Промени тема
За нас Контакт
„Претрес“ на Богдан Илиевски: 27 април, амнестијата, ВМРО, Алфа, пропагандата, Груевски...
„Претрес“ на Богдан Илиевски: 27 април, амнестијата, ВМРО, Алфа, пропагандата, Груевски...

Скопје1.мк

Нема фотографија

Ја распалил скарата, па избувнал пожар

На 14.12.2018 година во 09,10 часот С.А.(21) од Скопје пријавил дека избувнал пожар неколку минути  откако ја распалил скарата во угостителски објект лоциран на улица "Бранко Зревски" во Скопје, сопственост на неговиот татко.Во пожарот опожарен е оџакот и дел од кровната конструкција од објектот. Пожарот е локализиран и изгаснат од страна на Противпожарна екипа Драчево во 09,30 часот, повредени лица нема.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Денес започнува програмата во нвогодишната населба „Винтерленд“

Од денеска (15 декември, сабота) до 31 декември, Градот Скопје за граѓаните во главниот град подготви најразлични доживувања и незаборавна забава за новогодишните празници во населбата „ВИНТЕРЛЕНД“ на плоштадот „Македонија“.„Дојдете и бидете дел од новогодишната населба „ВИНТЕРЛЕНД“, што ја сочинуваат украсени куќички каде што има катчиња за детски игри, како и разновидни содржини од новогодишен карактер за посетителите од сите возраста. Ќе има и топ за вештачки снег, со што ќе се дополни зимската слика, а за вљубениците во зимските спортови во населбата е поставено и лизгалиште на мраз.Активностите во „ВИНТЕРЛЕНД“ ќе почнат денеска,15 декември, во 12 часот со детската програма „Волкот низ приказните“, улични забавувачи и дружење со Walt Disney маскоти.Програмскиот дел во текот на неделата почнува од 17 или од 18 часот, а во текот на викендите од 11 или од 12 часот, а трае до 22 часот, а во некој денови и до полноќ.Во културно-забавната програма ќе учествуваат: Театарот за деца и младинци, Златно славејче, улични забавувачи, Walt Disney маскоти, балетската и фолклорна секција од ДКЦ, хоровите од средните училишта на Град Скопје „Никола Карев“, „Раде Јовчевски-Корчагин“,„Васил Антевски-Дрен“,„Панче Арсовски“, СУГС „Д-р Панче Караѓозов“, СУГС „Јосип Броз-Тито“ и „Орце Николов“, како и ди-џеј Flooder, ди-џеј Милан Серафимов, Plan G, RNC Band, In the mood, Day OFF, Марко и Црни,DNK, Мина Блажев, ди-џеј Тина, Goce SAF, Лозано, Lady Blue, Peppermint, South Park, Салса бенд, Breakdown, Kepurdhat, Ѓоко Танески, Дарио, Џоле Максимовски, Tafa&Theband и Тони Зен.Новогодишната програма и „Винтерленд“ се поддржани од Делегацијата на Европската Унија која го обезбедува лизгалиштето што е поставено на плоштадот Македонија како дел од новогодишната населба. Исто така, настапите на средните училишта од Град Скопје, како дел од забавната програма, се поддржани од Делегацијата на Европската Унија.Годинава Дедомразовската трка ќе се одржи на 23 декември со почеток од 12 часот.Градот Скопје ги поканува граѓаните да дојдат во населбата „ВИНТЕРЛЕНД“ и сите масовно да учествуваат во предновогодишната забава на која одличен додаток ќе бидат греаното вино, пивото, топлите пијалаци и топлата храна“, велат од Град Скопје.

Скопје | пред 7 години

SVETI-NIKOLA-774x1060

Традиција и обичаи кои не сплотуваат - како правилно се слави Свети Никола

На 19 декември се празнува св. Никола, именден празнуваат: Никола, Нино, Николина, Коле…На овој ден сите бродови каде и да се наоѓале ги спуштале сидрата и до следниот ден одморале, оддавајќи му почит на тој начин на овој светител. Во очи на празникот често бродовите застанувале додека морнарите да му се помолат на светителот и потоа продолжувале. Затоа што се верува дека Св. Никола е заштитник на патниците, посебно на оние што патуваат по вода, но и по тоа што како за време на животот така и по смртта ги помагал сиромасите, ги заштитувал затворениците и неправедно осудените, ги откупувал робовите и ги пуштал на слобода. На овој ден според традицијата никако не треба да перете алишта, да се чисти куќата и да се прават било какви домашни работи.Бидејќи во тек е божикниот пост, на овој ден не се јаде мрсна храна. Старите верувале дека доколку славата не се прослави правилно, според традицијата и обичаите, ќе навлечете грев на куќата и на домашните.

Македонија | пред 7 години

levica

Левица го поддржува протестот на синдикатот во Прилеп

Последниот период сме сведоци на повторно актуелизирање на работничките прашања и синдикалната борба, што е сосема нормално и очекувано ако се земе предвид фактот дека на власт е повторно партија која е во спрега со крупниот капитал и која работи на штета на работниците, велат од политичката партија Левица.„Синдикатот на УПОЗ излезе со барање за судските службеници да добиваат 35% на додатоците за плата и да им се вратат незаконски задржаните пари на работниците за време на штрајкот во 2016 година, како реакција на зголемувањето на платите на судиите за 35%. Синдикатот најави дека доколку овие нивни барања не бидат исполнети, тие ќе започнат штрајк. Треба да го имаме предвид фактот дека овој синдикат ги има организирано најдолгите штрајкови во историјата на Република Македонија (60 дена во2016 година и 82 дена во 2000 година). Владата на Зоран Заев би можела да биде сериозно потресена од уште еден долг штрајк на административните работници“, велат од партијата.Исто така додаваат дека, Конфедерацијата на слободни синдикати истакнала барања за промена на Општиот колективен договор за јавен сектор, усогласување на платите согласно минималната плата и реалните промени на трошоците за живот, обезбедување на правото на регрес за годишен одмор (К-15) за сите вработени во јавниот сектор и други барања. КСС најави свој протестен марш во Прилеп за 15.12.2018 со почеток во 11:30 часот,„Левица како работничка партија застанува зад сите барања кои имаат за цел да го подобрат работничкиот живот и да го зголемат достоинството кај работниците. Потребни се мобилизации и повторно освојување на јавниот простор од страна на работниците како и масовно вклучување во синдикатите со цел нивна демократизација и претворање во вистински алатки за социјална и работничка борба!Членови на прилепскиот огранок на Левица ќе бидат присутни во Сабота помеѓу работниците во Прилеп за да ја изразат својата солидарност и поддршка!Само заедно сме посилни!“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 7 години

policija-3-640x382

Приведен жител на Бугарија

На 14.12.2018 година во 17,50 часот од полициски службеници од Граничен премин "Деве Баир" го привеле лицето M.С.M.(56)  од Р. Бугарија поради основано сомнение за сторено кривично дело „Фалсификување исправа“.Истиот е задржан за понатамошна постапка.

Македонија | пред 7 години

krsto-mukoski2-696x367-1200x545_c

Половина милион евра преку тендери за семејството Муковски

Над 58 милиони денари или околу 950 илјади евра е вкупната вредност на тендерите кои вевчанската фирма „Атриум“, водена од братот на обвинетиот пратеник Крсто Мукоски ги има потпишано со државни органи во последните 5 месеци.Податоците се јавни и се впишани на сајтот на Бирото за јавни набавки.За оваа фирма медиумите веќе објавија дека во тек е предистражна постапка за тендерот за варосување и дополнителни градежни работи на скопскиот стадион пред одржување на европскиот супер куп и натпреварот на Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед,за време од владеењето на минатата власт. Поради сомнежи дека зад итност на постапката за стадионот се кријат високи и напумпани цени за фарбање на квадрат ѕид и за градежни преправки, владата поднесе пријава, а финасиската полиција се уште го истражува случајот.Инаку Ссемејната фирма на пратеникот Крсто Мукоски „Атриум“ од Вевчани ќе фарба државни ѕидови, ќе менува буков паркет, ќе го лакира и струга, по двојно повисоки цени од пазарните.„Во претходниот тендер за кој се водат предистражни постапки, за стругање и лакирање на паркет цената била 2.312 денари по квадрат, а сега е 1.334 денари. За молерисување на ѕидови со тон порано цената била 219 денари, а сега е 123 денари за квадрат. А за менување на буков паркет фирмата наплатувала по 4.394 денари, а со овој тендер е постигната цена од 2.565 денари“- велат за ТВ 24 од Ад за стопанисување со станбен и деловен простор.ТВ 24 контактираше по неколку занаетчиски фирми. Просечна цена за фарбање ѕидови со тон не е ни едно евро по квадрат со нивна боја, а фирмата на Мукоски ќе фарба за две евра по квадрат. За лакирање и стругање пак на паркет добивме цени од максимум 10 евра, а најдовме и за 6,5 евра со нивни материјал, додека „Атриум“ тоа ќе го работи за 22 евра по квадрат. А пак менување буков паркет прва класа со нивна набавка е максимални 30-35 евра за квадрат, но мајсторлукот на вевчанската фирма на пратеникот Мукоски ќе го платиме по речиси 42 евра за квадрат, објавија од ТВ 24.Од АД за стопанискување со станбен и деловен простор велат се е законски. И изборот на фирмата, бидејќи немало негативна референца за неа кога ја избрале, како и сумите.ТВ 24 се јави на и братот на Крсто Мукоски, Бобан Мукоски кој е сопственик на „Атриум“, но тој не сакаше да ги коментира тендерите.Пратеникот на сега независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ, Крсто Мукоски, кој гласаше за отворање на Уставот е еден од обвинетите за насилствата во Собранието на 27 април лани. 

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Кривична пријава против две лица поради неовластено поседување на оружје

На 14.12.2018 во периодот од 10,00 до 12,00 часот во Градско, Велес со наредба од Основен Суд Велес извршени се претреси во домовите на лицата О.П.(36) и П.К.(54).Во домот на О.П. од Градско пронајдени се 9 куршуми 9мм додека кај лицето П.К. исто така од Градско пронајдени и одземени се едно автоматско оружје со пластична рамка, еден пригушувач на звукот, 11 куршуми 9мм.По целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена кривична пријава поради "Неовластено изработување, држење, поседување и тргување со оружје или распрскувачки материи".

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Сообраќајка во Скопје, еден со тешки телесни повреди

Вчера во 11,30 часот на крстосницата од улица "Ангел Динев" и улица "Есперанто" во Скопје се случила сообраќајна незгода во која учествувале товарно моторно возило "Мерцедес" со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.С.(38) од Скопје и патничко моторно возило "Сеат Ибица" исто така со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.М.(71) од Скопје.По незгодата со друго возило Ј.М. бил пренесен во Градска општа болница "Свети Наум Охридски", каде од страна на доктор му биле констатирани тешки телесни повреди.Извршен е увид на местото на настанот.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

(ФОТО)Автомобил излета на стариот пат Охрид - Струга

Автомобил „Сеат“ кој превезувал неколку лица ноќва излета од коловозот на стариот пат кој ги поврзува Охрид и Струга во близина на болницата „Свети Еразмо“.Според првите непотврдни информации нема настрадани и посериозно повредени.

Македонија | пред 7 години

48355048_741450849562028_7296805722556203008_n

Студентите од Тетово во вторник најавуваат протест, имаат 14 барања

Во вторник, 18 декември, во 12:30 часот студентите од Тетово најавија протест. Како што се наведува во најавата за протестот со наслов „Протестирај со студентите!!!“ (Protesto me Studentët!!!), студентите од Тетово повикуваат на напуштање на предавањата и протест за иднината, како на сегашните студенти така и за иднината на децата. Збирното место е градскиот плоштад во Тетово, од каде што студентите планираат да ја започнат својата борба.Во своето известување објавено на страницата на „Фејсбук“ наречена „Револтирани студенти“ (Studentët e Revoltuar) тетовските студенти наведуваат дека барањата се упатени кон Министерството за образование, раководствата на универзитетите и власта.Под фотографија на која пишува „Ние сакаме молив и тетратка, не сакаме насилство“, наведени се 14. барања на студентите, кои ви ги пренесуваме интегрално.1. Прекин на условувањата за купување книги за потпис од страна на професорите;2. Субвенционирање или отстранување на плаќањето на 8-неделната пракса од страна на универзитетот (50 евра);3. Субвенционирање на плаќањето на професионалната екскурзија или нејзино отстранување како задолжителен предмет;4. Намалување на тарифата за странските студенти (50%);5. Објавување на статутот на универзитетот и извештајот за евалуација кој студентите го прават за професорите да биде на страницата на универзитетот;6. Подобрување на основните услови во лабораториите и предавалните;7. Прегледување на академските титули и верификација на плагијатурите;8. Ревизија на земањето академски титули на секој професор на раководна позиција. Дали бил почитуван законот, времето кое треба да помине од една титула до друга и научните трудови на приватните и државните универзитети?9. Департизација на универзитетот (отстранување на политичките партии од универзитетите);10. Кој е статусот на Студентскиот парламент? Дали тој функционира како независна организација или е под ингеренции на универзитетот?11. Годишните плаќања од страна на студентите за студентските сојузи, колку од тие средства во една година им се враќаат на студентите?!12. Исто однесување од страна на професорите кон сите студенти, независно од роднинските (пријателските, фамилијарните) врски;13. Отстранување на професорите што се осудени со судска пресуда за некое кривично дело;14. Ставање крај на дискриминацијата на жените и нивното условување со безобразни акти во замена за оценка.https://www.facebook.com/permalink.php?story_fbid=740844349622678&id=740731412967305

Македонија | пред 7 години

zagaduvanje

ВМРО-ДПМНЕ: Додека граѓаните се гушат во загадениот воздух, Шилегов глуми градски шарлатан, а Јани Макрадули спие

Ветувањето на СДСМ за чист воздух е голема измама. Петре Шилегов е градоначалник повеќе од една година, а СДСМ скоро две години раководи со владата и нема суштински мерки против загадениот воздух, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.„Додека граѓаните се гушат во загадениот воздух, владата на СДСМ не презема никакви мерки. Шилегов глуми градски шарлатан и игра игри, а заменик министерот за животна средина Јани Макрадули спие.Едноставно СДСМ мува не ги лази што граѓаните наместо чист воздух со месеци дишат отров.Додека владата на СДСМ се луксузира и вработува партиски војници, секојдневно болниците низ државата се полнат со пациенти кои имаат респираторни заболувања.Граѓаните секој ден слушаат само бајати теми, а владата на СДСМ не презема конкретни мерки за подобрување на квалитетот на воздухот.Мерните станици секој ден покажуваат опасно енормна загаденост на воздухот со ПМ10 честички, а мерки против загаденоста нема. Поради тоа ВМРО-ДПМНЕ предлага конкретни мерки и тоа:-         Итно зголемување на мерните станици ширум Македонија,-         субвенции за набавка на електрични автомобили и печки на пелети,-         субвенционирање сметките за електрична енергија на социјално загрозените семејства,-         забрана за употреба на петрол и коксГраѓаните мора да добијат бесплатен градски превоз додека трае загадувањето, а инспекциските служби, како на државно, така и локално ниво, да работат на пронаоѓање на загадувачите во зимски услови 24 часа“, велат од партијата.Оттаму додаваат дека нема место и време за политиканство кога станува збор за здравјето на нашите граѓани и бараат веднаш, власта да ги прифати нивните предлог итни мерки за справување со енормното загадување на воздухот.„Граѓаните се директни жртви на неспособноста на власта. Директни жртви на црнилата кои надвиснаа над Република Македонија. Токму поради ова ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите граѓани да се приклучат во борбата против ова зло на криминалниот картел наречен СДСМ и Зоран Заев.Во недела нека ни се приклучат на протесниот марш во Велес со почеток во 13 часот како и наредната среда пред владата.Зората ќе изгрее и ќе ги однесе црнилата“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 7 години

DSC_3826

Еко акција во Козле

Комуналните служби на Општина Карпош денеска имаа голема акција за чистење на населбата Козле, на потегот од ООУ „Владо Тасевски“ до Министерството за економија.„Хигиеничарите ги отстрануваа лисјата од јавните површини, а патем го отстрануваа и погабаритниот отпад: пластика, хартија и стакло. Локалната самоуправа упатува апел до сите граѓани за зголемена грижа за животната средина“, велат од Општина Карпош.  

Скопје | пред 7 години

Zaev

СДСМ: По децениска негрижа и неодговорност, проблемот со загадениот воздух се решава со системски мерки

Децениските криминални политики на на ВМРО ДПМНЕ, придонесоа за симстемско уништување на зеленилото и животна средина, а игнорирањето на алармантните последици од негрижата за животната средина, доведоа до екстремно загадување кое што ѓраѓаните се уште го чувствуваат, велат од владејачката СДСМ.„После децениска негрижа и неодговорност, работите се менуваат, проблемот се решава со системски мерки и сериозен пристао од институциите.Продолжува акцијата за зазеленување на Град Скопје. Досега се засадени над 8.000 дрвја. Во текот на вчерашниот ден засадени се 160 стотици високвалитетни садници во општина Кисела Вода. Претходно акција за засадување се спроведе и во општините Ѓорче Петров, Сарај, Бутел, Аеродром и Карпош.Засилениот инспекциски надзор и контрола на големите индустриски загадувачи, континуираното расчистување на дивите депонии, субвенционирањето на печки на пелети за загревање на домовите на граѓаните, засилениот процес на гасификација од наредната година се само дел од мерките што се преземени или се во најава со цел да се стави крај на деценискиот проблем со загадувањето на воздухот“, велат од партијата.Оттаму додаваат дека, се решава и проблемот со загадувањето од сообраќајот.  Од следната година пристигнуваат нови 40 еколошки градски автобуси во Скопје, а автобуси со еколошко гориво се предвидени и за други градови во Македонија, како Прилеп и Битола. Истовремено ќе се субвенционираат трошоците за набаква на електрични и хибридни автомобили и трошоците за вградување на погон на ТНГ на автомобилите.„Со сериозен меѓуинституционален пристап се решава долгогодишниот проблем со аерозагадувањето. Владата и сите надлежни институции остануваат посветени на обезбедување чист воздух и здрава животна средина за сите.Со преземање на сите овие мерки и вклучување на нови , владата предводена од СДСМ продолжува со активностите во справување со долгогодишниот проблем со загадувањето со цел почист воздух и поздрава животна средина за сите граѓани на Република Македонија“, се вели во соопштението. 

Македонија | пред 7 години

sara

Извршена трансплантација на коскена срцевина на Сара Настеска

Деновиве беше извршена трансплантација на коскена срцевина кај Сара Настеска од Охрид, 15-годишното девојче кое ја крена цела Македонија на нозе.Добри вести доаѓаат од Германија каде што беше зафатот, а според информациите, Сара се чувствува добро.– Пред два дена, на 12-ти декември се изведе трансплантацијата која се одвиваше во две фази. Прво од братот на Сара, Виктор беше земен потребниот примерок односно коскена срцевина, врз кој потоа беа извршени медицинските процедури и прилагодувања на истиот, а потоа истиот беше трансплатиран врз Сара. Во моментов таа е добра и позитивна. Сега, следува период на адаптација од неколку недели, во текот на кои ќе знаеме како организмот ќе го прифати третманот односно трансплатираната коскена срцевина, информира Горан, таткото на Сара.Тој додава дека првичната проценка и од лекарскиот тим била дека трансплантацијата поминала добро.Во име на целото семејство, тој уште еднаш исппрати голема благодарност до сите добри и хумани луѓе кои преку донации овозможија Сара да се лекува.

Македонија | пред 7 години

protesti-demonstracije-u-francuskoj-francuska-40-620x350

Најавени протести на „Жолтите елеци“ во повеќе европски земји

Викендов во Париз ќе се одржат петтите по ред протести на „Жолтите елеци“, вели шефот на париската полиција.Тој изјави дека безедносните служби како и минатиот викенд ќе постават околу 8 000 полицајци и 14 оклопни возила. Исто така ќе има и повеќе групи на патролна полиција чија цел ќе биде фаќање на вандалите. Протестите се најавени и во другите француски градови.Францускиот претседател Емануел Макрон, по серијата протести оваа недела им се обрати на Французите, но тие не беа задоволни од неговите предложени мерки, па најавија продолжување на протестот во наредниот период.Исто така демонстранти со жолти елеци се собраа и во Велика Британија, кои изјавија дека го поддржуваат Брегзит, но не се сложуваат со она што моментално го прави британската власт.Иако се уште нема информации, се очекува овие протести да се одржат и во Белгија и Холандија.Протестите на жолтите елеци ги поттикнаа и останатите земји, па сличен ваков протест се  најавува и во Хрватска. Тие се најавени во три града Загреб, Пула и Риека за денес со почеток од 12 часот. Организаторите на протестот ги повикуваат сите оние кои се незадоволни од социјалниот статус, како и од  состојбите во политичкиот и социјалниот живот.

Свет | пред 7 години

1544819469957-untitled-2-830x0

(ВИДЕО) Трамвај удри во зграда, па се преврте

Најмалку 28 лица се провредени во сообраќајна несреќа во Лисабон, кога трамвај се излета од шините. Според информациите помеѓу повредените се и две деца од Велика Британија.Еден од сведоците изјави дека трамвајот пробал да закочи, па удрил во аголот од зградата. Слушнал удар, а потоа луѓе како викаат.https://www.facebook.com/francisco.moura.pinheiro/videos/2091061180916599/

Свет | пред 7 години

horoskop-kwiecien-screen

Финансиска добивка викендов ќе имаат овие три хороскопски знаци

Овие три знаци викендов ќе имаат добра финансиска добивка...СкорпијаИмате високо ниво на концентрација и внатрешна енергија. Ќе можете многу лесно да учите и ќе достигнете голем успех на работа, училиште или факултет. Во љубовта сериозните врски ќе бидат во една стабилна состојба на слога разбирање и љубов. Финансиите конечно ќе ви се зголемуваат и ќе може да се опуштите. Слободните можеби ќе се најдат во едно пријатно друштво каде многу ќе се забавуваат и ќе разговараат.СтрелецНе ја пропуштајте приликата за нови љубовни познанства кои денеска ќе ги има повеќе од обично, бидејќи би можеле да започнете една многу добра љубовна врска. Особено ако сте осамени денеска ќе бидете на прав пат да пронајдете сродна душа.ВагаВо работата ќе бидете доста успешни, од рака ќе ви одат краткотрајни работи, но избегнувајте долготрајни обврски, бидејќи пред се треба да внимавате на себе и вашето здравје. Финансиската состојба ви е одлична, можеби ќе добиете неочекувана добивка, која многу ќе ве израдува.

Магазин | пред 7 години

Нема фотографија

Облачно време, во недела пообилни врнежи од снег

Денес не очекува променливо облачно време со слаб до умерен југоисточен ветер. Во крајните западни и источни делови ќе има слаби врнежи од дожд, а на планините од снег. Утринската температура ќе се движи во интервал до -1 до 6 степени, а дневната од 4 до 10.Во Скопје променливо облачно со температура од 2 до 7 степени.До вторник ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи со променлив интензитет. Пообилни врнежи од снег ќе има во недела и вторник и ќе се формира нова позначителна снежна покривка. Само во некои пониски места врнежите ќе бидат од дожд и снег.

Македонија | пред 7 години

pat-magla

Магла на планинскиот превој Буково

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно по претежно влажни коловози.„Намалена видливост до 50 м поради магла има на планинскиот превој Буково. На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони“, велат од Македонија пат.Оттаму апелираат на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Македонија | пред 7 години

ivor-mickovski-11

Мицковски: 300 000 евра и Парни Ваљак за Нова Година, ваљак да ве прагази мамицу вам...

Граѓанскиот активист и поранешниот шеф на центарот за комуникации на СДСМ, Ивор Мицкоски на својот Фејсбук профил Повторно „распали“ по власта. Тој напиша:„300 илјади евра и Парни Ваљак за Нова Година. Ваљак да ве прегази мамицу вам ретардирана“.Мицовски со оваа објава го искажа својот став во врска со цената на тендарот за овогодишното украсување на главниот град.

Скопје | пред 7 години

stop-policija

Сообраќајна несреќа на автопатот Гевгелија-Скопје

На автопатот Гевгелија-Скопје, после наплатна рампа Градско, се случила сообраќајка.Дознаваме дека сообраќајот се одвива со наизменично пропуштање на возилата.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

(ВИДЕО) Над 400 дрвја осудени на смрт, бидејќи стеблата им се зациментирани

За прв пат е креирана мапа со локации од повеќе од 400 дрвја во Скопје кои се буквално осудени на смрт бидејќи стеблата им се зацементирани.https://www.facebook.com/vidivakamedia/videos/354952581721958/

Македонија | пред 7 години

Shekerinska-

Шекеринска: Сериозни казни за организторите, инаку немаше денеска пред вас да зборуваме за закон за половична или делумна амнестија за 27 април

Вицепремиерот и министер за одбрана на Република Македонија Радмила Шекеринска, вечерва во Отвореното Студио 1 даде објаснување за актуелниот закон за амнестија.Според неа:„Законот не влегува во намалување и зголемување на казните, туку ги дефинира кои се тие кривични дела за кои нема да важи законот за амнестија. Тоа значи дека обвинител и судија ќе ги осудува тие кои смета дека се организатори и починители на насилство врз основа на неколку дела. За нив има сериозни казни. Ако ја игравме така играта немаше денеска пред вас да зборуваме за закон за половична или делумна амнестија за 27 април. Кога дискутиравме во јули месец за барањата на ВМРО-ДПМНЕ за генерална амнестија за предметите од СЈО, мојот став и тогаш и денес е ист дека за 27 април каде што бевме првите и главни жртви, јас се чувствувам дека имам кредибилитет да кажам како жртва подготвена сум да простам и поддржам таков закон. Мислам дека имаме право да одлучиме на таков начин, но кога ги анализирам предметите на СЈО и бомбите тие злоупотреби, тој криминал, насилие, не бевме ние жртви, сите бевме жртви, цела држава“, рече Шекеринска.За селективната амнестија за 27 април како црвена линија за да поминат уставните амандмани и дали сѐ е дозволено во името на евроатлантските интеграции вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска вели дека иако како граѓани, на пратениците им е најлесно да кажат дека секој што учествувал треба да одговара, како одговорни политичари, мора да и помогнат на Македонија да заздраве од траумата.-Темата помирување, како да ги залечиме раните, ѝ претходеше на дебатата. Лага е дека во дебатите за амнестија во јули со ВМРО-ДПМНЕ некој од нас барал амнестија за 27 април. Новото раководство на ВМРО-ДПМНЕ ги пушти низ вода сите што учествуваа во таа драма во Собранието. Тие единствено што бараа беше амнестија за криминалот и за злоупотребите, за предметите во СЈО и што се однесуваат на бомбите, рече Шекеринска.Таа додава дека иако биле жртви, имале одговорност како луѓе во владата да ѝ помогнат на државата да продолжи напред кон целта, а тоа е државата да се одлепи од дното, да не ги повторува грешките, а единствена шанса за тоа е перспективата во НАТО и ЕУ.Шекеринска објасни дека Владата не е опција да прави пазар и да уценува судии и обвинители и затоа предлог-законот покажува дека политичарите треба да се занимаваат со својата, а судството со нивната работа.- Целта на законот е таа одлука да ја остави во рацете на правосудството, додаде Шекеринска.

Скопје | пред 7 години

vucic-111

Вонредно обраќање на Вучиќ: “Ние заклучивме дека формирањето на Армијата на Косово е во спротивност со меѓународното право и нивниот нелегални устав

Претседателот на Србија Александар Вучиќ во обраќањето до јавноста констатираше дека денес по долгогодишни закани официјално е формирана таканаречената војска на Косово. Претседателот истакна дека Албанците покажаа дека не се грижат за почитувањето на правата и правдата.“Ние заклучивме дека формирањето на Армијата на Косово е во спротивност со меѓународното право и нивниот нелегални устав. Овој потег се заканува на мирот и безбедноста. Србија има поднесено барање за свикување седница на Советот за безбедност, јас сум подготвен како претседател на седницата да бидам присутен”, рече Вучиќ.Тој на прес конференција истакна :„Сѐ што направија Албанците направија спротивно на нормите на јавното право и на сопствениот највисок правен акт уставот и покажаа, како и нивните заштитници и спонзори, дека не им е до почитувањето на правото и правдата туку сакаат спроведување на сирова сила, напади врз Србите и нескриен напад врз Србија“.Тој кажа дека Србија вложила големи напори да ги зачува мирот и компромисот, а дека денес е сосема јасно дека ни Албанците ни нивните спонзори не сакале мир. Како косовски спонзори Вучиќ ги означи САД, Британија и Германија.Тој им се обрати и на Србите на Косово.-Драги пријатели, знам дека ова се тешки денови за вас. Спокоен сум и мирен затоа што знам дека направивме се. Вие не морате да се грижите, Србија ќе има сила да ве заштити. Србија нема да се откаже од својот народ и својот своето достоинство, ниту гордост. Во иднина уште повеќе ќе пропагирам дека со сите останати во регионот ќе настојуваме да одржиме најдобри можни односи. Не дојдов во униформа, немаме од кого да се плашиме, но и од никого не се плашиме, им порача Вучиќ.Вучиќ им се обрати и на Србите на Косово.-Драги пријатели, знам дека ова се тешки денови за вас. Спокоен сум и мирен затоа што знам дека направивме се. Вие не морате да се грижите, Србија ќе има сила да ве заштити. Србија нема да се откаже од својот народ и својот своето достоинство, ниту гордост. Во иднина уште повеќе ќе пропагирам дека со сите останати во регионот ќе настојуваме да одржиме најдобри можни односи. Не дојдов во униформа, немаме од кого да се плашиме, но и од никого не се плашиме, им порача Вучиќ.

Свет | пред 7 години

kuka-pozar

Изгоре куќа во Трубарево, на две семејства им е потребна помош

Куќа во која живееле две семејства, денеска речиси целосно изгоре во пожар во Трубарево. Пожарот избил во оџакот на куќата и потоа ги пеплосал просториите за живеење. На семејствата им е потребна секаква помош за да можат да си го обноват својот дом.Сите граѓани кои можат да понудат било каква помош може да се обратат на следните броеви:077 905 589071 702 697

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања