Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Изборниот законик падна на Бадентер – неизвесност за независните кандидати

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Македонија
izbori-makedonija-Copy

Итната седница на Собранието за измените на Изборниот законик заврши без резултат – предлогот беше изгласан со мнозинство, но не помина на Бадентеровото гласање. Со тоа, останува неизвесно како независните кандидати ќе можат да учествуваат на локалните избори закажани за 19 октомври.

— реклама —

Првичниот предлог предвидуваше независните листи да обезбедат потписи од 0,95% од запишаните избирачи во една изборна единица, наместо досегашниот еден процент. По расправата во комисии и прифаќањето на амандманот на Левица, прагот беше намален на 0,5%. Овој компромис беше поддржан од пратениците на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ.

— реклама —

На првото гласање во пленарна сала, за измените гласаа 67 пратеници од вкупно 85 присутни, против беа 18, а воздржани немаше. Сепак, кога дојде до Бадентеровото гласање – услов задолжителен за одредби кои се однесуваат на изборниот процес – 18 пратеници од Европскиот фронт гласаа „против“, а само пратеници 11 беа „за“.

— реклама —

Европскиот фронт реагираше дека измените се еднострани и во корист на владејачките партии, обвинувајќи дека се подготвуваат за мајоризација. „Се урива главниот заштитен механизам кој произлегува од Охридскиот договор – Бадентерот. Ова е прв пат да се дискутира за Изборниот законик без компромис и консултации со опозицијата“, порача Елми Азири.

Од друга страна, од владејачката коалиција ВРЕДИ оценија дека опозицијата манипулира. „Влен се обидува да воспостави демократски вредности за граѓаните, а Европскиот фронт создава забуна околу тоа кој може, а кој не може да се кандидира“, изјави Саранда Имери-Стафаи.

Со неизгласувањето на измените, ќе важи новото упатство на Државната изборна комисија (ДИК). Според него, кај советничките листи нема да биде потребно дополнително собирање потписи, а кај кандидатите за градоначалници ќе се бара поддршка од група избирачи со најмалку два потписи.

Така, правната несигурност останува – дали ова упатство ќе биде доволно за несметано учество на независните кандидати или пак локалните избори повторно ќе се одржат во сенка на политички блокади.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

490506140_1221633092883168_4859003472972009158_n

Вучиќ: Оваа година одиме на избори, мислам дека ќе бидат на есен

Свет | пред 2 месеци

media-library1fnk5tc6386t98OYBET

Трамп се шегуваше за укинување на изборите, Белата куќа ги смирува реакциите

Свет | пред 2 месеци

media-libraryhkosigcurnedbW9Wm5B

Гостивар, Маврово и Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа на поправен за избор на градоначалник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarysa5ctmpu3097acuDYje

(Видео) Курти победи на изборите во Косово, но според првичните резултати нема да има мнозинство

Свет | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања