Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Детали од МВР: Ексхумација и ДНК-вештачења во истрага за серија убиства во кумановско

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-librarykm5s76u12kb66ezDY6y

СВР Куманово поднесе кривична пријава до Основно јавно обвинителство Куманово против Т.Б. (25) од Куманово, поради основано сомнение дека сторил кривично дело убиство по член 123 став 2 точка 1 од Кривичниот законик.

— реклама —

Според пријавата, во периодот од 27 јануари до 12 февруари 2026 година, во селото Челопек, општина Старо Нагоричане, осомничениот со умисла на свиреп и подмолен начин лишил од живот жена родена во 1947 година. Ја искористил околноста што таа живеела сама, била стара и немоќна, па додека спиела во својот дом физички ја нападнал и ѝ нанел повеќе тешки телесни повреди од кои починала.

— реклама —

Со координирани активности на СВР Куманово, Одделот за криминалистичка полиција, обвинителството и екипи од Институт за судска медицина обезбедени се докази што укажуваат на можна поврзаност на овој настан со други слични случаи во кумановскиот регион.

— реклама —

Поради сличностите во изборот на жртвите и начинот на извршување, се испитува дали станува збор за убиства извршени од ист сторител. За една од потенцијалните жртви е наредена ексхумација и обдукција, при што се подигнати траги и ДНК-материјал за вештачење.

Осомничениот е лишен од слобода и му е одредена мерка притвор. Наредено е и психијатриско вештачење од тим форензички психијатри од Институтот за психијатрија во Скопје. Истрагата е во тек, а дел од доказните дејствија засега не се соопштуваат поради тајноста на постапката.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

falsifikt-evra

Лажни повици за „операции“: разбиена измамничка шема, жртви се повозрасни лица

Македонија | пред 8 часа

pari-evra-policija

На бизарен начин, велешанец остана без 4.000 евра

Македонија | пред 9 часа

media-librarysr1usvthm85l4RGDkwz

Напад врз полицаец во Шутка: Приведен скопјанец откако оштетил полициско возило

Македонија | пред 9 часа

media-library7mlppie6sdaa5jQszjZ

Насилен инцидент зад решетки: Осуденик повреден во Затвор Прилеп

Македонија | пред 13 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања