Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ИЗБОРИ

media-librarymiteaut537i12452c55

(Видео) Тензии на изборен ден во Србија: пријавен напад врз активисти на СНС во Бор и собири во Бајина Башта

На денот на локалните избори во Србија, од Бор пристигнаа информации за инцидент пред просториите на Српската напредна партија (СНС), каде, според наводи што ги пренесуваат медиумите, група лица нападнала партиски активисти и употребила солзавец. Како што се тврди, едно лице добило повреда при која му била скршена раката.Во истата вест се наведува дека на избирачки места биле забележани лица опишани како „блокадери“, а слични собири се пријавени и во општината Бајина Башта. Според наводите, на некои локации имало обиди за попречување на граѓани кои дошле да гласаат и создавање тензична атмосфера.За агенцијата Танјуг се огласил Радиша Петковиќ, носител на листата „Александар Вучиќ – Бор – Наше семејетво“, кој изјавил дека нападот бил извршен со солзавец и палки, дека има повредени и дека тие се згрижени во болница, при што се очекува лекарски извештај за нивната состојба.Петковиќ побарал надлежните органи да реагираат и да ги идентификуваат напаѓачите, а истовремено повикал изборниот процес да помине мирно и демократски.

Свет | пред 1 ден

media-libraryv5kptil7tgl10isYVqd

Словенија гласа на 10. парламентарни избори: тесна трка меѓу Голоб и Јанша во сенка на меѓународни тензии

Словенија денес,, ги одржува десеттите парламентарни избори од осамостојувањето, со очекувања за исклучително тесна трка меѓу либералното движење на премиерот Роберт Голоб и партијата на поранешниот премиер Јанез Јанша. Кампањата, според оценките на аналитичарите, беше силно обликувана од меѓународниот контекст, што дополнително ја заостри поделбата меѓу двата политички блока.Право на глас имаат 1.698.352 избирачи, а гласањето се одвива од 7 до 19 часот. Во трката за 90 пратенички места се натпреваруваат 1.185 кандидати, распоредени на 17 листи, од кои 15 се присутни во сите осум изборни единици. Првите неофицијални резултати се очекуваат доцна вечерва или во понеделник навечер.Анкетите во последните денови покажуваат дека Словенечката демократска партија (СДС) на Јанша и Движењето за слобода на Голоб се практично изедначени. Аналитичарите наведуваат дека разликите се во рамки на статистичката грешка, а дека Голоб ја намалил предноста на противникот преку мерки насочени кон граѓанскиот стандард, меѓу кои се споменува и зголемување на пензиите, но и преку позиционирање во надворешната политика.Во фокусот на изборната дебата се најде и односот кон глобалните кризи. Под водство на Голоб, Словенија се вбројува меѓу ретките земји на ЕУ што израелската воена кампања во Газа ја оцени како геноцид, став што предизвика силни реакции и ја подигна надворешнополитичката температура во кампањата.Последните денови пред гласањето беа одбележани и со аферата „Црна коцка“, именувана по израелска разузнавачка компанија за која постојат сомнежи дека стои зад објавување видеоснимки од скриени камери на интернет, кои сугерираат корупција во рамки на власта. Јанша призна средба со еден од раководителите поврзани со случајот, но негираше вмешаност во објавувањето на снимките.„Словенечкиот граѓанин мора да биде на прво место, а не Палестина, а не нелегалните мигранти“, изјави Јанша за време на телевизиска дебата во петокот навечер.Аналитичарите предупредуваат дека евентуална победа на Јанша би можела да донесе поостар, „нелиберален“ сврт во политика на земјата од околу 2,1 милион жители, во време кога национализмот повторно добива простор во делови од Европа. Во кампањата, Јанша најавуваше „враќање кон словенечките вредности“, со посебен акцент на традиционалното семејство, како и ограничување на јавните средства за одредени невладини организации.Од другата страна, Голоб настапуваше со порака за „Словенија под сонцето на слободата“, нагласувајќи социјална вклученост и политики што веќе ја обележаа неговата коалиција од центар-лево. Во надворешната политика тој остро го критикуваше рускиот напад врз Украина, што е една од ретките точки на согласување со Јанша, додека кампањата допре и до теми поврзани со пошироки геополитички амбиции и притисоци.Овие избори доаѓаат четири години по последното парламентарно гласање, одржано на 24 април 2022 година, кога Голоб извојува убедлива победа како тогашен политички новајлија. Денес, Словенија повторно е пред одлука што ќе ја одреди насоката на земјата – меѓу континуитет на центар-левиот курс и можно враќање на тврдата конзервативна агенда.

Свет | пред 1 седмица

490506140_1221633092883168_4859003472972009158_n

Вучиќ: Оваа година одиме на избори, мислам дека ќе бидат на есен

Претседателот Александар Вучиќ изјави за „Blic TV“ дека оваа година ќе се одржат избори и дека најверојатно тоа ќе биде на есен.„Оваа година одиме на избори. Мислам дека сите избори ќе бидат на есен. Мислам дека тоа е поверојатна опција“, рече Вучиќ за Blic TV.На прашањето дали би поднел оставка од претседателската функција за да се спојат претседателските и парламентарните избори, тој рече дека не ја исклучува таа можност.

Свет | пред 2 месеци

media-library1fnk5tc6386t98OYBET

Трамп се шегуваше за укинување на изборите, Белата куќа ги смирува реакциите

Белата куќа соопшти дека американскиот претседател Доналд Трамп не бил сериозен кога пред неколку дена изјавил дека можеби не треба да има избори за Конгресот.Портпаролката на Трамп, Каролин Ливит, појасни дека претседателот всушност се обидувал да биде хумористичен, а не да го доведе во прашање одржувањето на изборите.„Претседателот се шегуваше“, рече Ливит, одговарајќи на прашања од новинарите. Таа додаде дека Трамп зборувал во контекст на пофалба за работата на неговата администрација, сугерирајќи дека тие „вршат толку добра работа“ што треба само да продолжат.Изјава што предизвика реакцииИзјавата на Трамп дојде за време на получасовното интервју за Ројтерс во Овалната соба на Белата куќа. Разговарајќи за среднорочните избори, претседателот изрази фрустрација од историскиот модел според кој владејачката партија често губи места во Конгресот.„Кога ќе победите на претседателските избори, не ги добивате среднорочните избори“, рече Трамп, додавајќи дека неговата администрација направила толку многу што „кога ќе размислите за тоа, воопшто не треба да имаме избори“.Изјавата предизвика загриженост и критики, бидејќи американскиот устав предвидува одржување избори за Конгресот на секои две години, без можност за претседателска одлука за нивно откажување.Белата куќа се обидува да ја смири ситуацијатаПо реакциите што следеа, Белата куќа истакна дека изјавата на Трамп не била политичка порака или предлог, туку дел од неговиот вообичаен реторички стил. Според Ливит, претседателот сакал да истакне дека неговата администрација ги исполнила очекувањата на гласачите, а не да го доведе во прашање уставниот поредок или да најави промени во изборниот систем.

Свет | пред 2 месеци

media-libraryhkosigcurnedbW9Wm5B

Гостивар, Маврово и Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа на поправен за избор на градоначалник

Утре жителите на Гостивар, Маврово и Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа, на повторено гласање ќе бираат градоначалник.Изборите за градоначалник во овие четири општини се повторуваат бидејќи на Локалните избори 2025 во октомври, таму немаше доволен број граѓани излезени на гласање.На повторените избори, според законот, не е потребна излезност од една третина на гласачите туку за да се избере градоначалник треба за еден од кандидатите да гласаат повеќе од половината од излезените избирачи.Денеска гласаат болните и изнемоштените лица, како и притворените и затворениците кои се жители на овие општини.Во Гостивар за гласање се пријавени 146 болни и изнемоштени лица, а во затворите 81 лице.Во Маврово и Ростуше ќе гласаат 69 болни лица и двајца затвореници.Во Врапчиште пријавени се 32 болни и изнемоштени, а во затворите се пријавени 11 жители од оваа општина.Во Центар Жупа пријавени се само двајца болни.Гласањето утре започнува во 7:00 часот, а завршува во 19:00 часот.

Македонија | пред 2 месеци

media-librarysa5ctmpu3097acuDYje

(Видео) Курти победи на изборите во Косово, но според првичните резултати нема да има мнозинство

Движењето Самоопределување на премиерот Албин Курти освои 37,50 отсто од гласовите на денешните парламентарни избори во Косово, покажуваат првичните резултати по пребројани нешто над 50 отсто од гласачките ливчиња.На второто место се најде Демократската партија на Косово со 29,80 отсто од гласовите, додека Демократскиот сојуз на Косово освои 16,29 отсто. Алијансата за иднината на Косово (ААК) доби 7,92 отсто поддршка од гласачите.Според податоците на Централната изборна комисија, на изборите гласале 789.172 граѓани, што претставува излезност од околу 40 отсто.Во претходниот парламентарен состав, Самоопределување имаше стабилно мнозинство заедно со пратениците од етничките малцинства. Сепак, по актуелните изборни резултати, Албин Курти би можел да се соочи со потреба од нови коалициски партнери за да обезбеди мнозинство и да формира нова влада.

Свет | пред 3 месеци

media-libraryidb1llg6mfnm9hWkxQj

(Видео) Локални избори во три општини во Србија под сенка на насилство и тешки нерегуларности

Локалните избори во Неготин, Мионица и Сечањ денес се одбиваа и завршија во атмосфера обележана со напади, притисоци и сериозни пријави за изборни злоупотреби и нерегуларности.Општините беа окупирани со лица кои не живеат во тие места, често криејќи се со качулки.Видеата на социјалните мрежи и медиумите покажуваат дека изборите не беа слободни и демократски.Граѓанската организација ,,Црта” ги повлече своите набљудувачи од Мионица по напад на нивниот мобилен тим, а истовремено полицијата на пат кон Неготин заплени палици, нож и бибер-спреј. Црта пријави и купување гласови во Сечањ.Во Сечањ, полициски кордон потиснувал мирни граѓани од пред општинската зграда, додека во непосредна близина се наоѓале просториите на СНС. Зелено-левиот фронт објави дека маскирани напаѓачи поврзани со владејачката партија го нападнале нивниот пратеник Богдан Радовановиќ.Движењето ,,Крени-Промени”, пријави бројни нерегуларности на речиси сите избирачки места, а како најтежок инцидент го посочија случајот кога гласач упатил смртна закана кон студентка – контролор.Напнатата атмосфера беше придружена и со политички притисоци: покраинскиот секретар за урбанизам Немања Ерцег и неговиот помошник навредувале студент-набљудувач во Сечањ.НУНС остро го осуди нападот врз фоторепортерот Гаврило Андриќ во Неготин, кој бил соборен и повреден од група лица при што му бил одземен телефонот. Набргу потоа следел физички судир помеѓу студенти и подржувачи на СНС, во кој, според снимките, бил присутен и владеачки функционер.Изборниот ден, наместо демократски процес, го одбележа страв, насилство и системска злоупотреба, оставајќи сериозни сомнежи за регуларноста на гласањето.

Свет | пред 4 месеци

media-library2ctip5bldfkb33YrMx2

Србија денес гласа на локални избори во Неготин, Мионица и Сечањ

Денеска во Србија се одржуваат локални избори во Неготин, Мионица и Сечањ. Во Неготин и Мионица гласањето е редовно, додека жителите на малата банатска општина Сечањ излегуваат на вонредни избори. Сите три места се сметаат за упоришта на владејачката Српска напредна партија.Во споредба со локалните избори во Заечар и Косјериќ во јуни, атмосферата пред денешните избори е помирна, со помалку тензии и забележливо отсуство на големо внимание од јавноста. Избирачките места се отворени од 7:00 часот утрово, а гласањето ќе трае до 20:00 часот.Право на глас имаат над 56.000 граѓани во сите три општини.

Свет | пред 4 месеци

media-libraryhlmf360hokok0g1FUeu

Република Српска го избира наследникот на Додик

Во Република Српска денес се одржуваат вонредни претседателски избори по одземањето на мандатот на Милорад Додик.На гласачкиот список има нешто повеќе од 1,2 милиони гласачи кои можат да гласаат за 6 кандидати:Синиша Каран, Бранко Блануша, Драган Ѓокановиќ, Никола Лазаревиќ, Игор Гашевиќ, Славко ДрагичевиќСпоред аналитичарите, најжестока битка се очекува меѓу Каран од владејачкиот СНСД и Блануша од опозициската коалиција предводена од СДС.Првите резултати се очекуваат околу 21 часот.

Свет | пред 4 месеци

media-libraryhlmf360hokok0g1FUeu

Предизборен молк во Република Српска пред предвремените претседателски избори

Во Република Српска започна предизборниот молк во пресрет на предвремените избори за претседател на ентитетот, кои ќе се одржат утре.Кандидати за функцијата претседател на Република Српска се: Синиша Каран од СНСД, Бранко Блануша од СДС, Драган Ѓокановиќ од Сојузот за нова политика, Никола Лазаревиќ од Еколошката партија на Српска, како и независните кандидати Игор Гашевиќ и Славко Драгичевиќ.Превремените избори ги распиша Централната изборна комисија на БиХ по правосилната пресуда на Судот на БиХ за Милорад Додик.Во централниот избирачки список за предвремените претседателски избори, кој го потврди ЦИК, се впишани 1.264.364 гласачи со право на глас.

Свет | пред 4 месеци

Screenshot-2025-08-17-at-21.00.48

Приговори во 11 општини за изборите

Завршија роковите за поднесување приговори за постапката на гласање и приговори за утврдување и сумирање на резултатите од гласањето на локалните избори.ДИК по истекот на законските рокови објавува за кои општини резулатите од гласањето се конечни.„Од 44 општини за кои ДИК во понеделникот објави првични официјални резултати од гласањето за избор на градоналници, во меѓу време констатиравме дека од овие 44 општини во 11 општини се пристигнати приговори. По приговорите ние денес, согласно дневниот ред, а ако не стигнеме денес, евентуално утре ќе постапуваме и ќе одлучуваме. По таквите одлуки подносителите имаат право на тужба до Управен суд, информира претседателот на ДИК Борис Конадрко.Тој информира дека оние општини во кои нема поднесено приговори за гласање за избор на градоначалници се 33 и за нив ДИК денеска објавува конечни резулатати за завршено гласање во прв круг за избор на градоначалници. „Резултатите и имињата на кандидатите нема да ги читам зошто тие веќе се прочитани во понеделникот кога објавивме првични официјални резулатати и тие се наоѓаат на официјалната веб-страна на ДИК. Само ќе ги прочитам имињата на општините во кои гласањето за градоначалник е завршено конечно, со конечни резултати во прв изборен круг. Тоа се општините: Берово, Битола, Василево, Вевчани, Гевгелија, Ѓорче Петров, Градско, Делчево, Демир Хисар, Желино, Зелениково, Илинден, Јегуновце, Кавадарци, Карбинци, Кисела Вода, Кратово, Крива Паланка, Липково, Новаци, Ново Село, Охрид, Петровец, Пехчево, Пласаница, Радовиш, Сарај, Свети Николе, Сопиште, Старо Нагоричане, Струмица, Теараце и Штип”, рече Кондарко.

Македонија | пред 5 месеци

media-librarylfcg11in95fbdxp6Wan

Молдавија ветува членство во ЕУ по победата на проевропската партија на Маја Санду

Владејачката, проевропска Партија за акција и солидарност (PAS), предводена од претседателката Маја Санду, успеа да го задржи парламентарното мнозинство на вчерашните избори. По преброени повеќе од 98 отсто од гласачките ливчиња, PAS бележи резултат од 49,6 отсто од гласовите. Прорускиот Домољубив блок, предводен од поранешниот претседател Игор Додон, освојува околу 24,5 отсто, покажуваат податоците на Централната изборна комисија.Овие парламентарни избори во една од најсиромашните земји во Европа, претежно земјоделска и сместена меѓу Романија (членка на ЕУ) и Украина, се оценуваат како пресудни за идниот курс на Молдавија. Земјата со население од околу 2,4 милиони жители има статус на кандидат за членство во Европската Унија од 2022 година.Санду изрази надеж дека парламентарното мнозинство на проевропските партии ќе овозможи континуитет на реформите неопходни за приближување кон Европската Унија. Сепак, Партијата за акција и солидарност (PAS) доби помалку поддршка во споредба со изборите од пред четири години.Властите во Молдавија уште пред изборниот ден ја обвинија Русија за масовно мешање во кампањата преку купување гласови, дезинформации на социјалните мрежи и хакерски напади. Покрај Домољубивиот блок, во парламентот ќе имаат свои претставници и другите партии со проруска ориентација: блокот Алтернатива со освоени 8,1 отсто од гласовите и Нашата партија на бизнисменот Ренат Усати со 6,2 отсто. Парламентот брои 101 пратеник избран на четиригодишен мандат.Изненадувачки, и Партијата Демократија дома (PPDA), која првично се залагаше за обединување со Романија, ја надмина цензусната граница и обезбеди 5,7 отсто од поддршката.

Свет | пред 6 месеци

media-libraryi7e6d03sss9lf0OI5nA

(Видео) Најмалку 36 загинати во стампедо на предизборен митинг во Индија, меѓу нив се осум деца

Најмалку 36 луѓе загинаа, а повеќе од 50 се повредени во саботата во стампедо на предизборен митинг на југот на Индија, организиран од тамилскиот актер Виџај, соопшти премиерот на индиската сојузна држава Тамил Наду.Премиерот М.К. Сталин истакна дека меѓу загинатите се 8 деца и 16 жени. Митингот, кој го организираше политичката партија на Виџај „Tamilaga Vettri Kazhagam“, се одржа во округот Карур.Виџај, еден од најпопуларните актери во Тамил Наду во последните три децении, собира голем број на луѓе на своите настани откако ја основа политичката партија во 2024 година. Тој води кампања за изборите закажани за почетокот на 2026 година.Видео снимки објавени од локалните медиуми покажуваат илјадници луѓе околу големото возило на кое говореше Виџај. За време на митингот, тој им фрлаше шишиња со вода на присутните и побара помош од полицијата кога ситуацијата излезе од контрола.Ова не е првпат да се појават проблеми на неговите митинзи. Најмалку шест лица загинаа по првиот собир на неговата партија во октомври минатата година.

Свет | пред 6 месеци

izbori

Клучни избори во Молдавија – Европа или Москва?

Граѓаните на Молдавија денес гласаат на клучните парламентарни избори кои ќе одредат дали земјата со 2,4 милиони жители ќе го продолжи својот пат кон Европската Унија или ќе падне под влијание на Москва. Изборите се одржуваат во услови на широко распространети обвинувања за руско мешање.Проевропската претседателка Маја Санду и нејзината владејачка партија Акција и солидарност (ПАС), која моментално има мнозинство во парламентот, се соочуваат со Патриотскиот изборен блок – коалиција од проруски и советско-носталгични партии предводени од поранешниот претседател Игор Додон, кој беше поразен од Санду во 2020 година.Резултатите од овие избори ќе ја одредат иднината на земјата не само за следните четири години, туку и за многу долго време што доаѓа, изјави Игор Гросу, лидер на ПАС и кандидат за премиер доколку партијата освои мнозинство.Се очекува трката да биде тесна. Анкетите покажуваат дека ПАС веројатно ќе остане најголемата партија, но би можела да го загуби мнозинството, додека Патриотскиот блок има мала предност. Во таков распоред, помалите партии би имале клучна улога. Една од нив е „Алтернатива“, предводена од градоначалникот на Кишињев Јон Чебан и поранешниот генерален обвинител Александру Стојаноглу. Иако се претставуваат како проевропски, критичарите ги сметаат за проруски „спојлери“ кои ја ослабуваат ПАС.Во Молдавија власта е поделена помеѓу директно избран претседател и премиер назначен од парламентот. Претседателот ја надгледува надворешната политика и безбедноста, а премиерот ја води секојдневната администрација.Доколку ПАС претрпи голем пораз, Санду би можела да биде принудена да ја дели власта со Додон, кој има амбиции за премиерската функција и покрај тоа што е во домашен притвор под обвиненија за корупција. Логото на неговиот блок прикажува црвено-бела ѕвезда околу срце со советски срп и чекан.Санду, поранешна службеничка на Светската банка, е избрана во 2020 година со ветувања за борба против корупцијата и европска интеграција. Минатиот октомври нејзината влада одржа референдум на кој граѓаните ја поддржаа европската ориентација како уставна цел. Истовремено, таа освои нов претседателски мандат.Од прогласувањето независност во 1991 година, Молдавија се колеба помеѓу европскиот и рускиот пат. Санду настојува да ја оддалечи земјата од Москва, особено по почетокот на руската инвазија врз Украина, но Кремљ и натаму има силно присуство, вклучувајќи 1.500 војници во отцепениот регион Транснистрија.Молдавските власти тврдат дека Русија активно работи на поткопување на нивното владеење преку финансирање на проруски партии, купување гласови и ширење дезинформации. Минатата недела беа извршени 250 рации и уапсени десетици лица во рамките на истрага за руски заговор за поттикнување масовни немири. Обвиненијата вклучуваат и плаќање на свештеници за агитација против ПАС.Руската служба за надворешно разузнавање тврди дека НАТО се подготвува да ја окупира Молдавија ако „се подготвуваат изборни измами“. Иако без докази, изјавата го одразува растечкиот страв на Москва.Западните престолнини внимателно ги следат изборите. Лидерите на Франција, Германија и Полска во септември го посетија Кишињев за да изразат поддршка за курсот кон ЕУ. Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, предупреди пред ОН дека „Европа не може да си дозволи да ја изгуби и Молдавија“, потсетувајќи на случаите со Грузија и Белорусија.Главните предизвици за владата остануваат економските. Инфлацијата, масовната емиграција и слабата економија ја тешат земјата. Во 2022 година Молдавија западна во енергетска криза поради намалување на испораките од Газпром, што се смета за политички притисок од Кремљ. Дополнителен удар нанесе војната во Украина, бидејќи Молдавија прими најмногу бегалци по глава на жител од која било друга земја, што предизвика притисок врз здравството и инфраструктурата.Ова е лакмус тест за Санду, изјави европски дипломат во Кишињев. Никој не знае каква ќе биде Молдавија во понеделник.

Свет | пред 6 месеци

Screenshot-2025-08-15-at-20.07.31

Прва билатерална посета на Ердоган во Вашингтон по 2019 година

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговиот турски колега Реџеп Таип Ердоган „знае за наместени избори подобро од кој било друг“ за време на нивната средба во Белата куќа.Трамп, кој и натаму без докази тврди дека изборни измами ја попречиле неговата кандидатура во 2020 година, додаде дека тој и Ердоган останале пријатели и во периодот кога не бил на власт.Иако Ердоган е на чело на Турција од 2014 година и често е обвинуван за репресија врз опозицијата и медиумите, Трамп го пофали, нарекувајќи го „човек со цврсто мислење“.Ова беше прва билатерална посета на турскиот лидер во Вашингтон по 2019 година, кога Трамп го завршуваше својот прв мандат. Неговиот наследник Џо Бајден имаше тензични односи со Ердоган.Под водство на Ердоган, турските власти повеќепати ја таргетираа главната опозициска партија, а бројни нејзини членови беа уапсени. Меѓу нив е и градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, кој од март е во притвор под обвиненија за корупција, што тој ги негира.Во август, Трамп го пофали претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев, кој ја води земјата 22 години, нарекувајќи го „многу паметен и самоуверен“.Трамп повеќепати навестуваше дека би можел да се обиде да обезбеди трет мандат, иако тоа е строго забрането според американскиот Устав

Свет | пред 6 месеци

izbori-makedonija-Copy

Изборниот законик падна на Бадентер – неизвесност за независните кандидати

Итната седница на Собранието за измените на Изборниот законик заврши без резултат – предлогот беше изгласан со мнозинство, но не помина на Бадентеровото гласање. Со тоа, останува неизвесно како независните кандидати ќе можат да учествуваат на локалните избори закажани за 19 октомври.Првичниот предлог предвидуваше независните листи да обезбедат потписи од 0,95% од запишаните избирачи во една изборна единица, наместо досегашниот еден процент. По расправата во комисии и прифаќањето на амандманот на Левица, прагот беше намален на 0,5%. Овој компромис беше поддржан од пратениците на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ.На првото гласање во пленарна сала, за измените гласаа 67 пратеници од вкупно 85 присутни, против беа 18, а воздржани немаше. Сепак, кога дојде до Бадентеровото гласање – услов задолжителен за одредби кои се однесуваат на изборниот процес – 18 пратеници од Европскиот фронт гласаа „против“, а само пратеници 11 беа „за“.Европскиот фронт реагираше дека измените се еднострани и во корист на владејачките партии, обвинувајќи дека се подготвуваат за мајоризација. „Се урива главниот заштитен механизам кој произлегува од Охридскиот договор – Бадентерот. Ова е прв пат да се дискутира за Изборниот законик без компромис и консултации со опозицијата“, порача Елми Азири.Од друга страна, од владејачката коалиција ВРЕДИ оценија дека опозицијата манипулира. „Влен се обидува да воспостави демократски вредности за граѓаните, а Европскиот фронт создава забуна околу тоа кој може, а кој не може да се кандидира“, изјави Саранда Имери-Стафаи.Со неизгласувањето на измените, ќе важи новото упатство на Државната изборна комисија (ДИК). Според него, кај советничките листи нема да биде потребно дополнително собирање потписи, а кај кандидатите за градоначалници ќе се бара поддршка од група избирачи со најмалку два потписи.Така, правната несигурност останува – дали ова упатство ќе биде доволно за несметано учество на независните кандидати или пак локалните избори повторно ќе се одржат во сенка на политички блокади.

Македонија | пред 7 месеци

Screenshot-2021-10-16-at-18.48.14

Независните кандидати не веруваат на збор, бараат писмена потврда од ДИК дека не им требаат потписи

Независните граѓански здруженија не веруваат во изјавата од Државната изборна комисија и ставање вон сила на Упатството за учество на изборите, со што според ДИК, нема потреба од собирање потписи како поддршка за кандидирање за градоначалници и советници. Тие бараат писмен документ од ДИК како потврда на кажаното.Недовербата оди до таму што ,,Шанса за Центар“, на својата Фејсбук страница објави дека продолжува со собирањето потписи за регистрирање политичка платформа за да ја избегне евентуалната правна замка.Премиерот Христијан Мицкоски вели дека ставањето надвор од сила на упатството на Државната изборна комисија за регулирање на постапката за собирање потписи и начинот на определување на нотарите согласно Изборниот законик не го нарушува изборниот процес за локалните избори. Тој вели дека ДИК има законска обврска да донесе ново Упатство.Мицкоски вели дека комплетно новиот Изборен законик е веќе подготвен и со месеци чека во Собранието, но е блокиран од нереалните барања на, како што вели, една опозициска партија.Блокадата била поради нереално барање кое никаде во светот не се применува, а тоа е членот во ДИК кој е од редовите на таа партија да става вето на одлуката на Комисијата и на Општинските избирачки одбори.Инаку на последните локални избори во 2021 година учествуваа 57 независни листи со кандидати за советници во 40 општини и освоија 56.000 гласови.

Македонија | пред 7 месеци

unnamed-2

Изборот на нови функционери предизвик за Собранието – се бара наследник на Зибери и Димитровска, изборите ќе се распишат во август

Во пресрет на распишувањето на локалните избори, Собранието се соочува со две клучни задачи – избор на нов Народен правобранител и претседател на Државната комисија за спречување корупција (ДКСК). Како што соопшти денеска претседателот на Собранието, Африм Гаши, процедурите за обете позиции се во различни фази, но потребата од институционално пополнување е итна.Процедурата за избор на нов Народен правобранител веќе е започната. По пензионирањето на Насер Зибери на 14 јули, земјата остана без омбудсман, иако Законот предвидува распишување на оглас три месеци пред истекот на мандатот. На објавениот оглас се пријавиле 17 кандидати. Комисијата за избори и именувања денеска требаше да заседава и, доколку постои усогласеност, можно е веднаш да се свика пленарна седница за гласање. За избор на Народен правобранител е потребно и Бадинтерово мнозинство.Меѓу кандидатите е и актуелниот шеф на Кабинетот на претседателот на Собранието, Дритон Небиу, кој денеска потврди дека се пријавил на конкурсот. Тој наведе дека има 18-годишно искуство како правник, 15 години работа во Собранието, меѓународно искуство и магистратура по човекови права, што, според него, го квалификуваат за оваа позиција.Паралелно со ова, Собранието ќе распише оглас за избор на нов претседател на ДКСК, откако досегашната претседателка Татјана Димитровска поднесе оставка поради сомнежи дека давала доверливи информации на обвинето лице во случајот „Адитив“ и дека друг вработен полагал испит во нејзино име за добивање безбедносен сертификат.„Законот предвидува рок од десет дена за распишување оглас по оставка или испразнување на функцијата. Тоа ќе го направиме денеска преку Комисијата за избори и именувања. Правната нејаснотија е дали може да се избере претседател на ДКСК или Народен правобранител за време на изборен процес, па ќе направиме правна анализа“, изјави Гаши.Во таа насока, тој најави дека локалните избори ќе бидат распишани најдоцна до средината на август – токму за да се овозможи простор институциите да ги пополнат вакантните места.Во однос на изгласаната интерпелација за јавниот обвинител Љубомир Коцевски, Гаши потсети дека Собранието веќе се изјаснило, и оти Владата, државниот обвинител, а потенцијално и Советот на јавни обвинители треба да постапат согласно „гласот на народните избраници“.Претседателот на Собранието информираше и дека поради здравствени причини нема да се обрати на Пелинце за Илинден. Тоа ќе го стори еден од потпретседателите. Иако пратениците се на летен одмор од 4 до 22 август, Гаши нагласи дека Собранието е во постојано заседание и може да се свика седница доколку има потреба.

Македонија | пред 7 месеци

drzavna-izborna-komisija-izbori

Партиите здружено и гласно молчат за одлуката на Уставен за укинување на дел од изборните правила

Независните кандидати и невладиниот сектор се изборија да немаат обврска, која тешко се постигнува, да соберат по 1 процент од вкупно запишаните избирачи во одделни општини и во Градот Скопје, за да се кандидираат за градоначалници и за советници во општинските совети.Ваква одлука донесоа заеднички поголемите партии во 2024 година, бидејќи ним им одговара независните да не им се мешаат во поделбата на „изборниот колач”.Според изборните математики, за кандидирање пратеници во Изборната единица 1, наместо 1.000, со измените од 2024 година беа потребни 3.372 потписи.Ваква одлука донесе Уставниот суд.Според Уставниот суд, постојната одлука значи ограничување на демократијата и уставното право на политички плурализам, како и нарушување на загарантираното активно и пасивно избирачко право.Од одлуката што ќе почне да важи од денот на објавувањето во „Службен весник“, произлегува дека македонското Собрание во пресрет на локалните избори на есен ќе треба да донесе ново законско решение со кое ќе се испочитува одлуката на Уставен.На потег е Министерството за правда, во чија надлежност е да предложи нови решенија откако партиите ќе постигнат консензус. Но, од партиите засега молк, иако наводно консултациите се во тек.Министерот за правда, Игор Филков, кон крајот на април изјави дека има време во наредните две недели да бидат донесени измените во Изборниот законик доколку има волја и расположение кај политичките партии.

Македонија | пред 10 месеци

Screenshot-2021-10-16-at-18.48.14

Укинати спорните одредби од Изборниот законик, со кои се крена прагот за собирање потписи за независни кандидати на избори

Уставниот суд ги укина членовите 17 и 18 од Изборниот законик, со кои се крена прагот за собирање потписи за независните кандидати и листи што планираат да учествуваат на избори.Законските одредби, за кои Уставниот суд поведе постапка, значеа дека независните кандидати и листи за да се најдат на гласачко ливче, треба да соберат потписи од еден отсто од вкупниот број гласачи запишани во конкретната изборна единица (ако станува збор за парламентарни избори) или општина (ако станува збор за локални избори).Во предлог-рефератот судијата известител изрази сомнеж за новите измени од уставна гледна точка, односно дека со нив се повредени темелните вредности на Уставот, правната сигурност и предвидливост, начелото на владеењето на правото. Исто така постои сомнеж дека е нарушен политичкиот плурализам како темелна вредност на уставниот поредок уреден со членот 8 став 1 алинеја 5 од Уставот.Ваквите измени беа изгласани на 7 март 2024 година и требаше да важат за локалните избори што треба да се одржат во октомври годинава.

Македонија | пред 10 месеци

Screenshot-2024-10-06-at-16.01.15

ВРЕДИ откри како ќе настапат на локалните избори

Вицепремиерот на Владата и лидер на партијата Демократско движење во своето телевизиско интервју истакна дека Вреди настапиле заедно на парламентарни избори и како коалиција се дел од Владата и нема никаква дилема дека и на локалните избори ќе настапат заеднички како ВРЕДИ.Во оваа прилика лидерот на Демократско движење истакна дека е можно проширување на колицијата Вреди имајќи во предвид дека во меѓувреме излегуваат партии од Европскиот фронт т.е. дека истиот се распаѓа.„Влен нема никаква дилема. Дилемата е дали до тогаш (локални избори) ВЛЕН ќе се претопи во едно или ќе биде само чадор на четири – пет субјекти. По секоја цена ВЛЕН ќе настапи заедно на наредните локални избори“ – истакна Меџити.

Македонија | пред 1 година

avstrija-izbori

Партијата основана од нацистите победи на изборите во Австрија, но никој не сака да влезе во владата со нив

Австриската крајнодесничарска Партија на слободата (ФПО) е победник на парламентарните избори во Австрија. Ова е првпат по Втората светска војна партија вкоренета во нацистичката идеологија да освои најмногу гласови на национални избори.На чело со Херберт Кикло, кој доби поддршка поради лошата економија и загриженоста дека Австрија ги прима имигрантите побрзо отколку што може да ги интегрира, ФПО освои околу 29 отсто од гласовите - рекорден резултат што може да и даде на партијата платформа да води следната влада.„Ова ја отвори вратата за нова ера“, рече шефот на партијата Херберт Кикл по објавувањето на првите резултати.На гласање излегоа дури 6,3 милиони гласачи (78%), а во кампањата доминираа прашањата за миграцијата и азилот, како и нестабилната економија и војната во Украина.ФПО би требало да има околу 56 од 183 места во парламентот, додека конзервативците би добиле 52, а социјалдемократите 41 место.Генералниот секретар на ФПО, Михаел Шнедлиц, рече дека „мажите и жените од Австрија напишале историја“, но одби да каже за каква коалиција ќе се обиде да преговара неговата партија.Би-би-си објави дека анализата на гласачите покажала дека оние на возраст од 35 до 59 години најмногу гласале за екстремната десница, малку повеќе жени отколку мажи.Кикл мора да најде партнер за да формира стабилна коалиција бидејќи другите партиски лидери не можат да го издржат. Тие одбија да му служат и многу брзо почнаа да ја разгледуваат можноста за алтернативна влада предводена од ФПО.ФПО е дел од екстремно десничарската група во Европскиот парламент, предводена од Националното собрание на Франција (РН).Лидерката на РН, Марин Ле Пен, изрази задоволство од победата, велејќи дека тоа е показател дека таквите партии напредуваат.На Фејсбук се огласи и унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто и напиша: „Каков викенд!! По Чешка, уште една победа на патриотите преку граница... Без војна, без миграција и без родова пропаганда!“ФПО, основана во 1950-тите од поранешни членови на СС и други нацистички ветерани, се кандидираше на овие избори на платформа против странците, ветувајќи дека ќе изгради „тврдина Австрија“ за да ги спречи мигрантите.

Свет | пред 1 година

britanija

Отворени гласачките места низ Велика Британија: Граѓаните избираат кандидати за Долниот дом

Избирачките места во Велика Британија се отворени утрово во 08:00 часот по локално време, јавува Би-Би-Си.Граѓаните на таа земја избираат кандидати за 650 места во Долниот дом на парламентот, а мнозинството ќе има право да ја формира новата Влада на Велика Британија.Според анкетите, Лабуристичката партија на Кир Стармер има најголеми шанси за победа на изборите.Избирачките места ќе бидат отворени до 23 часот по локално време.

Свет | пред 1 година

le-pen1

Ле Пен: Сакаме да владееме, нема да формираме влада без мнозинство

Лидерката на екстремно десничарското Национално собрание Марин Ле Пен изјави денеска дека нејзината партија нема да формира влада доколку не добие апсолутно мнозинство.Партијата на Ле Пен е големиот победник на првиот круг од парламентарните избори што се одржаа во неделата во Франција.„Не можеме да прифатиме да ја напуштиме владата ако не можеме да дејствуваме“, потврди Марин Ле Пен за француското радио Ентер.Таа најави и дека нема да биде дел од владата и дека нема да биде шеф на Народното собрание, туку ќе го води пратеничкиот клуб.И претседателот на нејзината партија Џордан Бардела пред првиот круг изјави дека нема да влезе во владата без апсолутно мнозинство во Националното собрание.Ле Пен смета дека ако не можат да ги променат политиките што се спроведуваат, ако не можат да дејствуваат, тоа би било најлошото предавство што нејзината партија може да им го направи на своите гласачи.„Моите гласачи се интелигентни и слободни“, рече таа и додаде дека овие избори се избори за еманципација на францускиот народ.Зборувајќи за можноста Бардела да стане премиер, Ле Пен уверува дека е „подготвена“.„Оваа влада ќе биде комплетна, ќе биде составена од луѓе од Националното собрание, луѓе кои учествуваа со нас во изборната борба и луѓе од граѓанското општество“, увери Ле Пен.Таа најави и дека нема да биде дел од оваа влада.„Ова апсолутно мнозинство е изводливо“, смета Ле Пен.Ле Пен изјави дека нема да биде претседателка на Националното собрание.Таа, исто така, рече дека претседателот Емануел Макрон прави сè за да се обиде да се спротивстави на демократскиот процес, пренесува Франс радио.Таа додаде дека Макрон со сите средства се обидува да го спречи Националното собрание да дојде на власт.

Свет | пред 1 година

Нема фотографија

Конечни резултати од парламентарните избори во Франција: Десницата победи, Макрон трет, незадоволните граѓани излегоа на улица

Француското Министерство за внатрешни работи ги објави конечните резултати од парламентарните избори.Народниот собир во првиот круг од парламентарните избори освои 33,15 отсто од гласовите или повеќе од 10 милиони гласови. Новиот народен фронт (коалиција на обединетата левица) доби 27,99 отсто од гласовите и речиси 9 милиони гласови. Центристичката алијанса Заједно (во која е вклучена и партијата Преродба на францускиот претседател Емануел Макрон) освои само 20,76 отсто од гласовите, или речиси 7 милиони гласови.Да потсетиме, првиот круг од парламентарните избори во Франција се одржа вчера, додека вториот круг ќе се одржи на 7 јули.На европскиот самит во Брисел, откако минатата недела предупреди дека Франција ризикува „граѓанска војна“ доколку на власт дојде РН предводена од Марин Ле Пен или левичарската коалиција „Новиот народен фронт“, Макрон рече дека „неограничениот расизам и анти- Семитизмот“ беше ослободен во земјата“.Поддржувачите на Макрон во земјата и странство го окарактеризираа ова како „грешка“, плашејќи се дека „Националниот собир“ ќе продолжи со својот подем.Изборите беа ненадејно распишани од Емануел Макрон, откако неговата партија Преродба претрпе пораз од екстремно десничарската партија Национален собир на Марин Ле Пен на изборите за Европскиот парламент.Речиси 49 милиони француски гласачи денеска избраа 577 членови на Националното собрание од 4.000 кандидати во првиот круг од парламентарните избори. Како што напиша „Блиц“, до 17 часот гласале 59,39 отсто од гласачите, што е рекордна излезност во првиот круг од 1978 година.Во првиот круг, според претходните анкети, десничарските републиканци и другите од десничарскиот политички спектар ќе освојат само шест отсто од гласовите, додека анкетата предвидува дека „Националниот собир“ ќе освои 36 отсто од гласовите. , пред левичарскиот сојуз со 28,5 отсто и коалицијата Макрон со 21, отсто.Демонстрациите против француската крајнодесничарска партија Национален собир, повикани од крајната левица, синоќа прераснаа во судири со полицијата и немири во центарот на Лион, пренесоа француските медиуми.Демонстрации свикаа екстремната левица по резултатите од Националниот собир кој води во првиот круг од парламентарните избори.

Свет | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања