Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Дадена наредба за обдукција на двегодишното дете кое почина на Клинички, по повреда на новогодишната ноќ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Скопје
media-librarykpkv72gk1ldc5ZiHa3j
Скопје1.мк

Двегодишното дете кое беше тешко повредено за време на новогодишната ноќ, утринава им подлегна на повредите на Клиниката за детска хирургија во Скопје. И покрај интензивните напори на медицинските тимови, лекарите констатирале смрт, потврдија од надлежните институции.

— реклама —

Основното јавно обвинителство Скопје соопшти дека во однос на случајот е издадена наредба за обдукција на телото, со цел целосно расветлување на причините и околностите под кои настанала трагедијата.

— реклама —

Според досегашните сознанија од истрагата, детето било надвор со својата мајка, каде присуствувале на новогодишна прослава и огномет, кога било погодено од метален проектил, за кој се сомнева дека станува збор за залутан куршум. По инцидентот, детето веднаш било пренесено во болница, најпрво во Градската општа болница, а поради сериозноста на повредите било итно транспортирано на Детската клиника.

— реклама —

Лекарите утврдиле тешки повреди на мозокот и состојба директно опасна по живот. Детето било сместено на одделението за интензивна нега, но повредите се покажале како фатални.

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, претходно потврди дека случајот е под истрага и дека надлежните служби ги испитуваат сите можни сценарија.

„Станува збор за тешко телесно повредено детенце од две години, со присуство на метален фрагмент. Во овој момент не можеме со сигурност да кажеме како точно дошло до повредата. Постојат повеќе теории и јавноста ќе биде информирана откако ќе се утврдат фактите“, изјави Тошковски.

За инцидентот засега не се соопштуваат официјални податоци за точната локација и конкретните околности под кои настанал, ниту лични податоци за семејството, со цел заштита на истрагата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library66ntksuu8f0ccZNUhnh

Обвинителската служба доби колективен договор и најавено зголемување на платите

Македонија | пред 7 часа

media-librarygvjkn3rgmo1q7gRNdgY

Обвинителството: Нема застој во предметите за „Пулс“, ЗНМ да гарантираат воздржаност при јавно коментирање на вакви трагедии

Македонија | пред 1 ден

media-library6h6ho6cnbg5n1Nuyr4y

Трка за шеф на Вишото обвинителство и обвинители во ОЈО-ГОКК

Македонија | пред 3 дена

tepa-dete

Го тепал 10-годишниот син со боксови и клоци, па го фатил за коса и го кренал: Нов случај на семејно насилство во Охрид

Македонија | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања