Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Дефект на радарот на скопскиот аеродром – авионите ќе слетуваат еден по еден

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
avion

Единствениот исправен радар во Контролата на летање на Македонската навигација (М-НАВ) на Скопскиот аеродром се расипал, поради што од вчера наутро контролорите не можат да ги следат авионите на ниска височина при нивното слетување, објави СДК.

— реклама —

Од двата радара на аеродромот – еден поставен врз Контролната кула и друг во нејзина близина – во функција бил само вториот, кој сега откажал. Сѐ додека дефектот не се отстрани и не пристигне делот што треба да се замени од Италија, контролорите ќе мора да слетуваат авиони еден по еден. Доколку во исто време пристигнат два или три авиони за слетување, дел од нив ќе треба да кружат во воздух додека претходните безбедно не слетаат.

— реклама —

Директорот на М-НАВ, Владимир Ристески, за СДК потврди дека нема никаков ризик за безбедноста на патниците и летовите. „Работата ќе продолжи како и досега, но со побавно темпо. М-НАВ располага со три радарски глави – една кај Охридскиот аеродром и две во Скопје. Едната сега има технички дефект, кој е детектиран и се работи на негово отстранување. Вакви електронски проблеми се нормални во авијацијата и постојат предвидени безбедносни процедури за вакви ситуации. Единствената промена е ограничување на бројот на авиони кои можат да се опслужат во еден час“, рече Ристески.

— реклама —

Додека трае дефектот, за контролата на авионите на поголеми височини се користат радарите на Грција и Бугарија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8m0naa6v0eud6XfH2h2

Јубилеј во Драчево: 55 години образование во ООУ „Кузман Шапкарев“

Скопје | пред 1 седмица

media-libraryjbq16a5c83340onl1S7

Нови спортски содржини на кејот на Вардар: реконструирани терени и фитнес-зони на отворено

Скопје | пред 3 седмици

media-librarynp8j9mia7dps0VqfVKA

(Видео) Сообраќаен колапс во Скопје – возачи чекаат по 30 минути за да се поместат од место

Скопје | пред 1 месец

media-library60s2rbsetk9bfFSYMGj

Подземна со шест ленти и нови кружни текови во центарот на Скопје

Скопје | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања