Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Десет кандидати во трката за прв антикорупционер, Комисијата ќе заседава во петок

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
Sobranie-zgrada

Според најавите во петок се очекува да биде свикана собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата, која треба да даде поддршка на еден од пријавените кандидати за претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата.

Изборот ќе биде по селекцијата и сослушувањето на кандидатите од страна на Комисијата за селекција на кандидати за избор на претседател на ДКСК.

— реклама —

Петмина од кандидатите беа интервјуирани денеска, а останатите пет ќе бидат интервјуирани во текот на утрешниот ден.

За претседател на ДКСК се пријавија 13 кандидати, еден од нив ги повлече документите, а за двајца Комисијата утврди дека не ги исполнуваат условите, со што бројот на кандидати се сведе на 10:Весна Доревска, Владимир Наумоски, Антонио Санев, Бранко Смилевски, Валентина Тодоровска, Ненад Трифуновски, Благица Трошанска, Кимо Чавдар, Адем Чучуљ и Феузи Џафери.

— реклама —

Изборот за прв антикорупционер доаѓа по оставката на Татјана Димитровска, која е обвинета за две кривични дела во врска со предметот „Адитив“.

Постапката за избор започна но беше прекината поради локалните избори.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library2usa516otu319IXcNE8

Собранието ја помина првата фаза за укинување на техничката влада со 67 гласови „за“

Македонија | пред 22 часа

— реклама —
275715101_420339626528230_744779867548015241_n

Ќе има обид да се укине преодната техничка Влада, СДСМ алармира за „шверцерски“ закон

Македонија | пред 1 ден

media-library0b8c6746947deE9ySDv

Предлог-закон: Пратеник да може да има само македонско државјанство

Македонија | пред 1 ден

media-librarymqsd4segr0igbhf1sDO

Во Собранието презентирани извештаите на Транспортната заедница за 2025 година

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања