Словенија утрово ја погоди земјотрес со јачина од 3,2 степени според Рихтеровата скала, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар EMSC, кој претходно ја процени јачината на 3,8 степени.
Епицентарот на потресот е регистриран на околу 54 километри источно од Љубљана, во близина на Севница, на длабочина од девет километри.
Според првичните информации, земјотресот бил почувствуван во пошироката околина, но засега нема извештаи за материјална штета или повредени лица.