Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Бујар Османи го призна поразот, Изет Меџити ќе го предводи Чаир

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
Osmani-pregovaracka-ramka-1-720x404-1

Кандидатот за градоначалник на општина Чаир, Бујар Османи, по завршувањето на изборниот ден, упати јавна изјава во која им се заблагодари на своите соработници, активисти и поддржувачи за нивниот ангажман во текот на кампањата, оценувајќи дека изборниот ден поминал успешно и мирно.

— реклама —

„Денешниот изборен ден беше успешен, без поголеми забелешки, и тоа е нешто што треба да се истакне. Сакам да изразам благодарност до сите соработници, активисти, пријатели од партијата и коалицијата, како и до форумите на жени и млади. Чест ми беше да работиме со посветеност и пожртвуваност на визијата за Чаир, но и да создадеме многу нови пријателства,“ напиша Османи.

— реклама —

Тој нагласи дека, иако кампањата не била целосно фер и законска, резултатот го прифаќа со почит кон волјата на граѓаните.

— реклама —

„Во политиката, последниот збор секогаш им припаѓа на граѓаните. Доволно сум долго во оваа сфера за да ги разберам и почитувам пораките што тие ги испраќаат. Иако кампањата не беше фер во секој аспект, нема да се жалам – чесноста и вредностите имаат смисла само ако ги зачуваш и во вакви ситуации,“ порача Османи.

Тој му честита на својот противкандидат и на коалицијата што стои зад него, посакувајќи им успех во следниот четиригодишен мандат.

„Им честитам на победниците во Чаир и им посакувам успех во управувањето со општината,“ додаде Османи, истакнувајќи дека дополнително ќе се произнесе за своите следни политички чекори.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

ahmetii

ДУИ со барање до Мицкоски да промени став: Овој став ја нарушувате суштината на Охридскиот договор и соживотот

Македонија | пред 2 дена

market-pari

ДУИ: Сумболично зголемување на платите, а трошоците за една година се зголемени за 6.000 денари

Македонија | пред 4 дена

media-librarykh057clltaiodsaXNw1

ДУИ: Производството на термоелектраните за јануари е намалено за цели 22.5%

Македонија | пред 4 дена

media-librarygghgbk7k3rvt1EnJ0Qh

ДУИ алармира: Систематизацијата во МВР ја загрозува етничката рамнотежа

Македонија | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања