Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Бугарија од 1 јануари 2026 го воведува еврото

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
evro

Од 1 јануари 2026 година, Бугарија официјално го воведува еврото како законско средство за плаќање, со што националната валута – левот, заминува во историјата. Поради техничката транзиција кон новата валута, надлежните институции предупредија на привремени прекини во банкарските и платните системи за време на новогодишната ноќ.

Како што е најавено, банкарските системи ќе бидат технички ресетирани во периодот меѓу 31 декември и 1 јануари. Во тој временски интервал, плаќањата со платежни картички нема да бидат можни, ПОС терминалите во продавниците и рестораните ќе бидат привремено надвор од функција, а банкоматите нема да издаваат готовина ниту ќе прифаќаат картички.

— реклама —

Прекинот во работењето се очекува да трае од околу 21 часот на 31 декември до приближно еден и пол час по полноќ, по што системите постепено ќе бидат повторно активирани, овојпат со новата валута – евро. Поради тоа, граѓаните и туристите се повикуваат навремено да обезбедат доволна количина готовина.

Официјалниот курс на конверзија е утврден на 1 евро за 1,95 лева. Со приклучувањето кон Еврозоната, Бугарија станува 21-ва членка на монетарната унија и добива право на учество во Советот на гувернери на Европската централна банка, со што директно ќе учествува во креирањето на монетарната политика на Еврозоната.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

MFA_8353

Бугарија е перципирана како најголем непријател – дали тоа го сакате?, вели ексминистерот Димитров

Македонија | пред 15 часа

— реклама —
siljanovska-radev-1

Дали политичката промена во Софија ќе донесе промена во односот кон Скопје

Македонија | пред 2 дена

1669028980_2874109_rumen-radev_ls

„Прогресивна Бугарија“ на Радев убедливо води на изборите во Бугарија

Свет | пред 3 дена

1-5

Од 3.504 декларирани бугарски државјани во Македонија, само 210 се пријавени за гласање за тамошните избори

Свет | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања