Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Берово најстудено утрово со -6 степени

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Македонија
berovo

Најниска утринска температура денеска е измерена во Берово, каде живата во термометарот се спушти до -6 степени Целзиусови, покажуваат податоците од метеоролошките мерења.

— реклама —

Во повеќе градови температурите биле под нулата. -3 степени се измерени на Попова Шапка, во Лазарополе, Маврови Анови и Битола, додека -2 степени се регистрирани во Струмица, Крива Паланка и Крушево.

— реклама —

Минус еден степен е измерен во Претор и Гевгелија, додека нула степени се регистрирани во Прилеп, Скопје-Петровец, Тетово, Демир Капија, Охрид и Велес.

— реклама —

Во изминатите 24 часа врнежи се забележани на Попова Шапка со 3 литри на метар квадратен, како и во Тетово и Пожаране со по 1 литар на метар квадратен. На Попова Шапка има и снежна покривка од 65 сантиметри.

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, а максималната температура ќе се движи од 12 до 18 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од југоисточен правец, со максимална температура до 17 степени.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryv2n47u6bki0g29Og27B

Попова Шапка најстудена утринава, температурите под нулата во повеќе градови

Македонија | пред 17 часа

dozd-1

Променливо облачно време со дожд и снег на планините

Македонија | пред 2 дена

media-library9qtpdb95l7f931bX0LS

Променливо облачно време со врнежи, најмногу дожд во источните делови

Македонија | пред 3 дена

3-1

Најниска температура денеска е измерена на Попова Шапка со -3°C

Македонија | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања