул.Петар Ацев до завршување.

Скопје | пред 7 години

DSC_03

Мицкоски од Виница: Како опозиционер Заев гордо бараше дуел, а сега не сака да излезе да зборуваме

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, вчера вечер оствари средба со голем број на членови и симпатизери на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Виница.На средбата претседателот Мицкоски истакна дека во Република Македонија владее црнило и темнина, односно како што рече тој владата на СДСМ и Зоран Заев на граѓаните наместо живот за сите кои што им го ветуваше им донела чемер и јад, омраза, гнев, уцени и закани.Мицкоски посебен акцент стави и на македонската економија, потенцирајќи дека владата на СДСМ води расипничка економска политика, додавајќи дека и самите граѓани го гледаат тоа.„Имаме црнила за земјоделците. Имаме црнила во економијата, во здравството. Имаме црнила во образованието. Луѓето се селат, Македонија се празни. Национално се опустошува. Парче по парче се разграба. Веќе имаме политичари кои се докажаа дека не се кадарни да ја водат државата, а се докажаа дека не се кадарни да ја водат државата затоа што не знаат како да ги организираат самите институции во рамките на Владата“, вели Мицкоски.Претседателот пред присутните објасни зошто Зоран Заев бега д ТВ дуел и јавно соочување со него пред граѓаните на Македонија. Според него, граѓаните имаат право да ја слушнат вистината за неспособноста и негрижата од страна на Зоран Заев и СДСМ за граѓаните.„Како опозиционер се перчи гордо излегува и кажува луѓе дајте да имаме дуел, дебата меѓу опозицијата и премиерот, а еве сега кога им бараме дебата да излезат заедно, рамо до рамо со овие кои што им се приклучија да ги избрифираат да им кажат за нашите вмровски работи, па и за тоа да збориме. Да збориме и за сите овие промашувања и шарени лаги во програмата „Живот“, еве гледаме сега не сакал да излезе, вели нека го каже Христијан Мицкоски неговиот став за договорот и за НАТО и за ЕУ, а досега едно сто пати сме го кажале нашиот став за договорот, сме го повториле и не знам што треба уште повеќе да кажеме дека строго ќе бидеме, сме биле и ќе останеме против Преспанскиот договор. Повеќе од тоа, појасно и погласно не знам што треба да направиме.Но стравот е голем затоа што знаат дека ја губат поддршката од народот, знаат дека се што ветија излажаа, народот тоа го препознава. Играа на картата на кратко помнење, но тоа ќе им се удри од глава веќе на следните претседателски избори“, заврши Мицкоски.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања