Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Белата куќа оптимистична за договор за Украина: специјалниот пратеник Виткоф патува во Москва

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Свет
c8c0395d-fc13-4585-9165-dfae2cd4763a

Белата куќа е „многу оптимистична“ за можноста да се постигне договор за прекин на војната во Украина, изјави портпаролката Каролин Левит, најавувајќи дека американскиот специјален пратеник Стив Виткоф е на пат кон Москва.

Според Левит, претседателот Доналд Трамп и неговиот тим „интензивно работат“ на прашањето и искрено сакаат војната да заврши. Таа прецизираше дека разговорите со украинската делегација, одржани вчера на Флорида, биле „многу продуктивни“, а дека следниот чекор е патувањето на Виткоф во Русија.

— реклама —

Кремљ потврди дека Виткоф, кој годинава веќе неколкупати престојувал во Москва, ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин во среда. Состанокот доаѓа во момент на силен притисок врз Киев да го прифати американскиот план за ставање крај на конфликтот, пренесува Франс Прес.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски и францускиот претседател Емануел Макрон во Париз разговарале со Виткоф и украинскиот главен преговарач Рустем Умеров, само еден ден по американско-украинските разговори во Флорида. И двете страни ги оценија средбите како „продуктивни“, но американскиот државен секретар Марко Рубио предупреди дека „работата сè уште не е завршена“.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryn0at4km4a84jamHzvVd

Зеленски: на Путин мора да му се каже дека не е во право

Свет | пред 11 минута

— реклама —
media-libraryajt7hsoh6jk4dxK9h6y

Дронови и ракети над нуклеарни зони: Киев алармира за ризик од нова катастрофа

Свет | пред 1 ден

media-libraryat0lrpmbh2bj2vc69Kd

Зеленски ја одби американската понуда: „Не сме идиоти“

Свет | пред 6 дена

media-library0s99ieppvlg1dWOtv48

Дете убиено во сон: 11-годишен ученик загина во руски напад на Киев

Свет | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања