Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Дали Словенија ќе излезе од НАТО , СЗО и ЕУ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 седмица -

Свет
media-library3mgkdd61d9p08Raeibd
unsplash

Лидерот на словенечката партија Ресница, Зоран Стевановиќ, изјави дека партијата поддржува распишување референдуми за излегување од НАТО, Светската здравствена организација и Европската Унија, но додаде дека верува оти граѓаните во Словенија најверојатно не би ги поддржале таквите одлуки.

Tој истакна дека Словенија има значително повеќе придобивки од членството во Европската Унија отколку загуби, но нагласи дека центарот на одлучување мора да се врати во Љубљана, а не во Брисел.

— реклама —

Излегувањето од Светската здравствена организација, како што наведе, било едно од предизборните ветувања на партијата, при што Стевановиќ порача дека Ресница ќе се обиде да ги исполни сите дадени ветувања.

Тој ги демантираше медиумските наводи дека неговиот избор бил прославен со руски знамиња пред зградата на парламентот, нагласувајќи дека тоа не е поврзано со неговата партија и дека станува збор за редовни собири на кои Ресница не учествува.

— реклама —

Стевановиќ изјави дека не должи ништо на Социјалдемократската партија, која го поддржала во парламентот, и порача дека ќе поддржи кандидат за премиер кој прв ќе обезбеди доволен број гласови и ќе го усогласи својот програм со програмата на неговата партија.

Тој додаде дека при формирање влада нема да гледа политичка ориентација, туку исклучиво содржина, нагласувајќи дека поддршка ќе добие само влада која ќе ги намали даноците, ќе го подобри животниот стандард и ќе се обврзе на конкретна борба против корупцијата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

zemjotres-2-2

Земјотрес ја потресе Словенија, епицентарот кај Севница

Балкан | пред 1 ден

— реклама —
media-library13rk50ip047kauqNvmH

Потврдени изборните резултати во Словенија, во петок конститутивна седница на Парламентот

Свет | пред 2 седмици

media-library4j7690dnpdr35p6w0jN

Словенија остро го критикува Израел: „Смртната казна е дискриминација“

Свет | пред 3 седмици

media-libraryvhj2ur8r3q856ivVECd

(Видео) Снежно невреме парализира дел од Балканот: Затворени училишта и патишта во Словенија, Хрватска и Црна Гора

Свет | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања