Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ИПАРД

media-libraryb5iluq1rci361cXTIf9

Филипче: Со кражба на европски пари го суспендираа ИПАРД, сега владата удри по домашното земјоделство

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, по повод празникот на лозарите Свети Трифун изјави дека власта, како што рече, системски го уништува земјоделството и врши директен удар врз земјоделците.Филипче оцени дека суспензијата на ИПАРД програмата е последица на, како што наведе, злоупотреба на европски средства, а потоа следувало и дополнително намалување на средствата за домашни субвенции.„Овој сектор во мало го отсликува пристапот на оваа власт во целата држава – кражба, грабеж и незаинтересираност за луѓето. Откако ги фатија од Европа како крадат европски пари и ја суспендираа ИПАРД програмата, сега ја намалуваат и Програмата за субвенции во земјоделството, од 140 на 100 милиони евра. Тоа е намалување за една третина кај сите сектори – сточарство, лозарство, поледелство и овоштарство“, изјави Филипче.Според него, со ваквата одлука земјоделците ќе останат без доволна државна поддршка, за разлика од, како што посочи, периодот кога СДСМ била на власт.Тој додаде дека, покрај кратењето на средствата, се воведуваат и построги услови за пристап до субвенциите, што, како што оцени, најмногу ќе ги погоди малите производители.„Се зголемува прагот на земјиште што треба да се обработува за да се добијат субвенции – од 0,2 на 0,5 хектари. Тоа значи дека земјоделците со два или три декари земја повеќе нема да можат да аплицираат согласно измените во правилникот“, нагласи Филипче.Со ваквите политики, според него, најмалите и најранливите земјоделци директно се исклучуваат од системот на државна поддршка.„Жалам, но оваа власт не се грижи за граѓаните, за државата, а особено не за земјоделството“, изјави Филипче од Моклиште, Кавадарци.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryvljpgafo45s85LwbD2G

Афера со ИПАРД: управител и државни службеници обвинети за давање и примање поткуп, бил ветен подарок од 50.000 евра

По спроведена истражна постапка, јавен обвинител од ОЈО ГОКК денеска до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице обвинето дека сторило кривично дело Давање поткуп и кривично дело – Давање награда за противзаконито влијание, три лица кои сториле кривично дело Примање награда за противзаконито влијание и на едно лице му се става на товар кривичното дело Примање поткуп.„Првообвинетиот како управител на кривично одговорното правно лице аплицирал на јавен повик на Агенцијата за финансиска подршка во земјоделството и рурален развој на РСМ и поднел барање за користење на финансиски средства преку ИПАРД програмата. Бидејќи правното лице не ги исполнувало пропишаните услови, апликацијата била пониско рангирана и не ги исполнувала критериумите за добивање финансиска поддршка.Со цел апликацијата неосновано да биде повисоко рангирана и побараниот износ на финансиска помош во целост да биде одобрен, управителот, во име и за сметка на правното лице, во повеќе наврати ветувал и давал пари. На раководно службено лице во Агенцијата бил ветен подарок во износ од 50.000 евра, а на уште три лица им биле дадени 5.000 евра за да го искористат своето реално влијание и службена положба и да извршат притисок за донесување одлука што не смеела да биде донесена.Во текот на истражната постапка обвинителството утврди и кривична одговорност кај уште четири државни службеници вработени во Агенцијата за финансиска подршка во земјоделството и рурален развој на РСМ против кои јавниот обвинител поднесе Обвинителен предлог за сторено кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување, додека на кривично одговорното правно лице на товар му се става кривичното дело Давање поткуп.Обвинетите постапувајќи спротивно на своите службени обврски, овозможиле незаконско одобрување на апликацијата. Тие при обработка и контрола на документацијата извршиле погрешна пресметка на исполнетоста на условите и врз основа на некомплетна документација го изработиле, контролирале и одобриле Образецот за контрола на комплетност на договорот, а потоа и Решението за одобрување на финансиска поддршка. Второобвинетиот во Обвинителниот акт, иако бил свесен дека правното лице не ги исполнува законските услови, го потпишал решението со намера да го прими ветениот подарок.Поради неизменетите околности, законските основи поради кои на четворицата обвинети им беше определена мерка притвор, а не едно лице мерка куќен притвор се уште постојат, па со обвинението до судот е поднесен и предлог за продолжување на изречените мерки. За обвинетите државни службеници со Посебен предлог се предложени мерки на претпазливост: забрана за вршење службени активности поврзани со кривичното дело, односно работни активности како службено лице во Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, одземање на патни исправи и обврска за повремено јавување кај надлежен орган.Исто така, со Обвинителниот акт јавниот обвинител предложи одземање на предметите употребени за извршување на кривичното дело мобилни телефони, медиуми за складирање на дигитални податоци и парични средства и тоа 35.370 евра, 206.000 денари и 200 швајцарски франци.Од прибраниот доказен материјал во оваа истражна постапка произлегоа индиции по однос на постапување со средствата од ИПАРД програмите за што ОЈО ГОКК отвори предистражна постапка која е во тек“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 1 месец

ipard-1140x401-1

ВМРО-ДПМНЕ демантира суспензија на ИПАРД средствата: Европската комисија направила привремен прекин, не стопирање

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ ги отфрли обвинувањата на опозицискиот Социјалдемократски сојуз на Македонија дека средствата од ИПАРД програмата се суспендирани, оценувајќи ги како неточни и политички мотивирани.Од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека Европска комисија не донела одлука за суспензија или стопирање на средствата од ИПАРД III, туку, како што наведуваат, ја поздравила одлуката за привремен прекин на исплатите додека траат проверките и контролите поврзани со конкретен случај.Во партиската реакција се посочува дека институциите веќе работат на расчистување на настанот и дека, по завршување на сите проверки и контроли, реализацијата на ИПАРД III програмата ќе продолжи. Според ВМРО-ДПМНЕ, станува збор за редовна процедура со цел обезбедување транспарентност и законитост во користењето на европските средства.Од владејачката партија истакнуваат дека актуелната влада има јасна определба за борба против криминалот и корупцијата и дека секој што се огрешил пред законот ќе сноси одговорност, без оглед на функцијата или политичката припадност.Воедно, ВМРО-ДПМНЕ ги оцени наводите на СДСМ како обид за собирање политички поени и нагласи дека, според нив, опозицијата ја користи темата ИПАРД за политички напади, додека институциите, како што велат, постапуваат во рамки на своите законски надлежности.

Македонија | пред 3 месеци

ipard-1140x401-1

ЕУ ја блокирала ИПАРД 3, програмата вредна 130 милиони евра – СДСМ обвинува за корупција во врвот на власта

Европската Унија ја суспендирала исплатата на средства од ИПАРД 3 програмата, а од опозицискиот СДСМ тврдат дека причината за ваквата одлука е корупција и злоупотреба на европски пари од страна на актуелната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ.Според соопштението на Социјалдемократски сојуз на Македонија, Европската комисија ја донела одлуката за суспензија на програмата поради сомнежи за неправилности во работењето на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој. Од партијата посочуваат дека директорот на Агенцијата, кој доаѓа од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, бил уапсен поради сомнежи за злоупотреба на средства.Од СДСМ обвинуваат дека власта повеќе од десет дена не ја информира јавноста за одлуката на Европска комисија, додавајќи дека, според нив, станува збор за сериозен удар врз земјоделството и агробизнис секторот. Тие предупредуваат дека земјоделците и компаниите кои планирале или веќе започнале инвестиции преку ИПАРД 3 може да останат без финансиска поддршка.Опозициската партија наведува дека програмата, вредна околу 130 милиони евра, не треба да се гледа како изолиран случај, туку како дел од, како што велат, поширок модел на коруптивно однесување. Во соопштението се споменуваат и јавни набавки и тендери за кои, според СДСМ, постојат сомнежи за фаворизирање на одредени фирми.СДСМ исто така ги отфрла претходните обвинувања насочени кон поранешни функционери и тврди дека тие служеле за дефокусирање од актуелните случувања поврзани со ИПАРД програмата.Од партијата бараат брза, темелна и транспарентна истрага и одговорност од сите инволвирани во случајот, нагласувајќи дека јавноста мора да добие целосна слика за причините поради кои е доведена во прашање европската финансиска поддршка за земјоделството.

Македонија | пред 3 месеци

ipard-1140x401-1

СДСМ: Владата да побара одговорност од Трипуновски за суспендираните ИПАРД средства

СДСМ и денеска ја обвини владата дека го штити министерот за земјоделство Љупчо Трипуновски во контекст на, како што велат, „мега-скандалот“ со суспендирањето на ИПАРД средствата во вредност од над 130 милиони евра.Од партијата потсетуваат дека и по две недели од објавувањето на случајот, министерот не понудил одговори околу причините за блокирањето на европските пари, ниту пак доставил план како ќе се надмине ситуацијата. Како пример го наведуваат и документот што Трипуновски го испратил до собраниско тело, за кој тврдат дека е „без суштина и без конкретни информации“.Според СДСМ, суспендираните средства ја ставаат во неизвесност реализацијата на околу 3.000 потенцијални инвестиции и можноста за отворање до 10.000 работни места, а земјоделците се доведени во ризик поради вложени кредити и средства во очекување на поддршка.Оттаму прашуваат зошто владата не бара одговорност од министерот, посочувајќи дека тој „не може да остане на функција ако не чувствува одговорност“ за состојбата во секторот и „ако ја прикрива вистината“ од земјоделците.До моментот на објавување на текстот, од Министерството за земјоделство не дадоа дополнителен коментар на обвинувањата.

Македонија | пред 4 месеци

vlada-zname-nato

Владата тврди дека ништо не се прикрива околу ИПАРД: „Апсолутно го отфрлам ова тврдење“

Владата ја отфрли критиката на опозицијата дека се прикриваат информации во врска со суспензијата на средствата од ИПАРД програмата, нагласувајќи дека институциите постапуваат отворено.На прес-конференција, портпаролката Марија Митева јасно порача:„Апсолутно го отфрлам ова тврдење дека се крие нешто во однос на таа постапка. Знаете дека сме максимално транспарентни.“Таа додаде дека очекува Министерството за земјоделство и останатите надлежни институции, меѓу кои и судските органи кои работат независно од извршната власт, да ги споделат своите информации за состојбите.Од опозицискиот СДСМ реагираа со обвинувања дека министерот Цветан Трипуновски избегнува да одговори на суштинските прашања по обелоденувањето на случајот. Портпаролката Богданка Кузеска изјави дека „две недели по скандалот за ИПАРД, наместо да даде одговор на клучните прашања, министерот Цветан Трипуновски бега од одговорност, од вистината за суспензијата на парите а бега и од одговори“.Средствата од ИПАРД 3 програмата (2021–2027) се привремено стопирани како мерка на претпазливост, поради сомнежи во работењето на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој. Исплатите се прекинати додека трае процесот на утврдување на евентуалните неправилности со цел заштита на европските фондови.

Македонија | пред 4 месеци

nikolovski-lj3

Николовски: Срамен и скандалозен „одговор“ на Трипуновски за мега - скандалот со ИПАРД средствата

Пратеникот на СДСМ и поранешен министер за земјоделство, Љупчо Николовски, реагира на како што вели, срамниот одговор што го добил од министерот Трипуновски за скандалот со суспензијата на ИПАРД средствата, кој воопшто според него и не содржи никакви информации ниту пак одговори.„Срамен и скандалозен „одговор“ добив од Министерството и Министерот во заминување на моите официјални барања. Барања во кои побарав јасно и конкретно:причините за суспензијата на ИПАРД, времетраењето на блокадата, бројот на загрозени корисници, последиците за земјоделците и планираните чекори за надминување на кризата.Наместо одговор на овие пет клучни точки, добив документ кој воопшто не одговара на ниту едно прашање. Нема факти, нема рокови, нема план.Собранието е понижено со ваков однос од министер кој и понатаму молчи, бега од пратенички прашања и одбегнува какво било соочување.А додека тој бега, земјоделците остануваат со блокирани исплати, блокирани проекти и замрзнати 130 милиони евра, без ниту една информација кога и дали проблемот ќе биде решен.Како претседател на Комисијата ќе продолжам да барам вистински одговори, затоа што институциите не смеат да молчат, а земјоделците не смеат да бидат оставени сами.“ стои во објавата на Николовски.

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryd6umtqh77367a677S8w

СДСМ тврди: „Скандалот со ИПАРД води до врвот на власта, вмешан кумот на Мицкоски“

На денешната прес-конференција, портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, обвини дека аферата со корупција во ИПАРД-фондовите не е изолиран случај, туку дел од системска злоупотреба што, според неа, води директно до врвот на власта и до луѓе блиски до премиерот Христијан Мицкоски.Кузеска посочи дека, според информации добиени од свиркачи во Министерството за земјоделство, поранешниот директор на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството, Илија Стоилев, бил активен функционер на ВМРО-ДПМНЕ и близок пријател на Игор Миќев, познат како „Панкерот“, за кого тврди дека е во кумовска врска со Мицкоски.„Свиркачите укажуваат дека токму кумот на Мицкоски, преку својата позиција и влијание, вршел притисоци врз службеници за распределба на субвенции и концесии, а неговата сопруга – кумата на премиерот – вработена во Агенцијата, давала одобрение за исплата на средствата од ИПАРД-програмата,“ изјави Кузеска.Таа побара од Обвинителството итно да ја прошири истрагата и да утврди дали, како што вели, дел од провизиите завршувале кај лица поврзани со ВМРО-ДПМНЕ.„Мицкоски треба директно да одговори дали неговите кумашини Игор и Цветанка Миќеви се под истрага, и дали постоела шема за испумпување пари преку Агенцијата за финансиска поддршка. Земјоделците, кои се најголемите жртви на овие злоупотреби, заслужуваат одговори,“ порача Кузеска.Од СДСМ потсетија дека партијата и претходно укажувала на, како што рекоа, рекет, мито и злоупотреби во институциите надлежни за распределба на европските средства, барајќи од надлежните органи да утврдат дали ИПАРД-фондовите биле користени и за партиско финансирање.

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryg6492ifplqgt8SkohXz

Николовски за ИПАРД програмата: 130 милиони евра блокирани, загрозени 3.000 бизниси и 10.000 вработувања

Пратеникот од СДСМ и поранешен министер за земјоделство, Љупчо Николовски, реагираше на интервјуто на министерот Цветан Трипуновски кој, како што вели, иако призна дека ИПАРД програмата е суспендирана, ниту презеде одговорност ниту понуди решенија.„Министерот Трипуновски видно нервозен излезе на телевизија и наместо да понуди решение сам потврди дека ИПАРД е суспендиран– без да каже колкава е штетата, без да каже колку ќе трае проверката за корупција и криминал на неговите најблиски соработници, една од тие и негова посебна советничка“ вели Николовски.Тој предупредува дека се загрозени 130 милиони евра европски средства, пари што требало да донесат над 3.000 нови бизниси и 10.000 нови работни места.„Овие пари не се бројка на хартија, тоа се грантови за реални луѓе, за млади земјоделци, за семејства кои вложиле сопствени средства и надеж дека државата и Европа стојат зад нив. Денес се изневерени,“ истакнува Николовски.Николовски го осуди и нападот на министерот врз претходните успешни програми што создадоа над 4.000 нови мали производители и илјадници семејства кои денес живеат од сопствен труд.„Наместо да превземе одговорност, министерот нападна и претходни програми кои донесоа реални резултати, тој нападна над 4.000 нови мали производители, нови семејства кои денес живеат од сопствен труд. Програми што беа симбол на успех, сега се цел на безмислени критики.“Јас денес понудив конкретни решенија, транспарентно и одговорно, за доброто на земјоделците и државата. Тој ги одби и избра да обвинува без никакви докази, додаде Николовски.„Мојата борба не е против никого лично, туку за секој земјоделец кој денес чувствува дека е изневерен. Нудам помош и конкретни решенија и ќе ги понудам и на неговиот наследник, на секој што мисли добро за државата,“ порачува Николовски.

Македонија | пред 4 месеци

media-library56bogp0u6l7d1zHjPRm

Димковски: Изјавата на Мицкоски дека лично барал запирање е доказ за непознавање на системот на ИПАРД

Изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека лично побарал да се запрат исплатите од ИПАРД програмата, е најдобар доказ за целосно непознавање на системот на дистрибуција и управување со европските фондови, оцени претседателот на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на СДСМ и поранашен министер, Трајан Димковски.-Да укажеме дека Македонија е една од неколкуте земји кои користат вакви европски кохезиони фондови за развој и тие си имаат свои процедури за трошење на своите пари и, токму ова значи дека при ваков скандал веднаш по автоматизам се носи времена прекин за користење на парите. После временото стопирање на користење на средствата незнаејки до каде ќе оди истрагата и што се ќе излезе на виделина допрва ќе видиме, но ова времено запирање може да прерасне и во целосна суспензија на ИПАРД програмата, вели Димковски.Тој потсети дека дека само пред две години во една наша соседна држава имавме суспендирање на ИПАРД програмата при што веднаш беше разрешен министерот за земјоделство, така во овој случај доколку нема морална одговорност мора да има разрешување на министерот од страна на премиерот.-При ваков скандал кој ви се случува во ресорот, а вие како министер да кажувате дека Агенцијата не е дел од министерството, а сите програми за спроведувањеи исплата во Платежна агенција и исплата ги носи министерството, да блиски луѓе од кабинет ви бидат опфатени во истрагата и притворени. Се поставува прашањето дали сегашниот министер може да влијае на истрагата и во најмала рака заради јакнење на довербата на политичарите спрема граѓаните треба да си поднесе оставка, вели Димковски

Македонија | пред 4 месеци

evra-falsifikat

Објавен Јавниот повик за мерка 7 од ИПАРД програмата во вкупен износ од 14 милиони евра

Заложбите за земјоделците продолжуваат со користење на средства од ЕУ фондовите, со што Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој објави Јавен повик бр. 02/2024 за доставување на барања за финансиска поддршка за мерка 7 од ИПАРД Програмата 2021-2027.Вкупната финансиска поддршка во рамките на овој јавен повик за мерка 7 “Диверзификација на фарми и развој на бизниси“ 14.000.000,00 евра односно 862.890.000,00 денари.Финансиската поддршка за овој Јавен повик е составена од 75% средства обезбедени од Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на Европската Унија (ИПАРД) согласно ИПАРД Програмата 2021-2027 и 25% средства обезбедени од Буџетот на Македонија.Финансиски средства по поединечно барање се доделуваат како неповратна финансиска поддршка (грант) во износ од:3.1. 60% од вредноста на вкупно прифатливите трошоци на инвестициите за мерка Диверзификација на фарми и развој на бизниси.Процентот се зголемува до 70% за инвестиции предложени од млади земјоделци и/или сертифицирани органски производители и за колективни инвестиции.Процентот на кофинансирање може да се зголеми за дополнителни 10% за инвестиции поврзани со управување со отпад, обновлива енергија и инвестиции од типот на циркуларна економија.Највисокото кумулативно/комбинирано ниво на поддршка не смее да надминува 75%.Крајниот рок за поднесување на барањата е 20 декември 2024 година.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања