Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Делчево уредува парк во чест на херојот Иле Гоцевски и подигна спомен-плоча во негово име

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 седмица -

Македонија
media-librarysrc2d954i2u44lDi3nS

Во Делчево ќе се одбележи херојството на Иле Гоцевски, возач на Итната медицинска помош од Кочани, кој по трагичната несреќа во дискотеката „Пулс“ превезувал повредени до болниците во Кочани и Скопје и починал на 17 март по 40 часа напорна работа. Веќе е поставена спомен-плоча до влезот на ИМП во Делчево, а во дворот на Здравствениот дом се уредува парк што ќе го носи неговото име. Гоцевски возел 11 пати до Клиничкиот центар и помагал при пронаоѓање и препознавање на повредените.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Во Делчево ќе биде подигната спомен-плоча во чест на возачот на Итната медицинска помош, Иле Гоцевски кој почина по трагичната несреќа во Кочани, откако превезе голем број пациенти до болниците во Кочани и Скопје.

— реклама —

Со длабока почит се сеќавам на нашиот сограѓанин Иле Гоцевски, возач во ИМП во Кочани, кој утрото на 16 март беше на првата борбена линија за спас на животите на повредените млади од дискотеката „Пулс“. По 40-часовната напорна и трауматична работа, тој починал на 17 март во својот дом.

Во негова чест веќе поставивме спомен-плоча веднаш до влезот на Итната медицинска помош во Делчево – место на кое секогаш ќе се потсетуваме на тивкото херојство на нашиот херој Иле Гоцевски.

Иле Гоцевски возел 11 пати до Клиничкиот центар во Скопје и помагал и во пронаоѓање и препознавање на повредените деца. Неговата пожртвуваност е симбол на хуманоста и наша обврска е да го чуваме споменот на неговото дело, како сведоштво за „херојот од нашето маало“ – човек кој спасувал животи. Неговото име ќе остане запаметено како потсетник за вредностите кои ги носеше: хуманост, професионализам и пожртвуваност.

Во негова чест, во дворот на Здравствениот дом во Делчево уредуваме парк кој ќе го носи неговото име и ќе сведочи и за идните генерации за пожртвуваноста и професионалноста во борбата да се спаси живот повеќе. Со овој парк испраќаме силна порака дека вистинските херои се луѓето кои со својата добрина и професионалност оставаат траен белег во општеството“, вели Иван Гоцевски, градоначалник на Општина Делчево

— реклама —
— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryal1bf04gcr551aeZsrH

39-ти „Марш на ангелите“ во Кочани: Додека светот го поместува часовникот напред, за нас времето стои

Македонија | пред 4 дена

puls-12

Сведок на судењето за „Пулс“: Општината навремено реагирала и побарала да не се издаде лиценца за работа на објектот

Македонија | пред 5 дена

media-libraryv3901mqr9fc34HuSIWL

Тројца нови сведоци за пожарот во Кочани - продолжува судењето за случајот „Пулс“

Македонија | пред 5 дена

media-libraryeu09uf1rl8j36Vf3zOF

Повторно се одложува судењето против деветте полициски службеници обвинети за пожарот во дискотеката „Пулс“

Македонија | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања