Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Бугарија влегува во еврозоната: Oд 1. јануари 2026 година — евро наместо лев

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
sofija-bugarija

Бугарија од 1 јануари 2026 година официјално ќе стане 21-та членка на еврозоната. Европскиот парламент и Советот на ЕУ го одобрија членството по позитивните извештаи на Европската комисија и Европската централна банка, кои во јуни потврдија дека земјата ги исполнува критериумите за конвергенција.

Патот до оваа одлука, сепак, беше исполнет со контроверзии и политички турбуленции. Во првата половина од 2025 година, Министерството за финансии, предводено од Теменушка Петкова, изрази сомнежи дека земјата ги исполнува условите — особено поради инфлацијата, која за 2024 година изнесуваше 2,6%, над лимитот од 2,5%. Дел од опозицијата ја обвини владата дека намерно го кочи процесот, по што извршната власт го ревидираше буџетот и забрза дел од реформите.

— реклама —

Протести и отпори

Противниците на еврото, предводени од движењето „Вазраждане“, организираа низа протести. На 22 февруари пред зградата на Бугарската народна банка дојде и до инциденти — дел од демонстрантите фрлаа молотови коктели и ја оштетија фасадата на „Куќата на Европа“. Оттогаш се водат судски постапки, меѓу другото и против четворица пратеници.

И претседателот Румен Радев предложи распишување национален референдум, но иницијативата беше блокирана поради уставни ограничувања. На крајот, на 3 декември, Народното собрание го отфрли предлогот со 135 гласа „против“.

— реклама —

Стравови кај јавноста и мерки за заштита

Загриженоста од скриено покачување на цените беше најсилно изразена кај постарите граѓани и жителите на помалите места. Во јавноста кружеше и дезинформации — од „бришење на заштедите“ до апокалиптични сценарија за економијата.

Владата и Бугарската народна банка одговорија со пакет-мерки:

  • фиксeн курс: 1 евро = 1,95583 лева

  • задолжително двојно прикажување на цените

  • засилени инспекции од Комисијата за заштита на потрошувачите

  • јавна кампања за информирање

Дизајнот на националните евро-монети го задржува бугарскиот идентитет и кирилицата.

Политичка неизвесност — голем тест

Процесот се одвива во услови на оставка на владата и можни предвремени избори. Експертите предупредуваат дека од институционалната стабилност ќе зависи и колку успешно ќе помине транзицијата.

Она што е извесно е дека од 1 јануари 2026 година еврото станува официјална валута во Бугарија. Колку безболно ќе се одвива промената, ќе зависи не само од институциите — туку и од подготвеноста, информираноста и одговорноста на самите граѓани.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

MFA_8353

Бугарија е перципирана како најголем непријател – дали тоа го сакате?, вели ексминистерот Димитров

Македонија | пред 15 часа

— реклама —
siljanovska-radev-1

Дали политичката промена во Софија ќе донесе промена во односот кон Скопје

Македонија | пред 2 дена

1669028980_2874109_rumen-radev_ls

„Прогресивна Бугарија“ на Радев убедливо води на изборите во Бугарија

Свет | пред 3 дена

1-5

Од 3.504 декларирани бугарски државјани во Македонија, само 210 се пријавени за гласање за тамошните избори

Свет | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања