Промени тема
За нас Контакт
„Претрес“ на Богдан Илиевски: 27 април, амнестијата, ВМРО, Алфа, пропагандата, Груевски...
„Претрес“ на Богдан Илиевски: 27 април, амнестијата, ВМРО, Алфа, пропагандата, Груевски...

Скопје1.мк

NBRM

31. сесија на Клубот на истражувачи во НБРМ

Во Народната банка на Република Македонија се одржа 31. сесија на Клубот на истражувачи на која по поздравното обраќање на гувернерката на НБРМ, д-р Анита Ангеловска-Бежоска, беа презентирани истражувачките трудови: „Оценување на ефикасноста на банките во Република Македонија: Непараметарски пристап“ од д-р Катерина Фотова-Чиковиќ и д-р Виолета Цветкоска, професорка на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје и „Дезинфлаторните прелевања од земјите во eврозоната кон земјите од Југоисточна Европа“ од м-р Гани Рамадани од НБРМ и Предраг Пандилоски од „Вотсон скул“ при Универзитетот на Пенсилванија.Целта на првиот презентиран труд од авторките Фотова-Чиковиќ и Цветкоска е да се оцени релативната ефикасност на деловните банки во Република Македонија, со користење на ДЕА-техниката – прозорска анализа. Врз основа на пристапот на профитабилност, во истражувањето се избрани два инпути и два аутпути. Примерокот за анализа користен од авторките се состои од четиринаесет деловни банки во земјава и набљудуван е периодот од 2007 до 2017 година. Според резултатите за просечната ефикасност за целиот набљудуван период, коишто на сесијата ги презентираше Виолета Цветкоска, авторките заклучуваат дека групата на големи банки покажува највисока ефикасност. Во рамки на презентирањето на трудот во име на двете авторки, Цветкоска посочи дека во десетгодишниот период заклучно со 2017 година, според нив, македонскиот банкарски сектор во целина, највисока ефикасност покажува во 2007, а најниска во 2011 година. Според нивните согледби коишто се темелат на спроведената анализа, во периодот од 2008 до 2011 година, намалувањето на ефикасноста се поврзува со глобалната финансиска криза, а потоа ефикасноста забележува пораст.Во завршницата на претставувањето на трудот беше нагласено и дека резултатите од истражувањето даваат информации за регулаторите, креаторите на политиките и менаџментот на деловните банки, за натамошно подобрување на еден од важните индикатори за успех на финансиските институции, односно нивната ефикасност.Целта на истражувачкиот труд на Рамадани и Пандилоски, којшто во името на двајцата автори го презентираше Гани Рамадани е да се анализираат детерминантите на движењето на инфлацијата во Југоисточна Европа (ЈИЕ). Како што беше посочено и на сесијата, симултаниот тренд на дезинфлација низ целиот регион од 2012 до средината на 2016 година го наметнува прашањето дали и до кој степен ниската инфлација во еврозоната и другите заеднички фактори влијаеле врз дезинфлацијата во ЈИЕ. Користејќи тримесечни панел податоци за десет земји од ЈИЕ, за периодот меѓу 2004 и 2017 година, во трудот, двајцата автори моделираат хибридна нео-кејнзијанска Филипсова крива базирана на мала и отворена економија. Според презентираната анализа, клучни се ефектите од светските цени на храната и енергијата, како и ефектите од ценовните притисоци на еврозоната, врз дезинфлациските движења во земјите од ЈИЕ.Генерално, истражувањето покажува дека дезинфлаторните прелевања од еврозоната се важен фактор за земјите со поригиден режим на девизен курс, како и за оние со поголема трговска размена со еврозоната. Понатаму, анализата на хетерогеноста покажува дека и земјите со помалку ригидни режими на девизен курс, но со релативно висока изложеност на трговска размена на пазарот на еврозоната, се чини дека се чувствителни на прелевање на инфлацијата од еврозоната. Во завршницата на своето излагање, Рамадани посочи дека цикличната невработеност не се покажува статистички сигнификантна во примерокот, што е во согласност со неколку неодамнешни наоди за израмнување на Филипсовата крива во многу економии во светот.На крајот, поттикнати од изнесените видувања и заклучоци, присутните на сесијата дискутираа за повеќе прашања и аспекти на темите на двата презентирани труда.Следната сесија на Клубот на истражувачи ќе се одржи во март 2019 година.

Скопје | пред 7 години

shakira

Шакира затајувала данок, државата ја гони

Шпански државен обвинител поднесе обвинение за затајување данок против колумбиската пејачка Шакира, изјави денеска портпаролот на државниот обвинител.Обвинителот наведува дека таа избегнала да плати повеќе од 14,5 милиони евра во период од три години, додека живеела во Каталонија, јави шпанската новинска агенција Еуропа прес.Ова е најнов случај на позната личност обвинета за неплаќање данок во Шпанија, по истрагите во врска со фудбалерите Кристијано Роналдо и Лионел Меси.

Магазин | пред 7 години

krazba

Обвинителството гони лице за тешка кражба кое украло 120 илјади денари и предмети

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот суд Скопје 1 Скопје достави oбвинителен предлог против едно лице кое се товари за кривично дело „тешка кражба“ од член 236 став 1 точка 1 од Кривичниот законик.Обвинетата, како што посочија од ОЈО на 15 август минатата година, со употреба на физичка сила и погоден предмет насилно ја отворила влезната врата на домот во сопственост на оштетеното лице, при што одзела туѓи предмети со намера противправно да ги присвои. На овој начин биле одземени еден мобилен телефон, две златни ланчиња, медицински златни навлаки за заби, сребрена пара со ликот на Гоце Делчев и друг накит, во вкупна вредност од 120.000 денари, велат од обвинителството.Заедно со обвинителниот предлог, додаваат оттаму надлежниот обвинител до судот достави и предлог на обвинетата да и биде определена мерка притвор, со оглед на тоа што постојат околности кои укажуваат на опасноста од бегство, како и на опасност таа да го повтори кривичното дело кое и се става на товар.

Скопје | пред 7 години

karin-knajsl

Кнајсл за одлуката на Косово: Мирот не се постигнува со формирање на војска

Министерката за надворешни работи на Австрија, земјата која претседава со ЕУ, Карин Кнајсл оцени дека денешната одлука за трансформација на Косовските безбедносни сили во војска не придонесува за мир.Добрососедските односи се важен предуслов за напорите за интеграција на Косово во ЕУ, пред се, нормализацијата на односите со Србија е од приоритетно значење, вели Кнајсл во соопштението.Косовската влада денеска ја изгласа одлуката за менувањето на Косовските безбедносни сили. По ова пристигнаа низа реакции. Српскиот министер за надврешни работи Ивица Дачиќ вели дека формирањето на косовска војска е „најдиректна закана за мирот и стабилноста во регионот и безбедноста на српскиот народ”.Тој објави дека ќе побара и итна седница на Советот за безбедност на Обединетите нации по одлуката на Косово за формирање на војска, објави АП. Со сличен став е и српската опозиција. Формирањето на Косовска војска ќе го дестабилизира целиот регион, посочија опозициските политички партии и движења во Србија по изгласувањето на одукаата на Косовската влада за формирање на војска.На одлуката на Косово се спротистави и Кирап. Портпаролот на Владата на Кипар, Продромос Продром, вели дека неговата земја е загрижен за постапките и одлуките на Приштина кои не се во согласност со Резолуцијата 1244 на ОН.Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, рече дека жали што косовскиот парламент донел одлука за трансформација на Косовските безбедносни сили (КБС) во армија и покрај забраната на алијансата.Германија, пак, соопшти дека усвојувањето на законите за трансформација на Косовските безбедносни сили во војска не смее да биде искористено за ескалација на насилството и ги повика Белград и Приштина на воздржаност. Покрај Германија, и САД ја изразија својата поддршка за трансформацијата на Косовските безбедносни сили во војска, која ќе има територијален одбранбен мандат, како суверено право на Косово, соопшти амбасадата на САД во Приштина.

Свет | пред 7 години

ubistvo

Скопјанец од Волково го давел сопствениот татко, ОЈО покрена обвинение

Од страна на надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје доставен е Обвинителен предлог против едно лице за сторено кривично дело – Телесна повреда од чл.130 ст.2  во врска со ст.1 од Кривичниот законик.Осомничениот се товари дека на 14.12.2018 година во семејната куќа во с. Волково, при семејна расправија, телесно го повредил сопствениот татко, така што започнал да го дави со раце на вратот. По ова, неговиот брат успеал да го оттргне, удирајќи го во пределот грбот. Обвинетиот паднал на земја, а откако станал зел нож и започнал да замавнува, при што го удрил таткото во раката, нанесувајќи му раздерна рана.Надлежниот јавен обвинител до судот достави и Предлог за определување мерка притвор за обвинетиот, бидејќи постои реална опасност дека тој ќе се крие или ќе се даде во бегство, односно дека ќе го повтори делото кое му се става на товар или ќе стори ново кривично дело.

Скопје | пред 7 години

ungarija-protesti

(ВИДЕО) „Орбане, оди по ѓаволите“, Илјадници Унгарци го опсадија парламентот

Унгарските граѓани масовно протестираат против т.н. „Закон за робови“. Во синоќешните, досега најмасовни демонстрации, унгарската полиција уапси 35 лица, и со солзавец се обидуваше да ги растера илјадниците граѓани во Будимпешта. Унгарците се генерално револтирани од целокупната политика на деснонационалистичката влада на премиерот Виктор Орбан, но, дел од граѓанските здруженија велат дека новите реформски закони се поразителни за современо демократско општество. Според синдикалните организации, новиот закон ги претвора работниците во современи робови.https://twitter.com/DragosIonita/status/1073318126174027776?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1073318126174027776&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.mkd.mk%2Fsvet%2Fvesti%2Forbane-odi-po-gjavolite-iljadnici-ungarci-go-opsadija-parlamentot-video„Протестираме против новиот закон со кој се зголемува бројот на прекувремени работни часови од 250 на 400. Ваквите закони не враќаат во робовладетелството. Ова е „робовладетелски закон“ - велат од Унијата на синдикални организации.Според анализите на синдикатите, законот им дава можност на компаниите, плаќањето за прекувремената работа да го одложат до три години. Појаснуваат дека 400 прекувремени часови се еднакви на дополнителни 50 работни денови годишно. Истовремено, пак, владата на премиерот Виктор Орбан, тврди дека од реформите работниците ќе имаат корист, како и компаниите кои треба да го надоместат недостигот од работна сила.Во средата, при донесувањето на Законот, пратениците од опозициските партии со свирчиња и со силни извици се обиде да го спречи донесувањето на законот, но сепак не успеа во својата намера. Беше усвоен и законот за создавање нов систем на административни судови под надзор на министерот за правда, за кои опозицијата и критичарите сметаат дека нема да бидат независни. И групите за човекови права во меѓувреме посочуваат дека новиот закон за административните судови може да води до политичко влијание врз судската власт. Унгарците го изразуваат незадоволството и во Незадоволството е насочено и против целокупната политика на деснонационалистичката влада, меѓу што и против рестриктивниот Закон за високо образование, кој доведе до одлука за иселување на либералниот Централноевропски Универзитет од Унгарија.

Свет | пред 7 години

27-april

Еве што збореле на „вибер“ пратениците од ВМРО-ДПМНЕ на 27 април

На снимка од вештачењето спроведено на 14 јуни годинава за настаните во Собранието од 27 април 2017 година се гледа како лице од толпата го повлекува пратеникот Зијадин Села, а други лица го фаќаат и почнуваат да го тепаат. Од снимката,  како што рече обвинителката Ивана Трајчева на денешното судење, може да се види дека по Села удирале и обвинетите Мунир Пепиќ и Вилијам Михајловски.Адвокатката на Пепиќ даде приговор на коментарот на обвинителката, велејќи дека не се гледа никаков контакт на Пепиќ и Села.Приговор дадоа и обвинетите Пепиќ и Михајловски, посочувајќи дека не го удирале Села.Претходно на денешното рочиште во Кривичниот суд  за настаните од „27 април“ се читаат пораки од телефони на пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, како и од нивната вибер група.Во вибер комуникација меѓу Јохан Тарчуловски и Даре УМС Бутел од март 2017 година, од Јохан се бара да им среди кај Чавков за некое дело за неколку деца, на што обвинетиот Тарчуловски му одговра дека ќе среди. Потоа во порака Даре му пишува на Јохан да се јави кај судија да среди за постапката.Во комуникација, пак меѓу двајцата на 27 април Јохан го известувале за состојбата надвор пред Собранието, а тој му пишува да извршат појак притисок.Во комуникација пак од јануари 2018 година меѓу Тарчуловски и Борис од кабинетот на Иванов, Јохан пишува дека не попуштаат за 27. и дека не се држат до ветеното.На судењето е презентирана и порака меѓу Мицкоски и Тарчуловски. Мицковски пишува „последното инфо од денеска е позитивно, дека утре и задутре ќе се решава” . Јохан пишува „а имаат ли сите жалби поднесено“, Мицковски одговара „да сите, а Јохан да сите 36“.На 16 јануари 2018 година Тарчуловски му кажува на Христијан Мицкоски дека оди во Обвинителство да даде изјава.Тарчуловски на 26 декември му пишува на Мицкоски “Не би било фер, ни корекно да се враќаме во Собрание без да ги пуштат затворените луѓе. Ќе биде контра ефект. Ќе почнат поголеми напади и плукања по нас. На тие луѓе внатре ние сме им последна шанса. Би требало да се направи поголем притисок за да се издејствува слобода. Сите го очекуваат тоа од нас“.Прочитајте повеќе тука.

Македонија | пред 7 години

jens-stoltenberg-1

НАТО жали што Косово формира армија

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска изрази жалење поради одлуката на Собранието на Косово да ги усвои законите за создавање косовска војска.Во соопштение издадено по одлуката на косовското Собрание, Столтенберг го повтори ставот на Алијансата дека иако таа поддржува траснформација на Косовските безбедносни сили, сега е „погрешно време“ за такво нешто.Поради оваа одлука НАТО ќе го „преразгледа“ степенот на „ангажман“ со косовските безбедносни служби.– Двете страни мораат да се осигураат дека денешната одлука нема дополнително да ги зголеми тензиите во регионот. Сите одговорни политички актери во регионот треба да се фокусираат на реформски прогрес и на дијалог, стои во соопштението.НАТО уште еднаш ги повика Белград и Приштина да останат „смирени“ и да избегнуваат изјави и акти кои „водат до ескалација“.

Свет | пред 7 години

Нема фотографија

Грците мислат дека сме победници со договорот од Преспа

Последното истражување на јавното мислење во Грција, спроведено од агенцијата за рејтинг MRB Hellas, а објавено од информативниот портал „Реал“, покажува дека 7 од 10 Грци негативно го оценуваат Договорот од Преспа, исто толку сметаат дека договорот не ги гарантира грчките интереси, повеќе е наклонет и повеќе им служи на македонските интереси и во иднина ќе создаде сериозни проблеми, јави дописничката на МИА од Атина.Речиси пет од 10 Грци одговориле дека договорот ќе биде изгласан од грчкиот Парламент, а 25.9% сметаат дека Македонија е „вистинска закана за Грција“.Од испитаниците било побарано да одговорат на прашањето: „Врз основа на она што го знаете, имате слушнато, имате прочитано, како, во целост, го оценувате договорот што го потпиша грчката влада со ПЈРМ ?“Според резултатите, 70.2% дале негативна оцена (веројатно негативна 20.5%, сигурно негативна 49.7%, а само 12.1% позитивна оцена (8.2% веројатно позитивна, 3.9% сигурно позитивна). Додека пак 4.6% рекле дека не знаат или одбиле да одговорат.На анкетираните, им биле понудени неколку ставови и било побарано од нив да одговорат дали и колку се согласуваат или не се согласуваат. МИА во целост ги пренесува прашањата и одговорите на испитаниците.– Со финализирањето на конкретниот договор, Грција престанува да биде дел од еден проблем и може да претендира да добие активна улога на Балканот.67.3% веројатно/ сигурно не се согласувам24.3% сигурно/ веројатно се согласувам8.4% не знам/ не одговарам– Новиот договор ги гарантира, на реален начин интересите на Грција.71.5% веројатно/ сигурно не се согласувам20.7% сигурно/ веројатно се согласувам7.8% не знам/ не одговарам– Новиот договор е повеќе наклонет и повеќе им служи на интересите на ПЈРМ.74.7% сигурно/ веројатно се согласувам18.2% веројатно/сигурно не се согласувам7.1% не знам/ не одговарам– Новиот договор ќе создаде сериозни проблеми во иднина.74% сигурно/ веројатно се согласувам17.9% веројатно/сигурно не се согласувам8.1% не знам/ не одговарамВо истражувањето од Грците било побарано да одговорат на прашањето дали сметаат дека Договорот од Преспа ќе биде изгласан во грчкиот парламент. Речиси 5 од 10, односно 47% одговориле позитивно (14.8% сигурно да, 32.2% веројатно да), а речиси 4 од 10 негативно, 37.4% сметаат дека грчките пратеници нема да го изгласаат.Македонија е на третото место во однос на тоа која земја, Грците ја сметаат за вистинска закана за Грција. Понудени одговори освен Македонија, се и Турција, Албанија и Бугарија.Прва е Турција со 84.5%, втора е Албанија со 42.8%, а потоа Македонија со 25.9%. На четврто место е Бугарија со 7.2%.Истражувањето било спроведено од 28 ноември до 6 декември со анкетирани 2000 лица со право на глас преку методот на директни интервјуа.

Македонија | пред 7 години

mediumi14

Новинарите ќе ја тужат државата поради законот за амнестија

Во пресрет на носењето на законот за амнестија за настаните од 27 април, новинарите се координираат за покренување тужба за државата. Новинарот Боби Христов од ТВ Телма, заедно со Душица Мрѓа од ТВ24 ги повикаа другите новинари да им пишат или јават за да се искоординираат.В понеделник, на 17-ти декември, пратениците ќе одлучуваат за амнестија на дел од обвинетите за 27-ми април. Новиот закон што ќе го предложи Телото за помирување веројатно ќе опфати 40-тина од вкупно 70 лица кои се обвинети за насилните случувања на овој ден по различни основи.Се очекува Законот да опфати 25 од вкупно 33 лица кои се гонат за Терористичко загрозување на уставниот поредок, но и 15 кои се обвинети за Учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службена должност. Важно е да не извршиле насилство, да не се организатори на упадот во Собранието и да не се гонат по командна одговорност. Затоа, овој закон нема да ги опфати седуммината осудени за обидот за убиство на Зиадин Села, 12-мината обвинети за кривично дело насилство, меѓу кои, напаѓачот на Радмила Шеќеринска, како и оние најзвучните имиња, што се гонат по командна одговорност.

Македонија | пред 7 години

oliver-spasovski-zoran-zaev

Спасовски го информирал ОБСЕ дека МВР се реформира

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска одржа средба со работните групи на претставници на МВР и ОБСЕ, кои ќе работат на прашања поврзани со реформите во полицијата односно стратегијата за управување со човековите ресурси, изготвување на стратегија за вклучување на заедницата и стратегија за комуникација, ревидирање на дисциплинските постапки во МВР и стратегија за развој на Центарот за полициска обука.Како што соопшти МВР, Спасовски на средбата информирал дека македонската полиција e во интензивен период на коренити реформи во речиси сите области од нејзиното функционирање и дека тој процес е неопходен и суштински, од аспект на воспоставување на поквалитетни вредности, професионални, стручни и нормативни стандарди и критериуми во работењето на организационите единици на министерството.-Особено е важно што и овој пат ја имаме целосната поддршка на мисијата на ОБСЕ во Скопје, чиј што досегашен ангажман во низата заеднички проекти, пред се во рамки на Министерството за внатрешни работи, ни дава за право искрено да веруваме дека и сега, заеднички, ќе направиме квалитетна основа за натамошното реформирање и развој на нашата полиција во современа, мобилна, транспарентна, стручно и професионално оспособена институција која што ќе биде достоен и кредибилен сервис на сите наши граѓани, рече, меѓу другото, министерот Спасовски

Македонија | пред 7 години

nova_vlada_g111

Со 230 милиони евра од Светска банка ќе ги развива општините

Владата со помош на светска банка има обезбедно  повеќе од 230 милиони евра за развој на општините кој ќе го продолжи процесот на децентрализација. Во првиот квартал од 2019 планирани се средства за изградба на регионални и локални патишта, водовод, канализација, регионални депонии и детски градинки. Ова го истакна премиерот Заев на националанта конференција за децентрализација на која учествуваа речиси сите министри и градоначалници. Првиот чекор кон откочување на процесот на децентрализација според Заев е  направен со еднократната помош од 50 милиони евра кои Владата им ги даде на задолжените општини. Задача на оштините рече Заев е да се пријават со добри проекти за локален развој.- Ако средината на годината видиме дека е зголемена капацитетност на општини ние планираме да им ги препуштиме центри за социјални работи здравни домови домови на културата одредени дејности од јавните претпријатија како што се изведба на патишта на системи за наводнувања . Но очекуваме и од општината да ја подобрат својата наплата на данокот на имот ,Да покажат паралелно капацитетност.  Извршната власт е подготвена да се развластува и да предава свој дел на надлежности за пиоуспешно да г зивршува испорачивањето на услугите према граѓаните, изјави Зоран Заев.Шефот на мисијата на ОБСЕ порача дека мора да се дефинираат одговорностите на локалните власти.  Според претседателот на ЗЕЛС пак жално е што до сега поради долгови, општините не можеле да одговорат на секојдневните барања на граѓаните.ЗЕЛС бара поголемо зафаќање на ДДВ наместо сегашните 4,5 проценти да биде 10 отсто, од персоналниот данок  50 отсто по примерот на поголемиот број земји од регионот и Европа, како и обезбедување адекватни финансиски средства за сите блок дотации. Втората тематика на овој процес според премиерот Заев  е како до рамномерен регионален развој бидејќи руралните општини во моментот кубурат и многу малку можат да ги развиваат своите места

Македонија | пред 7 години

20.4.kamcev

Рекордна понуда на Орце Камчев за излез од притвор

Имот вреден околу 14 милиони евра нуди бизнисменот Орце Камчев и гаранитра дека нема да избега, дознава Телма.Станува збор за недвижен имот на Камчев и неговата фамилија, но сеуште нема информации дали Кривичен ќе ја прифати понудата. Мислење треба да даде и СЈО.Изминатата седмица на Камчев му беше продолжен притворот за „Империја“ со нови 30 дена.

Македонија | пред 7 години

people-are-paying-a-lot-of-money-on-ebay-to-get-their-hands-on-a-vladimir-putin-2016-calendar-136403190020603901-160104180149-680x365_c

Рускиот парламент организира натпревар за најдобра рап-песна

Рускиот парламент објави конкурс за најдобра рап-песна.Ваквиот потег следи откако претходно десетина настапи на рапери беа откажани, по предупредувањата на официјалните лица кои тврдат дека промовирале погрешни вредности.Најмалку тројца музичари неодамна беа притворени бидејќи, според руските закони, изведувачите може да се соочат со парични казни и други форми на одговорност поради непристојност за време на нивните настапи.Преку симболичен гест на помирување, Државната дума најави дека ќе организира натпреварување за најдобра рап-песна на тема патувања во Русија. Победникот, според зборовите на пратеникот Михаил Дегтјарев, ќе освои патување низ руските градови.Властите во Русија деновиве презедоа чекори во насока на надминување на проблемот. Државната дума минатата недела беше домаќин на тркалезна маса со дел од најпопуларните музичари во земјата. Во средата претседателот Владимир Путин побара да се испита зошто настапите на раперите се откажани.

Свет | пред 7 години

kosovo-vojska-1

Кипар е загрижена поради одлуката за формирање косовска војска

Портпаролот на Владата на Кипар, Продромос Продром, вели дека неговата земја е загрижен за постапките и одлуките на Приштина кои не се во согласност со Резолуцијата 1244 на ОН.Како што рече, неговата земја не е задоволна од она што беше договорено помеѓу ЕУ и Косово.„Нашиот претседател на Европскиот совет го покрена прашањето за внимателна контрола на односите меѓу ЕУ и Приштина, а настаните се загрижувачки”, изјави портпаролот за „Танјуг“.Портпаролот на кипарската влада, вели претседателот на Кипар, Никос Анастасиадис, на состанокот на лидерите на ЕУ во Брисел го поставил и прашањето за, како што рече, загрижувачкиот протег на Приштина во врска со формирањето на воените сили и воведување царини за стоки од Србија и Босна и Херцеговина.„Одлуките не се во согласност со резолуциите на ОН и со она што беше договорено меѓу ЕУ и Косово“, изјави портпаролот и додаде дека е важно партнерите во ЕУ да покажат интерес за оваа тема и дека високата претставничка на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, Федерика Могерини, дала уверување дека ќе се преземат одредени мерки.

Свет | пред 7 години

germanija

Освен машки и женски, Германија дозовли регистрирање на трет пол

Германскиот парламент одобри опција за трет род во официјалните документи која ќе им овозможи на граѓаните да се регистрираат како „различни“.Германската влада во август одобри воведување можност за регистрирање на трет пол во матичните книги, а пратениците ја потврдија ваквата одлука доцна синоќа.Владата мораше да дејствува по одлуката од лани на највисокиот германски суд да им се дозволи на луѓето да се впишат во матичните книги како некој кој не е ниту машко ниту женско, а на властите им беше наложено да формираат трет идентитет или сосема да ја укинат рубриката за впишување на род.Судот ја донесе ваквата одлука по случајот во кој едно лице поднесе тужба и безуспешно бараше да му се изврши промена во изводот од „женско“ на „различно“.Досега единствена можност за германските граѓани беше рубриката за род да се остави празна.

Свет | пред 7 години

Нема фотографија

Се вработуваат 16 лица во затворот „Шутка“ до 46 илјади денари

I КПУ ЗАТВОР СКОПЈЕ Скопје има потреба од вработување на 16 шеснаесет лица на неопределено време, припадници на затворска полиција од групата II службени лица со посебни овластувања, подгрупа 4 овластено службено лице во казненопоправните и воспитно поправните установи, и тоа на следниве работни места:1 Заменик Заповедник на ЗАТВОРСКА ПОЛИЦИЈА Раководен припадник на затворска полиција од второ ниво, со звање Заменик Заповедник, категорија A и шифра на работно место ЗАТ0204A02001 –1 (еден) извршител 2. Виш надзорник за внатрешно и надворешно обезбедување Помошно стручен припадник на затворска полиција од прво ниво, со звањеВиш надзорник, категорија В и шифра на работно место ЗАТ 0204B01001 – 7 (седум) извршители3. Помлад надзорник за внатрешно и надворешно обезбедување Помошно стручен припадник на затворска полиција од четврто ниво, со звање Помлад надзорник, категорија В и шифра на работно место ЗАТ 0204B04001 – 8 (осум) извршителиVI Распоред на работно време: работа во смени, работни часови неделно 40Паричен бруто износ на плата за работно место под ред. бр. 1 е: 46.540, 00 денари;Паричен бруто износ на плата за работно место под ред. бр. 2 е: 33.255, 00 денари;Паричен бруто износ на плата за работно место под ред. бр. 3 е: 28.416, 00 денари;ЦЕЛОСНИОТ ОГЛАС МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ НА ЛИНКОТ

Скопје | пред 7 години

zaev-hrvtska-2

Заев го искоментира формирањето на косовска војска

„Jас знам дека и ставот на НАТО е тој, не е време. Не ни требаат нови тензии, уште еднаш да не заборавиме дека Балканот нема намера да биде повторно буре барут“, рече Заев запрашан да го прокоментира денешното формирање на Војската на Косово.Премиерот Заев присуствуваше на Националната конференција за градоначалници „Децентрализација: Патот што претстои“, а потоа одговараше на новинарски прашања.Запрашан за неговиот став за формирање на Војската на Косово и што би значело тоа за регионот, Заев изјави:„Jас знам дека и ставот на НАТО е тој, не е време. Не ни требаат нови тензии. Уште еднаш, да не заборавиме дека Балканот нема намера да биде повторно буре барут. Апелирам до колегите, до премиерите, претседателите на државите, да внимаваат на своите чекори затоа што наша заедничка обврска како шест земји од западен Балкан, коишто имаме аспирации за членство во Eвропската Унија, е да ја унапредиме економската соработка, регионалниот развој да расте, да обезбедиме вечен мир, и траен мир овде, и да имаме интеграција во Европската Унија.“Македонскиот премиер апелираше да се преиспитаат и мерките на косовската Влада во однос на воведувањето царини за производите од Србија.„Апелирам и оние другите мерки коишто постојат во делот на царините или сл., да ги преиспитаме, да се вратиме, да ги почитуваме меѓународните организации и договори што ги имаме, поради тоа што наша обврска е да ја зголемиме соработката. Ако политичарите бидат повнимателни во своите изјави, во своите чекори, јас верувам дека овој дел на Балканот, вклучително и нашата Македонија, но и соседите, ќе се движиме во вистински правец“, нагласи Заев.

Македонија | пред 7 години

ali-ahmeti-uck

(ФОТО) Али Ахмети во униформа на УЧК со честитки за косовската војска

Лидерот на ДУИ Али Ахмети на Фејсбук, облечен во униформа на УЧК го честиташе формирањето на косовската војска.– Многу жртвувања, многу соништа, многу напори, многу мачеништво низ вековите за да дојдеме до овој ден на слободата, независноста, војската, еднаквоста и перспективите, напиша Ахмети на својот Фејсбук профил.https://www.facebook.com/AliAhmetiOfficial/posts/1991866130849911

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Пад на вредноста на еврото

Еврото забележа пад на вредноста во однос на доларот по разочарувачките економски показатели од Франција и од Германија.Првпат за 2,5 години намалена е активноста на францускиот приватен сектор поради протестите на Жолтите елеци.И во Германија регистирано е успорување на приватниот сектор на четиригодишниот минимум.По објавувањето на податоците за успорувањето во последниот квартал кај двете најголеми економии во евро зоната, вредноста на еврото се намали за 0,6 отсто и е под 1,13 долари.

Свет | пред 7 години

pozar

70-годишен неподвижен маж загина во пожар во Сопиште

70-годишен неподвижен маж настрада во пожар во Сопиште. Како што информира полицијата, вчера, во 20:20 часот на улица 1 во скопското село Сопиште настанал пожар во куќа, по што опожарени биле две соби, a во една од собите било пронајдено телото на П.С.(70), кој подолг период бил неподвижен.Починатиот живеел со својот син, кој во моментот на пожарот не бил дома. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот е предадено за обдукција. Од страна на екипа на Противпожарна единица пожарот е изгаснат. Увид се врши во текот на денешниот ден.

Скопје | пред 7 години

MOV_4678.00_00_01_19.Still001

СДСМ: Ајде Мицкоски собери храброст и кажи зошто си против ЕУ и НАТО

Ајде Мицкоски собери храброст, кажи јасен став, зошто си против ЕУ и НАТО и која е алтернативата, прашува СДСМ, реагирајќи на прес-конференцијата на Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ, кој претходно со зборовите „Ајде господине Заев, бирајте каде сакате“, побара од премиерот да излезе на дебата.„Христијан Мицкоски треба да се охрабри и да каже јасен став, зошто е против ЕУ и НАТО? Наместо да врти од околу, да се крие зад портпаролите и да одбегнува одговори, Мицкоски да каже која е алтернатива за членството во најмоќните сојузи ЕУ и НАТО, за да може да учествува на ТВ-дуел. ТВ-дуелот подразбира соочување на ставови. Крајно несериозно е Мицкоски да повикува на телевизиско соочување, а при тоа да нема јасен став за најважните прашања за иднината на Македонија“, се вели во реакцијата на СДСМ.Владејачката партија додава дека Мицкоски стои во заштита на криминалот на Никола Груевски и се профилира како анти ЕУ и анти НАТО.

Македонија | пред 7 години

UaYct-

Фатен нарко дилер од Охрид

Секторот за внатрешни работи Охрид до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против Н.М.(43) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело ,,неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.При извршен преглед во мопед што го управувал пријавениот на улица „Абас Емин“ во Охрид, од страна на полициските службеници, под седиштето пронајдена била најлонска кеса со марихуана.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

(ВИДЕО) Ѓорчев: Наместо живот донесоа невиден егзодус во Република Македонија

Оваа прес конференција ќе биде посветена на темата поврзана со иселувањето и егзодусот во Македонија, по повод секојдневните извештаи за падот на ученици во Македонија од општина по општина. Падот на новородени деца и зголемување на иселувањето. Ова би бил содржинскиот дел од оваа прес конференција. Наместо живот со Зоран Заев во Македонија дојде до егзодус и невидено, невидено до сега иселување, изјави на прес-конференција Владимир Ѓорчев член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ кој додаде:„Се иселуваат луѓето од сите региони на Република Македонија, се иселуваат младите од Скопје, се иселува Источна Македонија, се иселуваат луѓето од Полог, Тетовско, Гостиварско, Липковско. Си заминуваат луѓето од Битолско, од Прилепско, од Охрид и Охридско. Ова е невиден, невиден егзодус.Последица на штетните политики на Зоран Заев и на неговата Влада. Од Македонија секогаш имало иселување. Но ова што сега го гледаме како невидено иселување како егзодус. Како евакуација од Македонија на цели семејства до сега не сме го виделе никогаш. Од долгите векови на македонска историја.“-Со тага и со тежина вчера беше објавена веста дека за само 10 месеци, внимавајте само од Нова година речиси денес од основните училишта во Штип и од средните училишта се отпишани 77 ученици. 77 отпишани ученици само од Штип. Жал и тага. Тоа значи дека од градот Штип од најголемиот центар од најголемиот град на Источна Македонија само од Нова година до сега, само откако ја поскапеа акцизата на дизелот Заев и Анѓушев заедно со Тевдовски се иселени околу 300 до 400 граѓани. Понатаму, ако го видиме бројот на отпишани ученици во Кочани, Кочани е помал град, само од Кочани од истиот дел од годината значи од почетокот на годината до сега се отпишани 20 ученици. Тоа не е толку голем град, значи во Кочани само од почетокот на годината отпишани се 20 ученици. Уште еднаш ако треба сето ова да го резимирам и да го заокружам би го кажал следново, наместо живот со Зоран Заев во Македонија дојде до невидено, невидено до сега иселување и егзодус, потенцираше Ѓорчев.Ѓорчев додаде дека си заминуваат и се евакуираат цели семејства, дека си заминуваат младите од Скопје, се иселува Источна Македонија, бегаат луѓето од Полог, од Тетовско, од Гостиварско, од Липковско, од Дебарско, од Маврово – Ростуша, си одат луѓето од Струшко и од Охрид. Се испразнува и иселува Битола, Прилеп исто така, луѓето од Струмица си одат. Да не ги набројуваме сите градови.-Штетните политики на Зоран Заев доведоа до тоа да Македонија се истенчува, да народот ни се топи, државата ни исчезнува. Македонија умира, паѓа бројот на новородени деца, имаме во 2018 година во три квартали најмал, најмало ако има статистика во Македонија, најмал број на родени бебиња. Страшни падови. Невидени падови. Наместо живот донесоа егзодус и невидено иселување. Жал и тага, заклучи Ѓорчев.

Скопје | пред 7 години

klinicki

Шилегов: Со поскпувањето на паркингот во Кинички, Градот Скопје се обиде да исправи неправда

Градот Скопје се обиде да исправи неправда. Ја воедначи цената на паркингот на Клиничкиот центар со другите паркинг зони околу кои гравитираат други институции. Градот не би се однесувал подеднакво кон своите граѓани ако на едно место дава услуга за 800 денари, а на друго за 350, рече денеска градоначалникот Петре Шилегов, одговорајќи на новинарски прашања.Градоначалникот истакна дека во Клиничкиот центар мора да се изведат нови сообраќајни решенија за Брзата помош лесно да доаѓа до клиниките, наместо да чека ред со дргутие возила, а на две места на паркингот на Клинички центар треба да се изградат монтажни катни гаражи со што ќе се зголеми каацитетот за повеќе од 350 нови паркинг места.-На паркингот кај „Нова Македонија“ луѓето плажаат по 800 денари, а во катната гаража „Беко“ вработените во министерствата за финансии и за правда плаќаат по 1.000 днари. Ја воедначивме цената на услугите, а зошто некој во дадена фаза решил концептот на сообраќај на Клинички центар да го уништи давајќи 1.500 месечни карти за 670 паркинг места без да го зголеми капацитетот за непречен пристап на возила, не можам јас да кажам. Тоа се одлуки на претходната власт. Она што сакаме е да исправиме неправда кон останатите граѓани, од една страна, а од друга, да најдеме доволно средства за изградба на двете монтажни катни гаражни, рече Шилегов по националната конференција за децентрализација.

Скопје | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања