Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Денес ќе биде потпишан Меморандум за соработка меѓу Уставниот суд и Правниот факултет „Јустинијан Први"

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
ustaven

,,Денеска ќе биде потпишан Меморандум за соработка помеѓу Уставниот суд и Правниот факултет „Јустинијан Први” -Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Меморандумот ќе го потпишат претседателот на Судот д-р Дарко Костадиновски и деканот проф. д-р Сашо Георгиевски.

— реклама —

Потпишувањето на овој Меморандум е првиот чекор кон реализирање на еден од врвните приоритети на претседателот Костадиновски, којшто при преземањето на функцијата најави дека ќе се заложи за интензивирање на соработката и интеракцијата на Уставниот суд и науката.

— реклама —

На потпишувањето на Меморандумот претходеше работна средба минатата недела во Уставниот суд на којашто беше дискутирано за можностите за унапредување на соработката помеѓу двете институции.

— реклама —

По потпишување на Меморандумот се очекува поголема присутност на професори особено од областа на уставното право во секојдневните активности, согласно надлежностите на Судот, како и воспоставување на програми и проекти, работилници и конференции на кои ќе се разменуваат ставови и мислења на важни теми од значење за уставното судство, кои ќе донесат бенефит за двете страни-потписнички.”, известуваат од Уставниот суд.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryar214oqn9b55fERT9gt

ВЛЕН критикува: Уставниот Суд наликува на југословенска политичка елита

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryv1nltt7a38cc1GWVltm

Уставниот суд денеска расправа за проектот „Сејф сити“

Македонија | пред 2 седмици

ustaven

Уставниот суд ќе ги пренесува седниците во живо

Македонија | пред 1 месец

ustaven-sud

Уставниот суд отвора редовни средби со граѓаните по повод 62 години од основањето

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања