Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Делегација од Јапонија во посета на Општина Охрид

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Охрид
Japonska_delegacija_17032023004

Јапонска делегација од владини претставници и од компанијата „Маезава“ која што се занимава со производство и изградба на прочистителни станици за отпадни води денес беше во посета на Општина Охрид.

— реклама —

На работниот состанок со градоначалникот Кирил Пецаков се разговараше за деталите и капацитетот на прочистителните станици што тие ги нудат, а беше презентиран и „Biwa lake“ моделот со којшто се прави баланс помеѓу економскиот развој и заштитата на животната средина.

— реклама —

Градоначалникот Пецаков ги информира гостите дека постојниот систем за заштита на Охридското езеро завршува во с. Пештани. Отпадните води од с. Трпејца, не е оптимално да се транспортираат до овој колекторски систем. Општината Охрид презема активности за решавање на проблемот со зафаќање на отпадните води од секо домаќинство, нивен транспорт до идна локална пречистителна станица каде ќе се врши нивно пречистување и така пречистени ќе се испуштаат во Охридското Езеро.

— реклама —

На средбата беше посочено дека општината има изработено Основен проект за канализациски систем и пречистителна станица за отпадни води во с. Трпејца кој проект е завршен. Според него се предвидува изградба на Комплетно автоматизирана пречистителна станица со два режими на работа – летен и зимски со максимален капацитет од 124 m3/d во лето и 45 m3/d во зима со најсовремена SBR технологија за прочитување. Вкупно количини на отпадни води е 124 m3/d. Вкупна должина на канализациона мрежа е 2,325 m.

Гостите од Јапонија беа информирани дека државното јавно претпријатие “Колекторски систем“ ги превзеде обврските за одржување, обновување и продолжување на колекторскиот систем.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library9nr1bcc6bebi40be2s6

(Видео) Мицкоски најавува 2.000 гости дневно во Охрид, надвор од сезоната

Настани | пред 1 ден

media-libraryaucqh3qv0hmfdSLKd2J

Голема реконструкција во Охрид која завршува пред јуни: Нов изглед и поголем капацитет на аеродромот

Настани | пред 1 ден

media-library4ltldth2hh88bWkHgZM

Парковите и зеленилото во Охрид секојдневно одржувани во пролетниот период

ОО | пред 2 дена

media-library4utgefij1v4adzHFxwI

Отворен спомен-парк на хероите во Охрид

ОО | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања