Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Димковски: Изјавата на Мицкоски дека лично барал запирање е доказ за непознавање на системот на ИПАРД

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
media-library56bogp0u6l7d1zHjPRm

Изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека лично побарал да се запрат исплатите од ИПАРД програмата, е најдобар доказ за целосно непознавање на системот на дистрибуција и управување со европските фондови, оцени претседателот на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на СДСМ и поранашен министер, Трајан Димковски.

-Да укажеме дека Македонија е една од неколкуте земји кои користат вакви европски кохезиони фондови за развој и тие си имаат свои процедури за трошење на своите пари и, токму ова значи дека при ваков скандал веднаш по автоматизам се носи времена прекин за користење на парите. После временото стопирање на користење на средствата незнаејки до каде ќе оди истрагата и што се ќе излезе на виделина допрва ќе видиме, но ова времено запирање може да прерасне и во целосна суспензија на ИПАРД програмата, вели Димковски.

— реклама —

Тој потсети дека дека само пред две години во една наша соседна држава имавме суспендирање на ИПАРД програмата при што веднаш беше разрешен министерот за земјоделство, така во овој случај доколку нема морална одговорност мора да има разрешување на министерот од страна на премиерот.

-При ваков скандал кој ви се случува во ресорот, а вие како министер да кажувате дека Агенцијата не е дел од министерството, а сите програми за спроведувањеи исплата во Платежна агенција и исплата ги носи министерството, да блиски луѓе од кабинет ви бидат опфатени во истрагата и притворени. Се поставува прашањето дали сегашниот министер може да влијае на истрагата и во најмала рака заради јакнење на довербата на политичарите спрема граѓаните треба да си поднесе оставка, вели Димковски

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarypmuc4rg3to8mcHpc499

„Нова бомба: Зад рудникoт за антимон во Крива Паланка стојат донатори на ВМРО-ОКГ“ , вели Кузеска

Македонија | пред 8 секунди

— реклама —
vlada-2024-mickoski

СДСМ со закон: Двојно државјанство да не можат да имаат ниту министри, ниту вицепремиери – од моментов!

Македонија | пред 1 час

media-librarypf1ndbblej5ceh3XlCx

СДСМ: Не се создадени услови за укинување на техничката влада и мора да остане

Македонија | пред 1 час

media-library1g39r2uj0nr87gNlSrN

Филипче: Системот е заробен, државата не е зрела да се укине техничка влада

Македонија | пред 20 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања