Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Да нема отказ при бременост! Левица поднесе предлог-измени за заштита на трудовиот статус на бремени работнички

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-libraryen75hdahkm1r4XD3900
YouTube/Print Screen

Пратеничката група на Левица во Собранието поднесе предлог-измени на Законот за работните односи, со кои се предлага бремените работнички вработени на определено време автоматски да преминуваат на договор на неопределено време по доставување потврда од лекар или надлежен орган.

Партијата соопшти дека целта на измените е да се спречи прекин на работниот однос во текот на бременоста и да се зголеми правната сигурност на оваа категорија работнички. Според образложението, иако законската рамка гарантира еднакви права и забрана на дискриминација по основ на бременост, во пракса и понатаму имало случаи каде што на бремени работнички не им се продолжувале договорите на определено време.

— реклама —

Во соопштението се наведува и конкретен пример од јавноста од пред околу еден месец, по кој Левица повторно ја отвори темата за заштита на бремените жени на пазарот на труд.

Со предложената формулација, во член 46 од Законот за работните односи би се додал нов став, според кој „работниот однос заснован со договор за вработување на определено време се трансформира во работен однос на неопределено време поради бременост, по доставување на соодветна потврда“.

— реклама —

Од партијата потсетуваат дека и претходно иницирале измени за целосно укинување на договорите на определено време, кои не добија поддршка во парламентот.

Предлог-законот треба да помине низ собраниска процедура, по што ќе се утврди дали ќе биде поддржан од мнозинството пратеници.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Screenshot-2024-12-12-at-21.31.52

Апасиев: Државата им простува на богатите, а го товари работникот

Коментари | пред 1 ден

— реклама —
apasiev

Левица: Македонија забрзано изумира - власта не е заинтересирана за младите и наталитетот

Македонија | пред 1 ден

apasiev

Левица: Реставрација или редизајн на Старата скопска чаршија по мерка на Љутков и Меџити

Македонија | пред 5 дена

media-library1reeqs0g6crr3GP6mMN

Мециновиќ: Државата од криза во криза не учи, а граѓаните ја плаќаат цената

Македонија | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања