Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Бензините и дизелот поскапуваат за 7 денари по литар

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-library0av8mg16bvh6dVzxC7V
Скопје1.мк

РКЕ соопшти дека со одлуките ги утврдува максималните цени на нафтените деривати, а трговците можат да продаваат и пониско. Новото поскапување е поради раст на берзанските цени и зајакнување на доларот. Од 17.3.2026 (00:01) максимумите се: ЕУРОСУПЕР 95 – 86,50; 98 – 88,50; ЕУРОДИЗЕЛ – 92,00; ЕЛ-1 – 89,50 ден/л; мазут – 47,453 ден/кг. Бензините и ЕЛ-1 растат за 7 ден/л, дизелот за 6,5 ден/л. РКЕ бара намалување од 2 ден/л поради договорен попуст, иако цените остануваат меѓу најниските во регионот.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) ја информира јавноста дека со нејзините Одлуки се регулираат максималните цени на нафтените деривати и трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Денешната одлука за максималните цени на нафтените деривати е резултат на растот на берзанските цени на нафтените производи, како и континуираниот раст на доларот во однос на денарот во изминатиот петдневен период.

— реклама —

Од 17.3.2026 година од 00:01 часот максималните малопродажни цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 86,50 (денари/литар)

— реклама —

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 88,50 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 92,00 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 89,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 47,453 (денари/килограм)

Истовремено РКЕ им укажува на нафтените компании да ги намалат малопродажните цени за 2 денари по литар, согласно договорениот попуст од страна на Владата со главниот добавувач ОКТА, со што ќе овозможат бенефитот од ова намалување директно да го почувствуваат граѓаните.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 16,964%, кај дизелот за 11,714%, кај екстра лесното масло за 13,059% и кај мазутот зголемувањето е за 14,591%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,8453%.

Максималните малопродажни цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 7,00 ден/лит.

Максималната малопродажна цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 6,50 ден/лит.

Максималната малопродажна цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 4,867 ден/кг и сега ќе изнесува 47,453 ден/кг.

Со оваа одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 8,98% во однос на одлуката од 9.3.2026 година, цените на нафтените деривати остануваат најниски во регионот и Европа.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

benzinska-benzin-nafta-

Нови цени на горивата од 22 јули: Бензините со намалување

Македонија | пред 2 дена

— реклама —
media-library0av8mg16bvh6dVzxC7V

Нови цени на горивата: Дизелот намален за 2,5 денари, бензините за 1,5

Македонија | пред 1 седмица

benzine

РКЕ ги објави новите цени на горивата

Македонија | пред 2 седмици

236816881_327299032472860_31726440552678132_n

РКЕ ги утврди новите максимални цени на нафтените деривати, цената на дизелот се зголемува

Македонија | пред 4 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања