Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Бројот е мој, таткото е мој, зетот и внукот се мои, ама немам врска со фирмата, вели СДСМ за Томовски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-librarydetmln4o4ufe4zalJmc

СДСМ остро реагираше на изјавите на директорот на СОЗР, Ивица Томовски по откривањето дека фирма поврзана со негови блиски членови на семејството добила 161 тендер во вредност од 5,3 милиони евра. Од партијата оценија дека неговиот обид да се дистанцира од случајот изгледа како „бегство од сопствената сенка“.

— реклама —

Од СДСМ велат дека изјавите на Томовски може да се сведат на една реченица: бројот е негов, таткото е негов, зетот и внукот се негови, „сè е мое, ама немам никаква врска со фирмата“. Според опозициската партија, ваквата реакција само ја потврдува сериозноста на сомнежите за конфликт на интерес.

— реклама —

„Фактите се јасни, потврдени со документи и јавно објавени. Не е време за правдање, туку за одговорност“, соопшти СДСМ, додавајќи дека ја повикува Државната комисија за спречување на корупцијата да отвори постапка за можен конфликт на интерес и корупција во врвот на владата на Мицкоски.

— реклама —

Од партијата порачаа дека случајот не е затворен и дека јавноста има право да добие прецизни одговори за критериумите и начинот на кој биле доделувани тендерите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library84bfav7rmsp6d6Z9MXi

СДСМ: Мицкоски е „прокси руски играч“ – обвинувања за врски со Москва

Македонија | пред 1 час

media-librarydfsnh8fo9kgp56JNiBc

Власта вклучува фирма од „црната листа“ на САД во енергетски бизнис, вели Димитријевиќ

Македонија | пред 3 часа

media-libraryg16a1eca1pu85Xs2wiA

Кузеска: Предавникот Мицкоски сака децениска изолација за свои лични профити

Македонија | пред 6 часа

media-libraryo24bhk258c1n5HlTdkk

СДСМ Аеродром: Митески и Ѓорѓиевски итно да го решат проблемот со паркирањето во Ново Лисиче

Скопје | пред 8 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања