Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Д-р Мирчовска: Хипербарната капсула во ОБ Кочани е функционална и безбедна, со стручен пристап и едуциран персонал

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
media-library8n7oou7f5qjg83BwM1H

Во врска со интересот на јавноста за хипербарната кислородна терапија и третманите на повредените во несреќата во дискотеката „Пулс“, в.д. директорката на Општата болница Кочани, д-р Катарина Мирчовска, даде појаснување за постапките и начинот на работа на установата.

— реклама —

„Во болницата е донирана еднокоморна хипербарна капсула, наменета за третман на едно лице, која користи кислород под притисок. Таа претставува медицински уред за повеќе индикации во доменот на дерматологија, неврологија, физикална медицина и лекување на повреди. Уредот беше дониран со цел поддршка на повредените во трагедијата, по што беше одржан стручен колегиум за утврдување на безбедносни процедури и потреба од обука на медицински персонал“, вели д-р Мирчовска.

— реклама —

Таа додава дека, по стручна консултација со Клиниката за пластична хирургија, е направена проба на апаратот и мерење на времето за декомпресија, кое изнесува околу пет минути — потребно за безбедно извлекување на пациент во случај на паничен напад.

— реклама —

„Хипербарната терапија бара прецизен пристап и не може да се споредува со употреба на вакви капсули од страна на спортисти или лица без медицинска индикација. Кај пациенти со изгореници, инхалациски повреди и психолошка траума, третманите мора да се спроведуваат под надзор на обучен тим“, нагласува директорката.

Еден физијатар и еден физиотерапевт од ОБ Кочани веќе се здобија со обука во Шпанија. Во наредниот период, хипербарната капсула ќе биде преместена во просторија на физикалната медицина, каде што ќе биде под контрола на едуциран персонал и достапна за пациенти кај кои има медицинска индикација за нејзино користење.

Во однос на тековните активности, д-р Мирчовска објаснува дека реновирањето на просториите во болницата започнало во јуни, најнапред во физикалната медицина, а дел од терапиите на повредените се изведувале на Пониква како дел од процесот на рехабилитација и психосоцијална поддршка.

„Во целиот период не недостигал стручeн кадар — терапиите се спроведуваа и со поддршка од специјалисти и физиотерапевти од Штип, 8 Септември и Институтот Козле. Што се однесува до силиконските лепенки, дел од доставените беа за рани, а не за лузни, и во таа фаза не беа применливи за повредените“, појасни Мирчовска.

Таа додаде дека болницата останува отворена за соработка со сите поединци и организации кои имаат волја и можности да помогнат во создавање подобри услови за лекување и опоравување на пациентите.

„Целта ни е заедничка — подобро здравје и побрзо закрепнување на повредените и сите граѓани“, порача в.д. директорката на ОБ Кочани.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library2fbssvr09r9kdsEvq76

Кај нас 35% од населението пати од дебелина, а таа е поврзана со над 200 заболувања

Македонија | пред 2 дена

media-library4eifkdbbqt6f5IfnKpF

Со „фингерпринт“ за работно време ќе добиете само револт, платите ни се помали и од специјалистите во Косово, порача д-р Лазаров до министерот

Коментари | пред 3 дена

1-1-1

Анкета за корупција во јавното здравство: Во три случаи е побаран секс како мито

Македонија | пред 1 седмица

media-library02np0jbbum6q7qCfp9T

Министерот Алиу на седум дена пред годишнината од трагедијата во „Пулс“ најави уредување на просторот околу кочанската болница

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања