Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Бран насилство меѓу малолетници: напади во Скопје, Кочани и Пробиштип

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
uchenici-vrsnichko-nasilstvo-tepachka

Полицијата регистрирала повеќе одвоени случаи на насилство меѓу малолетници и врз деца во Скопје, Кочани и Пробиштип, а за дел од нив веќе се поднесени и кривични пријави.

Во Скопје, В.Ј. (53) пријавил дека на подрачјето на Бит Пазар неговиот 16-годишен син бил физички нападнат од четворица малолетници. Во друг случај, В.С. (47) пријавил дека во Аеродром неговата малолетна ќерка била физички нападната од две соученички, кои биле во друштво со уште три малолетнички, а една од нив го снимала настанот со мобилен телефон. Следниот ден, С.В. (52) пријавил дека В.С. физички ја нападнал неговата малолетна ќерка, која претходно ја нападнала ќерката на В.С. Уште еден случај бил пријавен и во Ѓорче Петров, каде Б.А. (42) навел дека неговиот малолетен син бил физички нападнат од друг ученик во основно училиште.

— реклама —

Во Кочани, Е.И. (31) пријавила дека во соблекувална на спортска сала во основно училиште нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од тројца малолетници.

Во Пробиштип, пак, Надворешната канцеларија за криминалистички работи поднела кривична пријава против А.П. (19) од селото Калниште поради сомнение за кривично дело „насилство врз дете“, откако на 28 декември 2025 година, по претходна расправија, физички нападнал 17-годишник од Пробиштип.

— реклама —

Полицијата презема мерки за целосно расчистување на сите случаи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryufankrd0ebkreVllJME

МВР: Потврдите за платени казни од „Безбеден град“ повеќе не треба да се носат во полиција

Настани | пред 17 часа

— реклама —
media-library52ut6bais8dgdX4Quku

Шест возачи уапсени за безобѕирно возење без дозвола

Македонија | пред 18 часа

media-libraryj0h8k113kh8g7Qh36PC

МВР: Пет пријави за семејно насилство, четворица уапсени

Македонија | пред 18 часа

media-library7fq9g456k7fl60Baf8m

На аеродром Скопје уапсен гостиварец баран со меѓународна потерница

Македонија | пред 19 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања