Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Потврдени изборните резултати во Словенија, во петок конститутивна седница на Парламентот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Свет
media-library13rk50ip047kauqNvmH

Државната изборна комисија на Словенија (DIK) денеска соопшти дека ги отфрли приговорите на Социјалдемократската партија (SDS) на Јанез Јанша и ги потврди резултатите од изборите одржани на 22 март.

Според овие резултати, Движењето Слобода на актуелниот премиер Роберт Голоб освоило најмногу мандати – 29, додека SDS освоил еден помалку (28).

— реклама —

Партиите NSi, SLS и Fokus освоија по девет мандати, SD и Demokrati по шест, а листите Levica, Vesna и Resni.ca по пет мандати, пренесува порталот 24UR.

Словенечкиот парламент има вкупно 90 места. По потврдувањето на резултатите, следува објавување во Службен весник, по што претседателката на Словенија, Наташа Пирц Мусар, ќе ја свика конститутивната седница на новиот состав на парламентот.

— реклама —

SDS ги оспорува изборите тврдејќи дека имало неправилности, меѓу кои спроведување на изборите во Буенос Аирес, одредување на избирачки места за предвремено гласање, именување на заменик-претседатели на окружни изборни комисии и чување на гласачките ливчиња.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

zemjotres-2-2

Земјотрес ја потресе Словенија, епицентарот кај Севница

Балкан | пред 1 ден

— реклама —
media-library3mgkdd61d9p08Raeibd

Дали Словенија ќе излезе од НАТО , СЗО и ЕУ

Свет | пред 1 седмица

media-library4j7690dnpdr35p6w0jN

Словенија остро го критикува Израел: „Смртната казна е дискриминација“

Свет | пред 3 седмици

media-libraryvhj2ur8r3q856ivVECd

(Видео) Снежно невреме парализира дел од Балканот: Затворени училишта и патишта во Словенија, Хрватска и Црна Гора

Свет | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања