Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Битиќи: Задолжувањето од Унгарија е економско предавство, удар врз домашните компании

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
IMG_6605

„Државата се доведува во ситуација со пари на граѓаните евентуално да финансираат странски фирми, наместо домашните. Овој заем е удар за домашните компании, нивно исфрлање од економската орбита на оваа Влада. Ова е удар врз трудот на македонските бизниси, економско предавство на татковината“, рече пратеникот од СДСМ, Фатмир Битиќи на денешната седница на Собранието на која се расправа за Предлог на закон за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај Унгарската експорт - импорт банка.

— реклама —

Битиќи во своето обраќање појасни дека заемите, како овој, кои доаѓаат од ЕКСИМ банки, независно дали тоа е од Унгарија или од друга земја, наметнуваат и услов, парите да се користат за фирми кои доаѓаат од матичната земја.

— реклама —

„Но, каде е овој услов во образложението, во предлог законот за задолжувањето или во самиот договор? Зошто никој јасно не кажува дека средствата можеби ќе одат директно за одредени унгарски компании, а не за поддршка на македонскиот бизнис!? Зошто македонските компании не се споменуваат? “, праша Битиќи во своето обраќање.

— реклама —

Давајќи осврт на образложението на предлог-законот за задолжување Битиќи посочи дека во него како примарна цел се наведува е унапредување на постојаната и воспоставување на посебна економска врска со Унгарија, а никаде не се споменува најавуваната директна поддршка за македонската економија.

“ Никаде, апсолутно никаде, не се споменува тоа што премиерот го најавуваше – 250 милиони евра директна поддршка за македонската економија под истите услови што се споменуваат за заемот, 3.25 проценти камата, три години грејс период и 12 години рок на отплата, или вкупно 15 години. Ако ова беше толку голем успех за македонската економија, зошто нема ни еден збор за тоа во официјалното образложение? Наместо тоа, се наведува една генерализирана цел за „унапредување на економската соработка со Унгарија,“ што не кажува ништо конкретно за тоа како и на кој начин овој заем ќе ја поддржи македонската економија. Ова создава сериозни сомнежи за вистинските намери зад ова задолжување и за тоа како средствата ќе бидат распределени“, рече Битиќи.

Битиќи посочи и на опасностите кои ова задолжување ги носи за јавниот долг и создавањето на долгорочни обврски кои може да доведат до повисоки даноци и кратења во јавните услуги.

„Ова ново задолжување од 500 милиони евра директно ја загрозува макроекономската стабилност на државата и дополнително ќе го оптовари јавниот долг, кој веќе се движи на опасни нивоа. Како што кажав при ребалансот на буџетот, кога некои 400 милиони евра од овие пари беа сокриени, со додавање на овие средства, јавниот долг ќе надмине 68%, а ако продолжат со истата пракса на редовно задолжување, ќе достигне дури 75% од БДП, што ќе претставува алармантна граница за економска криза, а кон која Владата има очигледна намера да не доближи. Ова не само што ќе го ограничи просторот за идни фискални политики, туку ќе создаде долгорочни обврски кои ќе мораат да се финансираат преку повисоки даноци или кратења во јавните услуги“, рече Битиќи.

Пратеникот Битиќи предупреди дека преку вакви заеми се ризикува државата да падне во замка на економска и политичка манипулација.

„Ова е типична стратегија на авторитарни држави кои користат финансиски средства за да поттикнат долгови и да наметнат политички и економски услови, како што сме виделе во многу други држави. Недостигот на транспарентност околу условите на овој заем, заедно со неговата геополитичка природа, укажува на намери кои не се само економски, туку и политички мотивирани, ставајќи ја државата во директна зависност од надворешни актери со ерозивни агенди“, рече Битиќи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library84bfav7rmsp6d6Z9MXi

СДСМ: Мицкоски е „прокси руски играч“ – обвинувања за врски со Москва

Македонија | пред 6 часа

media-librarydfsnh8fo9kgp56JNiBc

Власта вклучува фирма од „црната листа“ на САД во енергетски бизнис, вели Димитријевиќ

Македонија | пред 7 часа

media-libraryg16a1eca1pu85Xs2wiA

Кузеска: Предавникот Мицкоски сака децениска изолација за свои лични профити

Македонија | пред 10 часа

media-libraryo24bhk258c1n5HlTdkk

СДСМ Аеродром: Митески и Ѓорѓиевски итно да го решат проблемот со паркирањето во Ново Лисиче

Скопје | пред 13 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања