Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Битиќи: Следува усогласување на платите во сите сектори

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
19092020_ZPVRSM_Bitikji_DFITR_Despotovski_pres-konferencija-2

Потпретседателот на СДСМ, Фатмир Битиќи во емисијата „Анализа 24“ на Телевизија 24 порача дека по зголемувањето на минималната плата, ќе следува усогласување на сите останати плати согласно законските рокови.

— реклама —

„Ние кажавме да, ќе има 18.000 денари минимална плата затоа што тоа е праведно, правично и солидарно и како солидарно општество мора да го направиме и се согласивме сите дека кога заврши минималната плата дека ќе го почитуваме членот 8 дека ќе има усогласување затоа што тоа е доблесно и ние мораме да бидеме конзистентни во спроведување на законите кон сите. Тоа значи ќе ги нивелираме минималните плати, дека во јавниот сектор нема да има плати кои што се под минималната плата и усогласувањето ќе оди според членот 8 од Законот за минимална плата, истиот тој член вели дека има период на усогласување“ посочи Битиќи.

— реклама —

Битиќи потсети дека во изминатите години, со растот на минималната плата, соодветно растеле платите во сите сектори.

— реклама —

„ Ако одиме по сектори, податоците за раст на платите се следни: Шумска полиција зголемување од 30 отсто во 2021 според колективен договор, АНБ и Агенција за разознавање согласно соодветните закони имаме зголемување од 20 до 25 отсто од 2019 до 2021 година, во Катастарот зголемување од 5 до 30 отсто во 2019 година за геодети информатичари, во казнено поправните домови од 25 до 30 зголемување согласно Законот, во образование по 5 отсто зголемувања во 2018, 2019, 2020 и по 10 отсто. Со законот кој што е заглавен во собрание за дополнителни 5% од септември“ истакна Битиќи потсетувајќи дека опозициската ВМРО-ДПМНЕ во Собранието со месеци го блокира Законот за наставници и стручни соработници и го повика Синдикатот за образование и наука, таму да изврши притисок.

Потпретседателот Битиќи истакна дека Владата предводена од СДСМ презема навремени и ефикасни мерки за справување со кризата преку пакетот антикризни мерки вреден 400 милиони евра, од кои 90 милиони евра се помош за граѓаните, а 310 милиони поддршка за домашната економија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryu3ga0lfnq4cf3OW4Uvp

Мицкоски во Будимпешта на средба со Орбан, тема ќе биде економијата

Македонија | пред 18 часа

media-libraryskdbhqma00h0b5T86hS

Нема уставни измени без јасен крај, нема ниту марионети кои би ги нашле да го направат тоа, рече Мицкоски за Бугари во Устав

Македонија | пред 1 ден

media-library0av8mg16bvh6dVzxC7V

Нема да им се забрани на странците да точат евтино гориво во Македонија, рече Мицкоски, иако има наплив

Македонија | пред 1 седмица

market-pari

Поскапени се јајцата и маслото за јадење, кај другите производи нема значајни разлики, вели Мицкоски кој најави мерки ако бидат потребни

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања